Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за правда кон утврдување на фактичката состојба на терен и преземањето конкретни мерки, во контекст на скандалот со апелацискиот судија судија Ѓоко Ристов. „Кога предмети за висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор – тогаш граѓаните ...
Македонија 2025 повторно ја активира Програмата за менторство и пракси за академската 2025/2026 година, со цел да обезбеди континуирана поддршка за личниот, академскиот и професионалниот развој на младите таленти во земјата. Програмата е наменета за поврзување на искусни професионалци со над 130 стипендисти и ученици од економски загрозени средини, преку структурирано менторство, кариерно насочување и практична изложеност. Таа се надоврзува ...
Доцнењето на платата но и лошите услови за работа ги принудија да вработените во Македонска пошта денеска да излезат на протест. Демонстрантите велат дека за 1.700 лица, декемвриската плата сѐ уште не е стигната а на 300 поштари со години не им е решен работниот статус. Македонска пошта соопшти дека го смета за крајно тенденциозно, несериозно и политички мотивирано организирањето штрајк во услови кога платата за сите вработени е веќе ...
Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова, се отвора патот за старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше номинално, односно секој пратеник гласаше поединечно. За Законот ...
TikTok објави дека постигнал договор што ќе ѝ овозможи на многу популарната апликација за кратки видеа да продолжи да работи во САД. Договорот доаѓа по годините конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг што започна во првиот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа, кога тој неуспешно се обиде да ја забрани апликацијата поради загриженост за националната безбедност, а таквите американски настојувања продолжија безуспешно и во целиот мандат на неговиот ...
Француската влада преживеа две гласања за недоверба во парламентот во петокот поради нејзината одлука да го протурка делот од Буџетот за 2026 година поврзан со државните приходи без да му го даде последниот збор на Националното собрание. Вкупно 269 пратеници гласаа за предлогот за недоверба поднесен од крајнолевичарската Непокорена Францоја заедно со Зелените и комунистите, додека за соборување на владата беа потребни 288 гласови. Уште ...
Претседателот на САД вели дека модринката на левата дланка која ја забележаа новинарите му се појавила поради „големата дневна доза на аспирин“. Враќајќи се од самитот во Давос во авионот „Ер Форс Уан, Доналд Трамп изјави дека лекот му предизвикува полесно создавање на модринки. – Велат дека земате аспирин ако ви се допаѓа срцето, но не земајте ако не сакате да имате малку модринки. Јас земам многу аспирин. Портпаролката на Трамп, Каролин ...
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, по тврдењата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиска емисија за преговори со ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, излезе со негирање на неговите тврдења. Таа вели дека како директен сведок знае дека ДУИ, односно Ахмети, повеќе ги интересирало учество во власта отколку принципи. „Али Ахмети кажува дека со претседателот Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму. „Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос. И можеби нема да мора да ја користиме… имаме многу бродови ...
Американката Тринити Родман, ќерка на поранешниот НБА играч Денис Родман, стана најплатена фудбалерка во светот откако потпиша нов тригодишен договор со Вашингтон Спирит, објави BBC во петокот. Тринити Родман стана слободен агент на 31 декември минатата година откако истече нејзиниот претходен договор со тимот на Вашингтон. Според новиот договор, кој важи до крајот на 2028 година, таа ќе заработува два милиона долари по сезона, вклучувајќи ги ...
Иранското правосудство ги отфрли изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп со кои сугерираше дека Техеран го запрел погубувањето на 800 демонстранти под закана на воена сила. Ова тврдење е „целосно лажно“, го цитираше денеска државното радио главниот обвинител Мохамад Мовахеди-Азад. Пред една недела, Трамп изјави дека воениот напад врз иранското раководство бил откажан бидејќи властите го поништиле погубувањето на 800 луѓе. За време ...
Сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче може да негира колку сака, но сведоштвата и фактите секој ден го демантираат и потврдуваат дека заедно со неговиот ментор, Зоран Заев и дружината, државниот апарат го ставиле во служба за остварување приватни и клановски цели, изјави денеска на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – Користејќи ја моќта, ги злоупотребувале институциите, уценувале и вршеле притисок врз доктор ...
Поради очигледен скандал, кој ја разотркива злоупотребата на функцијата член на Сидскиот сове, како и влијанието на ова само привидно независно тело, судујката Наташа Савовска-Димитровска од Апелациониот суд Скопје денеска презентираше информации за кои рече дека се докази коишто што го опфаќаат дејствувањето на членот на Судскиот совет, судијката Тања Чачарова Илиевска, како и притисоците кои доаѓаат од позициите на моќ и влијание. „Како ...
Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски е пуштен од притвор, објави Телма. Како што неофицијално објави телевизијата, гаранцијата која што ја дал дека нема да бега е речиси 5 милиони евра во недвижен имот, и тоа куќа со двор во Битола и 3 стана во Битола, сопственост на „Марковски компани“. Како движен имот понудил возила – 25 булдожери и камиони, сопственост на „Марковски компани“. Одлуката ја ...
