Веб-страницата на албанскиот парламент била цел на сајбер напад за кој одговорност презеде иранската хакерска група „Татковинска правда”. На почетната страница се појави порака дека „сите разговори и преписки на корумпираните членови на парламентот во последните месеци се во рацете на групата”. Нападот е во период на затегнати односи меѓу Албанија и Иран. Тирана во 2022 година ги прекина дипломатските односи со Техеран, обвинувајќи го за ...

Снимки на кои се гледа ловец МИГ-29 на српското воено воздухопловство како лета со две балистички ракети CM-400AKG, испорачани од Кина, покажуваат дека Србија станала втор странски корисник на овој тип ракети. Брзината на ракетата, која може да надмине брзина од 4,5 маха, ги прави МИГ-овите единствени авиони – ловци во Европа со хиперсонични ударни способности. Србија во неколку наврати го засили своето вооружување во време, кога како што ...

Опозициската партија ВМРО‑ДПМНЕ ја критикува владејачката СДСМ поради, како што велат, „лажните пораки за мигрантската криза и конфузните пораки“ што ја доведуваат владата во постојан PR‑шум. Во соопштение од партијата се наведува дека, наместо јасна и конзистентна комуникација со граѓаните, СДСМ создала контрадикторни пораки за состојбата со мигрантите во земјата, што, според ВМРО‑ДПМНЕ, доведува до губење на довербата кај јавноста. ...

Од СДСМ обвинуваат дека Државната комисија за спречување на корупцијата веќе 98 дена не реагира на пријавите што партијата ги поднела за наводни злоупотреби и спорни тендери поврзани со власта. Според соопштението на СДСМ, поминале повеќе од три месеци од првата пријава до Антикорупциската комисија, но досега нема никаква реакција или одговор за, како што велат, сериозните сомнежи за злоупотреби. Од партијата наведуваат дека нема реакција ...

Универзитетската клиника за нефрологија денеска организира настан по повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот. На настанот се очекува да присуствуваат министерот за здравство Азир Алиу, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, директорот на Клиниката Никола Ѓорѓиевски, како и националниот координатор за трансплантација Билјана Кузмановска. Настанот има цел да ја подигне свеста за значењето на ...

Жителка на Македонија станала жртва на измама, при што изгубила значителна сума пари и златен накит. Според информациите, таа на измамниците им предала 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари и злато, верувајќи во нивната приказна. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и го пријавила случајот во полиција. По пријавата, надлежните институции започнале постапка за расчистување на случајот и за откривање на сторителите. Од ...

Американскиот демократски сенатор Крис Марфи тврди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема јасен план за една од клучните точки во војната со Иран – Ормускиот теснец. По затворен брифинг за конфликтот, Марфи изјави дека стратегијата на Белата куќа е нејасна и недовршена, особено кога станува збор за безбедноста на пловидбата низ овој стратешки премин. Сенаторот Марфи на социјалната мрежа Икс објави дека присуствувал на ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека од почетокот на 2026 година досега се исплатени околу 20 милиони евра финансиска поддршка за македонските земјоделци. Според него, исплатата на субвенциите се реализира во рамки на програмите за поддршка на земјоделското производство, со цел да се обезбеди навремена финансиска помош за земјоделците и да се поттикне домашното производство. Трипуновски посочи ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го загубија последниот натпревар од сезоната во АБА 2 лига, откако на гостувањето беа поразени од Широки Бријег по две продолженија со 111:109. Поразот значи дека „металците“ ја завршија сезоната со скор од четири победи и четири порази, што беше доволно за деветтото место на табелата. Македонскиот тим имаше слаб втор период, по кој домаќинот на полувремето водеше со 54:40. Во последната четвртина МЗТ Скопје ...

Израелските одбранбени сили рано утрово соопштија дека извршиле напади врз позиции на Хезболах во Либан. Според информациите, нападите биле насочени кон инфраструктура на шиитското движење во јужните предградија на Бејрут, во областа позната како Дахија, која се смета за упориште на Хезболах. Ескалацијата на тензиите следува откако движењето Хезболах пред околу една недела повторно започна со гранатирање кон Израел, како одговор на убиството ...

Демократијата е државно уредување каде власта му припаѓа на народот кој преку избори, а некогаш и најдиректно преку референдум одлучува за разни важни прашања. Референдумот е многу користен во развиените демократии. На пример минатиот викенд Швајцарците гласаа на референдум за четири прашања. Таму граѓаните редовно се изјаснуваат дури и за висината на радиодифузната претплата или даночниот модел. А како е во Македонија? Народното директно ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна средба со Советот на странски инвеститори. Средбата ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија, каде ќе се разговара за актуелни економски прашања и за можностите за унапредување на економската соработка. Според најавите, на состанокот ќе се дискутира и за подобрување на бизнис-климата, зголемување на конкурентноста на домашната економија, како и за привлекување нови странски ...

Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од -4 до 0 степени Целзиусови, додека дневните ќе достигнат од 10 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 0 ...

Ракометарите на Вардар вечерва остварија победа во последниот натпревар од групата совладувајќи го бундеслигашот Мелсунген со 34:25 и со тоа го освоија првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето од Лига Европа. Пласманот во четвртфиналето значи дека „црвено-црните“ ќе бидат слободни во следната фаза. Избраниците на Иван Чупиќ од почетокот покажаа дека се подготвени за триумф и поведоа со 6:1. Но, домаќинот успеа да изедначи ...

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска во Њујорк во 14 часот по средноевропско време, ќе одржи вонредна седница за ситуацијата во Либан. Дипломати изјавија дека се очекува и гласање за нацрт-резолуција што ја предложи Бахреин во име на земјите членки на Советот за соработка на земјите од Заливот. Нацрт-резолуцијата повикува на итен прекин на иранските напади врз земјите од Заливот и другите соседни држави, како и на прекин на ...

Во најновото соопштение, Централниот заповеднички центар на американската војска објави дека погодиле 16 бродови за поставување поморски мини во близина на Ормутскиот теснец. Претходно претседателот Доналд Трамп објави дека погодиле 10 ирански бродови кои се обидувале да постават поморски мини. „Со задоволство известувам дека во последните неколку часа погодивме и целосно уништивме 10 неактивни бродови и бродови за поставување мини, а ќе ...

Втората група македонски граѓани евакуирани од ОАЕ пристигна во Скопје, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. – На Меѓународниот аеродром – Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати. Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, седум државјани на Србија, 11 државјјани на Косово, двајца ...

Државната комисија за спречување на корупцијата не утврди судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во врска со компанијата Сити аутсорсинг. Одлуката доаѓа по постапка што Комисијата ја водеше по обвинувањата дека фирмата има поврзаност со Томовски. Антикорупциската комисија, врз основа на прибраната документација, не утврдила постоење судир на интереси во конкретниот случај. Сепак, од ...

Пукање се случило рано утринава во близина на американскиот конзулат во Торонто, Канада, по што канадската полиција започна истрага за инцидентот. Според првичните информации, непознати лица испукале повеќе куршуми кон дипломатската зграда, но нема повредени. Според полицијата, инцидентот се случил во раните утрински часови, кога две лица пристигнале со возило пред објектот, излегле и испукале неколку куршуми кон зградата, по што избегале од ...

Пред две недели започна реконструкцијата на пет улици во селото Трн, а од денеска се асфалтира и се очекува со асфалтирање да се заврши до в четврток. Денеска увид во градежните работи извршија градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојкоски заедно со надлежните за овој проект. Реконструкцијата опфаќаше пет улици со вкупна должина од 1021,14 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од 50 см. ...

Вчера се одржа третата седница на Советот за развој на Источниот плански регион, на која беа донесени повеќе одлуки, меѓу кои и утврдување на листата на предлог-проекти за развој на регионот. Проектите се предложени за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година. Како приоритетни беа изгласани неколку значајни иницијативи, меѓу кои проектот „Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите и деловните субјекти од овој дел на градот. Иако улицата беше изградена минатата година, поставените ивичњаци го отежнувале паркирањето и создавале пречки во секојдневното функционирање. За да се обезбеди подобра пристапност и поголема безбедност, биле извршени замена на ивичњаците ...

Владата го предложи судијата Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Тој беше еден од четворицата кандидати за кои Советот на јавни обвинители во февруари годинава даде позитивно мислење. Портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција по владината седница изјави дека одлуката Савески да биде предложен за шеф на републичкото јавно обвинителство е донесена по конструктивна дискусија во која биле разгледани сите аспекти на ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека се отпочнати градежните активности за обезбедување на нова водоводна мрежа и нова улица за жителите на улица „Лисец“ во Горно Лисиче. „По години запоставеност и нерешени проблеми, конечно започнуваме со конкретни чекори кои носат вистинска промена за жителите на оваа улица. Заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Иван ...

Акција за заловување на бездомни кучиња ќе се спроведува на подрачјето на Општина Карпош, во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Лајка”. Одлуката беше донесена на денешната седница на Советот на Општина Карпош, каде советниците ја поддржаа меѓуопштинската соработка за справување со проблемот со кучињата скитници. За оваа намена општината ќе обезбеди финансиски средства во износ од два милиона денари. Заловените кучиња ќе бидат ...

Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, го пуштија во употреба новиот мултифункционален спортски центар во Долно Коњари. Проектот е реализиран во рамки на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура. Центарот располага со терени за фудбал, ракомет и кошарка, опремени со соодветни реквизити. Целта е да се создадат подобри услови за спорт и ...

Ги нема веќе редиците пред бензиските пумпи. Од полноќ во Македонија се точи гориво по значително повисоки цени, но почетната паника кај еден дел од граѓаните спласнува. Впрочем вече почна да паѓа и цената на светските берзи на горивата. Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина за прогласување кризна состојба, вели дека Македонија има доволно нафта, а и дека цените и покрај покачувањата и понатаму се најниски во регионот. Доброто е и тоа ...

Сите 40 досегашни корисници од општина Кисела Вода продолжуваат да ја добиваат услугата „Итно копче“ во своите домови. Оваа поддршка за највозрасните жители континуирано се реализира во соработка со Црвениот крст. За ова денеска информираше градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која заедно со претставник на Црвениот крст посети домови на некои од корсниците на услугата. „Услугата „Итно копче“ ја користат лица над 65 години, на кои им ...

Одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс”, која ќе трае три дена ќе започне на 14 март со богослужба во храмот „Св. великомаченик Георгиј” , а ќе продолжи на Градските гробишта ќе биде одржан опело за жртвите од трагичниот пожар. На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Предвидена е рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади ...

Левица вели дека актуелните ценовни шокови на енергетскиот пазар се директна последица на воените напади врз Иран, а Владата наместо да води внимателна политика што ќе ги штити економските интереси на македонските граѓани, таа отворено застана зад позициите на САД и Израел. Според партијата ваквата надворешна политика индиректно придонесува за продлабочување на кризата и претстоечката инфлација. „Последиците од владините политики се сериозни ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.31
49%
1020
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
60%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.86
67%
1018
weather icon

Софија

25ᴼ / 22ᴼ
0.32
31%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
0.9
55%
1019
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.29
79%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
0.12
40%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.12
39%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
56%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.34
51%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.58
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Цинк

0.00

Бакар

12.33

Родиум

249168.29

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09