Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - На телевизија Телма во емисијата „Директно“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, кој дискутираше за зголемувањето на минималната плата и напорите од страна на Владата за зголемување на животниот стандард, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. „Ќе се трудиме да се испочитуваат колективните договори, законските одредби и легислативата којашто ja ...
Неготино, 20 јануари 2026 (МИА) - Со длабока загриженост ги следам пријавите и сведоштвата за труење и сурово постапување со кучиња во Неготино. Ова го осудувам најостро. Вакви дејствија не смеат да се случуваат во градот во кој живееме, напиша денеска на „Фејсбук“, градоначалничката Марија Нацева. - Законот за заштита и благосостојба на животните е јасен, а намерното труење и мачење животни претставува сериозен прекршок и ваквите дејствија ...
Лозана, 20 јануари 2026 (МИА) – Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС) го осуди денеска однесувањето на дел од новинарите по хаотичното финале на Африканскиот куп на нации во неделата во кое Сенегал го победи домаќинот Мароко. Видеоснимките покажуваат како марокански новинари ја напуштаат салата за прес конференции по влегувањето на сенегалскиот селектор Папе Буна Тиав, држејќи ја за рака својата ќерка, по што избувнаа кавги и ...
Анталија, 20 јануари 2026 (МИА) – Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Вардар одигра попладнево нерешено 1-1 против узбекистански Андијон во својот втор натпревар во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона. Узбекистанскиот тим дојде во водство во 62 минута, а конечниот резултат го постави Давид Бабунски во 77 минута. За избраниците на Гоце Седлоски ова беше втор контролен натпревар во Анталија, по стартниот ...
Хернинг, 20 јануари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Хернинг против Романија го игра натпреварот од завршното, трето, коло во рамки на групата Б на Европското првенство. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров по стартниот пораз од Данска, одиграа нерешено против Португалија, со што ги задржаа шансите за пласман во главната фаза, а за тоа ќе им биде неопходна победа против Романија, по што одлуката ќе ...
Техеран, 20 јануари 2026 (МИА) - Секој напад врз иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ќе резултира со прогласување џихад, или света војна, соопшти парламентарниот комитет за национална безбедност, цитиран од британските медиуми. Тензиите меѓу Иран и САД ескалираа по бруталното задушување на протестите во Иран, за кое американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека може да доведе до одмазда од Вашингтон. „Секој напад врз ...
Хаг, 20 јануари 2026 (МИА) - Седум пратеници од холандската крајно десничарска Партија за слободата на Герт Вилдерс ја напуштија 26-члената парламентарна група и ќе формираат своја фракција поради незадоволство од неговото водство, изјавија вчера лидерот Вилдерс и пратениците што се отцепија, цитирани од британските медиуми. Поделбата претставува најсериозен предизвик за Вилдерс за контрола врз партијата, откако таа беше основана во 2006 ...
Осло, 20 јануари 2026 (МИА) - Норвешка ги предупреди своите граѓани дека армијата ќе може да конфискува приватни куќи и автомобили во случај на војна со Русија. Воените претставници изјавија дека околу 13.500 писма биле испратени до Норвежаните со предупредување дека одредени средства можеби ќе треба да се конфискуваат - вклучувајќи недвижен имот, возила, чамци и машини, објави Дејли меил. „Реквизициите имаат за цел да обезбедат, во воени ...
Стразбур, 20 јануари 2026 (МИА) – Состојбата со човековите права во Иран е тешка со години, проследена со егзекуции и произволно притворање на борците за човекови права, но сега сме сведоци на ситуација кога граѓаните што бараат права се пречекани со палки и куршуми, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас при денешната дебата во Европарламентот посветена на „Брутална репресија врз ...
Aнкара, 20 јануари 2026 (МИА) – Поддржувачите на турската прокурдска Партија за еднаквост и демократија на народите (ДЕМ) денеска протестираа на сириската граница, обвинувајќи ја привремената Влада во Дамаск за „масакр“ и предупредувајќи дека воените операции во регионот би можеле да го нарушат кревкиот мировен процес во Турција. Заменик-претседателката на ДЕМ, Тулај Хатимогулари ја обвини Владата на привремениот сириски претседател Ахмед ал ...
Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – Билатералните односи, случувањата по последната средба на политичкиот дијалог, регионалните и меѓународните прашања, како и подготовките за следниот Совет за соработка на високо ниво, биле во фокусот на средбата на заменик-министрите за надворешни работи на Грција и Турција Александра Пападопулу и Мехмет Кемал Бозај на денешниот состанок во рамките на политичкиот дијалог меѓу двете земји, јави дописничката на ...
Гостивар, 20 јануари 2026 (МИА) – Ваљбон Лимани, новоизбраниот градоначалник на Општина Гостивар на повторните избори, од попладнево го почна четиригодишен мандат. На првиот работен ден, дојде придружуван од потесното семејство, трите ќерки и сопругата. Во придружба му беа првиот човек на Советот на општина Гостивар, Валдет Џафери, сопартијци и доскорешни соработници. Лимани пред влезот во општинската зграда беше пречекан од вработените кои ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската функцијата до завршување на кривичната постапка. ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Времето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) – Со испитување на сведок и изведување на видео-докази од системот „Безбеден град“, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, при што одбраната оспори дека постојат директни докази оти обвинетиот му го доверил возилото на својот син и оцени дека Обвинителството не било соодветно подготвено при презентацијата на доказите. На денешното рочиште ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - „Реплек“ АД Скопје најавува отворање нов производствен погон во втората половина од 2026 година, вреден пет милиони евра. Како што рече денеска генералниот директор Душан Пецоски, компанијата 2025 година ја завршила со 34 милиони евра продажба и пет милиони евра нето добивка. „Реплек“ АД, напомена Пецоски, го почитува домашниот пазар, но, сепак, перспективата најмногу ја гледа во странските пазари. -Сите овие ...
