Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
САД ги заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга откако започнаа „масовен“ напад врз земјата во саботата по полноќ. Николас Мадуро последен пат беше виден на државната телевизија на Нова Година. Тој даде интервју на шпански новинар додека се возеше во автомобил. „Прашањето дали апсењето на Николас Мадуро беше координирано е огромно“, вели новинарот Пол Добсон Мадуро изрази подготвеност за преговори со САД Истиот ...
Голем дел од личното обезбедување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро беше убиен вчера во американската операција за негово апсење, изјави венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино. Тој уште еднаш денеска побара ослободување на Мадуро и го осуди „ладнокрвното“ убиство на неговите телохранители. Падрино не го наведе точниот број на убиени припадници на обезбедувањето на Мадуро. Педрино го поддржа прогласувањето на ...
Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики, во кој сега максималната глоба е 20.000 евра, повторно најави премиерот Христијан Мицкоски денеска во Сопиште, каде беше отворена нова детска градинка. „Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите ...
Грчките земјоделци вечерва повторно го затворија граничниот премин Евзони – Богородица кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, блокада, што се очекува да трае до 22 часот по македонско, односно 23 часот по грчко време. Овој граничен премин и вчера беше затворен во попладневните часови, по пауза од три дена поради празниците. На денешниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше одлучено в четврток и петок да се ...
Соединетите држави ги известија авиокомпаниите дека ограничувањата за летови за карипскиот воздушен простор ќе истечат на полноќ кон неделата по источноамериканско време, за да можат да продолжат летовите, изјави министерот за транспорт Шон Дафи. Големите авиокомпании откажаа стотици летови по нападот на САД врз Венецуела и киднапирањето на нејзиниот претседател Николас Мадуро. Комерцијалниот воздушен сообраќај над венецуелскиот воздушен ...
САД не се во војна со Венецуела и покрај апсењето на претседателот Николас Мадуро, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио за неколку американски медиуми. Тој нагласи дека потезите на Вашингтон се дел од операција за спроведување на законот, а не од воена инвазија. Мадуро моментално е задржан во затвор во Њујорк по операцијата на американските власти, според американските претставници. Рубио ги отфрли тврдењата дека потегот ...
Венецуелската војска ја призна потпретседателката Делси Родригез за привремен претседател на земјата во неделата, објави министерот за одбрана генерал Владимир Падрино Лопез, повикувајќи ги своите сонародници да продолжат со нормалните активности, ден откако САД ги киднапираа претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга. Генералот се повика на одлуката на Врховниот суд со која ѝ се наредува на Родригез да ја преземе власта во период од 90 ...
Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони, в четврток и петок грчките земјоделци ги продолжуваат нивните активности по празниците, согласно одлуките што ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан денеска со учество на претставници на 62 блока од целата земја, јави дописничката на МИА од Атина. На масовниот ...
Проектот е исклучително важен за Скопје, а првата фаза веќе е отпочната, нагласи премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз. „Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација ќе сообраќа електрична локомотива, електричен ...
На имотот на комесарот за борба против антисемитизмот во сојузната покраина Бранденбург подметнат е пожар и е исцртан црвен триаголник, симболот на палестинското милитантно движење Хамас, објавија германските медиуми во неделата. „Секаков облик на екстремизам нема место во Бранденбург. Насилството врз луѓето и имотот е целосно неприфатливо“, рече премиерот на покраината Дитмар Војдке. Додаде дека полицијата спроведува интензивна истрага за да ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје изнесе вечерва повеќе детали за вчерашната трагедија во скопско Волково, кога животот го загуби пешак (60), жител на селото. Поведена е постапка против возачката на „мерцедесот“, што го усмрти Горан Иваноски. „Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил Мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се ...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел остро ги осуди Соединетите Американски Држави за нападот врз Венецуела и заробувањето на нејзиниот претседател вчера ноќта. Тој ја изрази својата осуда на протестен митинг на кој се собраа илјадници жители на Хавана пред американската амбасада во кубанската престолнина, пишува Ројтерс. „Куба ги осудува и отфрла овие дејства како чин на државен тероризам“, порача Дијаз-Канел. Мигел Дијаз-Канел претходно ...
Северна Кореја лансираше балистички ракети денеска, на денот кога лидерот на ривалската Јужна Кореја ја започнува државната посета на Кина, главниот сојузник на Пјонгјанг, и само неколку часа откако САД ја нападнаа Венецуела. Истрелувањето на најмалку две ракети, првпат во последниве два месеца, ги зголеми глобалните тензии откако американскиот претседател Доналд Трамп изврши воен упад во Венецуела во кој беше заробен претседателот Николас ...
Дмитриј Медведев, поранешен претседател и премиер а сега заменик-претседател на рускиот Совет за национална безбедност, во неделата изјави дека постапките на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела се нелегални, но исто така доследни бидејќи тој ги брани американските интереси, објави руската новинска агенција ТАСС. „Мора да се признае дека, покрај очигледната нелегалност на однесувањето на Трамп, не можеме да негираме одредена ...
Најмалку 40 лица, вклучувајќи цивили и војници, се убиени за време на воена операција на САД вчера ноќта насочена кон венецуелскиот претседател Николас Мадуро, според извештајот на „Њујорк тајмс“. Цитирајќи висок венецуелски функционер кој зборуваше под услов да остане анонимен, во извештајот се вели: „Најмалку 40 лица, вклучувајќи цивили и војници, беа убиени во нападот“. Претставници на властите во САД изјавија за „Њујорк тајмс“ дека ...