Патнички авион на руската авиокомпанија „Азур Ер“, кој летал од Пукет кон рускиот град Барнаул, принудно и непланирано слета во Кина откако за време на летот испратил итен сигнал за помош. Авионот безбедно слетал на аеродромот Ланжоу, откако сигналот за вонредна состојба бил активиран додека леталото се наоѓало во кинескиот воздушен простор. Според информациите од компанијата, летот бил на половина од рутата кон Сибир кога настанал ...
„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена. Според условите за лиценцата, најдоцна за една година треба да профункционира како мобилен оператор, но според раководството на ...
Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината. Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа, кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година. Висината на ...
„Бекутан“, еден од најпрепознатливите брендови за бебешка нега во регионот, за првпат официјално влегува на францускиот пазар преку малопродажната мрежа на „Лидл“ Франција, каде што детскиот крем „Бекутан“ во пакување од 100 ml ќе биде достапен во речиси 2.000 продажни објекти низ цела Франција, соопшти денеска Алкалоид АД Скопје. Препознатливата сина боја и мирисот што враќа во детството со децении ја градат приказната на „Бекутан“, бренд ...
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на светскиот економски форум во Давос. Мицкоски, како што објави на својот фејсбук профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани – стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, ...
Доколку се реализира најавата на транспортните превозници од Западен Балкан в понеделник во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници како и од Косово, Србија, Црна Гора и ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно ја избра Маја Коневска за генерален секретар на ДКСК која во моментот е распоредена на работното место раководител на сектор за стратешко планирање и интегритет во државната комисија. Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, на седницата на која беше разгледан предлогот за избор објасни дека изборот на нов генерален секретар е потребен поради тоа што со неговото ...
Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Таа додва дека веќе се прават чекори во сузбивање на сивата економија преку воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината. Тие овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем. -Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во ...
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас. Гради гасен интерконектор со Грција и почнува со изградба на гасен интерконектор за поврзување со Србија, информирал премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на светскиот економски форум во Давос. Мицкоски, како што објави на својот фејсбук профил, зборувал и за изградбата на трите големи брани – стратешки проекти вредни две милијарди евра, кои, ...
Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани ќе учествуваат во интервенции за справување со пожари на територијата на државата. Покрај човечките ресурси, на располагање на ДЗС и на државата ѝ се ставаат и ...
Екс министерка за внатрешни работи, Горана Јанкулоска со остра јавна реакција оцени дека дел од предметите кои се актуелизираат денес се застарени и дека никогаш не требало да бидат предмет на кривично гонење доколку, како што наведува, надлежните институции се придржувале до законот, правдата и правото, наместо да постапуваат по политички диктати. Според Јанкулоска, СЈО било формирано со јасна цел – да даде одговор на прашањето кој, кого и ...
Системот „Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред во сообраќајот. Кога зборуваме за „Безбеден град“, не зборуваме за камери или казни, туку за човечки животи. За побезбедни патишта, каде што никој не го губи својот татко, син или сестра поради туѓа неодговорност. За ВРЕДИ, човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки или дневни интереси. Затоа, ...
Напад со дронови предизвика пожар во нафтено складиште во западниот руски град Пенза рано утрово, изјави регионалниот гувернер Олег Мелниченко на Телеграм, додавајќи дека нема извештаи за жртви. Властите не дадоа детали за потеклото на дроновите, но руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана пресретнала најмалку 12 украински дронови во текот на ноќта, вклучувајќи еден над регионот Пенза. Видеата што кружат на социјалните ...
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, ги критикуваше европските земји, велејќи дека тие „апсолутно тргнале по патот на цивилизациско самоубиство“. Во интервју за „Newsmax“, Венс објасни дека критиките кон администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европа произлегуваат од желбата за зајакнување на европскиот континент политички, економски и воено. „Ние споделуваме заедничко цивилизациско ...
Кога една партија што се претставува како најголема опозициска сила ќе почне да се пресметува со медиумите, да рецензира наслови и да прогласува заговори, тоа е знак дека ја изгубила политичката ориентација. Кога ќе влезе во отворен конфликт и со новинарите и со сопствените луѓе, тогаш веќе не станува збор за напад однадвор, туку за распад одвнатре. Тезата на СДСМ дека е жртва на „медиумски октопод“ дефинитивно паѓа во вода по јавните настапи ...
На 23 јануари 2026 година (петок), во периодот од 12:00 до 15:00 часот, во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот претставува иницијатива на жителите, а е поддржан и ко-организиран од Општина Аеродром, во соработка со детските градинки и основните училишта од Општина Аеродром, како и со партнерите Lions in Move, Bombakis, Boemot и ...