Кога политичките партии би функционирале само со парите што ги добиваат од донации, едвај би врзале крај со крај. Но, затоа тука е редовниот финансиер – државата, која со години исплаќа милиони евра за нивното работење. Условот за партиите да ги добијат тие пари е редовно да поднесуваат финансиски извештај за претходната година. Партиите ја исполнија обврската што произлегува од Законот за финансирањето на партиите и која налага јавност и ...

Што се дигитални права, кој и како ги прекршува, и зошто е важно да се следи и да се известува за нивната примена? Како да ги препознаете проблемите во оваа област, да подготвите стории и да добиете менторска и финансиска поддршка за нивната изработка и објавување? БИРН организира тридневна обука наменета за новинари, a дизајнирана да одговори на зголемената загриженост за кршењето на дигиталните права на Балканот, обуката, која ќе се одржи во ...

Кога Реџеп Таип Ердоган победи на своите први избори во 2002 година, тој беше перспективен конзервативен демократ. Дваесет и една година подоцна, тој в недела ќе се соочи со најтешките избори досега против обединетата демократска опозиција. Турција драматично се промени за време на владеењето на Ердоган. Во текот на првите десет години, земјата стана ЕУ кандидат, почна со одамна задоцнетите реформи, економијата напредуваше и стана ценет партнер ...

Опозицијата и „огнените“ секојдневно го напаѓаат портретирајќи го како ѓаволот лично, медиумите и социјалните мрежи „пламнуваат“ на неговите некогаш неодмерени изјави, а обичниот народ сè повеќе го доживува како најмоќниот политичар во Македонија. Тој, пак, ербапски, со подвиткани ракави од белата кошула игра кошарка и фудбал на мали голчиња со колегите во кабинетот. Со џокеровска насмевка ги боцка новинарите дека само уште за времето не го ...

„Поразително е за нашето општество ако прифатиме за нормално странски работници тука да бидат третирани како робови“, вели во разговор за БИРН, Зоран Василески, долгогодишен активист и правен советник при Хелсиншкиот комитет за човекови права, околу актуелните случувања со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. По повод Први мај, Меѓународниот ден на трудот, БИРН разговараше со Василески во неговата канцеларија. Тој и другите советници ...

„Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи ИТНА седница за избор на претседател“. Големите букви од најавата за итна седница на Судскиот совет закажана на 26 април, денеска се загубија во молк по информацијата за откажување на седницата. На неа требаше да се избира нов претседател. Итноста на новата седница, всушност, тргна токму од денот кога надвор од процедура, Весна Дамева беше „детронизирана“ од функцијата со „преземање на ...

Обвинителката Искра Хаџи-Василева, осум години работи како јавен обвинител. Таа е академец од петтата генерација во Академијата за судии и јавни обвинители. Колегите за неа не штедат добри зборови како човек и како професионалец. Срдечна, умерена во тонот и внимателна во изборот на зборови, обвинителката остава впечаток дека е своја на своето. Тоа го објаснува со природата на работата, која е многу сензитивна. Во интервју за БИРН вели дека, ...

За одењето на печалба во странство, или за целосното иселување, се зборува уште во народни песни и приказни од 19 век. Но, ако порано се пеело како цело село испраќа некого на „параходот“ , сега никој не останува во селото кога заминуваат полните автобуси. Во последниве три до четири години, од вкупно 19 дејности, за кои Државниот завод за статистика води евиденција, во 13 има забележано двоцифрено намалување на работната сила. Најмногу ...

Сѐ можеше да очекува Бојан Шашевски, тој септемвриски ден, 2020 година, но не горчлив пораз кога ja однесе својата ќерка во Градскиот парк во Скопје. Убавиот ден надвор намами многу семејства, а неговата ќерка се качи на мини-вртелешката, заедно со уште две деца, на околу 6-7 години. „Почнаа да ѝ зборуваат нешто. Дарија (сѐ уште) не може да им врати, има аутизам. Ја гледаа како се радува на вртелешката, како ја изразува радоста со рацете во вис. ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан годинава ја скрати прославата на 15 Март, Националниот ден на Унгарија, бидејќи мораше да се подготви за патување на југ, да присуствува на невообичаен самит на Организацијата на туркиски држави (ОТД) во Анкара. Тоа е лабав сојуз на земји со муслиманско мнозинство, во кои се говорат туркиски јазици и се состои од четирите централноазиски држави – Казахстан, Киргистан, Азербејџан и Узбекистан, додека Турција, ...

Законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, во земјите од Западен Балкан се стари повеќе од една деценија. И покрај тоа што речиси сите земји каде што БИРН врши мониторинг имаат закони што се сметаат за добро формулирани, нивната вредност често е само на хартија, истакнаа говорниците од регионот на панел-дискусијата на БИРН „Слободен пристап до информации од јавен карактер на Балканот: неодговорени повици“. Планираните законски ...

„Така ви требаше, малку ви направија“… порака со ваков контекст била запишана во книгата со впечатоци во Меморијалниот центар на холокаустот во Македонија. Сега веќе ја нема. Кога ќе видат ваков тип пораки, вработените во Фондот на холокаустот ги менуваат книгите што стојат во музејот и во кои посетителите ги внесуваат своите впечатоци. Тоа го прават за да не се шири антисемитизмот понатаму и на идните посетители. Таа куса порака полна со омраза ...

Кога крупен градежник ќе купи нива, логично е да се очекува дека на неа ќе никне зграда. Наскоро тоа може да се случи во населбата Лисиче, каде што двајцата сопственици на познатата компанија „Голден арт“, Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, имаат во сопственост пет катастарски парцели со вкупна површина од 1.181 квадратен метар, заведени во имотниот лист како ниви. Тие, со новиот детален урбанистички план што сѐ уште е во подготовка, треба да ...

Тоа што лани уставните судии одлучија дека е неуставно работниците да работат по 60 часа неделно на новите автопатишта, изгледа дека не е доволно силен аргумент за 10 пратеници предлагачи, да се обидат да „протнат“ слична законска одредба. Но, не во посебниот Закон за утврдување јавен интерес и номинирање стратегиски партнер за коридорите 8 и 10 д, туку во Законот за работни односи. Целта ја правдаат со овозможување непречена работа на ...

Измени на девет закони поврзани со автопатиштата што треба да ги гради „Бехтел и Енка“ се ставени на дневен ред на собраниска седница закажана за в понеделник. Сите измени се по предлог на група пратеници од владејачкото мнозинство и ќе се носат по скратена постапка. Во сите случаи со исто објаснување – „не се работи за обемен и сложен закон“. Ќе се менуваат законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, ...

„Платформа за споделување видеа“ и „видео создадено од корисник“ се две од повеќето нови категории што се воведуваат со измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои ја поминаа фазата на јавни консултации. Измените на законот се подготвуваат за тој да се усогласи со европската Директива за аудиовизуелни услуги. Директивата, како и законските измени што се прават во Македонија според неа, се обид на Европската Унија да воведе ...

Влезот во Јавното обвинтелство | Фото: БИРН Беше ноември 2018 година, кога државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, на брифинг со новинарите соопшти дека скопското обвинителство почнало да истражува дали некој неовластено ги снимал телефонските разговори во Јавното обвинителство, Скопското обвинителство и во Вишото скопско обвинителство, како и дали снимките биле изнесувани или злоупотребувани. Неодамна, скопски обвинител ја запрел ...

Единствената порта за да се стане судија или обвинител во Македонија е преку Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Друг пат – нема. Oние што сакаат да делат правда или да гонат криминалци, мора да поминат неколку филтри на проверка. Освен правен факултет, искуство и познавање странски јазик, на патот им се поставени и две големи „рампи“, психолошки тестови и тестот за интегритет. Тие „барикади“ се на самиот почеток на ...

Резултатите од парламентарните избори во Бугарија, петти во последниве две години, не донесоа големи изненадувања за првите две позиции според освоените гласови, ниту пак појасна слика за можната идна влада. Последните податоци од речиси сто отсто обработени гласови покажуваат дека најмногу гласови 26,57 отсто освоила коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов. Вторa, со 24,66 отсто е коалицијата „Продолжуваме со ...

Станбен објект од четири стана. Ова е описот на таблата пред едно ново градилиште во скопската населба Пржино, каде што се подготвуваат темелите. Објектот не е ниту куќа, ниту зграда, односно на хартија е куќа, а во суштина зграда, какви што има десетици во неговото опкружување и стотици на ридските населби во подножјето на Водно. Оваа има четири стана поради одлуката на општинскиот совет на Кисела Вода, од април минатата година, дека на местата ...

