Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) истакна дека во текот на изминатите 25 години, чекорејќи по патот на ЕУ, Македонија полека го губела образот и достоинството, при што напомена дека оваа Влада повеќе нема намера тоа да го прави. „Очекувам да ги ...

„Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може да биде и тој член“, додаде Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е планирано воведување такви тестови по снимката која се појави на социјалните медиуми со сега поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски. Алиу за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, ...

Во видео објавено на Фејсбук страницата на премиерот, Трамп го пофали Орбан. „Тука ја имаме Унгарија. О, Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што е важен“, рече Трамп. Орбан присуствуваше на потпишувањето на мировниот договор за Газа во Египет вчера, на покана на Трамп. Трамп додаде дека го поддржал Орбан на последните избори и „тој победи со 28 процентни поени“. ...

Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2025 година, имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации во текот на изборниот процес како извор на нивно финансирање, како и вкупен финансиски извештај со податоци за вкупните приходи и расходите на изборната кампања, во законски утврдени рокови, со што се овозможува следење на законитоста на финансирањето и трошењето на средствата од страна на надлежните ...

Посетата ќе биде можност Димитриеска-Кочоска на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги спроведува Владата, напорите за фискална консолидација, за одржување макроекономска стабилност и за обезбедување одржлив економски раст, соопшти Министерството за финансии. Предвидено е министерката да има средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, ...

Владимир Блажев – Панчо се лекуваше во приватната болница Систина во Скопје, од каде што утрово изразија жалење и сочувство до семејството на Панчо. „Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, изјавија ...

Кузмановски на 10 октомври е разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи. „За продолжувањето и издавањето лиценци е надлежна Лекарската комора. Ќе чекаме од нив информација. Бараме детален извештај за неговата работата кој ќе биде проверен од МојТермин со Клиниката заедно со директорот. Ќе биде проверено до кое ниво, каков тип пациенти има прегледано, кој тип ...

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција. Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети скопските општини Сарај и Чаир. Вечер караванот на СДСМ ќе биде во општините Новаци, Ресен и Битола. Претставници на Вреди ќе имаат средба со Стопанска комора на северозападна ...

Научниците од Австралија и Кина открија дека стевиозид, засладувач присутен во растението стевиа, ја подобрува апсорпцијата на кожата на миноксидил, лек кој се користи за лекување на опаѓање на косата кај мажите и жените. Иако клиничките испитувања врз луѓе сè уште не се спроведени, тестовите врз животни покажаа дека комбинацијата на овие две состојки ефикасно ги стимулира фоликулите на косата да влезат во фазата на раст, што доведува до развој ...

Нула степени се измерени во Берово, 3 во Лазарополе, 4 во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево, 5 во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Претор и Штип, 7 во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес, 8 во Виница и Кавадарци и 9 степени во Тетово и Куманово. Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје, претпладне ...

„Додека народот плаќа даноци и со години чека да му се решат инфраструктурните проблеми, бизнисмени од ДПМНЕ си дозволуваат да градат дивоградби на државно земјиште и при тоа да ги легализираат со промена на урбанистички планови. Тоа е класичен пример за злоупотреба на функција за лична и партиска корист,“ велат од Левица. Од партијата бараат Обвинителството итно да постапи по пријавата и да отвори истрага не само против Ѓорѓиевски, туку и ...

Белгија ќе ги заврши квалификациите на првото место, а Македонија и Велс во меѓусебниот дуел во Кардиф во последното коло ќе одлучуваат која ќе биде втора. Македонија има три бода повеќе, но Велс има натпревар помалку, меч со Лихтенштајн на гостински терен. Доколку го победат тој меч, што е многу извесно, бодовно ќе се изедначат со Македонија, па при евентуално реми на меѓусебниот дуел во Кардиф, гол разликата ќе одлучува. Гол разликата во овој ...

Оваа тест мисија има за цел да го демонстрира напредниот дизајн и можностите за повторна употреба на ова џиновско вселенско возило, кое е дизајнирано да носи тежок товар – како што се сателити – а во иднина, да транспортира луѓе на Месечината и Марс. Лансирањето е дел од тековната серија тестови со кои Спејсекс, под водство на Илон Маск, се обидува да ја потврди веродостојноста на системот старшип како клучен елемент за долгорочните вселенски ...

Трамп особено го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, велејќи дека е пријател и дека има почит од рускиот претседател Владимир Путин. „Одлично се сложувам со Ердоган. Добро ми оди со силните, не ми оди со слабите“, рече тој, додавајќи дека лидерите на НАТО често го замолуваат да разговара со Ердоган кога ќе се појават проблеми. На прашањето кои се слабите лидери на состанокот во Израел и Египет, Трамп одговори: „Нема да ги именувам, ...

Психолозите велат дека децата од 2–4 години забележуваат разлики (како боја на кожа или јазик), но не ги вреднуваат. Дури подоцна, по шестата и седмата година, под влијание на околината, почнуваат да кажуваат дека нешто е „чудно“ или „погрешно“ само затоа што е различно. Околу тинејџерската возраст предрасудите може да се зајакнат или намалат, во зависност од влијанието на врсниците, образованието и контактот со различни групи. Со цел да ја ...

Нивното дејство се базира на природни растителни соединенија кои го поддржуваат варењето на храната, функцијата на црниот дроб и чувствителноста на инсулин. Според различни консултанти за исхрана, ова се некои од чаевите кои можат да придонесат за побрз метаболизам и подобра контрола на шеќерот во крвта. Зелен чај Зелениот чај се смета за еден од најкорисните пијалаци за забрзување на метаболизмот. Содржи антиоксиданти познати како катехини кои ...

Китон, која е родена во Лос Анџелес, се прослави во 1970-тите преку нејзината улога како Кеј Адамс-Корлеоне во филмовите „Кум“. Таа беше позната и по улогите во „Таткото на невестата“, „Клубот на првите сопруги“, како и во „Ени Хол“ на Вуди Ален, кој во 1978 година ѝ ја донесе наградата Оскар за најдобра глумица. Нејзиниот препознатлив стил – машки елеци, капи и одела – стана модна инспирација. Иако често се шпекулираше дека филмот го одразува ...

Мета објави контроверзна промена на политиката за приватност која ќе ги погоди сите корисници на платформите Фејсбук и Инстаграм. Компанијата планира да започне да користи разговори со својот чет-бот Мета со ВИ за дополнително персонализирање на содржината и рекламите што ги прикажува. Поточно, сè што ќе кажете или прашате од Мета ВИ – без разлика дали станува збор за текстуална порака или гласовен разговор – наскоро ќе стане дел од податоците ...

Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2.500.000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, каматната стапка изнесува 5% фиксна, а за кредити со рок до 120 месеци – 5,7% фиксна, со вклучено осигурување (CPI или Живот + Незгода). Кредитната способност за вработени лица изнесува до 50% од месечните примања, додека пензионерите ...

Македонија не успеа да го победи Казахстан, одигравме 1-1 во натпревар со две различни полувремиња. „Што би променил сега после натпреварот? Старната формација и некои играчи. Не ме изненади Казахстан но немавме доволно информации за да ги анализираме, се обидовме да играме во формацијата во која започнавме, но не успеавме, брзо ја променивме формацијата и продолживме. Второто полувреме беше сосема поинаку. Миовски беше принудно померување на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и словачкиот министер за економија Владимир Шимоњак ќе потпишат меморандум за соработка во областа на економијата, по што е предвидена заедничка прес – конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот Пелегрини. Словачкиот претседател потоа ќе го посети и Собранието каде што ќе има средба со претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Во рамки на ...

Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност Скопје со финансиска поддршка и паритетен придонес од Министерството за култура и туризам, како и од Фондацијата Рајтман (Reitman Foundation), Лондон; Евролинк осигурување; Завар; Раде Кончар; Градежен Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј; Македонска алпинистичка федерација и Викиекспедиции, сите од Скопје. „Текстилната површина, составена од над 1.000 јутени вреќи кои ја обвиткуваат ...

Во донесувањето на одлуката, Комисијата констатираше дека по 10 години од востановувањето на оваа награда, предлогот на д-р Иванка Апостолова Баскар е всушност прв предлог за труд којшто поаѓа од историјата на критиката во Македонија, видена низ призма на значењето на критичката активност на Ладислав Баришиќ во чија чест е насловена годишната награда на AICA Македонија. Врз таа основа, Иванка во својот предлог најавува анализа на изборите и ...

Кандидатот за трет градоначалнички мандат во Куманово и претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека општината ги има сите предиспозиции да биде „мотор на економската локомотива“ не само на земјата, туку и на целиот регион. „Светскиот гигант Лидл веќе инвестираше околу 110 милиони евра, и досега отвори над 150 нови работни позиции. Тоа се над 150 причини младите да не емигрираат, туку да се обидат својата ...

„Да почекаме да завршат локалните избори и ќе видите какви чекори ќе преземеме. Со два проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет. Не се сите такви, да се разбереме, таму има неколкумина измеќари кои го контаминираат целото обвинителство и судство. Кога јас би имал два проценти рејтинг би си заминал, нема да се занимавам со ова што се занимавам“, кажа Мицкоски по средбата со претставници на Стопанска ...

Владо Петров како пензиониран полициски службеник беше осомничен дека додека бил главен инспектор за сообраќајни работи потпишал документ за паркинг-просторот пред т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани. „Трагедијата во Кочани ја зеде својата 63. жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо не го издржа притисокот и не успеа да види ништо од пензијата. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе е многу доцни“, ...

По големото реми во Гент против Белгија се создаде голема еуфорија пред денешниот меч со Казахстан, Националната Арена „Тодор Проески“ беше речиси исполнета, македонските фудбалери имаа голема поддршка од трибините за да остварат победа, но за жал тоа не се случи. Бевме сериозен фаворит во овој меч, но не го одигравме нашиот најдобар натпревар, имавме свои моменти, особено во вториот дел од натпреварот, но не успеавме да ги освоиме трите бода. ...

Зеленски изјави дека средбата со американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во петок и додаде дека ќе се сретне со претставници на компании од областа на одбраната и енергетиката, како и со членови на американскиот Конгрес. „Главните теми ќе бидат противвоздушната одбрана и нашите капацитети за долг дострел, со цел да се одржи притисокот врз Русија“, кажа Зеленски. Зеленски ќе се придружи на украинската делегација предводена од ...

Ливерпул летоска трошеше како никој друг претходно, беа инвестирани околу 450 милиони евра во осум засилувања. Во два наврати беше соборен рекордот за најскап трансфер на „островото“, прво со ангажманот на Флоријан Вирц а потоа и со ангажманот на Александер Исак. Но преодниот рок сега е прогласен за фијаско, според „Спорт Илустрејтед“, Ливерпул има дури три имиња во најголемите промашувања. На прво место е Флоријан Вирц, кој се уште нема ...

Четирите авиони од американско производство полетале од Тексас минатата недела, со планирано запирање на Азорските Острови, пренесува Анадолу. Три авиони успешно ја завршија последната етапа од летот од 2.800 километри и слетале во Белгија нешто по 15 часот по локално време, во присуство на кралот Филип, началникот на одбраната и неколку федерални министри. Според весникот Хет ааатсте ниус четвртиот авион, кој требало да лета заедно со другите, ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
72%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.96
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.52
86%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
5.14
84%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.57
86%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
100%
1008
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Платина

52864.82

Бакар

10.96

Рутениум

29192.88

Паладиум

46361.38

Никел

473258.99

Цинк

3.22

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Злато

134976.58

Калај

40.49

Сребро

1876.20