Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Дури 95,9 отсто од сите нови автомобили регистрирани во Норвешка во 2025 година биле електрични, соопшти во петокот Норвешкиот патен сојуз (OFV). Уделот на новите дизел автомобили бил само еден отсто, додека уделот на новите бензински автомобили меѓу новите регистрации бил само 0,3 отсто. Останатите новорегистрирани автомобили биле хибридни, покажаа податоците. Речиси еден од пет од приближно 180.000 нови автомобили регистрирани минатата ...
Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи денеска попладне кога патничко возило излетало од коловозот и паднало во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир, информираат од МВР. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката. Според информациите од МВР, автомобилот ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со текот на модернизацијата на железниците, изјави дека проектите во железничката инфраструктура бележат значителен напредок, при што фокусот е ставен на Коридорите 8 и 10, модернизацијата на постојните пруги и развојот на нови, побрзи железнички линии. „Што се однесува до проектите во железницата, јас можам да кажам дека ...
Решавање на катастрофалните состојби во судството и Обвинителството преку промени е она што треба да очекуваат граѓаните и што треба да се случи во 2026 година, истакна во интервјуто за ТВ Алфа, вицепремиерот Александар Николоски. „Конечно ќе има промена во Обвинителството, веќе има в.д. Јавен обвинител и веќе има транспарентен оглас за пријавување за нов Јавен обвинител, кој што се надевам со многу поголема енергија ќе влезе во целата ...
Холивудскта актерка Анџелина Џоли ја посети египетската страна од граничниот премин Рафа кон палестинската енклава Појасот Газа. Џоли ја посети египетската Црвена полумесечина за да добие увид во хуманитарните напори во блокираниот крајбрежен појас, соопштија извори од организацијата во петокот. Џоли беше примена од регионалниот гувернер и беше придружувана на нејзината обиколка. Арапските медиуми објавија дека присутен е и претставник од ...
Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжи подготовките за новиот голем предизвик – настапот на Европското првенство 2026 во Хернинг што ќе стартува на 16-ти јануари со дуелот со домаќинот Данска. Првата фаза е одработена, беше одигран и контролен меч со селекцијата на Хрватска, а селекторот Лазаров смета дека тој дуел и претрпениот пораз беше добредојден за да се увидат слабите страни во играта и да се извршат соодветни корекции. ...
Русија погоди повеќекатна зграда во украинскиот град Харков во ракетен напад во петокот, при што беа повредени најмалку 25 лица, тврдеше во петокот претставник на властите во Киев, додека руската страна го отфрли таквото тврдење наведувајќи дека Украина сака со лажни вести да го одвлече вниманието од нејзиниот напад врз цивили во Херсон во кој на новогодишната ноќ беа убиени 28 луѓе а уште над 30 беа ранети, меѓу кои има убиени и ранети деца ...
Американското Федерално биро за истраги (FBI) соопшти во петокот дека спречило потенцијален терористички напад на Нова година во сојузната држава Северна Каролина. Осумнаесетгодишен маж планирал да нападне луѓе со ножеви и чекани во продавница и ресторан за брза храна во градот Минт Хил, изјави детективот Рас Фергусон во петокот. Прелиминарната истрага сугерира дека американскиот државјанин дејствувал сам и сега е во притвор. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен. „Во Полициското одделение Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изрази загриженост поради нападот на украинските вооружени сили во Хорли, во украинската југоисточна Херсонска област, изјави за агенцијата РИА Неговиот портпарол, Стефан Дужарик, изјави за РИА Новости на 2 јануари. „Нападите врз цивилите и цивилната инфраструктура се забранети според меѓународното право. Каде и да се случуваат, тие се неприфатливи и мора да престанат“, рекол Дужарик ...
Аеродромите во Македонија ги поврзавме со 21 нова дестинација, скопскиот аеродром надмина 3 милиони патници годинава, што е рекорд во историјата на државата и ќе биде аеродром со најголем раст идната година, истакна во интервју за ТВ Алфа, вицепремиерот Николоски, кој како нареден предизвик околу растот на туризмот го потенцираше недостатокот на сместувачки капацитети. „Нашиот најголем туристички центар, во моментов може да понуди не повеќе ...
Лавини во италијанските Алпи во петокот убија најмалку две лица, а неколку други беа повредени, додека спасувачките операции беа отежнати од силни ветрови. Првата лавина ја погоди југозападната алпска долина Маира во регионот Пиемонт во Италија, во близина на француската граница. Локалните власти соопштија дека едно лице загинало, а две други се повредени, од кои едно е критично. Втората лавина се случила во близина на Прагелато, популарен ...
Се огласи и Министерството за здравство во врска со двегодишното дете кое почина по повреда во главата за време на новогодишната ноќ. Од Министерството за здравство соопштија дека детето било примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата било згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега. Детето било интубирано, поставено на механичка вентилација, била ординирана антибиотска и антиедематозна ...
Со изградба на 14 градежни галерии ќе се стабилизира земјиштето на најкритичните делови од трасата на автопатот Кичево-Охрид, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа. Тој нагласи дека станува збор за најтешкиот дел од автопатот, каде се работи во планински предел со хетерогено земјиште кое постојано се движи и содржи многу вода. „Дополнителен предизвик се височините ...
Украинскиот претседате Володимир Зеленски ненајавено во петокот го назначи началникот на Главната дирекција за разузнавање (ХУР) на Министерството за одбрана на Украина за началник на својот кабинет. „Се сретнав со Кирило Буданов и го поканив да го води кабинетот на претседателот на Украина“, напиша Зеленски на Telegram. Според Зеленски, новиот шеф на кабинетот ќе се фокусира на безбедносните прашања, како и на „дипломатскиот пат“ на ...
Првичните резултати од истрагата сугерираат дека пожарот што зафати бар во швајцарски ски-центар на новогодишната ноќ бил предизвикан од жижици прикачени на шишиња шампањ кои биле подигнати премногу блиску до таванот, изјави во петокот локална обвинителка. „Сè укажува дека пожарот започнал со запалени свеќи или жижици прикачени на шишиња шампањ. Премногу ги приближиле до таванот. Од тука, пожарот се проширил брзо, многу брза и широка огнена ...
Првото новородено бебе на Одделот за гинекологија и акушерство во ЈЗУ Општа болница-Куманово, во Новата 2026 година е машко бебе. Бебето е родено денеска, на 2 јануари, во 05:40 часот и е второ дете во семејството на Егзона Реџепи. „Во мое лично име и во име на Општина Куманово, на среќната мајка ѝ упатив искрени честитки за добро здравје, радост и благосостојба, и ѝ врачувавме пригодни подароци. Посетата беше реализирана во присуство на ...
Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под нивото од 61 долар во петокот, балансирајќи меѓу загриженоста за прекумерно снабдување и ескалацијата на геополитичките ризици, вклучувајќи ја војната во Украина и извозот на нафта од Венецуела. На лондонскиот пазар, со барелот се тргуваше попладнево по цена од 50 центи пониска отколку на затворањето на тргувањето во средата, на 60,35 долари. На американскиот пазар, барелот беше 49 центи ...
Општина Бутел обезбеди средства за еднократен паричен надомест за секое новороденче во општина Бутел, во износ од 5.000 денари. Градоначалникот, Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3.000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5.000 денари. „Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5.000 денари, како резултат на домаќинска ...
Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права на вработените се исплаќаат редовно, истакна во гостувањето за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој најави и осовременување на Македонска пошта со 100 нови возила. „Некоректно е ...
Годината беше успешна ако видиме дека економијата расте, градежништвото порасна за 21 отсто и, што е важном успеавме да ги одбраниме националните интереси, вели вицепрмеиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за ТВ Алфа. „Мислам дека ова беше успешна година. Владата реализираше најголем дел од Програмата, она што го ветивме кон граѓаните и параметрите тоа го покажуваат. Во третиот квартал имаме раст од економија во ...
Германците имале малку над десет трилиони евра во своите приватни финансиски средства во 2025 година, според истражувањето на германската „DZ Bank“. Финансиските средства растат со години, бидејќи Германците се поштедливи отколку во другите земји и, и покрај широко распространетиот скептицизам во врска со тргувањето со акции, имаат добивки од зголемувањето на цените на акциите. Во својата проекција „DZ Bank“ известува дека номиналните ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „Акса“ за најавената инвестиција од милијарда евра во гасификација и конечно, ако сѐ оди според планот наесен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година. За најавената гасификација и инвестицијата на гигантот „Акса“, Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на ...
Италијанецот Емануеле Галепини, 16-годишен меѓународен голфер кој живеел во Дубаи, во петокот беше именуван како прва од неколкуте можни жртви од Италија по пожарот во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтани на новогодишната ноќ. La Federazione Italiana Golf piange la scomparsa di Emanuele Galeppini, giovane atleta che portava con sé passione e valori autentici. In questo momento di grande dolore, il nostro pensiero va alla sua ...
Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилски репрезентативец, Дани Алвеш, чија пресуда за силување беше поништена минатиот март, инвестираше во португалски клуб од третата лига. „Во момент што ќе остане врежан во историјата на клубот, официјално го објавуваме доаѓањето на Дани Алвеш како ко-сопственик на Спортинг Клубе Сао Жоао де Вер“, напиша клубот основан во 1929 година во општината Санта Марија да Феира во северна Португалија. Според ...
За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можеме да пуштиме во употреба објект којшто ќе додаде квалитет во животот на граѓаните, така и овој објект во Кочани. Градоначалникот многу детално даде еден осврт на тоа што овој има за цел да направи и која е неговата функција и колкав е бројот на дечиња што ќе бидат овдека што ќе бидат згрижени и којшто ќе можат да растат во рамките на овој објект, како што знаете дека долго време беше ...
Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите за седум илјади денари и нема да има ...
Али Лариџани, советник на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Сејед Хамнеи, го предупреди Доналд Трамп во петокот за ризикот од „дестабилизација“ на Блискиот исток, откако американскиот претседател изјави дека САД би можеле да „им помогнат“ на демонстрантите доколку Иран насилно ги задуши „мирните демонстрации“. Делови од Иран се зафатени од протестите што започнаа во неделата во Техеран и првично беа поврзани со високите трошоци за живот, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува, но во моментов не се здржува на коловозите на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Како што информираат од ЈП „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. Од Јавното претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на ...
Министерството за економија и труд идната седмица ќе прави анализа на цените на производите на крајот од минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците. „Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од јануари и ќе бидете известени дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете ...