Кочани, 15 мај 2026 (МИА) - Со претставата „Хаос“ на Народен театар Штип вечерва во 20:15 часот свечено ќе биде отворено 63. издание на Драмски аматерски фестивал, чиј традиционален домаќин е Кочани. Претставата е режисерско остварување на Александар Ивановски, работена по текст на Мика Милиахо. Во текот на петте фестивалски дена, на сцената на Центар за култура „Бели мугри“ ќе бидат изведени вкупно девет претстави. Од нив, четири се од ...

15 мај 2026 „Дојче веле“ „Тешкотиите во испораката на нафта од Персискиот Залив за богатите земји значат повисоки цени, а недостигот на ѓубриво - помали приноси“. За Африка, тоа значи намалувања, помалку ѓубриво и можна глад. Има ли лек? Необработени полиња, долги редици на бензинските пумпи, откажани летови: Африка директно ги чувствува сериозните последици од конфликтот на Блискиот Исток. Веќе речиси два месеци едвај некој трговски брод ...

Куала Лумпур, 15 мај 2026 (МИА) – Брод за поддршка во сопственост на малезиската компанија „Вантрис Енерџи“, порано позната како „Сапура Енерџи“, помина низ Ормуска Теснина. Тоа е четвртиот брод поврзан со Малезија што поминува низ Ормуска Теснина од почетокот на војната помеѓу САД и Иран, што почна на 28 февруари. „Сапура 1200“ е еден од седумте бродови за кои малезиската влада побара дозвола од Иран да поминат низ мореузот, што во голема ...

Пекинг, 15 мај 2026 (МИА) – Кина денеска успешно ја лансира ракетата-носач „Лиџијн-1 Ипсилон 13“ во планираната орбита и постави пет сателити. Тоа е 13-то лансирање на ракетата „Лиџијан-1“ од вкупно 14 мисии. Серијата „Лиџијан“ досега успешно има испратено околу сто сателити во орбитата, со вкупна маса на корисен товар од над 18 тони. „Лиџијан-1“ е ракета со цврсто гориво, развиена за брзи лансирања и адаптабилни мисии, со модуларен дизајн ...

Токио, 15 мај 2026 (МИА) – Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека за време на телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, двајцата го потврдиле непоколебливиот сојуз меѓу Јапонија и САД. Трамп разговарал со Такаичи додека бил во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ само неколку часа по завршувањето на неговата дводневна посета на Кина. - Разменивме мислења за прашања поврзани со Кина, вклучително економијата и ...

Вашингтон, 15 мај 2026 (МИА) – Кина ќе купи 200 авиони „Боинг“, при што нарачката би можела да достигне до 750, изјави денеска претседателот на САД, Доналд Трамп. Трамп додаде дека авионите ќе бидат опремени со мотори на „Џенерал електрик“. Доколку бидат финализирани, нарачките ќе ја означат првата голема зделка на „Боинг“ во Кина по речиси една деценија, откако американскиот производител на авиони во голема мера беше истиснат од вториот по ...

Абу Даби, 15 мај 2026 (МИА) – Индија е подготвена да ја даде целата можна поддршка за постигнување мир на Блискиот Исток, изјави индискиот премиер Нарендра Моди за време на средбата со претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, пренесе индиската национална новинска агенција ПТИ. ОАЕ се првата станица од меѓународната турнеја на Моди, која вклучува и четири европски држави. - Ги осудуваме нападите ...

Пекинг, 15 мај 2026 (МИА) – Кинескиот претседател Шји Џјинпинг ќе престојува во САД во државна посета наесен годинава по покана на неговиот американски колега Доналд Трамп, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Кина, Ван Ји. Како што пренесе агенцијата Синхуа, Трамп го покани кинескиот претседател во посета на Белата куќа на 24 септември за време на банкетот организиран во негова чест од страна на Шји Џјинпинг во Пекинг. јт/ ...

Хелсинки, 15 мај 2026 (МИА) - Финска соопшти дека сомнителната активност на дронови над подрачјето на главниот град повеќе не претставува закана и дека состојбата се враќа во нормала. Националниот јавен сервис претходно јави дека финските одбранбени сили подигнале борбени авиони и активирале други итни служби како одговор на ситуацијата. „Опасноста помина. Луѓето може безбедно да одат на работа и на училиште“, напиша министерката за внатрешни ...

