Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Петарда го предизвикала пожарот во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана во кој загинаа најмалку 40 луѓе, според италијанскиот амбасадор во Берн, Џанлоренцо Корнадо. „Инцидентот се случил кога петарда била фрлена во спуштениот таван, кој се запалил“, изјави амбасадорот Корнадо во директно вклучување за телевизискиот канал Tg2 додека беше на местото на настанот. Претходно локалната противпожарна служба сооопшти дека пожарот веројатно е ...
Русија побарала од Соединетите држави да ја запрат потера по танкер за нафта кој се упатил кон Венецуела, а кој сега бега од американската Крајбрежна стража во Атлантскиот Океан, објави во четвртокот весникот The New York Times, повикувајќи се наводно на два извора запознаени со ситуацијата. Американските сили речиси две седмици го гонат танкерот, идентификуван од поморските групи како „Bella 1“. САД во средата воведоа санкции врз четири ...
Последните четири натпревари од 19-то коло од англиското фудбалско првенство завршија без победник, со три натпревара во кои не се тресеа мрежите. Сандерленд одигра 0:0 против Манчестер Сити, а исто така немаше голови на натпреварите Ливерпул – Лидс Јунајтед и Брентфорд – Тотенхем. Сити ја пропушти можноста да продолжи со притисокот врз Арсенал, додека Ливерпул ја пропушти можноста да се приближи до водечките екипи. На „Емирати“ можат да ...
Младиот англиски фудбалски стручњак, 41-годишниот Лиам Розениор е главен кандидат за клупата на Челзи, според медиумите на „Островот“. Розениор треба да го наследи Италијанецот Енцо Мареска на „Стемфорд Бриџ“, кој беше отпуштен на првиот ден од годината откако лондонскиот тим победи само на еден од последните седум лигашки натпревари. Розениор моментално го води француски Стразбур, кој е во сопственост на истата компанија што управува со ...
Петарда го предизвикала пожарот во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана во кој загинаа најмалку 40 луѓе, според италијанскиот амбасадор во Берн, Џанлоренцо Корнадо. „Инцидентот се случил кога петарда била фрлена во спуштениот таван, кој се запалил“, изјави амбасадорот Корнадо во директно вклучување за телевизискиот канал Tg2 додека беше на местото на настанот. Претходно локалната противпожарна служба сооопшти дека пожарот веројатно е ...
Длабоко сум натажена поради пожарот во Кран-Монтана и моите мисли се со жртвите, нивните семејства и сите засегнати, наведе доцна попладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објава на Икс. – Соработуваме со швајцарските власти за да им обезбедиме медицинска помош на жртвите преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Европа е во целосна солидарност со Швајцарија, додаде Фон дер Лајен во објавата. Според ...
Рускиот претседател Владимир Путин беше телефонски информиран од гувернерот на регионот Херсон во југоисточна Украина кој е под контрила на Москва, Володимир Салдо, за ситуацијата во регионот по украинските напади со беспилотни летала во кој беа убиени најмалку 25 цивили и ранети уште 29 меѓу кои и деца и бремена жена, изјави за новинарите во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Петгодишно момче загина кога украински беспилотно ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши преку објава на Фејсбук потсетува дека од денес стапува на сила законот со кој им се овозможува на студентите и пензионерите да бидат ангажарани за сезонска и привремена работа без притоа да ги изгубат бенефитите што им следуваат. – Годината ја започнуваме со добри вести! Денес, 1 јануари, започнува примената на законот што ја става сезонската и привремената работа во јасна законска рамка, што ...
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која бил активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот Тимчо Муцунски, по претходна консултација со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, попладнево остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер. Во ...
На денешен ден, во 2021-ва година почина познатиот македонски виолинист, вокален изведувач и професор Зоран Џорлев. Почина на 53-годишна возраст на Инфективна клиника, по компликации од коронавирус. Детството го поминал во Струмица. Тој бил дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, ...
Податоците добиени од инструментите на еден од дроновите насочени кон резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин им се предадени на САД, објави Министерството за одбрана во Москва. „Декодирањето на содржината на меморијата на контролерите за навигација на дронот, извршено од специјалисти од специјалните служби на Руската Федерација, недвосмислено потврди дека целта на нападот бил комплексот на претседателските резиденции“, изјави ...
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“ за што вели потврда се и бројките за нула загубени човечки животи во сообраќајни незгоди во декември годинава во Скопје. – Морам да кажам дека ако се спореди декември 2025 со декември 2024 година ќе дојдеме до еден параметар кој нас нè прави задоволни и среќни, бидејќи во Скопје во декември 2024 година поради сообраќајни незгоди животот го ...
Најмалку четириесет лица загинаа, а 115 беа повредени во пожарот што избувна на новогодишната ноќ во бар во познатиот ски-центар Кран-Монтана, во југозападна Швајцарија, објави швајцарската полиција во четврток доцна попладнето, а властите ја исклучуваат можноста за напад. Според BBC, пожарот во барот „Le Constellation“ во ски-центарот Кран-Монтана избувнал во 1:30 часот по локално време. Властите соопштија дека во барот имало луѓе од неколку ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 јануари 2026 година. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“, соопшти попладнево Секторот за внатрешни работи Охрид. Според информацијата, сообраќајот се одвива во двете насоки, а беше затворен и во целосен прекин, од 30 декември поради превртена цистерна на патот. -Сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената ...
