Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Тетовскиот тим се извлече од пораз и елиминација буквално во последните секунди, па имаше повеќе нерви и концентрација за да го елиминира ривалот. Средбата тргна со водечкиот гол на Марјан Радески во 13 минута, откако по нафрлување на Папе Фал лошо реагираше Имран Фетаи (1-0). Овој резултат беше активен до полувремето, а Шкендија не успеваше да се наметне. И покрај тоа тимот на Јетон Беќири стигна до израмнување во 74 минута преку Бесарт ...
Во рамки на кампањата, како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ќе бидат посетени над 30 општини и повеќе од 120 населени места. Активностите ќе се реализираат преку два големи и шест помали тима, кои ќе ја посетат секоја една општина. „Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за ...
„Во делот на земјоделското производство, точно е дека нафтата е еден од главните двигатели на процесот. Но морам да потенцирам дека ние како Влада минатата година согласно годишната програма набавивме една сериозна сума на картички за ‘зелена нафта’, која за разлика од 2024 година беше зголемена за 100 отсто“, нагласи министерот Трипуновски, во Дневникот на Алсат ТВ. Трипуновски истакна дека за оваа намена бил склучен договор за над 500 ...
Пратеничката Саранда Имери-Стафаи ја образложи потребата за скратена постапка за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување појаснувајќи дека станува збор за овозможување на зголемувањето на пензиите во согласност со планираните политики на Владата. Со тоа, додаде таа, оваа Влада успела на вкупно 7.000 илјади денари да им ги зголеми пензиите, имајќи ги предвид првите две зголемувања од 2.500 денари – илјада денари во ...
Една од клучните одлуки беше формирање на две нови машки селекции. Тоа ќе бидат репрезентацијата за момчиња до 13 години која ќе ја води Филип Миркуловски, како и селекцијата до 15 години која му е доделена на Никола Матлиески. Освен тоа, Управниот одбор го утврди и домаќинот на Купот на Македонија. Се споменуваше дека домаќини може да бидат Битола или Охрид, меѓутоа домаќинството на крај го доби Струмица и салата „Парк“. Таму во терминот од ...
„Господинот Пицула и нашите хрватски соседи секогаш зборуваат повеќе за себе отколку за мене. Наводно доаѓате со добри намери, а вашата единствена намера е борбата која ја водевте со пушка против српскиот народ сега да ја продолжите со други средства“, оцени Вучиќ. Тој додаде дека би бил многу загрижен ако Пицула каже нешто убаво за него. „Вака, сè додека зборува лошо за мене, јас сум среќен, знам дека правам голема и добра работа за мојата ...
„Со тоа, како што пишува експертското списание „Воена зона“, Србија има ракетен систем кој е единствен во Европа, ако ја исклучиме Русија“, продолжува Патрик Цол, дописник на швајцарскиот весник од Тајван, пренесува Дојче веле. По подеталниот опис на борбените карактеристики на кинеските ракети НЦЦ пишува: „Новата српска набавка предизвика особена загриженост во Хрватска. Главниот град Загреб е оддалечен околу 200 километри од српската ...
Замавнувањето на рацете и нозете особено укажува на емоции: поголемо замавнување е поврзано со лутина, додека помало замавнување укажува на страв или тага, објави Гардијан. Истражувачите побарале од волонтери да ги погодат емоциите на луѓето врз основа на видео снимки од нивно одење. Во експериментите, актерите оделе додека се сеќавале на настани што предизвикувале гнев, среќа, страв или тага. Видеo снимките прикажуваа само движења на телото, ...
Во интервју за Би-би-си Зеленски кажа дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин сака долготрајна војна меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави, бидејќи тоа би ја ослабнало Украина, но и би ги пренасочило американските ресурси и поддршка. „За Путин, долготрајната војна во Иран е предност. Покрај влијанието врз цените на енергенсите, тоа значи и трошење на американските залихи и исцрпување на производителите на воздушна ...
Со меморандумот, како што информираат од МВР, се утврдува рамка за заедничко дејствување во насока на примена на европските стандарди преку зголемување на сензибилитетот и капацитетите на полициските службеници, унапредување на процедурите за постапување и обезбедување ефикасна и навремена заштита на жртвите, со посебен акцент на спречување нивна ревиктимизација. „Наш приоритет е да изградиме систем, кој навремено, ефикасно и со целосно ...
Имено, Ибрахимовиќ за првпат ќе се испроба во улога на стручен коментатор на едно големо фудбалско натпреварување. Швеѓанецот ова лето ќе се приклучи на телевизијата каде ќе дебитира како студиски аналитичар. Новата улога ќе ја започне на 11 јуни 2026 година, кога стартува турнирот што ќе се игра во САД, Мексико и Канада. „Златан, кој во нашето известување ќе ја донесе својата препознатлива самодоверба, перспектива и уникатна личност, е ...
„Триесет и три илјади преписи на скапа терапија се направени. Проверувани се сите. Методолошки. Она што е најдено како чудно и неправилно, овде е изложено“, истакна во изјава за МИА Ристески. Како и минатото рочиште, тој сведочеше за терапиите и протоколите во Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје при што кажа дека забележал отстапувања, особено во делот на недоволно документирани податоци за состојбата на пациентите и објаснувања ...
Како мала утеха во Битола доаѓа признанието за Дејан Манасков од страна на Европската ракометна федерација. Македонското крило го постигна најубавиот гол во групната фаза на елитното натпреварување. Секако, се работи за цепелинот во последната минута од дуелот во Битола на Пелистер против Барселона. Голманот Никола Митревски имаше интервенција, па фрли контра која Манасков атрактивно во лет ја претвори во гол. Во трката за најубав погодок ...
Предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител пред пратениците го образложи вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. „На Македонија очајно ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесирање на случаи што ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем“, истакна Николоски на собраниската седница. Тој нагласи дека Савески е професионалец, ...
Министерката Божиновска, информираат од нејзиниот Кабинет, истакна дека Министерството е посветено на развој на инклузивни и одржливи политики, при што особено внимание се посветува на ранливите категории граѓани, вклучително и децата, како и на обезбедување пристап до сигурна, достапна и чиста енергија за сите домаќинства. „Енергетските политики не се само економско прашање – тие имаат директно влијание врз квалитетот на живот, здравјето и ...
Жителите во неколку американски сојузни држави пријавиле дека виделе светла огнена топка во 9 часот наутро, а Американското метеорско друштво соопшти дека добило такви извештаи од Висконсин до Мериленд. Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) подоцна потврди дека станува збор за метеор со дијаметар од речиси 1,83 метри. „Ова навистина изгледа како огнена топка, што значи дека е метеорит – мал астероид“, рече ...
Како што информираа од Клиниката, курсот е осмислен од д-р Марек Шолтес, абдоминален хирург и професор на Универзитетот Павол Јозеф Шафарик во Кошице, Словачка, а бил спроведен со д-р Клаудија Ѓиноска абдоминален хирург во Клиника Жан Митрев. Тридневната едукација вклучувала практична работа на модели со инструменти што се користат во операциона сала, надополнета со кратки демонстрации, концизни упатства и стимулативни дискусии. Учесниците ...
Според Зајкова, со ваквата одлука пратениците од мнозинството стануваат соучесници во насилството, бидејќи имале можност да изгласаат превентивни мерки, но одлучиле да не го сторат тоа без да понудат аргументи. Таа посочи дека истиот предлог бил поднесен и на 1 април минатата година, но и тогаш бил одбиен без образложение. Во меѓувреме, како што нагласи, јавноста сведочи на „црни биланси“ на жени-жртви на насилство, вклучително и случаи со ...
Ќе дува умерен, а на одделни места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе придонесе за дополнително заладување – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во наредните денови времето ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. Ќе дува умерен, а на одделни места повремено засилен ветер од северен и североисточен ...
Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, директната комуникација со земјоделците е од големо значење. „Ресорот земјоделство неминовно мора да има постојана и директна комуникација со земјоделците. Тоа значи разговор за актуелните состојби и реалните предизвици со кои тие се соочуваат“, истакна министерот синоќа во телевизиско интервју. Во рамките на кампањата формирани се два големи тима, кои ќе ...
Науката е чекор поблиску до тоа да може точно да го предвиди вашиот животен век врз основа на вашите секојдневни навики, благодарение на нова студија од Универзитетот Стенфорд, пренесува Би-би-си Сајанс фокус. Истражувачите го следеле однесувањето на 81 африканска тиркизна риба во аквариуми под видео надзор во текот на целиот нивен животен век – односно четири до осум месеци. Откако анализирале милијарди исечоци од видео снимки, научниците ...
„Каде и да се собираат американските сили, каде и да се наоѓаат објектите што им припаѓаат, тие се цели. Можно е некои од овие места да се во близина на урбаните области“, рече високиот ирански дипломат. Арагчи призна дека земјите во регионот се „вознемирени, а нивните луѓе страдаат или се загрижени“ од иранските напади, но додаде дека вината за избувнувањето на војната на 28 февруари е целосно врз САД. Арапските држави од Персискиот Залив се ...
„Врховниот суд ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од ...
Синоќа се случи скандалозна одлука кога Африканската фудбалска федерација реши да му го одземе трофејот на Сенегал и да му го даде на Мароко. „Она што се случи отиде предалеку. Ова не е фудбалот за кој се бориме, ниту Африка во која веруваме. Има премногу корупција во нашата игра и тоа ја убива страста на милиони навивачи низ целиот континент. Играчите даваат сè на теренот, но одлуките надвор од него одлучуваат натпревари и трофеи. Длабоко ...
Како што соопштија од АХВ, еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на храната, а четири од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен задравствен преглед за вработените лица. „За утврдените недоследности кои се однесувале и на нередовно водење на записи за добра хигиенска и добра производствена пракса, недоставување на увид сертификати за спроведени обуки од областа на хигиената на ...
Мечот го игравме на домашен терен, во Градски парк, но не можевме рамноправно да парираме на посилната Хрватска. Дополнителна причина за убедливиот пораз е што Македонија на последните мечеви од квалификациите играше со значително променет состав, со подмладена селекција. Најголем дел од работата, гостинките завршија во првата четвртина која ја добија со 21-6. Меѓу првиот и вториот период имаа серија од 14-0, се чинеше дека ќе дојдат до многу ...
Најважно за Савески е да се дигитализира работата на обвинителите за да може да се следи нивната работа и да нема, како што вели, „фиока стоп систем“. „Таа дигитализација можеби би била некоја програма која што би била „фиока стоп систем“. Значи, она што најчесто се натура како критика на обвинителството е тоа дека работи бавно, но и да се видат кои се причините за тоа. Дали е тоа недостиг на стручен кадар, на обвинители, дали нестостига ...
Нападите го потресоа срцето на либанската престолнина додека Израел ја засилува офанзивата против групата Хезболах, поддржана од Иран. Израелски воздушни напади имаше и во јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах, каде што на снимките на Ројтерс се гледаат експлозии што го осветлуваат ноќното небо. Најновите напади го вовлекуваат Либан подлабоко во војната на Блискиот Исток, откако Хезболах го нападна Израел на 2 март, ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје неодамна поднесе обвинение против Јовановски, чија сопруга Ивана, заедно со нивната малолетна ќерка, на 2 март скокнаа од балконот на станот во висококатница во скопски Карпош. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесна повреда како продолжено дело на семејно насилство согласно член 130 став 2 во врска со став 1 и член 45, загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со ...
Конфликтот, кој трае повеќе од три недели, ескалираше во регионална криза со размена на напади меѓу Иран, Израел и американските сили и напади врз цели во земјите од Персискиот Залив. Иран, исто така, потврди дека во израелскиот напад е убиен секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Али Лариџани, еден од највисоко рангираните функционери убиени од почетокот на конфликтот. Членови на неговото семејство и соработници исто така ...