Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
По само десет минути игра Македонецот веќе имаше дадено два гола. Илоски погоди во 3. и 10. минута за предност на Филаделфија од 2-0. Потоа се променија работите, третиот гол на Илоски беше во судиското продолжение од првиот дел за 4-4. Во меѓувреме хет-трик реализираше и Луис Суарез кој ги даде половина од погодоците на Интер Мајами. Меси имаше две асистенции, но и заработи повреда во 73. минута кога директно излезе во соблекувалната. По ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека американските и иранските преговарачи имаат „прилично цврста понуда на маса“ и дека договор за крај на војната меѓу двете земји би можел да биде постигнат денес, пренесува Би-би-си. „Сè уште работиме на тоа“, рече Рубио за време на посетата на Индија. Тој зборуваше откако претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека им наредил на преговарачите „да не брзаат со договорот“, откако претходно ...
Особено кога станува збор за Шпанија, која му забрани на Пентагон да ги користи своите бази таму за американските напади врз Иран, кажа тој, се поставува прашањето зошто САД воопшто би биле членка на алијансата што не им помага кога им е потребна. Во сенка на таа изјава, во петок и сабота (22 и 23 мај) се одржа првиот собир на министрите за надворешни работи на НАТО од почетокот на војната со Иран. Ова доаѓа по бројните најави од САД дека ќе ...
Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот на ансамблот е можност македонската култура достоинствено да биде претставена пред меѓународната јавност и, како што рече, да ја потврдиме нашата вековна поврзаност со делото на светите браќа Кирил и Методиј. Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 ...
Возбудувањата во Канада почнаа уште на самиот старт од трката. Почетокот двапати беше одложуван поради проблемите на Арвид Линблад од Рејсинг булс, кој мораше да се врати во боксот. Антонели и Ландо Норис одлично стартуваа и веднаш го минаа Џорџ Расел, кој стартуваше од пол-позицијата, но возачот на Мекларен уште во третиот круг сфати дека погрешил со изборот на пневматици и мораше во бокс. Во продолжението двата болида на Мерцедес водеа пред ...
Според неа, за економијата не се зборува со паника, туку за економијата зборуваат бројките, со кои, вели, опозицијата не стои баш добро. „Последните две години не градиме држава од нула. Ние ја стабилизираме државата што ја оставивте со празна каса, натрупани долгови, нарушена доверба и институции кои предолго беа користени за тесни партиски и лични интереси. Да потсетам. Во јуни 2024 година државната каса беше оставена во исклучително тешка ...
Францускиот тенисер го доби првиот сет со 7-5, но Ѓоковиќ возврати со иста мера во вториот, беше 7-5 за Србинот за израмнување на 1-1. Откако доби еден сет, на Ѓоковиќ му беше полесно, во следните два беше подобар со 6-1 и 6-4 за победа од 3-1. Со самото играње на овој меч Ѓоковиќ постави рекорд, тој стана тенисерот со најмногу грен-слем натпревари, вкупно 82. Претходно го делеше рекордот со Роџер Федерер и Фелисијано Лопез кои имаат по 81 ...
Од противпожарната единица во Радовиш известија дека горел магацин во просториите на поранешен Декортекс, во кои имало запаливи материјали. „За неполни три минути од пријавата за пожар нашата екипа излезе на терен. Веднаш беа мобилизирани сите пожарникари, а на помош пристигнаа и екипи од Т.П.П.Е Струмица и Д.П.Д.Мантово“, соопштија од противпожарната во Радовиш. Од противпожарната единица во Радовиш известија дека горел магацин во ...
Победата на Охрид ќе беше и поубедлива, но судиите беа ветер во грб на Татабања. Македонскиот тим дури 20 минути играше со ракометар помалку, но и покрај тоа дојде до победа. Охрид имаше одлично прво полувреме кое го доби со пет голови разлика, беше 13-8. Охриѓани во еден момент имаа и шест предност, но Татабања успеа да се врати и со помош на судиите да дојде до неизвесна завршница, на крајот мечот заврши со 29-28 за нашиот тим. Иванковиќ и ...
Британецот со време од 1:12.965 минути беше побрз од тимскиот колега Кими Антонели за само 0,068 секунди, носејќи двојна победа за „сребрените стрели“. Новите технички надградби на Мерцедес веднаш дадоа резултат, па тимот целосно доминираше во завршната квалификациска сесија пред конкурентите од Мекларен, Ферари и Ред Бул. Зад тандемот на Мерцедес се пласираа возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пијастри. Расел по квалификациите не го ...
