Отворена е кривична истрага против двајцата сопственици на барот што изгоре во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, при што загинаа 40 лица, соопшти денеска полицијата. Во пожарот животот го загуби и еден млад Македонец – Стивен Ивановски. Во Кран Монтана пронајден мртов младиот Македонец Стивен Ивановски „Тие се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност. Треба да се ...

Во саботата Кина остро го осуди американскиот воен напад во Венецуела, предупредувајќи дека тоа претставува сериозно кршење на меѓународното право. „Кина е длабоко шокирана и остро ја осудува употребата на сила од страна на САД против суверена држава, како и употребата на сила против претседателот“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи. „Кина цврсто се спротивставува на таквото хегемонистичко однесување на ...

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, поранешен претседател и премиер на Русија, употреби иронија коментирајќи го ноќешниот упад на воените сили на САД во Каракас, главниот град на Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро. Имено, Медведев им „понуди“ на Американците „подобра цел“. Тој изјави дека би било убаво ако САД ги нападнат воените бази на Бандеростан, што е навредлив термин што руските ...

Креаторот на најголемиот успех во историјата на бугарската фудбалска репрезентација, четвртото место на Светското првенство во 1994 година, Димитар Пенев почина на 80-годишна возраст, објави Бугарскиот фудбалски сојуз. Пенев ја водеше бугарската репрезентација во три наврата (1989, 1991-96, 2007), која под негово водство на 55 натпревари оствари 25 победи, 15 нерешени и 15 порази. Под негово водство, репрезентацијата го постигна својот ...

Четиримина возачи биле фатени од полицијата како возат ноќеска, по што биле уапсени, соопшти МВР. Во 02:47 часот во Куманово, бил уапсен кумановецот Г.Ј.(55), откако при сообраќајна контрола на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово е сопрено патничко возило „фолксваген артеон“ со кумановски регистарски ознаки, коешто тој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,50 ...

Два случаи на физички напад на скопјани регистрирал СВР Скопје вчера. Така, во 20:10 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ц.(19) од Скопје. Според пријавеното, околу 19:45 чaсот кај место викано „Пеленица“ над населбата Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.И.(20) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен ...

„Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест, повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да правиме и создаваме услови за најмладите, за најмилите. Тоа се нашите деца. Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика, политика која подразбира брак, деца, затоа што тоа е иднината на државата и иднината на нацијата. Се останато претставуваат вредности кои, со сиот ризик повторно да бидам критикуван, оваа влада не ...

Планинарот од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави за МИА Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Ниже Поле. „Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот ...

Во Одделението за прекуграничен криминал, муграции, странци и реадмисија Скопје, вчера бил уапсен С.К.(46) од Република Турција. По извршени проверки со Интерпол Турција констатирано е дека Уверението за неосудуваност од Генерален директорат за кривична евиденција и статистика при Министерство за правда на Турција, кое го дал во прилог на барањето за привремен престој во земјава поради вработување, било фалсификувано, односно не било издадено ...

Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот профил на социјалната мрежа Х, попладнево ја поздрави воената интервенција на САД во Венецуела и апсењето на нејзиниот претседател Николас Мадуро од страна на специјалците на копнените војски на САД, „Делта Форс“ „Ја поздравувам објавата од Претседателот на САД дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. Исто така го поздравувам Државниот секретар на САД, Марко ...

Американски сенатори, и од Демократската и од Републиканската партија – на претседателот Доналд Трамп – го критикуваа оружениот напад на САД врз Венецуела. „Оваа војна е нелегална, срамно е што од светски полицаец станавме светски насилник за помалку од една година. Нема причина да бидеме во војна со Венецуела. Без разлика на исходот, ние правиме грешка“, објави демократскиот сенаторот од Аризона, Рубен Галего, на X. Тој е ветеран од војната ...

Главната обвинителка на САД, Пам Бонди, во објава на социјалните мрежи денеска најави дека уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга „наскоро ќе се соочат со целиот гнев на американската правда, на американска територија во американските судови“. Главната обвинителка на САД, Пам Бонди, во објава на социјалните мрежи денска најави дека уапсениот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга „наскоро ќе се ...

На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар, соопшти Центаро за управување со кризи. Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех. Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради ...

Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во клубот во Кран Монтана е пронајден мртов. Информацијата се прошири од неколку Фејсбук-профили во поголем број Фејсбук-групи во последниве час и половина. Семејството и пријателите уште веднаш упатија итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констеласион“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички ...

Русија го осуди американскиот напад врз Венецуела, нарекувајќи го „чин на оружена агресија“, а „изговорите што се користат за оправдување на ваквите потези како неодржливи“. „Ја потврдуваме нашата солидарност со венецуелскиот народ и поддршката за текот на дејствувањето на боливарското раководство, насочено кон заштита на националните интереси и суверенитетот на земјата“, се вели во соопштението на руското МНР. Официјална Москва смета дека ...

„Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се размавне и да покаже што знае. И еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДС и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен ...

