Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Можен причинител за пожарот во барот во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана се декоративни свеќи закачени премногу блиску до плафонот на барот, пренесе денеска швајцарскиот весник „Темп“, повикувајќи се на сведочењата на две Французинки кои биле во објектот. Тие навеле дека свеќите, забодени во празни шишиња од шампањ, биле закачени премногу блиску до дрвениот плафон, кој лесно се запалил, а огнот брзо се проширил и на подот на барот. Како ...
Пожар избувнал попладнево на Скопска Црна Гора над селата Арачиново и Страчинци. Според првичните информации, гори сува трева на повисоките делови над овие две села. -Денеска во попладневните часови, на Единствениот повикувачки број за итни повици 112, беше пријавен пожар на планината Скопска Црна Гора, при што се евидентирани активни жаришта на повеќе локации, информираа од ЦУК. На терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на првиот работен од Новата година оствари работни посети на полицискиот објект на планинскиот врв Солунска глава, Главниот оперативен штаб на полицијата и Полициската станица Центар. Во разговорот со полициските службеници на Солунска глава беа потврдени високата професионалност и посветеноста во извршувањето на службените задачи и одржување на телекомуникациските системи на МВР во ...
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска на првиот ден од новата 2026 година беше во посета на Командата за обука и доктрини – КОД во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“. Притоа, се сретнаа и разговараа со новопримените 300 професионални војници меѓу кои и 26 девојки кои од понеделникот ...
Град Скопје набргу ќе го избере и објави најдобро украсениот дом во главниот град. За изборот ќе одлучува формираната комисија и сопственикот на најдобро украсениот дом ќе добие парична награада. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека по повеќе години Град Скопје повторно оваа година објави повик и условите биле „ јасно и јавно пропишани“. -Предвидена е парична награда за најдобро украсениот дом што ќе биде избран. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите. Во изјава за медиумите дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите. – Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите така што продолжуваме со таа ...
Претставници на Агенцијата за национална безбедност на САД утврдија дека Украина не ја нападнала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин со дронови, објави „Волстрит џурнал“. Русија минатата недела објави дека Украина ја нападнала резиденцијата на рускиот претседател во Валдај, Новгородска област, со 91 дрон со долг дострел. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече тврдењето „лага“. Претставници на Агенцијата за ...
Припадници на холандските специјални полициски сили ноќеска околу полноќ застрелаа вооружен маж во градот Утрехт, за кој е оценето дека претставувал „непосредна опасност“. Холандската полиција соопшти дека застреланиот маж е пренесен во болница, но нема детали за неговата здравствена состојба. При инцидентот било повредено и полициско куче. Медиумите јавуваат дека засега не е јасно какво оружје носел застреланиот маж, додавајќи дека полициски ...
Проширувањето кон Украина, Молдавија, нашите партнери од Западен Балкан и Турција, врз основа на утврдената строга и фер условеност, претставува заокружување на визијата за обединување на Европа и ќе го зголеми просторот на мир, демократија, безбедност и стабилност, се истакнува во приоритетите на претседателството на Кипар со Советот на ЕУ, кое ќе трае од 1 јануари до 30 јуни 2026 година. Проширувањето се покажа како една од ...
Бугарија од денеска официјално стана 21-ва членка на Еврозоната, со што бугарскиот лев ќе биде заменет со еврото како нова национална валута на земјата. Иако, еврото од денеска е во официјална употреба во Бугарија, до 31 јануари во промет ќе може да биде користен и левот, при што за плаќањата во левови, кусурот што ќе се враќа ќе биде во евра. Левовите во кеш ќе може да се менуваат за евра во која било комерцијална банка, пошта или во ...
Двегодишно дете со непознати лични податоци ноќеска е примено на Клиниката за интензивна нега со тешка прострелна повреда на главата од огнено оружје, информираше денеска д-р Игор Мерџановски, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Детето е во животозагрозувачка состојба. Мерџановски немаше информации за околностите во кои е застрелано детето и ...
Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и од фиктивни фактури. Како што информирапе неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение, усогласен со меѓународните стандарди и барања. Решението за компаниите ќе биде лесно за примена и со интеграција со нивните системи. Преземени се мерки со кои се минимизираат ризиците. ...
Пред 14 години, на овој датум, почина Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна и независна Македонија. Тој е роден на 3 мај 1917 година во Штип и тој има активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател на ...
Премиерот Христијан Мицкоски најавува во периодот што следи средби со пратеници и пратенички групи со цел да се реши прашањето со изборот на народниот правобранител за кој е потребно Бадентерово мнозинство. – Ќе разговараме со повеќе пратеници и пратенички групи за да се надмине овој проблем. Цениме дека треба да се надмине бидејќи е дел од Извештајот што го подготвува Европската комисија за напредокот на Македонија како држава. И доколку ...
Денеска, на првиот ден од новата година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги посети полициските службеници од Одделот за информатика и телекомуникации на МВР, кои службено се ангажирани на врвот Солунска Глава, на надморска височина од над 2.500 метри, во смени кои траат и до 15 дена. Додека за многумина Новата година започнува во топлината на домот, дел од вработените во Министерството за внатрешни работи ја дочекуваат и ја ...
Ноќеска е убиен државјанин на Турција со нож во Старата чаршија во Скопје, а друго лице е тешко повредено, соопшти полицијата. „На 1.1.2026 година во 1.11 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што 2 лица се здобиле со повреди од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле со повреди од остар предмет А.М.Д.(22) од ...
Три лица се лишени од слобода во Велес, Тетово и Кочани поради возење под дејство на алкохол и предизвикување опасност во сообраќајот на 1 јануари. Еве го билансот на полицијата: Велес (04:55 ч): 1,66 промили Тетово (00:54 ч): 1,68 промили Кочани (01:50 ч): спротива на кружен тек Полицијата најави кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик. Три лица се лишени од слобода во Велес, Тетово и Кочани поради возење под дејство на алкохол ...
Францускиот премиер Себастијан Лекорну вети дека денеска ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и други поранешни високи функционери во Франција, објави БФМ ТВ. Поранешните премиери и министри за внатрешни работи ќе бидат лишени од вкупно 24 автомобили со шофер и 24 обезбедувачи што ги имале доживотно. Секој поранешен премиер и министер за внатрешни работи беше писмено известен од Лекорну непосредно пред почетокот на ...
Американската војска соопшти вчера дека нападнала пет сомнителни бродови за шверц на дрога во текот на два дена, убивајќи осум лица. Јужната команда на САД, која ја надгледува Јужна Америка, не кажа каде се случиле нападите во вторникот и средата. Претходните напади се случиле во Карипското Море и источниот Пацифик. Видео снимките објавени од Јужната команда од нападот во вторникот ги прикажуваат трите брода како пловат во невообичаено блиска ...
Гувернерот на Херсонскиот регион во јужна Украина назначен од Русија, Володимир Салдо, изјави дека најмалку 24 лица се убиени, а повеќе од 50 се повредени во напад со беспилотно летало за кој рече дека го извршиле силите на Киев, а кое погодило хотел и кафуле каде што се одржувале прославите за Нова година. Салдо во објава на Телеграм изјави дека нападот се случил во Хорли, крајбрежно село во близина на полуостровот Крим, кој е под руска ...
Унгарија го изгуби правото на значителна помош од ЕУ поради прекршување на владеењето на правото, бидејќи реформите требаше да се спроведат до крајот на 2025 година, јави ДПА. Според Европската комисија, изгубените средства изнесуваат повеќе од една милијарда евра (1,17 милијарди долари). За да ги ослободи средствата, Унгарија ќе мораше да спроведе доволно реформи до крајот на 2025 година, вклучително и промена на законите за спречување на ...
Демократот Зохран Мамдани, првиот муслимански избран градоначалник на Њујорк, денеска ја презема функцијата со четиригодишен мандат. Мандатот на противникот на американскиот претседател Доналд Трамп има значајна политичка и симболична вредност. Мамдани ќе положи заклетва кратко по полноќ по локално време во тесен круг луѓе, вклучувајќи ја и главната обвинителка на Њујорк Летиција Џејмс, заколната противничка на Трамп, коо го тужеше. За ...
Првото бебе во 2026 во државава е девојче – Евгенија, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери и е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-гидишната Емилија Камчева. На полноќ се родени и две близначки во Гинекологија Чаир. Мајката и бебето на ГАК денеска ги посетија министрите за здравство и за социјална политика, Азир Алиу и Фатмир Лимани, ...
Пет украински дронови беа соборени над Москва за време на новогодишната ноќ, изјави московскиот градоначалник Сергеј Собјанин. Тој претходно изјави дека три дронови се неутрализирани до 2:30 часот наутро по московско време. Во серија објави на социјалните мрежи, Собјанин опиша како тимови експерти испитуваат делови од дроновите на местата каде што паднале остатоците откако дроновите биле неутрализирани. Градоначалникот на руската престолнина ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети првороденото бебе на Клиниката за гинекологија. -Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје. Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град. Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Нека расте жива и здрава, среќна со своите ...
Неколку десетици луѓе се убиени, а стотици се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште не е позната, објави Би-Би-Си. Во соопштение до медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила додека барот ја славел Новата година. „Најмалку 40 мртви“ ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ќе го посети првороденото бебе годинава на Клиника за гинекологија и акушерство. Алиу, ќе го посети и првороденото бебе во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир. Заедно со министерот Алиу, првороденчињата во двете болници, како што е најавено, ќе ги посетат и министeрот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, градоначалникот на Град Скопје, Орце ...
Позади нас е една успешна година, вели во своето видео обраќање во однос на сите реализирани проекти во 2025 година вицепремиерот и министер за транспорт Алекдандар Николоски. Николоски преку видео-приказна ги потсети граѓаните на најзначајните инфраструктурни и развојни проекти реализирани во 2025 година, истакнувајќи ја динамиката на работата и конкретните резултати постигнати во изминатата година. Позади нас е една успешна година, вели во ...
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата. Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе ја посетата касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Во рамките на посетата, како што е најавено, претседателката Сиљановска ќе обиколи дел од ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Кавадарци и -4 степени во Гевгелија. Според прогнозата на УХМР, утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ...