Јас сум универзитетски професор и логично е дека образованието ќе биде еден од врвните приоритети, порача денес премиерот Христијан Мицкоски. „Ценам дека без квалитетно образование и без квалитетна наука, не можеме како нација да јакнеме ниту како држава да јакнеме. И во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките проекти. Ако започнавме со една состојба од 340 милиони денари во 2023-тата, веќе 2024 и 2025 ...

Обемот и вредноста на платежните трансакции растат и во текот на третиот квартал од 2025 година. Дигиталните начини на плаќања и понатаму бележат особено брз раст, со што се потврдува сѐ поголемата дигитализација и модернизација на плаќањата. Во однос на плаќањата со кредитни трансфери, во споредба со истиот период од минатата година, нивниот број е зголемен за 7,0%, а вредноста за 15,3%, што упатува на зголемена активност и поголеми износи ...

Се очекува формализација на 17.400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници и борба со сивата економија. „Во првата фаза со законот се опфатени ...

Германските граѓани се сè повеќе загрижени за своите работни места, според анкета на консултантската фирма EY, објавена од весникот Die Welt. Своите работни места ги сметале за „многу несигурни“ или „прилично несигурни“ во 2025 година дури 16 отсто од испитаниците, што е највисоко ниво на загриженост од 2009 година кога 22 проценти од испитаниците ги сметале своите работни места за несигурни поради глобалната финансиска криза. Во споредба со ...

Сега упасениот осомничен за убиството на новогодишната ноќ, во кафе-бар во чаршијата започнал расправија со сега убиениот и повредениот, сите тројца турски државјани, по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа, бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а осомничениот извадил нож ...

Зголемено ниво на водата денеска е забележано кај реката Вардар на мерните места кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Пораст на водостојот е евидентиран и кај реката Црн Дрим кај Ложани, Пчиња кај Катлановска Бања, како и на реката Струмица кај Сушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Треска кај Македонски Брод, Крива река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип и Црна ...

Повреденото дете во новогодишната ноќ кое беше примено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, утрово почина како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело, изјавија од Клиниката за МИА. „За понатамошни толкувања ќе почекаме резултати од судско-медицинските испитувања и иследувањата од страна на МВР“, пишува во одговорот на прашањата на МИА. Мајката на детето која има 21 година, објаснила дека излегле ...

Заклучно со 20 декември 2025 година се реализирани 1.700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и 329 контролни инспекциски надзори. Утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка. Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки, соопшти на денешната прес-конференција во Владата директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска. ...

Здружението „Бадникови поворки“ ја најавува централната Бадникова манифестација за 2026 година, која ќе се одржи на 6 јануари во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија и Соединетите Американски Држави. Централен настан на манифестацијата ќе биде големата Бадникова поворка во Скопје, која ќе започне во 12:00 часот од Музејот на Град Скопје. Поворката ќе се движи ...

Соединетите држави значително ги намалија предложените нови царини за увоз на тестенини од неколку италијански производители, по прелиминарна анализа на нивните антидампинг активности, објави италијанското Министерство за надворешни работи. Новата анализа покажа дека италијанските производители решиле многу од проблемите идентификувани во првичната проценка, изјави функционер на Министерството за трговија на САД. САД објавија во октомври дека ...

Доколку Иран почне да пука и да убива мирни демонстранти, Соединетите држави ќе им дојдат на помош, изјави во петок американскиот претседател Доналд Трамп, што е големо отстапување, како и во случајот на Венецуела, од неговата прокламирана политика дека САД нема да бидат веќе „светски полицаец“ во другите земји. „Целосно сме подготвени за акција“, објави тој на својата социјална мрежа Truth Social. Неговата објава следеше по информациите за ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола. Во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и директорот на комбинатот, вршеле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од ...

Во периодот од 01.12.2025-31.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 132 лица, од кои 109 за ...

Автомобилот бил сопрен во селото Горно Количани, по што јавниот обвинител од судија на претходна постапка обезбеди наредба за детален претрес и во импровизиран бункер во подвозјето на возилото беше пронајдена дрогата. Како што објави Министерството за внатрешни работи, во четвртокот околу 14,30 часот во скопското село Горно Количани, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје било запрено патничко возило „БМВ х5“ ...

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во петокот претпладнето, достигнувајќи нови рекордни нивоа, а најмногу пораснаа секторите за одбрана, рударство и енергетика. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,4 отсто во претпладневниот пресек од тргувањето, достигнувајќи ново рекордно ниво, откако минатата година доби повеќе од 16 отсто. Од утрово, лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,74 отсто, надминувајќи ја ...

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи информира дека во рамки на стратешките заложби за подобрување на условите во детските установи и зголемување на квалитетот на предучилишното воспитание, почната е темелна реконструкција на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1 – еден од најзначајните капацитети за згрижување и едукација на деца во Општина Карпош. Проектот опфаќа целосно обновување на постојниот објект, со активности ...

Викторија Џонс, 34-годишната ќерка на познатиот актер Томи Ли Џонс, беше пронајдена мртва во хотел во Калифорнија во раните утрински часови на новогодишното утро, објавија медиумите во петокот. Полицијата пристигна во хотелот „Fairmont San Francisco“ околу 3:14 часот наутро во четврток по пријава за медицинска итна состојба, изјавија од полициската управа на Сан Франциско за Post. Болничарите по пристигнувањето ја прогласиле мртва жената, ...

Најниска температура утрово беше измерена во Берово, каде беа регистрирани -13 степени. Во Скопје-Петровец беа измерени -11 степени, исто и во Струмица. Во Битола -10, додека во Скопје (Зајчев Рид) беа измерени -9 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА: -13 Берово, -11 Скопје-Петровец, Струмица, -10 Битола, -9 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Гевгелија, -8 Штип, Демир Капија, Кавадарци, -7 Охрид, -6 Попова Шапка, -5 ...

Очекуваниот животен век во Македонија се зголеми за една година и достигна 76,6 години, но земјата продолжува да се соочува со негативен природен прираст. Во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица, што значи намалување на населението за над 4.000 жители. Позитивен прираст имало само во Скопскиот регион, додека во останатите региони бројот на починати значително го надминал бројот на родени. Позитивен прираст имало само во ...

Сѐ уште не е пронајден исчезнатиот млад Македонец Стивен Ивановски, за кого семејството вчера објави дека бил на прослава во Кран Монтана во барот во кој што избувна пожар. Семејството апелираше до сите кои можеби го виделе Стивен или располагаат со каква било информација за неговото движење, како и до оние кои имаат сознанија дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви: 076 415 0868, 076 ...

Кина го укина тридецениското ослободување од данок на контрацептивни средства и помагала од 1-ви јануари оваа година, што е најновото во низата чекори за борба против намалувањето на наталитетот. Кондомите и апчињата за контрацепција сега подлежат на данок на додадена вредност од 13 отсто, стандардна стапка за повеќето стоки за широка потрошувачка. Овој потег доаѓа во време кога Пекинг се обидува да го зголеми наталитетот во втората најголема ...

Како што беше претходно известено, сега обвинетиот пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски” со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Поднесен е Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од ...

Швајцарските истражители се обидуваат брзо да ги идентификуваат жртвите од пожарот во бар во познатиот скијачки центар Кран-Монтана каде што загинаа околу 40 лица, а 115 се повредени на новогодишната ноќ, додека земјата прогласи петдневна жалост за претежно младите луѓе кои ги загубија своите животи, објавија медиумите во петокот. Претседателот Ги Пармелен изјави дека земјата ќе прогласи петдневна жалост, опишувајќи го пожарот како еден од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за The Wall Street Journal изјави дека со години зема аспирин секој ден во доза поголема од медицински препорачаната, наведувајќи ја навиката и суеверието како причина. Трамп рече дека ова го прави посклоен кон модринки, кои повремено се обидувал да ги прикрие со козметика, што покрена прашања за неговото здравје. „Малку сум суеверен“, рече 79-годишниот претседател. „Велат дека аспиринот е ...

Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет, дознава Скопје Инфо. Детето во моментот на инцидентот се наоѓало надвор со својата мајка. Додека таа го држела во раце, детето било погодено од метален проектил, најверојатно заталкан куршум, по што итно било пренесено во болница. Најпрвин ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола. Во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и директорот на комбинатот, вршеле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од ...

Новата 2026 година ја дочекавме како што личи. Со сите нишани ќе ги дочекаме и Бадник и Божик. Устите ни се полни со зборови што шират мир, љубов, бртаство-сестринство, се едно, среќа и благососотојба. Милина за очите и уште. Сѐ додека не застанете пред некој електронски медиуми или не отоворите некој портал. Може и весник в рака да земете, рацете нема да настрадаат. Во тој момент пред очи ќе се појави втората страна на паричката. Грдата и ...

Демократот Зохран Мамдани стана градоначалник на Њујорк во четвртокот, ветувајќи за време на јавната церемонија на положување заклетва на скалилата на Градскиот совет дека ќе спроведе агресивна програма насочена кон тоа најголемиот град во земјата да биде подостапен за работниците. Триесет ичетиригодишниот Мамдани, член на левото крило на неговата партија (демократски социјалисти), беше избран за градоначалник на Њујорк ланскиот ноември, ...

ОВЕН Доколку сте во комплицирана ситуација, денеска ќе ви биде тешко да најдете решение. Затоа е подобро да не се измачувате себеси и да ги оставите работите какви што се. Денот е погоден за средување на вашите финансиски работи, особено ако долго време го одложувате тоа. БИК Не дозволувајте другите луѓе да ве искористуваат денеска, дури и ако тврдат дека имаат добри намери. Можеби и да е така, но доколку се чувствувате тажно, тоа е знак дека ...

Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во западните делови од земјата ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец. Температурите во текот на денот ќе се движат во интервалот меѓу 3 и 6 Целзиусови степени. Под влијание на циклонска ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
87%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1007
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
85%
1007
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.64
92%
1007
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.54
97%
1008
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
67%
1008
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
89%
1006
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
91%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
77%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Цинк

3.29

Иридиум

215504.98

Сребро

2497.79

Рутениум

45750.51

Калај

46.06

Злато

159436.20

Паладиум

54077.56

Платина

67484.42

Алуминиум

3.07

Бакар

11.83