Кронплац, 20 јануари 2026 (МИА) – Австриската скијачка Јулија Шајб победи на денешната велеслаломска трка во Кроплац, во рамки на Светскиот куп. Шајб до победата дојде со време од 2:19,85 минути, што беше за 0,37 секунди побрзо од второпласираната швајцарска скијачка Камила Раст. Швеѓанката Сара Хектор, која водеше по првото возење, го освои третото место, заостанувајќи 0,46 секунди зад победничката. Американката Микаела Шифрин беше четврта. ...
Берлин, 20 јануари 2026 (МИА) - Бројноста на германската војска го достигна највисокото ниво во последните 12 години со вкупно 184.200 активни војници, соопшти денеска министерот за одбрана, Борис Писториус, во изјава за ДПА. Активните сили на Бундесверот се зголемија за речиси 3.000 војници во текот на 2025 година, што, според Писториус, претставува најдобар резултат во регрутацијата во последните 15 години. Овој раст доаѓа во време кога ...
Давос, 20 јануари 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на своето денешно обраќање на Светскиот економски форум во Давос, порача дека претпочита „почит пред грубата сила“ и „владеење на правото пред бруталноста“. Овие зборови во дипломатските кругови се толкуваат како директен одговор на надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Во моменти кога администрацијата во Вашингтон најавува формирање на ...
Давос, 20 јануари 2026 (МИА) - Во следните 10 години на украинската армија ќе и ќе бидат потребни неколку стотици милијарди долари помош за нејзино одржување, изјавија денеска во Давос двајца украински министри, пренесе ДПА. Доколку агресивното однесување на Русија кон Европа и светот не се промени, тогаш трошоците би достигнале „700 милијарди долари“, изјави украинскиот вицепремиер Тарас Качка, одговорен за украинската интеграција во ЕУ и ...
Атина, 20 јануари 2026 (МИА) – Поради најавите за обилни врнежи од дожд и грмежи, локално интензивни снежни врнежи и на одредени места силни ветрови, утре и задутре, пет грчки региони се во состојба на мобилизација (Red Code), додека пак во областа Атика, поширокиот дел на Атина, утре, сите училишта ќе бидат затворени и наставата ќе се одржи онлајн, јави дописничката на МИА од Атина. За претстојното невреме денеска се одржа состанок во ...
Скопје, 20 јануари 2026 Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра, пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал. Оваа вест ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференцијата на нивниот портпарол Дритон Сулејмани, што МИА го пренесува интегрално. „Вреди“ е убедена дека ова не е изолиран случај, туку врв на ...
Штип, 20 јануари 2026 (МИА) – Во штипските основни и средни училишта второто полугодие почна со околу педесет ученици помалку во споредба со првото полугодие, но раководителката на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека во второто полугодие имаат запишано и ученици повратници, кои се вратиле во земјата од странство. Таа додаде дека во училиштата во Штип се вратија четворица основци и ...
Делчево, 20 јануари 2026 (МИА) - Општина Делчево ги информира граѓаните и правните лица дека согласно Законот за данок на имот, даночните обврзници имаат обврска да поднесат даночна пријава за недвижен имот кој досега не бил пријавен за оданочување, најдоцна до 31 јануари. Според законските одредби, обврзниците се должни во рок од 15 дена од стекнувањето на право на сопственост или право на користење на недвижен имот, истиот да го пријават за ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - МВР апелира граѓаните да не отвараат лажни пораки што им пристигаат на мобилните телефони, имејловите и на социјалните мрежи во кои од нив се бара да извршат уплата за сторен сообраќаен прекршок преку наведен лажен линк. СМС-известувањата за направен прекршок, велат од МВР, треба да бидат од испраќач MVR-SC, а во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото што направило прекршок и линк ...
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ја почна 535. итна седница на која треба да одлучи за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за определување мерка куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ го усвоија дневниот ред на седницата, а со исто толку гласови донесоа одлука јавноста да биде исклучена од нејзиниот тек, а ќе може да ...
Скопје 20 јануари 2026 (МИА) - Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста на работењето и продуктивноста, како и со намалување на трошоците, а треба да е поврзано и со одредени елементи кои значат раст на БДП, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Според Азески, за ова прашање треба да се разговара, да седнат трите страни, работниците, Владата и ...
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги сослуша сите кандидати за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Интервјуирани беа 14 кандидати кои ги исполниле условите. Најголем дел од нив се со завршен правен факултет и искуство во сферата на правосудството и човековите права, а има и такви кои имаат работно искуство во Комисијата за антидискриминација. Дел од нив сметаат ...
Стразбур, 20 јануари 2026 (МИА) - Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и никакви закани или царини нема да го променат тоа бидејќи сувереноста не е на продажба, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, на денешната дебата во Европарламентот посветена на територијалниот интегритет и суверенитет на Гренланд и Кралството Данска, - Европската Унија, без никаков сомнеж, стои зад Гренланд и ...