Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Кинескиот претседател Кси Џинпинг во своето новогодишно обраќање во средата го нагласи технолошкиот напредок на земјата и го повтори кинеското полагање право врз одметнатиот остров Тајван. „Обединувањето на нашата татковина… е незапирливо“, рече Кси, пренесе Reuters повикувајќи се на официјалниот транскрипт од неговиот говор. Претходно седмицава кинеската армија започна големи воени вежби околу Тајван. Пекинг и западните набљудувачи ги ...
Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. Портпаролот на СВР Охрид за МИА информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини сеуште не е отстранета цистерната од коловозната лента. Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин Свети Наум кај Охрид или Блато кај Дебар. Повеќе од 24 часа во целосен прекин е ...
Цените на нафтата на меѓународните пазари малку благо се зголемија во средата, близу до нивото од 62 долари, балансирајќи меѓу очекувањата за прекумерната понуда и стравувањата од влијанието на геополитичките тензии. На лондонскиот пазар, цената на барел нафта попладнево беше за 50 центи повисока отколку на затворањето во вторник и изнесуваше 61,83 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по цена од 51 цент повисока, на 58,46 ...
Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита со неговиот лидер Зоран Заев?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат лидерот Зоран Заев и неговиот намесник Венко Филипче во публика. Се надеваме дека Филипче им кажал на СДС во колку почнуваат скоковите, за да може ...
Тензиите во односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и војната на нејзините надворешни граници ја оптоварија политиката на Европската унија оваа година, која следната година ја очекуваат тешки преговори за новиот седумгодишен буџет, да се бори за конкурентноста на својата економија и да се соочи со новото геополитичко опкружување. Годинава ЕУ полека но со тешкотии се навикна на фактот дека САД повеќе не се нејзин ...
Тајван останува во состојба на висока подготвеност, еден ден по големите кинески воени вежби низ целата земја, објави крајбрежната стража. За време на вежбата наречена „Мисија на правдата – 2025“, Кина испали неколку десетици ракети во правец на Тајван и им се приближи со голем број воени бродови и борбени авиони. Тајпеј ги осуди овие операции и ги нарече провокација и закана за регионалната стабилност. Вежбата се одржа десет дена откако ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран. -На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран! Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за ...
Основниот кривичен суд Скопје ќе го закаже почетокот на судењето против струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов и уште шест лица, осомничени дека како дел од организирана криминална мрежа во период од пет години незаконски извлекувале милиони евра од државниот буџет преку фиктивен поврат на ДДВ. Судот одобри обвинителен акт против седум физички лица, како и обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица, кои според обвинението биле ...
Ако во вашето опкружување имате бебе што се вика Лука или Хана, не сте единствени. Ова се убедливо најчестите имиња што родителите во Македонија ги избирале за своите новороденчиња во текот на 2024 година. Според најновата публикација на Државниот завод за статистика, „Македонија во бројки 2025“, трендот на кратки и звучни имиња продолжува, но не изостануваат ниту традиционалните. Топ 10 имиња за момчиња: Покрај Лука, најпопуларни машки имиња ...
Вака треба да изгледа спомен обележјето на загинатите во пожарот во дискотеката Пулс. Преуредувањето на Стариот градски парк е иницијатива на родителите и семејствата на загинатите, а обележјето е замислено да се вика „Патека на бесконечноста“ и има форма на симболот за бесконечност. „Замислете дека влегувате во Стариот парк и полека чекорите кон мирен, уреден дел обвиткан со зеленило. Нема бетонска масивност, нема агресивни форми – сè е ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(73) од с.Камењане, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги” и „злоупотреба на службена положба и овластување”. -Во периодот од 2000 до 02.01.2021, додека бил директор на земјоделска задруга во с.Камењане, без законска основа и одлука од членовите било извршено незаконско бришење на основачи – акционери, при што ...
Јавноста во Бразил, а и онаа во остатокот од светот е шокирана со веста дека легендарниот Роберто Карлос итно е хоспитализиран поради операција на срцето. Рутински систематски преглед кај фудбалерот нашол здравстени аномалии кои што требало да бидат санирани во моментов. Според информациите Роберто Карсос бил на одмор во родната земја, и заминал на преглед поради минимално згрутчување на ногата. Сепак, лекарското мислење довело до тоа да биде ...
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши упати честитка до сограѓаните. „Во пресрет на Новата година, ви се обраќам со длабока почит и со високо чувство на одговорност. Годината што завршува беше година на посветена работа и чекори што оставија трага. Собранието забележа видливи напредоци во транспарентноста, дигитализацијата и зајакнувањето на надзорната функција. Отворивме повеќе врати за граѓаните, идеите и ...
МВР сооопшти за уапсени возачи вчера и ноќеска во раните часови, при што еден од уапсените направил сообраќајка. Лишени од слобода биле возачи, кои биле под дејство на алкохол, во Кочани, Делчево, Кичево, Битола и Куманово. Во 20:56 часот вчера, полициски службеници од ОВР Кочани го уапсиле А.Б.(28) од кочанското село Грдовци. Претходно тој со автомобил „бмв“ учествувал во сообраќајна незгода со автомобил „киа“ со штипски таблички управувано ...
Бидејќи СДС „не знаат“ каде е намесникот Венко Филипче и инсинуираат дека не е во Дубаи, еве да ги прашаме дали Венко заедно со нивниот лидер Зоран Заев се на зимување по луксузните и прескапи алпски зимски центри?Дали Филипче со Заев најпрвин биле да изиграваат елита во Сент Мориц, а потоа се луксузирале и во Гармиш-Партенкирхен?, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Дали Новата година ќе ја прослават во Гармиш-Партенкирхен за да следат скијачки скокови за ...
Стотици илјади луѓе присуствуваат на погребот на поранешната Халеда Зија, која вчера почина на 80-годишна возраст. Привремената влада, предводена од Мухамед Јунус прогласи тридневна жалост, а знамињата на сите владини згради се спуштени на половина копје. Зија 41 години беше на чело на Националистичката партија на Бангладеш (БНП). Таа беше првата жена премиер и двапати раководеше со Бангладеш – од 1991 до 1996 година и од 2001 до 2006 година. ...
Министерството за одбрана на Москва објави мапа на која се прикажува рутата на украинските беспилотни летала со долг дострел кои ја таргетираа резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Новгородската област рано во понеделник. Според Москва, Киев лансирал 91 беспилотно летало во комплексот во ноќта помеѓу 28 и 29 декември. Сите дојдовни беспилотни летала биле уништени пред да можат да стигнат до резиденцијата. Мапата објавена од ...
Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и на граѓаните. Во 2026 година продолжуваме со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање: „На крајот ...
Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин, на последниот ден во 2025 година, ја додели Цветиновата награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. Со поддршка на членовите на Цветиновиот комитет за мир, денеска во 5 до 12 на плоштадот Македонија, Поповски – Цветин ја додели наградата на претседателот Трамп за неговите заложби околу стопирање на војната во Украина и на Блискиот Исток. – Претседателот на САД, Доналд ...
Островските држави Самоа и Тонга ја дочекаа Новата 2026 година, влегувајќи меѓу првите земји во светот што ја започнаа новата календарска година. Новата 2026 година во двете држави настапи во 12:00 часот по македонско време, согласно нивната временска зона UTC+13, како дел од првиот бран на новогодишни прослави во регионот на Пацификот. Американска Самоа, која се наоѓа во друга временска зона, ќе биде последната територија во светот што ќе ...
Нашиот новогодишен воз ќе продолжи да сообраќа носејќи насмевки и незаборавни моменти за најмалите и за целото семејство, соопшти денеска МЖ Транспорт. Во возот, посочуваат, ве очекува вистинска празнична авантура, а специјален гостин ќе биде Дедо Мраз, кој ќе ги поздравува децата, ќе дели радост, топли желби и новогодишна магија. Тремините за сообраќај на овој воз се: На 2.01.2026 од станица Скопје во 18:00, 20:30 и 21:00 часот На 3.01.2026 ...
Островската држава Кирибати, поточно островот Киритимати во архипелагот Лајн, прва во светот ја дочека Новата 2026 година, поради својата временска зона UTC+14. Киритимати, познат и како Божиќен Остров, со околу 5.000 жители, претставува прва населена точка на Земјата што влегува во новата календарска година, иако, според локалните власти, не се планирани поголеми јавни настани или прослави. View this post on Instagram A post shared by Denis ...
Силните снежни врнежи во Полска предизвикаа колони од возила долги до 20 километри на автопатот меѓу главниот град Варшава и балтичкиот пристанишен град Гдањск во текот на ноќта, соопшти полицијата во средата. Стотици луѓе беа заробени во своите автомобили во услови на мраз, но сообраќајот беше обновен до раните утрински часови во средата, додаде полицијата. „Тешката ситуација започна вчера по 16 часот, кога првите камиони на рутата S7… ...
Електродистрибуција беше домаќин на настанот „Сајбер-безбедност во критичната инфраструктура: градење отпорност преку соработка“, организиран од OSAC (Overseas Security Advisory Council), со што официјално започнаа активностите со посебен фокус на енергетскиот сектор како клучен сегмент за националната безбедност, економската стабилност и непреченото функционирање на општеството. Настанот обедини државни и меѓународни претставници од јавниот ...
Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници, која ви ја пренесуваме интегрално: „Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната милитаризација, растечката климатска, еколошка и енергетска криза, маргинализираните меѓународни институции и суспендираното меѓународно право. Нашата надворешна и безбедносна ...
Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Затвор Скопје“. Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за предметот кој се однесува на злоупотреби во затворот. Сите обвинети се огласени за виновни за кривичните дела што им се ставаат на товар. Обвинетиот П.А. за злоупотреба на службената положба и ...
Кошаркарите на Детроит дојдоа во Лос Анџелес и го расипаа прославувањето на 41-от роденден на Леброн Џејмс, победувајќи ги домашните Лејкерс убедливо со 128:106. Иако само двапати во текот на натпреварот беа во минимално водство, а на почетокот на втората четвртина заостануваа со 14 поени, Лејкерс успеаја да го одржат чекорот со водечкиот тим на Источната конференција до последната четвртина. Сепак, во последните 12 минути Детроит тргна силно ...
Повеќе од педесет години ни велеа да избегнуваме заситени масти. Да готвиме со масло од канола наместо путер, да избираме млеко со ниска масленост наместо полномасно млеко и да ја наполниме чинијата со тестенини наместо стек. Но, што всушност се случи? Како што Американците ги намалуваа заситените масти во нивната исхрана, нацијата стануваше подебела и поболна – не поздрава. Сега, по децении, американската влада конечно признава: Војната ...
По војната меѓу Израел и Иран во јуни, Исламската Република се обидува да ги обнови своите нуклеарни и балистички ракетни капацитети, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху за „Фокс њуз“. „Иран се обидува да ги обнови своите капацитети и претседателот беше во право кога рече дека случајот со Фордоу е уништен. Значително се обидуваат да отворат и други локации. Ќе се обидат и со тоа. Исто така, се обидуваат да го обноват својот погон за ...
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска разменија новогодишни честитки. „Кинескиот претседател Кси Џинпинг има намера да соработува со рускиот претседател Владимир Путин за да постигне нови достигнувања во развојот на билатералната соработка во наредната година“, објави Кинеската централна телевизија. Во својата новогодишна порака, кинескиот лидер рече дека 2026 година ќе ја одбележи 30-годишнината од ...