Белград
11ᴼ /
10ᴼ
Речиси една третина од сите идентификувани жртви на трговија со луѓе во Македонија се деца, покажаа податоците што неодамна ги сподели Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за периодот од 2001 до 2021 година. Овие бројки ги потврдуваат и од самоодржливата организација Отворена порта. Превенцијата и едукацијата имаат клучно место во работењето на оваа организација преку својата СОС линија, како и бројни обуки ...
ЈСП треба да воведе нов слоган: „Секој ден нова авантура“. И нема да згрешат. Само што таа авантура не подразбира ништо возбудливо, туку е вознемирувачка и фрустрирачка. Урнисани планови за доаѓање на работа, за собирање дете или за завршување какви било обврски што вклучуваат јавен превоз неизбежно предвидува нервоза, чувства на бес и немоќ. Сѐ почесто, користењето на јавниот превоз во Скопје е искуство под секое достоинство. Автобуси има сè ...
Во 2022 година, „Ливија“, албанска студентка во Франција, слета на меѓународниот аеродром во Тирана со 30.000 швајцарски франци (над 30.000 евра) скриени во појас врзан околу нејзината половина. Се сеќава дека била вознемирена, но, сепак, успеала без проблеми да го помине обезбедувањето на аеродромот. На други две патувања до Тирана, таа прошверцувала вкупно 40.000 швајцарски франци (над 40.000 евра). Ливија, чие име е сменето за да се заштити ...
Анѓелче Гушев плови по Вардар 15 години. Како старешина на извидничкиот одред „Димитар Влахов“, тој е еден од предводниците на вардарската регата „Гемиџии“, манифестација што се одржува еднаш годишно. Најчесто се плови од Велес до Гевгелија, но годинава, од 20 до 26 јуни, современите гемиџии патуваа сѐ до Солун, рекреирајќи го трговскиот пат од 19 век, кога велешките стоки на овој начин стигнувале до големиот солунски пазар, а оттаму се носеле ...
Враќањето на државните реклами во приватните медиуми беше една од најголемите промени што се случија во домашната медиумска регулатива од почетокот на годинава. Тоа го забележува и Центарот за развој на медиуми, организација што долго време ја проучува медиумската сцена во земјава, во својот прв квартален извештај од мониторингот на носителите на одлуки во оваа сфера. Извештајот, кој беше издаден минатата недела, е насловен „наместо системски, ...
„Се чувствувам многу осамено речиси две години. Како што тргнаа работите, сега немам пријатели, ама во ред сум со тоа“, изјави за БИРН, Вангелис (49), грчки дизајнер и видеоуредник. Вангелис е разведен и има едно дете, но нема добри односи со семејството. Вели дека тешко стекнува пријатели и ја исклучува можноста за идни романтични врски со жени. „Не можам да развијам значајна комуникација со повеќето луѓе. Мислам дека не можам да најдам партнер ...
Наташа Јанчиќ-Менкоски најмалку еднаш месечно ја води својата шестгодишна ќерка, Петра, на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Скопје, бидејќи нешто кај неа предизвикува алергиски ринитис, односно поленска треска. Можеби инфекција, но најчесто тоа е загадениот воздух. Наташа, со куп медицински документи во рацете, нервозно чека. „Оваa документација не е од една година, туку за само од неколку месеци“, вели таа. ...
„Фентанил, Дух, Зуромин – овие зборови се симболи за отровот на 21виот век. Тоа се фентанилот и други наркотици, кои имаат смртоносни последици низ светот и во Полска“, рече Доналд Туск во видео изјава објавена на Х (поранешен Твитер) на 25 јуни. „Никој што е вмешан во оваа проклета дејност со наркотици нема да биде безбеден. Ќе ги фатиме. Тоа ви го гарантирам“, вети полскиот премиер. Видеото на Туск следеше по апсењето на пет лица, вклучително ...
Во близина на Рекорд, во центарот на Скопје, кафуле што гледа кон главната улица користи една од градските чешмички за вода како маса на која муштериите пијат кафе. Чешмата не функционира уште од пред отворањето на кафулето, кое работи речиси три години. „Сакавме да ја пуштиме чешмата и се јавувавме по институции. Испадна дека чешмата е исклучена бидејќи некој изградил цел систем за да краде вода од неа“, ни раскажа еден од сопствениците на ...
„Пензионери, багеристи, бравари, мајстори за гипс-картон… За сите нив заедничко е тоа што имаат празни сметки“. Со овие зборови, судијката за организиран криминал и корупција, Даниела Димовска ја почна објавата на пресудата за дванаесеттемина луѓе и фирми што признаа вина oд вкупно 40-тина обвинети во предметот за даночно затајување „Синџир“. Тоа е еден од предметите на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со најголема ...
Рачните часовници денес повеќе служат да го покажат имотниот статус отколку точното време. Впрочем, дигиталните часовници на телефоните се далеку попрецизни и од најдобриот „ролекс“ и од најскапиот „патек филип“. Оттаму се подразбира интересот на јавноста за скапите часовници што новиот премиер Христијан Мицкоски ги пријави во имотниот лист во Антикорупциската комисија. Според информациите што тој ѝ ги дал на Антикорупциска, премиерот поседува ...
Kога во февруари годинава се подготвуваше теренот за пролетните претседателски и парламентарни избори, Државна изборна комисија пресмета рекордна сума пари наменета за платено политичко рекламирање. Тогаш пресметките покажаа дека за двојните избори од буџетот за медиумите ќе се издвојат 10,6 милиони евра. Но, два и пол месеца по завршувањето на гласачкиот процес, овие пари ги нема. Од Државната изборна комисија велат дека досега се исплатени ...
Да се најде Стојанче Ангелов во канцеларија е реткост, особено во летниот период, а уште повеќе во лето како сегашното, во кое брановите на пожари и на силни невремиња не доаѓаат наизменично, туку се испреплетуваат (Серта, на пример, продолжи да гори додека скопски Аеродром се поплавуваше). Честите теренски посети, пренесувани во живо или споделувани на социјалните мрежи, станаа главна карактеристика на неговото досега тригодишно директорување ...
Во дворот на објектот што личи на стар студентски дом, дваесетина Непалци одмораат по напорниот, речиси десетчасовен работен ден на едно од скопските градилишта. Сонцето полека ја губи силата, па седењето надвор е многу попријатно, отколку жешкиот воздух во собите каде изминатите два месеца живеат овие луѓе. Дојдени се на печалба во земја, за која низ смеа потврдуваат дека не знаеле ни каде се наоѓа, се додека не нашле работа тука. Процесот бил ...
Досегашниот тек на летото во Македонија беше на бранови: топлотен бран уште пред почетокот на календарското лето, па бран невремиња на крајот на јуни и почетокот на јули, па уште посилен топлотен бран проследен со силни пожари на отворено. Во ваква состојба климатските експерти веќе не мораат да предупредуваат за „можните“ последици од промените на климата, бидејќи тие веќе се случуваат и се очигледни. Едно од најважните прашања во моментов е ...
Досегашниот тек на летото во Македонија беше на бранови: топлотен бран уште пред почетокот на календарското лето, па бран невремиња на крајот на јуни и почетокот на јули, па уште посилен топлотен бран проследен со силни пожари на отворено. Во ваква состојба климатските експерти веќе не мораат да предупредуваат за „можните“ последици од промените на климата, бидејќи тие веќе се случуваат и се очигледни. Едно од најважните прашања во моментов е ...
Активисти беа напаѓани во медиуми, се организираше голем протест пред Соборниот храм во Скопје, „паѓаа“ тешки зборови и се ширеше говор на омраза низ социјалните мрежи. Конзервативни групи ги напаѓаа ЛГБТ-активистите и трансродовите луѓе, односно оние што се идентификуваат со различен род од полот што им бил одреден при раѓањето. Повод за жестоката дебата минатата година беа предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Додека ...
Првиот сериозен топлотен бран годинава дојде во јуни, уште пред почетокот на календарското лето. По него следуваа невремиња што предизвикаа штети во повеќе градови. Високите температури, како и честите и нагли промени, повторно во јавноста предизвикаа коментари дека „ова лето е како ниедно досега“. Сепак, луѓето што ги проучуваат климатските промени, одамна предупредуваат дека непредвидливоста, како и зачестеноста на т.н. екстремни настани ...
Во 2020 година, Адријана Петковиќ направила обично селфи во нејзината бања, во малиот град Књажевац, во источна Србија. Четири години подоцна, оваа фотографија стигнала до нејзиниот сопруг од колега на работа, кој, пак, ја добил од друг колега. На фотографијата, Петковиќ била „соблечена“ од АI (artificial intelligence/вештачка интелигенција), со што почнал нејзиниот кошмар. „Јас сум мајка на две мали деца. Имам семејство, родители, стабилен и ...
„Секогаш е предизвик да се биде новинар во Палестина, но оваа војна е најлоша, на сите нивоа. Ова е многу брутална војна“. На овој начин, Рихам Абу Аита, проверувачка на факти од Палестина, ја опиша состојбата низ која поминуваат новинарите и медиумските работници од лани, 7 октомври. Девет месеци поминаа од нападот на милитантната исламистичка палестинска група Хамас на израелската погранична област, кога беа убиени околу 1.200 луѓе и земени ...
Една од жешките теми во јавноста е дестинацијата од каде пристигнува заемот вреден милијарда евра, што го најави премиерот Христијан Мицкоски брзо по изборната победа. И додека во фокусот се недемантираните гласини дека финансискиот договор ќе се склучи со Унгарија, малку се говори за што всушност ќе се потрошат големите пари. Токму на оваа тема, меѓутоа и за судбината на популарниот проект Мој ДДВ и за креирањето на постојано растечкиот буџет ...
За основање партија во Македонија потребни се 1.000 потписи, а за истата таа партија да биде финансирана од државниот буџет, доволни може да бидат само стотина гласови добиени на локални избори во некоја општина. На овој начин, 93-те гласа во Берово на локалните избори во 2021 година, на малата конзервативна партија Родина ѝ донесоа годишен приход од над 60.000 евра во следните четири години. На сличен начин, иста сума државни пари за работа ...
За помалку од една и пол година, телеграм-каналот Словенски Медведи привлече повеќе од 54.000 следбеници, објавувајќи илјадници видеа и десетици илјади фотографии, кои ја застапуваат позицијата на Кремљ за Украина, Балканот и за други прашања. Каналот Словенски Медведи, основан во јануари 2023 година, една година по почетокот на целосната руска инвазија на Украина, вели дека неговата цел е да биде „гласот на Русија во Србија и гласот на српскиот ...
Видео од возач како развива 238 километри на час на автопатот покрај скопскиот аеродром може да се најде на социјалната мрежа Тик-ток. Во друго видео, совозач снима претекнување со голема брзина на скопската обиколница. Има и објава во која македонски корисник на Тик-ток сам се снимал како на пат, кој според формата и теренот изгледа како делницата меѓу Велес и Штип, развива брзина од 201 километар на час. Со кратко пребарување на оваа и на ...
„Законите се како колбаси. Подобро е да не знаете како се прават“. Оваа мисла, која му се припишува на германскиот политичар од 19 век, Ото Фон Бизмарк, два века подоцна, особено се цитира кога се говори за непринципиелни политички договори и за дубиозни законски решенија. Можеби на граѓаните не им е секогаш докрај јасно што сѐ се „става“ во законите, но главните „готвачи“ во политичките кујни добро знаат. Знаеја и македонските пратеници, кои во ...
Македонската држава не престанала да „инвестира“ во имиџот на прибежиште за лица од потерниците, опскурните бизнис-шемаџии и за дискутабилно стекнатиот капитал, иако помина деценија од скандалот со Субрата Рој, кој беше промовиран како економски месија додека Индија го бараше за сериозен финансиски криминал. Поранешниот премиер Никола Груевски, и покрај искуството со Субрата, планираше дел од територија на државава да ја прогласи за еден вид ...
Оваа сабота, ЛГБТИ+ заедницата и нивните поддржувачи, по петти пат ќе излезат на Парадата на гордоста, симболичен марш за зголемување на видливоста, прифаќањето и правата на оваа заедница. Бројни истражувања документираат дека македонските граѓани сè уште се крајно хомофобични и трансфобични. На пример, големото Европско општествено истражување покажа дека 61 отсто од испитаниците би биле засрамени доколку член од нивното семејство е геј или ...
„Изборниот пораз на СДСМ на парламентарните и претседателските избори во значителен дел се должи на демотивираните прогресивни гласачи, уморни од неисполнетите ветувања на ЕУ за побрзо пристапување“ вели за БИРН поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев. „ЕУ не нe` предаде“, вели тој, но нагласува дека „тие не ги исполнија сите обврски“. Конференциската сала на Конзерваториумот во Атина вечерта на 17 јуни беше преполна додека Заев и ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ангажирала тројца надворешни советници како дел од својот претседателски кабинет. Нивните имиња се уште не се објавени на официјалната интернет-страница на претседателката, иако помина повеќе од еден месец откако таа е на функцијата. На барање на БИРН, претседателскиот кабинет ги соопшти имињата на советниците. Сиљановска-Давкова го ангажирала Жидас Даскаловски, професор по управување со човечки и ...
Пред две лета, Српската православна црква (СПЦ) го призна постоењето на МПЦ и со томос ја изедначи на себе, ставајќи крај на повеќедеценискиот спор. Владееше уверување дека Вселенската патријаршија, со симнувањето на шизмата (отпадништво од црковната заедница) и српската црква со томосот, го расчистиле патот, православниот свет целосно да ги прифати Македонската православна црква и нејзините следбеници. Оттаму изненадување е благ збор за да се ...