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 23 до 32 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. ...
Наполи го доби мечот со гол на Хојлунд во 24. минута од натпреварот. Елмас ги одигра сите 90 минути за домаќините, а изгледа тие ќе бидат и последени за него во овој тим. Тој е играч на Лајпциг, а Наполи нема намера да ја плати сумата која ја бара германскиот клуб за целосен откуп на македонскиот фудбалер. Ова ќе биде уште едно лето за трансфер на Елмас, ќе видиме која ќе биде неговата следна дестинација. Наполи го доби мечот со гол на ...
„Преземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности. За старт се отстранија сите билборди и светлосни реклами (остана уште една светлосна на Хамза донер кои одбиваат да ја извадат, истите доколку не ја отстранат во рок од 7 дена договорот за закуп ќе им биде раскинат), потоа се отстранија сите информативни постери кои со години се ...
Никси славеа на гостувањето кај Кливленд со 108-121 за водство од 3-0 во финалето на Источната конференција. Тимот од Њујорк одиграа сигурен натпревар и водеа во текот на речиси целата средба, па сега им недостига уште една победа за прво НБА финале по 1999 година. Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Брансон со 30 поени, додека одлична поддршка имаше од Микал Бриџис кој постигна 22 поени. Во таборот на Кливленд се истакна Донован ...
Министерството за финансии вчера објави дека е одземена дозволата за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин биле утврдени сериозни повреди на законски обврски, без да биде соопштено за какви законски прекршувања поконкретно се работи. Сопственици на „Креди јес“ се лица од Бугарија. Ова финансиско друштво во Македонија има 40 филијали и околу 120 вработени. Тие ...
Шкупи е единствениот тим оваа сезона во Европа кој заврши без победа. Чаирчани испаднаа како последнопласирани со само еден освоен бод. 🚨OFFICIAL: FC Shkupi is the only UEFA top flight club that finished without a win this season They only earned 1 league point in the Macedonian league and conceded 130 goals pic.twitter.com/nkMBx7vYlr — Polymarket Sports (@PolymarketSport) May 24, 2026 Дополнително, Шкупи урна и македонски рекорд, заврши ...
Како што и се очекуваше, Брера имаше лесна задача против Шкупи и дури шестпати ја затресе мрежата на гостите од Чаир. Единствениот гол за Пелистер кој значеше три бода против Башкими го постигна Србијанац во првото полувреме. Во баражот Пелистер ќе игра против Шкендија Арачиново, а Брера за опстанок ќе се бори против Скопје. Како што и се очекуваше, Брера имаше лесна задача против Шкупи и дури шестпати ја затресе мрежата на гостите од Чаир. ...
На свеченоста присуствувале претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот на Австралија, како и членови на пошироката православна заедница. „Настанот собра повеќе од 500 гости, претставници од политичкиот, дипломатскиот и црковниот живот, како и членови на пошироката православна заедница, претставувајќи значаен момент за македонската православна заедница и за нејзината промоција во Австралија“, велат од Македонската православна ...
Во интервју за неделникот Фокус, Савески вели дека истрагата е активна и дека во предметот се преземаат дејствија, но засега Груби не бил сослушан како осомничен. „Шпекулациите на јавноста стигнуваат и до мене, но до овој момент не се основани, бидејќи поранешниот вицепремиер сè уште не дал исказ во обвинителството. Кога ќе даде исказ, тоа ќе биде, пред сè, во однос на дејствијата што му се ставаат на товар“, вели Савески. Со ова, засега ...
Македонскиот тим ќе гостува кај Татабања во првиот натпревар од финалето на Европскиот куп на ЕХФ. Охриѓани сезонава приредија вистинска сензација на европската сцена и со одличните настапи заслужено стигнаа до битката за трофејот. Тимот на Борис Ројевиќ во полуфиналето по голема драма и седмерци го елиминира Целје, со што обезбеди историско финале. Татабања ќе ја има фаворитската улога пред својата публика, но Охрид покажа дека знае како да ...