Европската Унија се огласи по соборувањето на претседателот Николас Мадуро во Венецуела, велејќи дека внимателно го следи развојот на ситуацијата и ги повикува сите страни на воздржаност, јави хрватски „Индекс“. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, објави дека разговарала со американскиот министер за надворешни работи, Марко Рубио, како и со амбасадорот на ЕУ во Каракас. „Европската унија ...

Во СВР Куманово вчера претпладнето З.С.(54) од Штип, затвореник во казнено – поправната установа Затвор К’шање во Куманово, пријавил дека на 11 декември лани околу 14 часот во просторија во затворот, во која бил со уште четири лица, осуденикот Д.А. физички го нападнал, по што паднал и изгубил свест. Според пријавеното, нападите од Д.А. биле константни сѐ додека пријавувачот не бил спроведен во болницата во Куманово каде му биле констатирани ...

Во селото Лажани, општина Долнени, вчера биле уасени М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од Лажани. М.С. со возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило „мерцедес“ со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје. При апсењето, од М.С. се одземени гасен пиштол „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар од 9 мм, додека од Б.С. се одземени гасен ...

Демонстрациите во западен и североисточен Иран ескалираа во безредија во саботата, пренесуваат новинските агенции. Во петокот вечерта, во градот Борџнурд се одржа протест (…) поради флуктуациите на курсот на ријалот (иранската национална валута). Во неколку области, демонстрантите ги отфрлија економските барања и започнаа безредија со демолирање објекти, објави иранската новинска агенција Tasnim. Bo извештајот се тврди дека бројот на ...

Во Штип вчера се случиле два пожара во оџаци на згради. За среќа едниот поминал без последици, но во другиот две жени се изнадишале чад и се затруле, поради што биле испратени за медицинска интервенција во Клиничкиот центар во Скопје. Имено, вчера попладнето во СВР Штип е пријавено дека околу 6 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај“ во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип. Поради вдишување чад, Д.А.(65), мајката на сопственикот, ...

Половина час пред полноќ вчера 42-годишната О.Ј. од Велес, со престој во Скопје, и Д.П.(29) од Скопје, пријавиле дека околу 18:35 часот на подрачјето на Карпош биле нападнати од куче со сопственичка. Биле нападнати и тие и нивните миленици. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а исто така бил извршен службен разговор со сопственичката на кучето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Скопје. ...

Во тетовското село Стримница вчера доцна попладнето бил уапсен Ф.Б.(34) од селото. Полицајците реагирале по пријава дека околу 10 часот во просториите на општина Желино уапсениот со остар предмет се заканувал на градоначалникот на општина Желино, Б.С.(40) од с. Копачин Дол. Уапсениот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во тетовското село Стримница вчера доцна ...

Под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло, со повремени локални врнежи од дожд, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе бидат позитивни. Под влијание на циклонска активност, во ...

Во земјава утре ќе преовладува променливо облачно време, со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во земјава утре ќе преовладува променливо облачно време, со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено ...

Во сообраќајка што се случила ноќеска во Гостивар, тешко повредено е едно лице, а двајца други, вклучувајќи го тука и возачот, полесно. Имено, во 2:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, автомобил „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Л.Б. (27) од с. Градец, општина Врапчиште, удрило во паркиран автомобил со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. (19) од с. Здуње, Гостиварско. ...

По објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, е отстранет од власт, вниманието сега се префрла на прашањето што следи во Венецуела и кој ќе го преземе управувањето со земјата. Венецуелската опозиција вели дека е подготвена веднаш да реагира. Опозиција: Подготвени сме од првиот ден Лидерот на опозицијата Марија Корина Мачадо, добитник на Нобелова награда за мир, изјави дека Мадуро ќе ја ...

Царинската управа во 2025 година наплатила приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра, што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година. Раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на моторни возила 12,5 %, од акциза за 5,9 % и од ДДВ при увоз за 3,2 %. „На годишно ниво имаме континуиран раст на приходите, при што најголем процентуален ...

МВР го соопшти идентитетот на двајцата загинати што настрадаа вчера откако нивниот автомобил излетал од патот и паднал во коритото на реката Радика. Станува збор за маж и жена од селото Видуше. Како што известува МВР, вчера во 15:36 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) с. Видуше, општина Маврово и Ростуше, ...

Леденото време предизвика неколку несреќи на главните германски патишта во петокот и ноќеска. Камион што превезувал лосос се излизгал и се превртел на автопатот A93 во северниот дел на Баварија, во близина на градот Вернберг-Кеблиц. Несреќата предизвикала приколката на камионот да се отвори и рибите да се истурат по коловозот, соопшти денеска портпарол на полицијата. Возачот не е повреден, а автопатот бил затворен повеќе од 10 часа. Друг ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1006
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
85%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
85%
1007
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
85%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.5
93%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
1007
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
2.68
71%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1008
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
85%
1006
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
79%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Калај

46.06

Рутениум

45750.51

Злато

159436.20

Сребро

2497.79

Кобалт

64.04

Паладиум

54077.56

Алуминиум

3.07

Иридиум

215504.98

Платина

67484.42

Бакар

11.83

Цинк

3.29