„Многу ми беше страв и во главата постојано правев резервни планови во случај фамилијата да ме отфрли, ако се аутирам како транс маж“, вели во разговор со БИРН, Петар [не е неговото вистинско име], млад трансродов маж од југоистокот на Македонија. По раѓањето му бил доделен женски пол, а сега по транзицијата има машко име, кое нема да го објавиме за да му го заштитиме идентитетот. Петар расте во религиозна и конзервативна средина и затоа ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека, „следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатиштата, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвориле предмет по допрен глас“. Ова следува по серијата новинарски истражувања што ја почна БИРН, со кои се откриваат спорни елементи кај фирмите од конзорциумот на ИРД, кои отвораат сомнеж за корупција. На ...

Марина [не нејзиното вистинско име] живее во постојан страв дека видеото може повторно да се појави. „Напиши „Марина од Белград“ на Порнхаб“, ѝ рекол нејзиниот поранешен дечко, една година откако раскинале. Нејзиниот свет се урнал кога го видела порнографското видео од себе. „Почнав да плачам и да го прашувам зошто го направил тоа, кога било снимано. Бев толку исплашена и збунета“, изјави Марина за БИРН. Марина ѝ се доверила на својата сестра и ...

Видео од 20 секунди е првата информација за изградбата на коридорот 8. На 26 јануари 2021 година, тоа го објави вицепремиерот Артан Груби на својот фејсбук-профил, веднаш по седницата на владата. Видеото со мотото „ветувањата се исполнуваат“ до сега доби вкупно 337 лајка. Во тоа време, јавноста е оптоварена со ковид-пандемијата, мерките за заштита, броењето починати и со неизвесната вакцинација. Практично, најголемиот инфраструктурен и воопшто ...

Претседателските избори во Црна Гора, на 19 март би можеле да бидат судбоносни за претседателот Мило Ѓукановиќ и неговата Демократска партија на социјалистите, ДПС, кои се борат да го запрат двегодишното губење нa поддршката. Партијата што доминираше во Црна Гора речиси три децении, на парламентарните избори во август 2020 година загуби од нестабилната коалиција сочинета од три поранешни опозициски блока. Политичкиот пад на долговладејачката ...

Гласачко место во Подгорица на парламентарните избори во април 2020 | Фото: БИРН/Самир Кајошевиќ Црногорското основно јавно обвинителство во Подгорица отвори истрага против тројца претседателски кандидати поради користење лажни потписи за поддршка. „Обвинителството отвори истрага откако граѓани и невладини организации поднесоа повеќе од 90 кривични пријави за фалсификување потписи за поддршка на претседателски кандидати. Потписите што се ...

Сите членови од исто семејство, во рок од една година пријавиле дека ги каснало куче во различни пригоди, барале и добиле отштета. Ист човек двапати пријавувал дека го напаѓало бездомно куче и добил пари. Обесштетени биле повредени за кои докторите не биле сигурни дека се каснати. Лекарите, наместо шифрата за напад од куче, во медицинската потврда им впишува шифра што означува само потреба за имунизација. Ова се сомнежите на луѓето што ...

Шести март, понеделничка квечерина во Скопје. Две цвеќарки го подготвуваат дуќанот за следните два дена – најпрометни во годината, по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената. Некој купува во претпоследен момент, некој во последен, велат. Дел од нивните цвеќиња завршуваат во рацете на наставничките во локалното училиште, слично како и во речиси сите места во земјава. Заедно со тоа, многу од нив ќе добијат и чанти, марами, накит, комплети книги, ...

Дејвид Гир стапи на должност амбасадор на Европската Унија во екот на пандемијата со вирусот корона, во септември 2020, речиси една година по француското вето и во предвечерието на првата бугарска блокада за пристапните преговори со ЕУ. Во меѓувреме, покрај предизвиците од пандемијата што ги соголија сите слабости на здравствениот и образовниот систем, жестоко ескалираа тензиите со Бугарија, експремиерот Заев реши да ја напушти политичката ...

Истрагите и судењата на партиски функционери секогаш се во фокусот на јавноста. Но, кога станува збор за функционерите на ДУИ, нивниот резултат се најчесто маратонски судења, ослободувања или условни казни. Дали правдата важи за луѓето на ДУИ, ја прашавме партијата да го реафирмираат својот став даден за БИРН по повод 20 години политички стаж. Од таму тогаш ни рекоа дека не се сложуваат со тоа дека нема одговорност за нивни функционери и оти ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
68%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 16ᴼ
2.06
62%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.09
70%
1023
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
84%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
60%
1023
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1019
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1020
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
57%
1024
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
55%
1025
Currency

61.535

Currency

54.11

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65