Во 33. минута од натпреварот меѓу Брајтон и Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш нафрли од корнер, а Доргу реализираше за водство од 1-0. THE MOMENT BRUNO FERNANDES BROKE THE RECORD FOR MOST PREMIER LEAGUE ASSISTS (21)!!! pic.twitter.com/tq3awDs8eL — shegzy💯 (@Cr7fanAdabra) May 24, 2026 Тоа за Португалецот беше 21. асистенција оваа сезона во Премиер лигата. BRUNO FERNANDES. RECORD-BREAKER. pic.twitter.com/jWBSwmUU4O — Manchester United ...
Во соопштението се наведува дека ракетата полетала без никакви проблеми од космодромот Бајконур во Казахстан, пренесе британската агенција Ројтерс на својот сајт. Според соопштението на Роскосмос, ракетата „Сојуз-5“, која агенцијата ја опишува како лансирно возило опремено со најмоќниот мотор со течно гориво во светот, ја напуштила лансирната рампа на 30 април во 21:00 часот по московско време (20:00 часот по средноевропско време). Новото ...
„Блокадата ќе остане во полна сила и ефект сè додека не се постигне, потврди и потпише договорот. Двете страни мора да одвојат време и да го сторат тоа правилно. Не смее да има грешки. Нашиот однос со Иран станува многу попрофесионален и попродуктивен“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушал, според Ројтерс. Ројтерс објави и дека Мохсен Резаи, воениот советник на иранскиот врховен лидер, денес изјави дека управувањето со Ормускиот ...
„Претседателот Трамп се сврте кон него и кажа: „Почекај малку. Велиш дека не можеш да имаш избори ако се води војна?“ Тој го кажа тоа како шега, но во исто време, познавајќи го претседателот Трамп, си помислив – знам дека го кажа тоа како шега, но не сум сигурен дали се шегува“, кажа Грин. Трамп не ги употреби токму тие зборови, туку во август минатата година му кажа на Зеленски: „Значи, велите дека за време на војна не можете да имате ...
Германскиот чувар на мрежата ја започна сезоната како член на Барселона, па и покрај малата минутажа ќе биде дел од шампионската генерација на каталонскиот клуб и ќе добие медал за освоената титула. Во вториот дел од сезоната Тер Штеген се пресели во Жирона, но таму не успеа да помогне во битката за опстанок. Тимот на крајот испадна во понизок ранг, а искусниот голман поради честите проблеми со повреди одигра само два натпревари во Примера. ...
Меѓу одбојкарките кои се најдоа на поширокиот список на новиот селектор Милош Гавриловиќ, се и Даниела и Сара Горбок кои настапуваат за Газели Волеј во домашното првенство. Ќерќите на прославениот руски ракометар, Сергеј Горбок, кој го носеше дресот на РК Вардар и беше дел од екипата која ја освои втората европска клупска титула во 2019 година, долги години живеат во Македонија, веќе добија и македонско државјанство, а Одбојкарската ...
„Од срце му го честитам на братскиот македонски народ нашиот заеднички празник – Денот на сеќавањето на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, големите просветители кои ги поставија темелите на словенското писмо и литература. Овој датум за сеќавање е симбол на духовното и културното сродство, блискоста на националните традиции на словенските народи. Тој нè потсетува на нераскинливата нишка што ги поврзува генерациите низ повеќе од ...
„Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ќе останеме цврсти, а споделената мака е помала мака. Токму тоа јадро било разнишувано и удирано во историската судбина на Македонија. Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. И можам да ги разберам, иако не ги оправдувам, позициите на Бугарија“, рече Мицкоски во своето обраќање. „И да ...
„Тоа што се случува околу Северна Македонија едноставно не е праведно. Тоа е толку нефер што не може никому во светот да му се објасни. Државата го промени името, а за возврат не доби ниту датум за почеток на преговорите“, истакна Брнабиќ за време на дебатата под наслов „Како надвор од чекалната – ново промислување на проширувањето“, пренесува Бета. Таа додаде дека ваквиот однос предизвикува страв кај граѓаните во однос на какви било уставни ...
Од црквата „Света Софија“ каде се одржува свечената академија насловена „Од слово до вечност“, премиерот рече дека денес, одбележувајќи го делото на светите браќа Кирил и Методиј, ние не зборуваме само за двајца просветители од деветиот век, туку за темелот на една цивилизациска идеја дека човекот е вистински слободен само тогаш кога има право да мисли, учи, создава и да говори на свој јазик. „Во едно време кога знаењето било привилегија на ...