Глобалните валутни пазари тргуваа мирно минатата седмица, бидејќи немаше многу вести поради новогодишните празници, при што вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми по остриот пад минатата година. Индексот на доларот, кој ги искажува изведбите на американската во однос на шесте главни светски валути, порасна за 0,4 отсто минатата седмица, на 98,43 поени. Истовремено, доларот зајакна во однос на европската ...
Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства, затоа што бил на македонски јазик. Во изјава за медиумите претседателот на Владата кажа дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија“. „Ниту една ...
На најголемата светска берза цените на акциите паднаа во последните четири работни дена од минатата година, додека европските инвеститори беа во добро расположение на крајот од минатата година, како и на почетокот на новата. На њујоршки Волстрит, индексот Dow Jones се лизна за 0,7 отсто минатата седмица, на 48.382 поени, додека S&P 500 падна за 1 отсто, на 6.858 поени, а индексот Nasdaq потона за 1,5 отсто, на 23.235 поени. Во последните ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, заедно со сопругата Мартина и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, како и познатиот готвач Марк де Јонг и средношколци, во пресрет на Божик упатија силна порака за хуманост и солидарност. За нив денешниот ден беше посветен на човечноста, при што со заеднички ангажман, љубов и посветеност беа приготвени повеќе од 250 топли оброци, наменети за најранливите категории сограѓани и поделени во пунктот за ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр“ истакна дека преку кампањата „Македонско најдобро“ се потенцира важноста на македонските производители на храна и се допринесува кон зголемување на производството на квалитетни земјоделски производи. Со кампањата ќе се поддржи домашната економија, ќе се зачуваат работните места, но истовремено ќе се зајакне и идентитетот. „Клучот го ...
Последната и претпоследната откупна сезона можам да ги оценам како едни од најуспешните досега, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр“. „Сликата во минатото беше трактори на улиците, негодувања и откупни цени кои беа далеку под денешното ниво. Денес имаме откуп на тутун каде што согласно квалитетот се оди на прва класа без одбитоци. Просечната цена на досега ...
По неколкучасовен прекин во воздушниот сообраќај, постепено започнаа полетувања, но и слетувања од аеродромите, пред сè од атинскиот, што е и најголем во земјата, каде што имаше доцнења на 75 летови. Со цел да се гарантира безбедноста на летовите, во моментов се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања од грчките аеродроми и делумно транзитниот сообраќај во три сектори. Техничкото прашање, со размер со кој сме соочени за прв пат, продолжува ...
Претпладнето вчера Џ.Л.(32) од Скопје пријавил в полиција дека за време на новогодишната прослава на подрачјето на Шуто Оризари паднало заталкано зрно од огнено оружје и му оштетило прозорци и ѕид од неговата куќа. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот. Претпладнето вчера Џ.Л.(32) од Скопје пријавил в полиција дека за време на новогодишната прослава на подрачјето ...
Би сакал што повеќе вакви објекти наскоро да бидат готови, работиме во таа насока. Очекувам оваа година уште неколку вакви објекти да отвориме во Скопје – детски градинки, рече премиерот на отворањето на детската градинка во скопско Сопиште. „Ние како Влада – ќе повторам уште еднаш – сите овие проекти ќе ги подржуваме и во иднина, сето она што претставува интерес на граѓаните, а посебно на најмилите на најмладите на дечињата ќе биде наш и е ...
Во селото Фурка, Дојранско, вчера околу пладне тешко се повредил малолетник (15) од селото, кога со мотоцикл „хамачи“ удрил директно во предниот дел на автомобил „мерцедес“ со гевгелиски таблички, управуван од Љ.И.(25) од Фурка. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија. Во селото Фурка, Дојранско, вчера околу пладне тешко се ...
Операцијата на американската влада во која беа заробени венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга во саботата навечер беше осудена и од Камала Харис, поранешна демократска противничка на американскиот претседател Доналд Трамп. „Дејствата на Доналд Трамп во Венецуела не ја прават Америка побезбедна, посилна или поприфатлива“, го започнува својот пост демократката на платформата X. Харис пишува дека „бруталноста“ и ...
Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен за полетување и слетување на сите авиони кон и од сите аеродроми во земјата, поради технички проблем со радиофреквенциите, јави дописничката на МИА од Атина. Извори од Министерството за транспорт на Грција брифираа дека некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (воздушниот простор на земјата) се соочуваат со проблем, кој се истражува во соработка со надлежни ...
Стоиме зад потезите и аргументите на нашиот стратешки партнер, САД, а меѓународното право се кршеше и на грбот на македонските граѓани, одговори премиерот Христијан Мицкоски, прашан од новинар за коментар за случувањата во Венецуела – дали заробувањето на претседателот Николас Мадуро е во согласност со меѓународното право и со повелбата на Обединетите нации – откако претходно министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо ...
Скапоцените камења Пиправа, свето парче накит поврзано со Буда, беа изложени првпат во Њу Делхи во саботата по нивното откривање, соопшти индиското Министерство за култура. „Овој историски настан го означува повторното обединување на моштите на Буда и скапоцените камења Пиправа на Буда, кои се вратени (во земјата) по 127 години“, се вели во соопштението. Се верува дека повеќе од 300 парчиња скапоцени камења и други орнаменти, кои датираат од ...
Од викендичка во Велес украл портофел во кој имало пари и лични документи. Полицијата набргу го идентификувала и вчера претпладне го уапсила крадецот З.Т.(51) од Велес. Притоа бил пронајден портофелот на З.К.(52) од Велес, во кој имало пари и лични документи, и му бил вратен. СВР Велес најавува кривична пријава против З.Т. Од викендичка во Велес украл портофел во кој имало пари и лични документи. Полицијата набргу го идентификувала и вчера ...