Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Прво мора да ја поправиме земјата. Не можете да имате избори“, изјави тој за американската телевизија NBC News. „Ќе потрае некое време. Мора да ја излечиме земјата додека не се опорави.“ Според уставот на Венецуела, во случај на трајно отсуство на претседателот, потпретседателот ја презема функцијата и мора да организира нови избори во ...
Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на ...
Овен Огнената енергија на Месечината во Лав се хармонизира прекрасно со вашата природа. Денес ќе почувствувате наплив на самодоверба што ќе ви помогне да ги надминете старите бариери. Фокусирајте се на креативни проекти или на оние што бараат лична харизма. Во љубовта, бидете храбри, но не доминантни. Бик Вашето внимание денес ќе биде насочено кон удобноста во домот и семејството, но со мала навестување на желба за луксуз. Можеби ќе ...
Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави. Централната Бадникова поворка во Скопје ќе обедини учесници од речиси сите скопски општини, заедно со нивните градоначалници, кои и оваа година активно ќе учествуваат во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени. Вo среда ќе ...
Бадник – денот пред Божиќ, 6 јануари е денот со кој веќе започнува Божиќната прослава. Рано наутро се оди во шума по бадникови гранчиња (во градовите најчесто се купуваат). Потоа жените ја приготвуваат трпезата за Божиќ. Бадниковите гранчиња обично се од младо дабово дрво кое се сече на Бадник и се носи пред домот, покрај влезната врата, каде што стои до вечерта. Бадниковата вечер практично ги спојува Бадник и Божиќ. Навечер, кога ќе падне ...
Соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се појавија пред судот во Њујорк, изјаснувајќи се за невини по повеќекратни обвиненија три дена по нивното „апсење“ во Каракас. Мадуро и Флорес се појавија пред судот на кратко сослушување пред она што се очекува да биде продолжена правна битка за тоа дали може да биде изведен пред суд во Соединетите Држави. Се очекува адвокатите на соборениот претседател да ја ...
Парискиот суд прогласи десет лица за виновни за сајбер-вознемирување на сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит, поради ширење тврдења дека таа е трансродова жена која е родена како маж, објави „Ле Монд“. Брижит долго време е во центарот на правни спорови околу теориите на заговор преку интернет во кои се тврди дека таа е трансродова. Во 2024 година, парискиот суд ги казни објавувачите на гласините со 14.000 евра . ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го нарече Киев „рај за неонацисти“ откако украинскиот претседател Вoлoдимир Зеленски ја назначи Кристија Фриланд, родена во Канада и потомок на нацистички соработник, за свој советник за економски развој. Фриланд, водечка фигура во канадската политика повеќе од една деценија и жесток критичар на Русија, е специјален пратеник на Канада за реконструкција на Украина од ...
Враќањето на производството на нафта во Венецуела на максималните нивоа забележани на крајот на минатиот век и почетокот на овој век може да потрае со децении, вели американски експерт за енергетика Том Клоза. Според него, „врвот на производството на венецуелска нафта бил 3,5 милиони барели дневно во 1997 година“, додека „неодамнешното производство било проценето на околу 900.000 барели дневно, со можеби 500.000-550.000 барели дневно наменети ...
Од 18 до 22 часот по македонско, односно од 19 до 23 часот по грчко време, според информациите на дописничката на МИА од Атина, повторно ќе биде затворен граничниот премин Евзони – Богородица за влез и излез од Грција за сите возила, додека пак во следните два дена не се планирани блокади поради утрешниот празник Водици во Грција. Земјоделците од северниот дел на земјата кои од 1 декември нивните трактори ги паркираа на граничниот премин ...
Швајцарија ги замрзна сите средства што им припаѓаат на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и на лица од неговиот близок круг, соопшти швајцарската влада. „Федералниот совет одлучи да ги замрзне сите средства што ги поседуваат Николас Мадуро и други лица поврзани со него во Швајцарија со непосреден ефект“, се вели во соопштението. Се вели дека мерката има за цел „сите нелегално стекнати средства да не можат да се пренесат надвор од ...
За време на новогодишната ноќ седум лица побарале лекарска помош откако се здобиле со повреди и изгореници од употреба на пиротехнички средства. Оваа информација денеска ја споделија министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска. Директорката рече дека во текот на новогодишната ноќ на Клиниката за пластична хирургија биле примени двајца возрасни пациенти што имале индиректни ...
Надлежните најавуваат оти пикот на сезонскиот грип ќе биде достигнат во наредните две до три недели. Секоја година во овој период имаме зголемување на бројот на пациенти со грип кои бараат здравствени услуги, објасни денеска министерот за здравство Азир Алиу. Во моментов според негови информации нема зголемен број заболени од грип за да се каже дека тој е алармантен, особено ако се спореди со претходните години. – Се уште не сме во тој пик на ...
Денеска испраќаме силна и недвосмислена порака дека чекориме напред, од систем кој со децении беше запоставуван, кон современо одржливо и европско управување со отпадот, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Битола каде беше промовирана опрема за управување со отпад за општините од Пелагониски и Југозападен регион. Според премиерот Мицкоски, со испораката на новата опрема за справување со цврстиот отпад, се прави конкретен чекор кон почиста ...
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, во пресрет на Рождеството Христово – Божик, испрати Божикно послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква. Во продлжение е целосниот текст на Божикното послание на поглаварот на МПЦ-ОА г. г. Стефан: Возљубени празникољупци, Еве, повторно стоиме пред тајната на Божик – пред тајната на Божјото доаѓање на ...
По повод големиот христијански празник Бадник, утре на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е блиску договорот со странски инвеститори за трансформација центарот Попова Шапка во еден од најбараните зимски дестинации во Европа. „Мислам дека сме на вистинскиот пат, не велам дека сум сигурен. Ова се многу сериозни инвеститори…Наша цел е на краток рок да привлечеме инвеститор кој ќе инвестира, секако заедно со државата. И ќе го направиме она што е сон и цел за сите нас, Шапка да стане најубавиот ...
СДС не се на власт поради тоа што го погазија македонскиот идентитет, јазик и историја. Го променија знамето, името и Уставот. И кога СДС говори за евроинтеграции најголемиот успех е сликата од авионот. Нивните “успеси” се срам за македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство во Бугарија, кое зборува бугарски јазик и има бугарска историја. До толку ја сакаат ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година. Исплатата се однесува на следните права: Гарантирана минимална помош Гарантиран Детски додаток Додаток за социјално домување Еднократна парична помош Еднократна парична помош за новороденче Образовен додаток Образовен додаток – студирање Родителски додаток за трето ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се обрати на вонредната седница на Советот на Град Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители и кажа дека нема компромис со загадувачите и дека институциите преземаат конкретни и засилени мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Нема компромис со загадувачите – изречени се казни до 53.000 евра! Денеска се одржа вонредна седница на советот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е блиску договорот со странски инвеститори за трансформација центарот Попова Шапка во еден од најбараните зимски дестинации во Европа. „Мислам дека сме на вистинскиот пат, не велам дека сум сигурен. Ова се многу сериозни инвеститори…Наша цел е на краток рок да привлечеме инвеститор кој ќе инвестира, секако заедно со државата. И ќе го направиме она што е сон и цел за сите нас, Шапка да стане најубавиот ...
Со многу емоции и искрени аплаузи помина втората фестивалска вечер од Божикниот театарски фестивал во организација на Општина Кисела Вода. Публиката имаше можност да ја проследи театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „МАНА“, под режија на Дејан Пројковски, со Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви во главните улоги. Општина Кисела Вода продолжува континуирано да ја поддржува културата на локално ...
Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат се уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП. Петрова тврди дека не може да се изврши двојно оданочување, а доколку има случаи во кои граѓаните веќе го платиле данокот на доход во странство, а сега постапиле и по решението од УЈП, ќе бидат разгледани ...
Дирекцијата за заштита и спасување објави дека се засилува со уште еден професионален пилот. Како што велат од Дирекцијата, станува збор за пензионираниот армиски полковник Роберт Малезански, воен пилот кој во својата кариера има управувано и дејствувано со различни типови на летала вклучително и борбени авиони „галеб“, „супер галеб“, „МиГ“ 21, „сухој“ 25 и борбени хеликоптери „Ми“ 17 и „Ми“ 24 како и со различни типови спортски авиони. ДЗС ...
Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија. Документот содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со ...
Израел не го смета прекинот на огнот во Газа за причина странските новинари да влезат во палестинската енклава, според владиниот документ доставен до Врховниот суд, кој ќе одлучи за ова прашање. „И покрај промената на фактичката состојба на теренот, влезот на новинари (и странски и домашни) во Појасот Газа без придружба (…) не треба да биде дозволен“, изјавува владиниот претставник во документ доставен до судот и ви кој увид имала агенцијата ...
Во понеделникот суд во Париз прогласи десет лица за виновни за злоставување на француската прва дама Брижит Макрон на интернет, односно за ширење тврдења дека таа е трансродова жена родена како маж. Брижит и нејзиниот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, веќе неколку години се цел на кампања во која се тврди дека првата дама е родена како Жан-Мишел Троње, што нејзините правни застапници тврдат дека е името на нејзиниот постар брат. ...
Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Според Јулијанскиот календар, секоја година Бадник е на 6 јануари, а Божик на 7 јануари – денови кога семејствата во хармонија ја очекуваат и прославуваат веста за Христовото раѓање. На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го ...
Во Вевчани, годината не почнува со календарот – туку со Свети Васиља. Со ритамот на тапаните, со писокот на зурлите, со смеата што е истовремено и шега и порака. Овде, меѓу планината и изворите, карневалот не е настан – тој е состојба на духот, наследство што се носи во крвта и се пренесува од поколение на поколение. Вевчанскиот карневал е еден од најстарите живи карневали на Балканот, со корени длабоко вткаени во паганските обреди за ...