Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Македонската државно-црковна делегација во Рим денеска им оддаде почит на светите браќа Кирил и Методиј, со пораки дека нивното дело не е само историско наследство, туку жива основа на македонскиот духовен и културен идентитет. Во базиликата „Сан Клементе“, пред гробот на Свети Кирил, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан порача дека светите браќа не се личности затворени во минатото, туку темел врз кој и денес стои македонската ...
Билетите за реваншот во „Билјанини извори“ беа распродадени за само неколку минути. За помалку од 15 минути беа продадени речиси 2.000 билети за двете трибини, па салата ќе биде исполнета до последно место. Возбудата во градот крај Охридското езеро е огромна, бидејќи клубот е на чекор до најголемиот успех во својата историја. Охрид прво в сабота ќе гостува кај Татабања во првиот финален натпревар, а реваншот пред домашната публика се игра на ...
Бруно Фернандеш постигна осум голови и го израмни рекордот по најмногу асистенции во една сезона во Премиер лигата, сега заедно со Тјери Анри и Кевин Де Брујне имаат по 20. Португалецот даде голем доприност за Манчестер Јунајтед да дојде до место кое води во Лигата на шампионите. Ова признание го освојува по првпат и стана прв фудбалер на Манчестер Јунајтед по Немања Матиќ во 2010/11 кој бил прогласен за играч на сезоната во најдобрата ...
„Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби. Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на ...
Според достапните информации, потресот бил регистриран во 17:41 часот, со јачина од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот бил на длабочина од 5 километри, со епицентар на 21 километар источно од Скопје, односно 15 километри источно од Кисела Вода. Потресот го почувствуваа граѓани во повеќе делови од главниот град, а засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица. Скопското подрачје е ...
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, соопшти вечерва Јавното обвинителство. Осомничениот 76-годишник, информира ЈО, управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон ...
Како што пренесува Ројтерс, регионалната иницијатива за посредување предводена од Пакистан има за цел да ги намали разликите меѓу Иран и САД по неколкунеделната војна, која го држи клучниот воден пат Ормуски теснец затворен за повеќето бродови и покрај кревкото примирје што ги наруши глобалните енергетски пазари. Иранските државни медиуми објавија дека Мунир се сретнал и со претседателот Масуд Пезешкијан, во присуство на министерот за ...
Битолчани донесоа засилување на левата бековска позиција, ракометар на кој му се предвидува голема кариера. „Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер. Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема ...
Вардар во минатото коло ја завери шампионската титула, па денешниот меч против Шкендија ќе биде само можност да се поздрават фудбалерите од страна на навивачите за успехот кој го имаа оваа сезона. Откако ќе заврши натпреварот, ќе почне прославата која ќе се одржи на „Школка“ во Градскиот парк. Пред натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, се игра дуелот меѓу Арсими и Струга, тој меч е закажан од 16 часот. ПМФЛ 33. коло: Сабота Арсими – Струга ...
Специфичноста на овие набавки е во тоа што се реализирани во периоди со негативни цени на струјата на берзите, што значи дека АД ЕСМ не плаќа за преземената енергија, туку напротив – на компанијата и се плаќа за да ја преземе таа електрична енергија. За време на овие берзански флуктуации, вкупното преземено количество на набавена електрична енергија изнесува 3.950 MWh. Станува збор за одлична стратегија која носи повеќекратни придобивки во ...
Овој тим-билдинг настан под отворено небо нуди совршена можност за зајакнување на тимскиот дух, дружење надвор од канцеларијата и промоција на здрави животни навики кај вработените. Пријавувањето е веќе активно и се одвива преку официјалната веб-страница www.prvdovrv.mk/business5k. Рокот за пријавување е 27 мај. Бројот на учесници е ограничен. Лани, на премиерното издание, овој настан собра повеќе од 45 компании од најразлични индустрии, ...
Фановите на тетовскиот клуб седеа кога се интонираше македонската химна, ја исвиркуваа, скандираа националистички, имаа транспаренти против ФФМ… Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори дисциплинска постапка против Шкендија по неколку основи. А, сега Балистите го кажуваат својот став. „Нашиот клуб Шкендија оваа година беше оштетен од страна на судиите со тенденција, нарачана од Фудбалската федерација. Целиот овој гнев изразен од наша ...
Овие пораки, информираат од Народната банка, беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, организиран од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), којшто се одржува во Сараево, а чиј домаќин е Централната банка на Босна и Херцеговина. „Стапката на адекватност на капиталот во регионот сега изнесува 20,7 отсто, наспроти ниво од под 19 отсто пред пандемијата, додека учеството на ...
Со молебенот ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонската делегација ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што претседателот Гаши ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик. Таа е поставена во 2015 ...
Беше 1-1 кога во 58. минута Барди имаше шанса да му донесе водство на својот тим, но македонскиот фудбалер ја погоди стативата од голот на Онана. Penaltıyı kullanan Bardhi topu direğe nişanladı.#Trabzonspor #Konyaspor #ztk #atv pic.twitter.com/N09p39c1Vx — atv (@atvcomtr) May 22, 2026 На десет минути пред крајот беше досуден и пенал за Трабзон кој го реализираше Онаучи, а тој гол значеше и победа за овој тим. Онаучи го постигна и првиот гол ...