Лондон, 15 мај 2026 (МИА) - Британскиот министер за станбени прашања Стив Рид, близок сојузник на премиерот Кир Стармер, ги повика колегите во владата да се „смират и длабоко да вдишат“ по бурната политичка недела во која се појавија шпекулации за можен предизвик за неговото лидерство. Рид изјави дека во овој момент никој не докажал дека има доволно поддршка за да покрене внатрепартиски предизвик против Стармер. – Нема да негирам дека ова ...

Варшава, 15 мај 2026 (МИА) - Полската влада денеска соопшти дека нема индикации за промена во бројноста на американските војници стационирани во земјата, по медиумските извештаи во кои беше посочено за откажување на претходно планирано распоредување американски сили. Портпаролот на полската влада, Адам Шлапка, изјави дека присуството на американските трупи во Полска е уредено врз ротациска основа и оти нема потврда за измени на таквиот модел. ...

Москва, 15 мај 2026 (МИА) - Украинската војска во текот на ноќта изведе еден од најжестоките напади со дронови врз руска територија од почетокот на војната, при што социјалните мрежи се преплавени со драматични снимки од огромни пожари и експлозии над повеќе руски градови, јавија светските агенции. Massive fire on the territory of the Ryazan oil refinery in western Russia following Ukrainian drone attack a few hours ago. The Ryazan refinery, ...

Киев, 15 мај 2026 (МИА) – Русија и Украина денеска разменија по 205 заробеници, соопштија руските власти. – Русија врати 205 свои заробеници од територијата на Украина, а за возврат 205 воени заробеници на вооружените сили на Украина се префрлени во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Руските војници во моментов се наоѓаат во Белорусија, каде што добиваат неопходна психолошка и медицинска помош. По завршувањето на ...

Киев, 15 мај 2026 (МИА) - Во Киев денеска е ден на жалост по интензивните руски воздушни напади врз украинскиот главен град ноќта кон четвртокот, во кои загинаа 24 лица, меѓу кои и три деца. „Спасувачите непрекинато продолжуваат со потрагата по луѓе во урнатините на зградата во округот Дарницки“, соопштија денеска државните служби за итни ситуации наведувајќи дека бројот на загинати се искачил на 24 од претходно 21. Четириесет и седум лица се ...

Киев, 15 мај 2026 (МИА) - Повеќе украински региони останаа без електрична енергија по последните руски напади врз енергетски објекти, соопшти денеска компанијата „Укренерго“. Според операторот на електроенергетскиот систем, прекини во снабдувањето со струја се пријавени во Черниговската, Днепропетровската, Сумската, Харковската, Одеската и Хмелницката област. „Укренерго“ соопшти дека на локациите каде дозволуваат безбедносните услови веќе се ...

Лондон, 15 мај 2026 (МИА) - Најбараниот Британец обвинет за шверц на големи количини кокаин е уапсен вчера во Шпанија - потврди денеска Националната агенција за криминал (НЦА). Сајмон Датон (49), кого полицијата во Голем Манчестер (метрополитенска грофовија во северозападна Англија, која ги опфаќа градот Манчестер и десет околни општини) го бараше за шверц на кокаин, перење пари, фалсификување пасоши и прекршување на наредбите за спречување ...

Рига, 15 мај 2026 (МИА) – Претседателот на Летонија, Едгарс Ринкевичс денеска почна разговори со шест парламентарни партии, по оставката на премиерката Евика Силинја. Ринкевичс прво разговараше со лидерот на левоцентристичката партија Прогресивните, која ја повлече поддршката за Силинја поради политички несогласувања за реакцијата за залутаните украински беспилотни летала во летонскиот воздушен простор. Повлекувањето на поддршката предизвика ...

Берлин, 15 мај 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека имал добар телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата посета на Кина и оти двајцата се согласиле дека Иран мора да се врати на преговарачката маса, да ја отвори Ормуската Теснина и дека не смее да му се дозволи да поседува нуклеарно оружје. Мерц во објави на Х информира дека тој и Трамп разговарале и за мирно решение за Украина и ...

Москва, 15 мај 2026 (МИА) – Кремљ соопшти дека подготовките за претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина се завршени. Посетата ќе се случи кусо по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на земјата, пренесоа руските медиуми. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сите детали околу посетата се веќе прецизирани и усогласени. Според него, официјално соопштение за посетата ќе биде објавено наскоро по ...

Киев, 15 мај 2026 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го изрази својот гнев и повика Москва да биде казната, положувајќи црвени рози пред урнатините на станбен блок во Киев, каде што во руски ракетни напади загинаа 24 лица, вклучувајќи и три деца. Службите за итни случаи го завршија пребарувањето на урнатините на зградата, кое траеше повеќе од еден ден, напиша Зеленски на социјалните мрежи. Крстосувачка ракета ја погоди ...

