Парламентарниот состав во заминување, граѓаните ќе го помнат по драматичниот и неуспешен обид за редефинирање на мнозинството, втор по декември 2001 година, пратеници што гласаат во скафандери, активната блокада и законите на брза лента со ЕУ-знаменце, строгиот офицерски пристап на спикерот Талат Џафери, вувузелите, летачките тацни и скршениот монитор во Собранието и по пратеничките плати качени за 78 отсто. „Не можете да споредите два ...

Во киоскот со натпис „чизбургер“, поставен до мегапаркот што го направи скопската градоначалничка Данела Арсовска во Општина Ѓорче Петров, одамна не бил направен и продаден ниеден сендвич. Тој служи како куќарка за неколкутемина чувари што на смени внимаваат на овој парк. Дваесет и четиричасовното обезбедување тука било потребно, ни рече дежурниот чувар, бидејќи локацијата е надвор од населено место и нема струја, што привлекува несакани ноќни ...

„Од фирма за долна облека до надзор над проект од 1,3 милијарди евра со позајмени експерти“ на Александар Димитриевски објавена на емисијата 360 степени денеска ја доби првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2023 година. Серијалот на истражувачки стории откри сериозни нерегуларности во тендерската постапка за избор на надзор врз најголемиот и најскапиот инфраструктурен проект во историјата на земјава – изградбата на ...

Граѓаните платиле над 13 милиони евра за издавање пасош во итна постапка за половина година, покажува анализата на БИРН, изработена според добиените податоци од Министерството за внатрешни работи. Од МВР побаравме одговори колку барања примиле за пасоши по месеци во редовна и во итна постапка, и колку од нив биле издадени од 1 септември 2023 година, заклучно со 15 март годинава. Добивме статистика по месеци само за пасошите во итна постапка и ...

„Ве сакаме какви што сте“ и „Јас сум збунет за мојот род колку што ти си збунет за твојот“ беа дел од пораките на денешниот протест на трансродовите луѓе во Скопје. Под мотото „Маршираме храбро – 5 години видливост“, транс-заедница и нивните поддржувачи маршираа по повод меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица кој е на 31ви март. Трансродовите луѓе имаат различен родов идентитет од полот кој им е означен при раѓање. Освен што се ...

Oбвинителството да внимава како ќе се трошат државните пари за изборни реклами кај порталите, предупреди денеска Зоран Трајчевски, првиот човек на медиумскиот регулатор, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Истиот ризик го препознава и Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), бидејќи не е регулирано како ќе се трошат околу 2,5 милиони евра наменети за партиско рекламирање ...

Историјата на транспарентноста на актуелната владејачка гарнитура почна со отворање на договорите за државна помош на странските инвеститори што нејзините претходници и политички противници ги заштитија како државни тајни, а завршува со криење и со барање механизми за заштита на нејзиниот најголем и најскап договор. Кога излегоа првите информации за договорот со „Бехтел и Енка“, новинарите беа заинтересирани да видат како и под кои услови ќе се ...

Изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ минатата недела дека би се кандидирал за премиерската позиција, но без претходно да даде оставка од функцијата шеф на државата, веднаш предизвика потреси. Во понеделникот, Уставниот суд го спушти на земја, но маневарот на Милановиќ можеби веќе го имаше посакуваниот ефект. „Од тоа што го слушнав, рејтингот на Социјалдемократската партија пораснал за девет процентни поени“, рече политичкиот ...

Признавам, jас сум една од оние стотици илјади што имале важечки пасош и не се сетиле да го сменат пред да влеземе во хистеријата со рокови. Но, не можете да ме обвините дека сум чекала до последно за да закажам за сликање. Закажав некаде при крајот на август. И тука ја направив клучната грешка, закажав во Беко. Не знам зошто толку инсистирав, веројатно затоа што секогаш таму сум вадела документи, во МТВ само еднаш, и тоа беше хорор. Веројатно ...

Обрасната во трева, со многу ѓубре наоколу, железничката станица во Кочани тоне во молк. Пруга има, вработени исто така, но возови нема. Повеќе од три години оттука нема отпатувано ниту еден патник. Единствениот воз дневно, како директна врска со главниот град, беше укинат во пандемијата. Затоа сега, околу станицата гравитираат само неколкумина нејзини жители, инаку наследници на некогашните железничари, кои живеат во становите, во склоп на ...

Во јули годинава застарува последниот судски предмет за Сашо Мијалков. Случајот е за набавката на опремата за прислушување за МВР, наречен „Трезор“. Пресудата, со која беше ослободен од одговорност, треба да се најде по вторпат пред скопските апелациски судии. Од Обвинителството, за БИРН, велат дека ќе ја обжалат ослободителната пресуда, иако сѐ уште не ја добиле. И додека да им се достави на обвинетите и на обвинителите и да помине рокот за ...

Владата ќе продолжи со праксата да изнајмува луксузни возила за високите функционери и да ги враќа по три години, иако Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека недостасува опсежна анализа дека овој модел на набавка, т.н. оперативен лизинг, е поисплатлив во споредба со купувањето автомобили. Службата за општи и заеднички работи, на 26 февруари распишала оглас за нова набавка на 45 возила од висока класа по пат на оперативен ...

Почитувани читатели, Секој од нас барем еднаш во животот имал потреба да отиде на лекар. Некој за утврдување на дијагноза, друг за хируршка интервенција, трет за одредување хронична терапија итн. И многу често, здравствените лавиринти знаеле да бидат толку заплеткани, па излезот се гледал во едно – да се даде мито. Во земја во која граѓаните немаат доверба во здравствениот систем, корупцијата е очекувана последица. Затоа и сакаме да ги слушнеме ...

Весниците добија гаранција дека и во иднина ќе примаат субвенции, откако вчера Собранието ги усвои измените на Законот за медиуми. Со овој чин, власта предводена од социјалдемократите, практично сврте цел круг во своите политики за медиумско финансирање. Прво ги забрани буџетските пари во приватните медиуми, а по седум години, сега таа го гарантира токму спротивното. Претходно, уште во 2018 година, изборите станаа нов и сериозен извор на ...

Тоа што дел од просторот на Драмски театар не остана на здружението „Неимар 13“, за вицепремиерот Фатмир Битиќи е изгубена можност. Вториот човек во владата ја потпиша одлуката за доделување дел од просторот на театарот на непознато здружение, основано од неговиот поранешен бизнис-партнер Глигор Михаиловски. Две недели подоцна, откако БИРН побара одговори за случајот, владината одлука беше поништена и просторот остана на Драмски театар. Во ...

Македонија одамна ја прогласи денационализацијата за успешно завршена приказна. Уште во 2013 година, тогашната влада се фалеше дека решила 30.000 случаи, во кои сопствениците на имотот национализиран во времето на Југославија, или го добиле својот имот, или добиле компензација во форма на државни обврзници. Меѓутоа, овој процес не е завршен за илјадници други што останаа заробени во навидум бескрајни правни процедури, кои се вртат во круг. Околу ...

„Ти не си можела фамилија да задржиш, па Тетово ќе го средиш“. Вака гласел првиот навредлив коментар на Фејсбук што го добила Елмедина Абдулахи кога се кандидирала за советничка на локалните избори во 2021 година. Абдулахи беше носителка на листата на граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“, која ја формирале четири сродни организации, вклучувајќи ја и нејзината организација „Мајка и дете“. Пред да влезе во политиката, Абдулахи беше ...

„Скопје 2014“ е еден од најскапите проекти спроведени во државата досега, со вкупна цена од над 700 милиони евра. Но, додека најголемиот дел од тие пари беа дадени за декорирање на градот со нови згради и за преоблекување на старите објекти во нови фасади, барем четири милиони евра досега се потрошени за објектите што веќе седум години имаат руиниран изглед. Град Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за култура и ...

Пред седум години, кога Нора имала 13 години, по кошаркарскиот натпревар се фотографирала пред огледало, облечена во спортски шорцеви и во кратка маичка. Оваа фотографија ја споделила со своите пријатели на Снапчет (Snapchat). Но, кога момче од друго одделение во нејзиното училиштето во Косово, без нејзина согласност ја споделило фотографијата, започнало злоставувањето. Постари девојчиња почнале да ја напаѓаат, а момчиња да ја сексуализираат. ...

Колку и да се раскарани политичките партии во Македонија, секогаш лесно наоѓаат заеднички јазик за една тема – како да земат повеќе пари од државата. Но, додека сумите што ги земаат за редовното работење, финансирање изборни кампањи и рекламирање во медиумите редовно го привлекуваат вниманието на јавноста, има еден трошок што е често под радарот, а се исплаќа веќе девет години. Имале активности или не, партиските истражувачко-аналитички центри ...

Групации со повеќе портали во обид да си ги зголемат можностите за заработка, сајтови со непознато сопствеништво или без наведен импресум, портали формирани неодамна, како и сајтови што не објавуваат дневни и политички информации – сето ова може да се најде на списокот од 249 онлајн-медиуми што се пријавиле во Државната изборна комисија за да земаат државни пари за партиски реклами, за време на кампањата за претседателските и за парламентарните ...

Aлатките со вештачка интилигенција може да се користат за измами, да претставуваат безбедносни закани и со голема брзина да креираат лажни вести и штетни дезинформации. Се случило да предизвикаат и самоубиство. Но, тие немаат само вакви негативни ефекти. Истовремено, некои од овие алатки помагаат побрзо да се открие говорот на омраза на интернет, а корисни се и во образованието, науката и при информирањето. Оттаму исклучително е важно и кој ги ...

Со поддршка на 64 пратеници, вчера доцна попладнето во Собранието се изгласаа измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Меѓу позначајните законски измени е тоа што го укинаа мораториумот за државно рекламирање на приватните телевизии, пракса што власта предводена од СДСМ ја прекина во 2017, а со закон ја забрани во 2018 година. „Членот 102 се брише,“ стои во измените прифатени вчера, со што за централната и за општинските ...

Законите за четирите стратешки инвестиции денеска се вратија во собраниска процедура, но без претставници на ДУИ. Нови владини претставници се вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за животна средина, Каја Шукова. Ова следува откако владата на вчерашната седница одлучи да ги повлече законите за четирите инвестиции. За нив досега владини претставници беа министерот за економија, Крешник Бектеши, и тогашниот премиер Димитар Ковачевски, а ...

Алатките на вештачката интелигенција масовно се користат меѓу македонските студенти, но факултетите и универзитетите немаат формални правила или препораки за тоа како да се употребува и како да не се злоупотребува оваа нова технологија. БИРН направи онлајн-анкета, на која стотина студенти ги споделија своите искуства, но и разговараше со неколку од нив, како и со неколкумина професори. Од нивните одговори произлегува дека како ќе се користат ...

„Скопје треба да има ново лице. Од град со сив, соц-реалистички стил, да направиме естетска природа“, говореше тогашниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, на презентацијата на новиот изглед на градот во 2010 година. Но, тоа не е почетокот на проектот, туку време, во кое веќе четврта година се бараат законски покритија за да поминат идеите за градење. Во годината кога ќе се постави огромната статуа посветена на Александар ...

Кога лани во ноември се продаваше имотот на Водно, конфискуван од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, единствените информации беа дека имало заплашувања при продажбата. Кратко потоа, јавното наддавање мина без никакви проблеми, и од Агенцијата за управување со одземен имот гордо изјавија дека становите се продадени и буџетот е побогат за неколку стотини илјади евра. Не се откриваа информации кој го купил овој имот сè до јануари, кога врз ...

Почитувани читатели, Со експанзијата на Chat GPT се очекува зголемена употреба на различни алатки во образовниот процес. Би сакале да слушнеме искуства на студенти, докторанди и магистранди за користење на алатките на вештачка интелегенција во текот на учењето и изработката на трудовите. Целта на овој прашалник е: Како да учествувате? За да го испратите вашето искуство, само пополнете го овој формулар. БИРН нема да објави никакви лични податоци ...

Дигитализацијата е тренди збор со години. Македонските власти, две децении постојано спроведуваат дигитални реформи, отвораат таканаречени едношалтерски пунктови и промовираат е-услуги. Но, драматична е разликата меѓу она со што се соочуваат граѓаните што ќе одлучат да ги користат е-услугите и тоа што сиве овие години се ветува и се рекламира како „дигитални реформи“. Јавните регистри сè уште се неповрзани, процедурите се сложени, дури се ...

Како никогаш досега, во предвечерието на двојните пролетни избори, партиските реклами ќе ги „окупираат“ телевизиските програми, бидејќи сосема е извесно сценариото, според кое, цели 18 дена ќе се совпаднат кампањите за пратеници и за претседател. Александар Даштевски, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), која е надлежна за изборната регулатива, за БИРН потврди дека теоретски е возможно, во прајм-тајм терминот на телевизиите, во ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $