Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Собранието го донесе Законот за судска служба, едно од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството, усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024-2028, соопшти Министерството за правда. Со донесувањето на Законот, додава Министерството, се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на ...
Четириесет и двегодишен жител на Виница е приведен под сомнение дека физички ги нападнал својата сестра, внуката и таткото. Инцидентот се случил вчера во семејниот дом, по што полицијата интервенирала и го привела осомничениот. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Четириесет и двегодишен жител на Виница е приведен под сомнение дека физички ги нападнал својата сестра, внуката и ...
Пет лица завршиле на лекарски преглед откако ноќеска избувнал пожар во поткровје на станбена зграда во скопската населба Центар. Најпрво двајца скопјани, на возраст од 54 и 49 години, се обиделе сами да го изгаснат пожарот со противпожарни апарати, но при тоа вдишале чад и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Подоцна, поради истата причина, лекарска помош побарале уште три лица. Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипи на ...
Маж кој се претставувал како вработен во државна институција вчера во две продавници во скопската населба Центар барал бесплатно да добие производи. Според пријавата, кога вработените и сопствениците одбиле да му дадат стока без надомест, почнал да им упатува закани. Полицијата работи на идентификување на лицето и на целосно расчистување на случајот. Маж кој се претставувал како вработен во државна институција вчера во две продавници во ...
Петмина членови на две семејства кои живеат во иста куќа во Тетово се приведени по меѓусебна физичка пресметка што избувнала синоќа. Според полицијата, расправијата започнала како вербален конфликт, а потоа прераснала во тепачка. Во еден момент, 42-годишен маж со метален предмет нападнал тројца свои роднини и им нанел повреди. Приведените се задржани во полициска станица, а по целосното расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави. ...
Дваесет и двегодишна жена од Гостивар пријавила дека подолг период била изложена на физичко и психичко насилство од нејзиниот партнер. Според пријавата, пред три години тој ѝ нанел тешка телесна повреда, а пред една недела повторно физички ја нападнал и упатил закани кон неа и нејзин пријател. По судска наредба, полицијата извршила претрес во домот на осомничениот, при што била пронајдена ловечка пушка што му припаѓала на неговиот починат ...
Улицата Охридска во Маџир Маало е само еден пример за тоа, како се работи во Општина Центар и во какви услови живеат жителите – градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ ако треба Центар ќе го направат и Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Венко Филипче и Зоран Заев, за спас на партијата која оди кон сигурна пропаст, обвини денеска Диана Ристовска Додевски, членка на Советот на Општина Центар од ...
Јавните повици за мерката „самовработување“ од Оперативниот план за вработување за 2026 година се активни до 3 јули 2026 година, информираа од министерството за економија и труд по денешните информативен каравани во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Преку оваа мерка невработените можат да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање сопствен бизнис. Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, на информативниот ден во ...
Тешко е повреден 78-годишен пешак откако вчераутро бил удрен од товарно возило на локалниот пат меѓу селата Орешани и Зелениково. Според информациите од полицијата, камионот „мерцедес“ го управувал 38-годишен жител на селото Усје. Повредениот пешак, кој е од Студеничани, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. За околностите под кои дошло до несреќата е извршен увид. Тешко е ...
Триесет и едногодишен жител на Велес е приведен откако, според пријавата, физички нападнал 71-годишна сограѓанка и ја оштетил влезната врата од нејзиниот дом. Настанот се случил вчера вечер. Мажот дошол пред куќата барајќи ја ќерката на жената, но бидејќи таа не била дома, ја нападнал сопственичката и ја искршил вратата. При интервенцијата, полицијата утврдила дека осомничениот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,11 промили ...
Шеесет и осумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус додека се превезувала низ населбата Пржино. Несреќата се случила вчера попладне, а повредената била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана лекарска помош. Полицијата изврши увид и ги утврдува околностите под кои дошло до инцидентот. Шеесет и осумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во ...
Триесет и тригодишен државјанин на Чиле пријавил дека синоќа бил физички нападнат во скопската населба Центар. Според неговата пријава, нападот се случил околу 23 часот, а го нападнале две лица, при што едното употребило тврд предмет. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот. Триесет и тригодишен државјанин на Чиле пријавил дека синоќа бил физички нападнат во скопската населба Центар. Според неговата ...
Петмина членови на две семејства кои живеат во иста куќа во Тетово се приведени по меѓусебна физичка пресметка што избувнала синоќа. Според полицијата, расправијата започнала како вербален конфликт, а потоа прераснала во тепачка. Во еден момент, 42-годишен маж со метален предмет нападнал тројца свои роднини и им нанел повреди. Приведените се задржани во полициска станица, а по целосното расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави. ...
Полицијата поднесе кривична пријава против 57-годишен жител на струшкото село Октиси, осомничен за бесправно градење и узурпација на државно земјиште. Според истрагата, годинава тој изградил куќа на државна парцела во непосредна близина на среднонапонски електрични водови, со што, според надлежните, биле загрозени сигурноста на електроснабдувањето и безбедноста на луѓето и имотот поради непочитување на пропишаното безбедносно растојание. По ...
Ноќеска, дваесет минути по полноќ, на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 19-годишен мопедист. Според полицијата, во судирот учествувале автомобил „сеат“, управуван од 31-годишен скопјанец, и мопед управуван од 19-годишник од Скопје. Повредениот мопедист е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Полицијата изврши увид, а ...
Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат. „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални ...
Дваесет и четири години ДУИ не направи канализација за жителите на Зајас, сега и знаеме зошто – поради корупција, рече денеска Фатон Фазлиу од Вреди. – Дваесет и четири години ДУИ и Али Ахмети имаа политичка моќ, министри, директори, градоначалници и целосна контрола врз институциите што требаше да ги решаваат основните проблеми на граѓаните. Но, 24 години не им беа доволни да изградат функционална канализација за жителите на Зајас и на ...
Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни барања ...
Венецуелката Грасиела Мора успеала да преживее под урнатините на срушена зграда во венецуелскиот град Ла Гваира. Додека спасувачите ја извлекувале на безбедно, таа била свесна и зборувала за драмата што ја преживеала за време на разорните земјотреси. – Кога почна земјотресот, се држев за рамката на вратата најсилно што можев. Толку силно што си го скршив прстот – раскажала Мора. Според нејзиното сведоштво, останала да се држи за рамката сè ...
Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива. Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани, истакна министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска состанокот на Третиот управувачки комитет во ...
Портпаролот на Движењето ЗНАМ Никола Мемов за најавената реконструкција на Владата рече дека сè уште нема конечен договор за ниту едно прашање. На прес-конференција, Мемов истакна дека ЗНАМ направила детална анализа на работењето на своите функционери, вклучително и на двајцата министри. – Ние направивме анализа на работењето на нашите функционери и генералната оценка е дека се во рамките на спроведување на владината програма – рече Мемов. ...
Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко изборија пласман во полуфиналето на М25 турнирот Загреб, двајцата остварија победи од 2-0 во сетови во денешните четвртфинални мечеви. Ивановски го елиминираше третиот носител Хавиер Баранко Косано откако на идентичен начин (ист резултат) како вчера со 2-0 во сетови (76(4) 75) го победи ривалот. Единствената разлика беше што во денешниот меч имаше по еден брејк во првиот ...
Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово, една од најголемите и најсовремени инвестиции од ваков тип во земјата и регионот, во вредност од 115 милиони евра. За време на посетата, амбасадорката се запозна со капацитетите на објектот, одржливите стандарди и практики применети во неговата изградба, како и со софистицираните логистички процеси и ...
Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, македонската јавност очекуваше јасна осуда и извинување од официјална Софија, а наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. – Од друга страна пак, од специјалниот бугарски ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална ...
Министерот за здравство Азир Алиу не открива дали и во кој ресор ќе ја продолжи својата политичка кариера, во врска со најавената реконструкција на Владата и промена на ресорите помеѓу владините коалициски партнери. Одговарајќи на новинарско прашање Алиу рече дека неговиот политички ангажман не е поврзан со функцијата што ја извршува, туку со желбата да придонесе за промени во општеството. – Јас не сум ја почнал мојата кариера со политичка ...
Во Јапонија денеска се евакуирани над 2 милиона луѓе поради приближувањето на тајфунот Мекхал, кој може да предизвика поплави и лизгања на земјиштето. Тајфунот Мекхал претходно го погоди Тајван. Поради обилните дождови и силниот ветер островот е парализиран, 6 милиони луѓе не работат, а училиштата се затворени. Мекхал засега ослабна и сега е категоризиран како тропска бура и се доближува до јапонскиот остров Рјуку. Во Јапонија се откажани ...
Изминатите четири дена плажите во Сиднеј, меѓу кои светски познатата плажа Бондаи, беа затворени откако во близина на брегот на најголемиот австралиски град беа забележани ајкули. Денеска беа затворени плажите Тамарама и Бронте во источните предградија на Сиднеј откако утрово беа забележани ајкули. Бондаи, исто така, беше затворена откако на снимките од апликацијата „ДронШарк“ (Drone Shark) беше забележана голема бела ајкула во близина на ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 26 јуни 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 175,72 евра/mwh, додека на MEMO цената е 117,96 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9.00 – 15.00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 71,77 евра за мегават час, а на MEMO 117,76 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Сликата за нокаут фазата на Светското првенство 2026 станува сè појасна. По завршувањето на натпреварите во групите Д, Е и Ф, веќе се познати 19 репрезентации што обезбедија место во елиминациската фаза, како и првите четири осминафинални двојки. Јужна Африка ќе игра против Канада, Холандија ќе се соочи со Мароко, САД ќе ги одмерат силите со БиХ, а Бразил ќе се пресмета со Јапонија. Меѓу селекциите што веќе се пласираа понатаму се Мексико, ...