Вашингтон, 15 мај 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека смртоносниот руски напад врз станбен блок во Киев, во кој беа убиени 24 лица, вклучувајќи три деца, може да ги попречи напорите за мирно решавање на војната во Украина. Трамп пред новинарите во владиниот авион „Ер Форс 1“, со кој отпатува од Пекинг, изјави дека разговарал за конфликтот во Украина со кинескиот претседател Шји Џјинпинг и дека двајцата изразиле ...

Загреб, 14 мај 2026 (МИА) - Хрватска и Европската Унија денеска потпишаа договор за заем вреден 1,7 милијарди евра наменет за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата. Договорот за заем во рамките на инструментот „Безбедносни мерки за Европа“ (SAFE) во Бански двори го потпишаа хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, министерот за финансии, Томислав Ќориќ, и еврокомесарот за одбрана, Андриус Кубилиус. – Станува збор за заем од ...

Белград, 14 мај 2026 (МИА) – Белградската полиција приведе возач осомничен за обид за тешко убиство, откако со автомобил се обидел да пробие блокада кај Правниот факултет, каде што секојдневно им се оддава почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи се наведува дека е уапсен М.С. (41), кој со автомобил удрил 90-годишен маж, а одредено му е ...

Сараево, 14 мај 2026 (МИА) - Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во Оружените сили на БиХ, со кои старосната граница за професионална воена служба се зголемува на 49 години. Предлог-законот беше поднесен од пратеникот Џемал Смајиќ од Партијата за БиХ. Со овие измени се зголемува старосната граница за служба во Оружените сили на БиХ со цел да се надмине ...

Тирана, 14 мај 2026 (МИА) -Во редок политички развој на настаните во албанскиот парламент, мнозинството и опозицијата ги здружија силите и ја изгласаа Нацрт-резолуцијата за процесот на европска интеграција на земјата. Резолуцијата ја поддржаа 114 пратеници а само еден беше воздржан. Во момент кога позициите меѓу владејачките социјалисти и опозициските демократи се чини дека се продлабочуваат, во Собранието се појави „бел чад“ за постигнување ...

Хаг, 14 мај 2026 (МИА) – Меѓународниот трибунал на ОН за воени злосторства во поранешна Југославија ја одби молбата за предвремено ослободување на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, осуден за геноцид и злосторства против човештвото. Трибуналот соопшти дека ја отфрлил молбата на 84-годишниот Младиќ, кој бараше предвремено пуштање на слобода од хуманитарни причини поради влошена здравствена состојба. Во јуни 2021 година, ...

Букурешт, 14 мај 2026 (МИА) – Романскиот претседател Никушор Дан на 18 мај ќе одржи официјални консултации со парламентарните партии за избор на кандидат за премиер. Од неговиот кабинет соопштија дека разговорите ќе се одржат во палатата „Котрочени“ и ќе бидат посветени на определување мандатар за составот на новата влада. Први на разговор кај претседателот, во 9 часот по локално време, ќе пристигнат претставниците на Социјалдемократската ...

Приштина, 15 мај 2026 (МИА) – Еврокомесарката за проширување Марта Кос, на нејзината прва посета на Приштина, изјави дека Дијалогот Белград – Приштина е клучен пат кон Европска Унија за двете држави. - Колку е поуспешно Косово во спроведувањето на реформите (неопходни за пристапување кон ЕУ) и колку е поуспешно во дијалогот Белград – Приштина, толку е поголема веројатноста дека ќе започнеме суштински преговори, наведе Кос на заедничката ...

Анкара, 15 мај 2026 (МИА) – Во три одделни полициски операции во окрузите Истанбул и Ескишехир, во текот на изминатите 24 часа, приведени се вкупно 42 службеници од општини управувани од турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) под обвинение за корупција. Утрово во Истанбул беа спроведени две одделни операции – една против Големата општина Истанбул, при што се приведени 12 лица под обвинение за местење тендери, и една против ...

Лондон, 15 мај 2026 (МИА) - Цените на нафтата денеска пораснаа за повеќе од 1 отсто по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина планира да купува сурова нафта од Соединетите Американски Држави. Цената на суровата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долар, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долар, односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел. Растот на ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
4.54
23%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
48%
1016
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
1.93
38%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.63
50%
1020
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.42
33%
1018
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 28ᴼ
1.7
71%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.36
45%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.6
51%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
0.36
34%
1015
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
2.25
32%
1018
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
1.34
28%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
7.49
99%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Бакар

12.33

Платина

51923.46

Цинк

0.00