На овој начин, тимот од „Големото јаболко“ успеа да го одбрани својот терен во првите два натпревара и да поведе со 2-0 во серијата, па сега може без притисок да се пресели во Кливленд. Најдобар настап во натпреварот за победничкиот тим имаше Џош Харт, кој постигна 26 поени, а додаде и седум асистенции, додека Микал Бриџис и Џејлен Брансон исто така одиграа солидно, постигнувајќи по 19 поени. Донован Мичел се истакна за поразениот тим со 26 ...
Настанот што денеска ќе се одржи во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул претставува ретка можност турската публика поблиску да се запознае со богатото културно и археолошко наследство на Македонија. Исар – Марвинци, локалитет сместен во близина на Валандово, претставува простор на континуиран живот од VII век пред нашата ера до VI век од нашата ера. Низ вековите овој простор бил важна комуникациска, трговска и ...
Животите на Марко, Петар и Адам згаснаа на само 20 години, додека Ристе Велков загина на 51-годишна возраст. Од младите момчиња се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го средното образование. „Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во којаме ги загубив нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати ...
На отворањето на настанот пред публиката се обратија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорот на турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб, Фуат Коркмаз, како и директорот на „Едисон“, Иван Гојмерац. Во своите обраќања тие ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка, културното поврзување и универзалните пораки што ги носи филмот „Медена земја“ – припадноста на ...
„Глупавото попречување на патот на Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорно и мора да престане. Тоа ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актери. Новата бугарска влада треба да се засрами, напиша Рот на „X“. Bulgaria’s stupid obstruction of North Macedonia’s EU path is irresponsible and must stop. It weakens the EU, destabilizes the Western Balkans, and only benefits ...
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец. Утре претпладне времето ќе биде сончево, попладне променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 км/ч). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 л/м²), грмежи и силен ветер (над 60 км/ч) и услови за појава на град. Во ...
Оваа негова оставка доаѓа по неговите изјави за Гоце Делчев во дебата со бугарски експерти. Земон пред три недели изјави дека „Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а кај нас од него е направен мит“. По жестоките реакции во јавноста, Земон се извини, тврдејќи дека бил погрешно разбран. Вчера се објави негова фотографија од средба со Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација Македонија и човек ...
„Обвинување за шпионажа е многу сериозно обвинување и мислам дека нема логичен основ за тоа. Ќе објаснам зошто. Имено, шпионажата се однесува на класифицирани или на строго доверливи податоци. Не знам колку знае јавноста, но во Кабинетот не постои електронска мрежа на класифицирани податоци, односно на податоци од доверлив или строго доверлив карактер. Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во ...
На конференцијата учествуваа клучните инволвирани страни со цел да се забрзаат реформите и да се зајакне економијата на грижа на земјата, со што се обезбеди платформа за дискусија за решенија на политиките, презентирање на клучни наоди и препораки за реформа на системот на грижа, како и споделување на европски и меѓународни добри практики. На настанот присуствуваа претставници на јавни институции, општините, академската заедница, граѓанското ...
Во последното коло, Спартак Варна го совлада Локомотив Софија со 3-0, а сите три гола беа дело на 22-годишниот поранешен фудбалер на Вардар, Тетекс, Хата, Работнички и Шкупи. Резултатот го отвори во осмата минута, на 2-0 зголеми во 30., а точка стави во 62. минута. Ѓоко Хаџиевски го извади од игра пред истекот на основниот дел за да добие аплауз од домашната публика. Со денешните три гола, Стојановски ја заврши сезоната со осум погодоци, како ...
Како што инфирмираа од ОЈО Скопје, на 20 мај годинава, таа се обидела неовластено да внесе марихуана и кокаин во затворот во Идризово додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот. „Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин. ...
На средбата биле разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласил потребата од изнаоѓање решение за билатералното прашање, кое го кочи процесот на отворање преговори со Европската Унија, потврдувајќи ги позициите на Владата и укажувајќи дека темите поврзани со македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на ...
Во заедничката реакција, потпишана од Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост, Македонска платформа против сиромаштија и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, се наведува дека не станува збор за техничка измена, туку за сериозен преседан што може да има долгорочни последици врз граѓанското општество и заштитата на ранливите категории. „Со децении, граѓанските организации обезбедуваат ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за соработка со двете зоолошки градини е вистински пример за тоа дека Министерството гради силни партнерства. Потенцира дека целта на Владата и Министерството е јасна – сакаат овие институции да ги трансформираат во модерни, европски центри. „Центри кои примарно ќе се грижат за благосостојбата на животните, заштитата на дивиот ...
„Дополнително, Управата за јавни приходи известува дека на Chrome web store се имаат појавено веб-екстензии за наводна поддршка на процесот на електронското потпишување на електронската фактура на УЈП (проект кој е фаза на тестирање). Управата за јавни приходи укажува дека овие веб-екстензии на chrome web store не се развиени од изведувачот на оригиналната екстензија на проектот за е-фактура и во таа насока напоменуваме преземањето на ...