Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Највисоката награда на Општина Демир Хисар, „Грбот на Демир Хисар“ му е доделена на академик Божин Павловски. Како што истакна градоначалникот, Никола Најдовски, наградата му се доделува на Павловски за посебен придонес во афирмацијата на Демир Хисар во областа на книжевноста во светски рамки. Благодарение на неговите романи и раскази, родниот крај на Павловски – демирхисарскиот, со неговите природни убавини и ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Градскиот мешан хор „Вардар“ вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба за самостојност. Се работи за завршен концерт од проектот „Од Вардар за Вардар“ по повод 25-годишниот јубилеј. Како гости на концертот ќе настапат: Градскиот камерен хор „Астибо“ –Штип и Градскиот мешан хор „Балтепе“ –Тетово. Диригенти на концертот ќе бидат Јасмина Ѓорѓеска – Каро и Ивана Јанков, а како пијано придружба ќе настапи ...
Бејрут, 16 ноември 2025 (МИА) – Привремените сили на Обединети нации во Либан (УНФИЛ) денеска соопштија дека израелската армија отворила оган врз припадниците на УНИФИЛ во јужниот дел на земјата. Израелската армија (ИДФ) соопшти дека не се работело за намерен напад и оти поради лошите временски услови биле помешани војниците на ИН со осомничени лица. ИДФ најави и истрага за инцидентот. - Таквите напади претставуваат сериозно кршење на ...
Виена, 16 ноемрви 2025, (МИА) Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Виенскиот економски форум (VEF) ја поттикнува економската соработка меѓу земјите од регионот „од Јадран до Црно Море“ и ги обединува бизнис-заедницата, институциите и политичките чинители со фокус на развој на заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката, ...
Сараево, 16 ноември 2025 (МИА) – Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вечерва во Сараево изјави дека институциите на Босна и Херцеговина имаат целосна поддршка од Германија. - Заштитата на основните принципи на Дејтонскиот договор, суверенитетот на БиХ како целина, се клучни. Затоа институциите на оваа земја ја имаат нашата целосна поддршка, нагласи Вадефул на прес-конференцијата по средбата со Високиот претставник, Кристијан ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во рамки на Тема на денот се осврна на претстојниот Конгрес на партијата, како и на резултатот од локалните избори. „Подготовките за редовниот 18 Конгрес започнаа во јули согласно со правните акти на партијата. На Конгресот ќе има над 800 делегати, 1800 гости, ќе донесеме и важни стратешки ...
Вашингтон, 16 ноември 2025 (МИА) – Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ (USS Gerald R. Ford) денеска вплови во Карипско Море, со цел да помогне во „пресретнувањето на трговијата со дрога и онеспособувањето и демонтирањето на меѓународните криминални организации“. Претседателот на САД, Доналд Трамп минатиот месец нареди распоредување на „Џералд Форд“ во Карипско Море. Носачот на авиони „Џералд Форд“ беше пуштен во употреба во 2017 година. ...
Тирана, 16 ноември 2025 (МИА) – Албанската опозиција утре почнува со протести пред Владата во Тирана, како што најави, се до „уривање на наркорежимот“. Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша истакна дека засега, протести пред Владата ќе има секој понеделник, додавајќи оти „наркорежимите можат да бидат соборени само како во Непал“. - На протести и само на протести, немаме друг начин освен да се кренеме и да се соочиме со оваа Влада. ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во интервју за Канал 5 телевизија. Како што ...
Берлин, 16 ноември 2025 (МИА) – Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска изјави дека државите од Западен Балкан треба да ги спроведат понатамошни реформи, бидејќи тоа е од суштинско значење за да нивните долгогодишни напори за членство во ЕУ, но и да се спротивстават на обидите на Русија и Кина да извршат влијание во регионот, јави Германската новинска агенција (ДПА). - Владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...
Портимао, 16 номеври 2025, (МИА) Стружанецот Ердал Лушо, кој со својата едрилица чекаше поволни временски услови за да тргне од Портимао, Португалија, кон Карибите, конечно заплови. На картата се гледа каде е во моментов (линијата со стрелки). Тој вчера на неговиот инстаграм профил објави видео во кое вели: -После 4 години спремање, ни останаа 16 часа до старт. Гужва е пред едрилиците, сите се спремаат, возбудени, некои се и загрижени ама ќе ...
Милано, 16 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити и Норвешка, Ерлинг Халанд, ги искажа очекувањата за претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Италија. - Чувствувам огромна одговорност да ја одведам Норвешка на Светското првенство. Ова го кажав многу пати. Тоа е огромна одговорност и тоа е нешто кон кое работам откако се приклучив на репрезентацијата во 2019 година. Сега сме толку блиску... Не знам дали ...
Атина, 16 ноември 2025 (МИА) – Договор за транспорт на американски течен природен гас (LNG) од Грција до Украина, потпишаа во Атина грчките и украинските државни компании „ДЕПА“ и „Нафтогаз“ во присуство на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, претседателот на Украина Володимир Зеленски, министерот за животна средина и енергија на Грција Ставрос Папаставру и амбасадорката на САД во земјата Кимберли Гилфојл, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Битола, 16 ноември 2025 (МИА) - Одбојкарките на Струмица жени по два порази во низа викендов запишаа важна победа на гостувањето во Битола, кај Пелистер Волеј во шестото коло од Првата македонска лига жени. Девојките на Вардар ЕМ, исто така, стигнаа до победа која може да биде значајна за нив, со победата од 3:1 над градскиот ривал Фит Фан Волеј. Со овој триумф „црвено-црните“ влегоа во победничка низа во најсилното домашно женско друштво. ...
Ерусалим, 16 ноември 2025 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, еден ден пред гласањето во Советот за безбедност на ОН за американската резолуција што ја остава отворена можноста за палестинска независност, денеска изјави дека ќе се спротивстави на сите обиди за формирање палестинска држава. Тој пред Владата додаде дека со децении го блокира секој напредок кон палестинска државност и дека ниту внатрешниот ниту надворешниот притисок не ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Како што информира денеска Министерството за транспорт, во рамки на посетата Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум и ќе оствари политички и економски средби. - Имам чест да бидам поканет на Виенскиот економски форум и дополнително на тоа најголемиот форум во ...
Teл Авив, 16 ноември 2025 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, денеска изјави, пред утрешниот состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се гласа за резолуцијата со која се поддржува сеопфатниот план за прекин на огнот во Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, дека Израел нема да дозволи создавање палестинска држава. „Израел нема да се согласи со воспоставување палестинска терористичка држава во срцето ...
Манила, 16 ноември 2025 (МИА) – Стотици илјади Филипинци денеска протестираа во главниот град Манила, барајќи одговорност за корупцискиот скандал во областа за контрола на поплавите, во кој се вмешани претставници на Парламентот и високи владини претставници. Изминатите месеци, откако беше обелоденета корупциската афера, разни групи организираа повеќе протести. Владини инженери, службеници и раководители на градежни компании сведочеа под ...
Лисабон, 16 ноември 2025 (МИА) – Три лица загинаа, а десетици се повредени во бурата Клаудија што ја погоди Португалија. Португалија и делови од Шпанија повеќе денови се соочуваат со екстремни временски услови предизвикани од бурата Клаудија, која вчера стигна и до одредени области на Велика Британија и Велс, каде предизвика поплави. Во Велс се спроведуваат операции за спасување, евакуации на населението и контрола на безбедноста на луѓето. ми/ ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски беа во обиколка на главниот град. -Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители - ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори!, напиша на неговиот фејсбук профил ...
Лос Анџелес, 16 ноември 2025 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ги израмни рекордите на Вилт Чемберлен, Мајкл Џордан и Боб Мекаду. Во натпреварот одигран ноќеска против Милвоки (119:95) на гостински терен, Дончиќ имаше 41 поен, девет скока, шест асистенции, една украдена топка, две блокади и три изгубени топки. Дваесет и шестгодишниот Словенец стана четвртиот играч во историјата на НБА-лигата кој постигнал 40 или повеќе ...
Берлин, 16 ноември 2025 (МИА) - Мнозинството Германци би поддржале задолжителна воена служба за мажи родени по 2008 година, јави ДПА, повикувајќи се на социолошка анкета. Анкетата, спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење (INSA) за весникот „Билд“, покажа дека 58 проценти од испитаниците сметаат дека воведувањето задолжителна воена служба е исправно, додека 29 проценти не се согласуваат, а 13 проценти рекле дека не можат да ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги исправат неправдите кои со години ѝ беа нанесувани на нашата држава, се наведува во соопштението од изјавата на пратеникот и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, што МИА го пренесува интегрално. По завршувањето на локалните избори и конституирањето на општинските совети, исклучително сум горд што Унијата на ...
Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, а е пријавена вчера попладне, во 17:00 часот. Според пријавата, со електричниот тротинет управувала 15-годишна малолетничка од село Инџиково, но изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле и таа ...
Штип, 16 ноември 2025 (МИА) - Македонскиот претставник во европскиот Челинџ куп, Штип УГД останува единствениот непоразен тим во најсилното машко одбојкарско првенство, запишувајќи ја петтата победа во исто толку натпревари. Штипскиот состав беше сигурен на домашен терен во дуелот со Јанта Волеј мажи и рутински стигна до нови три бода, со кои останува на врвот на табелата. За Штип УГД ова беше последна проверка на силата во пресрет на реваншот ...
Костолац, 16 ноември 2025 (МИА) - Стравот е страшен само за оние кои му се плашат. Ама, не и за Македонците од Вардарскиот баталјон мобилизиран од српската војска во Првата светска војна. Така одѕвонува од местото Костолачка Коса и од блиското с. Петка во Србија каде е поставена спомен плоча на загинатите македонски мобилизирани броци на бројност 1.300 во состав на Вардарскиот баталјон формиран во 1914 година. Во дворот на црквата “Свети Ѓорѓи“ ...
Барселона, 16 ноември 2025 (МИА) – Раководството на Барселона размислува за нов напаѓач. Според „Мундо Депортиво“, Барселона сака да купи врвен напаѓач кој ќе го замени Роберт Левандовски, чиј договор истекува следното лето. Клубот верува дека неговите финансиски можности дозволуваат скап договор. Се очекува заминувањето на Левандовски да му обезбеди на клубот 40 милиони евра за трошоците за екипата, кои Барселона би можела да ги искористи за да ...
Техеран, 16 ноември 2025 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска изјави дека Техеран повеќе не збогатува ураниум во ниту еден од нуклеарните објекти во државата. „Во Иран нема непријавено нуклеарно збогатување. Сите наши објекти се под заштитни мерки и под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)“, рече Арагчи и додаде дека во моментов нема збогатување на ураниум бидејќи објектите за тоа се ...
Тирана, 16 ноември 2025 (МИА) – Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската унија, кога ќе биде отворен последниот кластер, кој се однесува на ресурсите, земјоделство и кохезија. „Овој состанок ќе послужи за отворање на преговорите за група 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, вклучувајќи ги поглавјето 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност на храната, ветеринарство и ...