Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска го посети првороденото бебе на Клиниката за гинекологија. -Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје. Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град. Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Нека расте жива и здрава, среќна со своите ...

Неколку десетици луѓе се убиени, а стотици се повредени во експлозија и пожар што избувнаа ноќта во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште не е позната, објави Би-Би-Си. Во соопштение до медиумите, полицијата потврди дека експлозијата се случила додека барот ја славел Новата година. „Најмалку 40 мртви“ ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ќе го посети првороденото бебе годинава на Клиника за гинекологија и акушерство. Алиу, ќе го посети и првороденото бебе во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир. Заедно со министерот Алиу, првороденчињата во двете болници, како што е најавено, ќе ги посетат и министeрот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, градоначалникот на Град Скопје, Орце ...

Позади нас е една успешна година, вели во своето видео обраќање во однос на сите реализирани проекти во 2025 година вицепремиерот и министер за транспорт Алекдандар Николоски. Николоски преку видео-приказна ги потсети граѓаните на најзначајните инфраструктурни и развојни проекти реализирани во 2025 година, истакнувајќи ја динамиката на работата и конкретните резултати постигнати во изминатата година. Позади нас е една успешна година, вели во ...

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата. Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе ја посетата касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Во рамките на посетата, како што е најавено, претседателката Сиљановска ќе обиколи дел од ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Кавадарци и -4 степени во Гевгелија. Според прогнозата на УХМР, утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ...

Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 ...

ОВЕН 2026 година не е само уште една година, туку е ваша година. Секој потфат што ќе го преземете ќе биде успешен и профитабилен. Универзумот ве подготви да заземете централно место и да ги користите космичките сили за добро. Подгответе се за година полна со нови почетоци и неограничен потенцијал. Хороскопот за 2026 година за жените Овни ветува виор од страсна љубов, а само вашата внатрешна сила ќе ви овозможи да издржите силни емоции. Сепак, ...

Холандската полиција имаше низа интервенции за време на новогодишната ноќ поради несреќи и инциденти со огномет, последен пат легален за холандските граѓани. Холандскиот парламент гласаше за забрана на огномет, што ќе стапи на сила следната година. Затоа Холанѓаните купија поголема количина огномет оваа година за последната прослава каде што можат легално да ги користат. Во Најмеген, град кој се наоѓа во близина на германската граница, едно ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, синоќа заедно со граѓаните ја дочека Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера исполнета со музика, радост и голем број посетители. Премиерот на социјалните мрежи објави порака со која им посака здравје, разбирање и успеси на сите граѓани, нагласувајќи ја важноста од заедништво и позитивна енергија во новата година. „Заедно со нашиот народ на плоштадот ...

ОВЕН Денеска можете да уживате во поголема блискост со вашата сакана личност. И двајцата ќе се чувствувате добро ако поминувате повеќе време заедно. Не ја потиснувајте желбата да создадете нешто убаво со свои раце. БИК Денеска ќе можете многу добро да процените и анализирате секоја информација што ви доаѓа. Мал гест или разговор со блиска личност може да доведе до позитивна промена. Одржувајте умереност и не брзајте со заклучоци. БЛИЗНАЦИ ...

Утрото денеска е ведро и студено, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец. Утринските температури се движат од минус 13 до минус 5, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од минус 3 до 6 Целзиусови степени. Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под ...

Со отчукувањето на полноќ по локално време, Бугарија го усвои еврото, станувајќи 21-ва европска земја што ја користи заедничката европска валута. По дваесет години членство во Европската унија, Бугарија ја напушти сопствената валута – левот, својата национална валута што ја користи од крајот на XIX, што наиде на жестоки критики за губењето на националниот суверенитет и опасностите за најсирамашната членка на 27-члениот блок Последната земја ...

Фудбалерите од Алжир и Буркина Фасо забележаа победи во 3-то коло од Групата Е на африканскиот Куп на нациите. Алжир ја продолжи својата победничка серија во завшницата на африканското континентално натпреварување, победувајќи во Групата Е со три триумфи откако ја победи Екваторијална Гвинеја со 3-1 во среда и го потврди својот статус на фаворит на турнирот. Головите во првото полувреме од Зинедин Белаид (19), Фарес Чаиби (25) и Ибрахим Мазе ...

Брегот на Слоновата Коска и Камерун славеа со пресврти во 3-то коло од Групата Ф на африканскиот Куп на нациите, комплетирајќи ги осминафиналните натпревари. Тинејџерската ѕвезда Кристијан Кофане го најави своето доаѓање на меѓународната сцена со гол што го смени резултатот во полза на Камерун, кој го победи Мозамбик со 2:1 и заврши втор во Групата Ф на Африканскиот Куп на нации во Мароко. Деветнаесетгодишникот од Баер Леверкузен го имаше ...

Следната година веројатно ќе биде четвртата година по ред во која глобалните температури ќе бидат за 1,4 степени Целзиусови повисоки од прединдустрискиот период, објави Британската метеоролошка служба (Met Office). Во својата годишна прогноза за просечните глобални температури, Метеоролошката служба соопшти дека 2026 година ќе биде проценета за 1,46 степени над основната вредност од 1850-1900 година, бидејќи „бранот“ на затоплување ...

Кога ќе започне одбројувањето – десет…девет…осум…седум…., на полноќ кон четврток, луѓето ширум светот ќе влезат во новата година, збогувајќи се со, понекогаш, многу предизвикувачката 2025 година, надевајќи се на подобра и посреќна година за сите нас, пишува Reuters. Полноќта прво пристигна на островите во Тихиот Океан – на Киритимати (Божикниот Остров), Тонга и Нов Зеланд. Новата 2026 година во Сиднеј традиционално беше пречекана со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека неговата администрација ја повлекува Националната гарда од Чикаго, Лос Анџелес и Портланд, но сигнализираше дека федералните сили ќе се вратат доколку криминалот во споменатите градови повторно се зголеми. Челниците на Демократската партија и нивните сопартијци на чело на овие градови тврдеа дека распоредувањето на Националната гарда е непотребно. Тие го обвинија Трамп дека наводно ...

Јапонски „SoftBank Group“ ја заврши инвестицијата од 40 милијарди долари во „OpenAI“, што претставува едно од најголемите приватни финансирања досега и ги потврдува надежите на основачот Масајоши Сон за вештачка интелигенција, изјави во вторникот извор запознаен со ова прашање. „SoftBank“ воспостави една од најголемите приватно финансирани програми за инвестиции во технологија во светот, со посебен фокус на вештачката интелигенција и сродната ...

„Nvidia“ се стреми да задоволи силната побарувачка од кинеските технолошки компании за своите чипови H200 AI, барајќи од производителот TSMC од Тајван со договор да го зголеми производството. Кинеските технолошки компании нарачаа повеќе од два милиона чипови H200 за 2026 година, а „Nvidia“ моментално има само 700.000 единици на залиха, изјавија два извора за Reuters. Сè уште не е јасно точно колку уште чипови „Nvidia“ планира да нарача од ...

Гигантот во секторот забава „Disney“ се спогоди и се согласи да плати 10 милиони долари во случај што вклучува собирање податоци за деца, објави Министерството за правда на САД во вторникот. Одделот соопшти дека федералниот суд одобрил законска наредба со која се решава случајот против „Disney Worldwide Services“ и „Disney Entertainment Operations“. Според спогодбата, „Disney“ ќе плати 10 милиони долари за да биде ослободен од обвиненијата од ...

Американската администрација издала за JANAF лиценца за продолжување на транспортот на неруска нафта до Српската нафтена индустрија (НИС) до 23-ти јануари, објави во средата хрватската влада. „Денеска Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC) издаде лиценца на JANAF за продолжување на транспортот на нафта до НИС до 23 јануари. Ова ќе овозможи континуирано снабдување исклучиво со нафта од неруско потекло“, соопшти владата во ...

Кина во средата ја повика Холандија веднаш да ги исправи своите грешки и да ги отстрани пречките за обезбедување стабилност на глобалното производство на чипови и синџирите на снабдување. „Холандија останува рамнодушна и тврдоглаво инсистира на своето, непокажувајќи апсолутно никаков одговорен став кон безбедноста на глобалниот синџир на снабдување со полупроводници и не преземајќи никакви значајни мерки“, соопшти Министерството за трговија ...

Новогодишните празници претставуваат период на значајни промени во секојдневниот животен ритам, при што доаѓа до нарушување на вообичаениот распоред на исхрана, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје до граѓаните по повод празниците. Празничните прослави често се одвиваат во доцните вечерни и ноќни часови, а внесот на храна е зголемен, енергетски богат и често, нутритивно небалансиран. Иако овие навики најчесто се перцепираат ...

„Meta“ одлучи да го купи „Manus“, популарен агент за вештачка интелигенција во Сингапур, што е уште еден чекор во напорите на американската технолошка компанија да изгради бизнис поврзан со вештачка интелигенција. Според извори запознаени со ова прашање, објавува деловната новинска агенција Bloomberg News, зделката го проценува „Manus“ на повеќе од две милијарди долари. Сите постоечки инвеститори ќе бидат откупени како дел од преземањето од ...

Татјана Шлосберг, внуката на убиениот поранешн американски претседател Џон Ф. Кенеди, почина на 35-годишна возраст, објавија американските медиуми. Нејзиното семејство ја објави веста за нејзината смрт на социјалните мрежи, а објавата ја сподели Фондацијата на библиотеката „Џон Ф. Кенеди“. „Нашата прекрасна Татјана почина утрово. Таа секогаш ќе биде во нашите срца“, се вели во објавата. Шлосберг, новинарка која пишуваше за климата, објави во ...

Новиот стрип за Астерикс, „Астерикс во Лузитанија“, се продаде во 1,65 милиони примероци во Франција од неговото објавување на 23-ти октомври, што го прави најдоброто лансирање на познатиот стрип во последните 20 години, објави неговиот издавач во средата. „2025 година беше одлична година за нашата мала гала“, изјави за AFP Селест Суругу, извршен директор на издавачката куќа „Editions Albert René“. Според бројките од водечката истражувачка ...

ФИФА му забрани на бразилскиот клуб Ботафого трансфер на играчи до јануари 2027 година, поради неисплата на дел од отштетата на американскиот клуб Атланта Јунајтед за трансферот на Тијаго Алмада во 2024 година. Ботафого требаше да му плати на Атланта 27 милиони евра отштета за трансферот на Аргентинецот. Американците потоа се жалea бидејќи Бразилците не ја платиle целата сума, а ФИФА одговори со забрана за трансфери за клубот од Рио де ...

Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста. -Убаво е чувството со пакетче в раце да разговарате со новите ...

Рускиот претседател Владимир Путин ја изрази своето уверување во победата на руските сили во Украина во својата новогодишна порака. „Им го честитам на нашите борци и команданти почетокот на новата година! Веруваме во нив и во нашата победа“, рече Путин во нновогидишната порака објавена на телевизии во средата средата. Пораката првпат беше емитувана во Камчатка, каде што започна 2026 година во 12:00 часот по Гринич. Путин повтори дека руските ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1007
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1007
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
83%
1008
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.21
94%
1006
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 5ᴼ
0.52
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
75%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.24
94%
1004
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
3.13
92%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.03
80%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159436.20

Рутениум

45750.51

Платина

67484.42

Калај

46.06

Паладиум

54077.56

Сребро

2497.79

Алуминиум

3.07

Бакар

11.83

Кобалт

64.04

Иридиум

215504.98

Родиум

336779.07

Цинк

3.29