Младиот напаѓач од францускиот прволигаш Анже, 19-годишниот Сидики Шериф е на чекор до трансфер во Милан, објавуваат француските и италијанските медиуми. Шериф е физички силен напаѓач, висок 195 см и тежок 84 кгр, а игра подеднакво добро со двете нозе. Роден е во Гвинеја, но живее во Франција од петгодишна возраст. Француските медиуми објавуваат дека Анже нема да го пушти за помалку од 25 милиони евра. Се вели дека скаутите на Милан го ...
Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран – Монтана. -Амбасадата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57, стои во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кавадарци изјави дека се работи на реформската агенда и очекува некаде во април да бидеме најдобри од државите во Западен Балкан. -Мислам дека она што заостануваше, а беше влезено во овој грејс период од една година до јуни 2025, односно 8 или 10 од тие 12 чекори се веќе завршени. Најголем дел од чекорите што требаше да се завршат до крајот на декември се завршени, да видиме што треба да се заврши, да ...
Вчера во 23:26 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 12-годишник од Скопје. Според пријавеното, околу 23:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродором во Скопје, на малолетникот му пукнала петарда во рака, која ја тргнал со рака да не му падне на глава, а била фрлена од негов соученик. Вчера во 23:26 часот во СВР Скопје, од ...
За време на новогодишната ноќ во Холандија беа регистрирани сериозни инциденти поврзани со употребата на огномет, што резултираше со смртни случаи, голем број повреди, сериозни немири и значителна материјална штета низ целата земја. Седумнаесетгодишно момче почина во Најмеген по несреќа со огномет, додека еден маж (38) почина во Алсмир. Полицијата започна истрага за да ги утврди точните околности на овие трагедии. Властите потврдија и 3 ...
Зоран Заев, екс премиер со златен егзил и згради во Дубаи, ви ја честита Новата 2026 година со слика од Германија, во ексклузивното скијалиште Гармиш-Партен-Кирхен, до Минхен, каде што е екслузивен гостин на имотот на пребеганиот Енис Кошалинац од „Зобек Мајнинг“, осомничен за милионски злоупотреби во РЕК Битола. Немаме информација дали таму пристигнал директно од Дубаи или од некоја друга егзотична дестинација, но двете први дами на ...
Семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. Стивен последен пат е виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ во познатиот зимски центар Кран-Монтана. Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Постои можност ...
На новогодишната ноќ привдени се 10 лица на различни локации во државата. -На 31.12.2025/ 01.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Р.(42), Б.М.(45), А.Т.(36), К.Г.(28), С.С.(25), сите од Скопје, како и К.Г.(19) од с.Катланово, скопско, А.П.(37) од Кавадарци, Р.П.(31) и К.С.(27), двајцата од Куманово и Г.С.Ф.(23) од Турција затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста ...
НБА ги забележа своите највисоки бројки на гледаност за Божик во последните 15 години со повеќе од 47 милиони гледачи, објави лигата. Повеќе од 47 милиони луѓе во САД гледаа барем дел од петкратното божикно специјално емитување на мрежите ABC и ESPN, што е зголемување од 45 отсто во однос на претходната година. Тоа беше најгледаниот „Божик во НБА“ во последните 15 години. Просечната гледаност по натпревар беше 5,5 милиони, а натпреварот ...
НБА ги забележа своите највисоки бројки на гледаност за Божик во последните 15 години со повеќе од 47 милиони гледачи, објави лигата. Повеќе од 47 милиони луѓе во САД гледаа барем дел од петкратното божикно специјално емитување на мрежите ABC и ESPN, што е зголемување од 45 отсто во однос на претходната година. Тоа беше најгледаниот „Божик во НБА“ во последните 15 години. Просечната гледаност по натпревар беше 5,5 милиони, а натпреварот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја дочека Новата 2026 година со прослава во својот клуб Мар-а-Лаго на Флорида, каде што на аукција беше продаден тукушто насликан портрет на Исус Христос за 2,75 милиони долари, додека како новогодишна желба наведе „мир во светот“. Портретот во текот на вечерта, пред гостите, го наслика уметницата Ванеса Хорабуена, која Трамп ја опиша како „една од најголемите уметници во светот“, пишува „Гардијан“. ...
Шеснаесет Италијанци се водат како исчезнати откако пожар зафати бар во швајцарските Алпи, а уште десетина италијански државјани се хоспитализирани по пожарот, изјави во четвртокот италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани. Полицијата сè уште не го објави точниот број жртви, бидејќи идентификацијата на жртвите сè уште е во тек. Во меѓувреме италијанската новинска агенција Ansa, повикувајќи се на извештаи од локалните служби, ...
Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје. Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е ...
На 1 јануари во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар е пронајдено починато машко лице без документација, наверојатно бездомник. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. На 1 јануари во 00:05 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на ...