Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
САД денес се повлекуваат од Светската здравствена организација (СЗО), една година откако претседателот Доналд Трамп нареди таа да се повлече од агенцијата на ОН со седиште во Женева. Според договорот меѓу САД и СЗО, повлекувањето стапува на сила денеска откако ќе истече задолжителниот едногодишен рок за известување. Теоретски, еден од условите за повлекување утврдени во договорот не е исполнет бидејќи САД не ги платиле своите претходни ...
Потребата од системско евидентирање на туристичките ресурси и воведување индикатори за мерење на туристичкиот потенцијал по региони, била една од главните теми на вчерашниот разговор помеѓу министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во Шпанија, со Шаика ал Новаис, генерален секретар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO). Како што соопшти Министерството за култура и ...
Во рамки на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост. Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број ...
Мене, но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и од манипулациите на сегашното раководство на СДСМ, се вели во реакцијата на Јован Деспотовски, за кого Венко Филипче минатиот месец побара итно исклучување од партијата. „Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам ...
САД ќе контролираат делови од Гренланд со тоа што ќе ги назначат како суверени воени бази, објави „Телеграф“, повикувајќи се на нацрт-договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Спогодбата, постигната на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, европските претставници ја сметаат за начин да се заобиколат заканите на Трамп за анексија на целиот арктички остров од Данска. И ...
Низ земјава во некои области сѐ уште се чисти снег, а некои сообраќајници се подмрзнати. Во Демирхисарско едно село е без струја поради дефект на електропреносната мрежа, извести Центарот за управување со кризи во својот извештај за состојбите до 9 часот. Во општина Крушево, на регионалниот пат Крушево – Пуста Река (пат од втор приоритет), ќе се интервенира во претпладневните часови. Патот е прооден за теренски возила и возила со соодветна ...
Пронаоѓачот на контроверзната капсула за самоубиство „Сарко“ вели дека софтверот со вештачка интелигенција еден ден би можел да ги замени психијатрите во проценката на менталниот капацитет кај оние кои бараат помош при умирање. Филип Ничке помина повеќе од три децении тврдејќи дека правото на смрт треба да им припаѓа на луѓето, а не на лекарите. Сега, австралискиот активист за еутаназија зад контроверзната капсула „Сарко“ – 3Д печатена ...
Во Струмичко и Кочанско завчера биле пронајдени и безбедно отстранети две стари гранати, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗСФ Така, вработен во Дирекцијата за заштита и спасување – Подрачно одделение Штип, безбедно отстранил минофрлачка граната 82mm од Втората светска војна, пронајдена на подрачјето на селото Ново Коњарево. Истиот ден, во Кочанско, на патниот правец кон Пониква, безбедно е отстранета и артилериска граната од 60mm. ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари уште една лесна победа во три сета на годинашниот Австралија Опен, победувајќи го Италијанецот Франческо Маестрели во второто коло со 6-3, 6-2, 6-2. Ѓоковиќ, четвртиот носител и десеткратен освојувач на Гренд-слем турнирот во Мелбурн, со тоа речиси идентично го повтори она што го направи во првото коло кога го победи Шпанецот Педро Мартинез со ист резултат. Италијанецот, инаку само 141-от тенисер во ...
Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател за разговорите меѓу Украина и Русија, во четвртокот нагласи дека во нив останува „само едно прашање“ што може да се реши доколку двете страни го сакаат тоа. Виткоф, кој заедно со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, претходно во Давос имаше разговори со рускиот претставник во преговорите Кирил Дмитриев, се придружи на панел за Украина во Давос, велејќи ...
Европските берзи пораснаа во четврток во претпладневното тргување, бидејќи стравувањата од царинска војна стивнаа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат „рамковен договор“ за Гренланд. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 1,2 отсто во првиот претпладневен пресек, надоместувајќи дел од загубите од претходните три дена. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,74 отсто на 10.215 поени, додека ...
Кошаркарите на Њујорк Никс со стил ја прекинаа негативната серија од четири порази, во ноќта од среда кон четврток ги победија Бруклин Нетс во својот „Медисон Сквер Гарден“ со дури 54 поени разлила, односно конечните 120:66. На тој начин Њујорк ја постигна својата тринаесетта последователна победа против Бруклин и ја постигна најубедливата победа во својата историја. Бруклин не постигна повеќе од 20 поени во ниту една четвртина, а фактот дека ...
Спасувачките служби во четвртокот продолжија да трагаат по неколку исчезнати лица, вклучувајќи деца, откако свлечиште погоди камп во северниот туристички центар Маунгануи, предизвикувајќи големи штети и прекини во електричната енергија на илјадници домови. Свлечиштето се случи околу 9:30 часот по локално време, кога големо количество земја и камења паднале врз камп на Маунгануи, популарна туристичка дестинација на брегот на Северниот Остров. ...
Големото невреме со поројни дождови што вчера однесе два човечки живота, зад себе остави и големи штети на инфраструктурата на југот на Грција, односно во регионот Атика и на Пелопонез. Во атинската населба Ано Глифада, 56-годишна жена вчеравечер го загуби животот кога, движејќи се пеш низ поројните води, била беше повлечена од автомобил носен од надојдените води на една улица, по што таа влегла во „сендвич“ кога тој автомобил удрил во друг. ...
Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, информира Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато, но утрово тој не се задржувал многу на коловозите. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет ...
Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција. Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа. По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави доцна во средата дека прашањето дали Гренланд ќе остане под суверенитет на Данска не било дискутирано на неговата средба со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини против европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд. Руте ги даде овие коментари во интервју за емисијата „Special Report with Bret Baier“ на ...
Со намалувањето на тензиите меѓу САД и ЕУ, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути порасна во работо претпладневно тргување во четвртокот на валутните пазари, по трите дена пад. Индексот на доларот, кој ги покажува пеформансите на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово е околу нивото од 98,77 поени, додека вчера во истиот термински пресек изнесуваше 98,55 поени. Курсот на доларот во однос ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека рускиот претседател Владимир Путин ја прифатил неговата покана да се приклучи кон Советот за мир насочен кон решавање на глобалните конфликти, на што Путин брзо одговори велејќи дека поканата сè уште се разгледува. „Тој беше поканет и тој прифати“, изјави Трамп пред новинарите на Светскиот економски форум во швајцарски Давос по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. ...
Комитет на Претставничкиот дом во кој републиканците имаат мнозинство препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и неговата сопруга поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да бидат прогласени за непочитување на Конгресот поради одбивањето да сведочат за нивните врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, што би можело да доведе до кривични обвиненија. Бил Клинтон беше осуден во Комитетот со 34 гласови „за“ и 8 „против“, а ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вчеравечер во „Клик Плус“ на телевизија „21“ рече дека тие треба да се случат што поскоро, и дека тие ќе ја направат разликата меѓу Македонија и Бугарија. Ахмети смета дека доколку се случат уставните измени, нема да може десничарски партии во Бугарија да кажуваат дека во Македонија нема Македонци и дека сите се Бугари. „Можеби уставните измени се во втор или во трет план, но ако се мисли за политичка, ...
На Волстрит берзанските индекси значително пораснаа во средата, надоместувајќи дел од загубите од претходниот ден, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат привремен договор за Гренланд. Индексот Dow Jones доби 1,21 отсто, на 49.077 поени, додека S&P 500 порасна за 1,16 отсто, на 6.875 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,18 отсто, на 23.224 поени. Така, индексите надоместија дел од загубите од претходниот ...
Франција во средата ги отфрли како „лажни вести“ тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека извршил притисок врз својот француски колега Емануел Макрон да ги зголеми цените на лековите откако Трамп се закани со високи царини за францускиот увоз во Соединетите држави. Ова е најновата епизода во сè поинтензивната расправија меѓу двата сојузници во НАТО, откако стивна заканата на Трамп да го преземе Гренланд и да наметне царини на ...
Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во земјава денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, прогнозира Управата за ...
ЕВН Македонија најави дека денеска, четврток, е планирано привремено исклучување на струјата на две улици во северниот дел на Скопје. Имено, во периодот од 9 до 10:30 часот, без струај ќе бидат дел од потрошувачите на ул. Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрам. ( општина Бутел ) ЕВН Македонија најави дека денеска, четврток, е планирано привремено исклучување на струјата на две ...
ОВЕН Не пропуштајте ја можноста да се истакнете денеска, на работното место или преку креативни потфати. Доколку чувствувате дека сте биле во сенка, сега е време да преземете поголема иницијатива и да верувате во себе. Ако не, лесно ќе се фатите себеси како гледате на успесите на другите луѓе со завист. БИК Без разлика каков пресврт ќе ви се донесе денот, обидете се да останете смирени и не дозволувајте вашите мрачни мисли да ве преокупираат. ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за следните денови најавува благ пораст на температурите. Но од ноќта сабота кон недела, повторно ќе има дожд и снег на повисоките места. Затоплувањето почнува од денеска и до сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ...
Два случаја на работници со тешки телесни повреди регистрирала вчера Општа болница Кавадарци. Како што соопшти МВР, и двајцата биле донесени во болницата вчераутро. Еден од нив е Ѓ.Д.(29) од Неготино, кој се повредил извршувајќи работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци во содејство со трудов инспектор. Со тешки повреди во Општа болница Кавадарци вчера бил ...
Распоред на натпреварите од втората фаза на Европското првенство во ракомет: ГРУПА I (Хернинг) ТАБЕЛА: 1. Франција 1 1 0 0 38:34 +4 2 2. Германија 1 1 0 0 34:32 +2 2 3. Португалија 1 1 0 0 31:29 +2 2 4. Шпанија 1 0 0 1 32:34 -2 0 5. Данска 1 0 0 1 29:31 -2 0 6. Норвешка 1 0 0 1 34:38 -4 0 1. коло – 22 јануари: Германија – Португалија Шпанија – Норвешка Франција – Данска 2. коло – 24 јануари: Франција – Португалија Шпанија – Данска Германија – ...
Во седмото коло од Лигата на шампионите, фудбалерите на Баерн Минхен ја забележаа својата шеста победа, поради што сѐ уште се најблиску до водечкиот Арсенал, додека важни победи на гостински терен остварија Барселона и Ливерпул. Долго време, Баерн се мачеше против белгискиот Унион Сент Жилоаз, но на крајот сепак победи со 2:0. Гостите го издржаа целото прво полувреме без да примат гол, а потоа Хари Кејн брзо ги разби во продолжението со два ...