
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени, ќе ја гради петкатницата зацртана близу хотелот „Ибис“ во строгиот центар на Скопје, односно во градежно атрактивната зона позната како Мал ринг. Веста дека на местото од уште едно паркче ќе се гради станбен објект ги вознемири граѓаните што живеат во соседната зграда и уживаат во она што преостанало од зеленилото пред своите ...
„Кој стои зад финансирањето на бугарските клубови во Македонија и на клубот на Македонците во Бугарија?“, реторички праша деновиве македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи. Оваа информација, по која најави дека трага, самиот ја одговори ден подоцна. За македонскиот клуб во Благоевград, Османи рече дека го финансира македонско здружение од Канада. За бугарските клубови „Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, министерот не понуди ...
Галијата кај МЕПСО две години е на суд | Фото: БИРН Галијата кај МЕПСО уште долго ќе собира сѐ што носи Вардар со себе. Дрвениот брод, кој формално се води како урбана опрема за вршење угостителска дејност и кој никогаш не проработи, ја чека судбината што ќе му ја одреди Управниот суд. И тоа по третпат. Вишиот управен суд, пред неколку дена одлучи да го врати од почеток судењето за отстранувањето на галијата од коритото на Вардар. А сѐ почна во ...
Македонија и годинава, како и годините пред тоа, е на дното на листата што мери колку граѓаните им веруваат на лажните вести. Прашањето е како тие да препознаваат на кого треба да му веруваат кога ги читаат информациите. Дали секое пишување на социјалните мрежи е новинарство? Има ли разлика меѓу професионален новинар и некој што пишува и објавува на социјалните мрежи? Ако има, тогаш што е тоа што ги разликува, ги прашавме искусните новинари ...
Во Србија, водачот на југословенските партизани од Втората светска војна, Јосип Броз-Тито и водачот на четничкото движење Драгољуб „Дража“ Михајловиќ, не се само личности од историските читанки и од старите филмови, тие во друштвени игри сè уште можат да се најдат како се борат еден со друг, лице в лице. Во играта наречена „Генерал Дража“, учесниците можат да изберат да бидат партизански команданти или нивни ривали четници и да ги водат своите ...
Јавното сообраќајно претпријатие, со години бесплатно ги превезува пензионерите, студентите, средношколците и други групи граѓани. Властите, во обид да добијат повеќе симпатии, или постојано додаваат нови категории граѓани што се возат бесплатно, или, пак, замижуваат на загубите и не ги укинаа ваквите бенефиции и тогаш кога им се затекнати. Претпријатието со години е зависно од државните и од градските субвенции, кои ако ги нема, вработените би ...
Повеќе од една година, владата не ги објавила податоците за своите и за трошоците на министерствата и на највисоките функционери, како премиерот, министрите, нивните заменици и државните секретари. Во 2018 година, власта предводена од тогашниот премиер Зоран Заев постави алатка за отчетност на владиниот сајт, што требаше да претставува реализација на нејзините силно промовирани политички заложби за поголема транспарентност. Алатката е всушност ...
Претставниците на граѓанските организации во Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја бојкотираат работата на ова тело од март годинава. Сепак, и покрај одлуката за бојкот, одржaле вонредна седница на шести октомври, но само за да изградат заеднички став што ќе се прави понатаму. Дали бојкотот ќе прекине, зависи од подготвеноста на власта да се сретне и да најде заеднички јазик со членовите на Советот. Тие побараа средба со ...
Четири години откако саудискиот новинар Џамал Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, неговата сопруга повторно бара од Турција да ги предаде уредите што му припаѓале, бидејќи верува дека тие може да ѝ помогнат во судскиот случај што го води во САД против производителот на спајверот Пегасус. Ханан Елатр, која стапи во брак со Кашоги во САД, во јуни 2018 година, се сомнева дека клиент на НСО Груп, компанијата што го произведува ...
Унгарија го зголеми буџетот на разузнавачките агенции | Фото: Фејсбук-страницата на Виктор Орбан Во последниве неколку недели, милиони Унгарци добиле официјален формулар што треба да го пополнат за десетгодишниот попис на државата. На унгарските социјални мрежи следуваше наплив на анксиозност, понекогаш дури и отворена параноја. Зошто владата на премиерот Виктор Орбан толку детално се распрашува за домувањето, животниот стандард и за други ...
Како и многу работи на Балканот, „југоносталгијата“ не може да се објасни едноставно. Комбинацијата на зборовите „Југославија“ и „носталгија“ е термин, кој на почетокот може да изгледа дека се однесува на нешто повеќе од безопасен, желен копнеж за социјалистичка Југославија на некои луѓе што живеат во нејзините поранешни држави. Сепак, југоносталгијата е комплексен феномен што постојано се развива. Кога фразата беше измислена во раните 1990-ти, ...
Антологиски 20 продолженија за само една комисиска седница во парламентот. Заглавена е една точка – изборот на тројца уставни судии. Оваа комисија е најважната меѓу партиската делба во парламентот – своевиден пандан на социјалистичкото „кадрово“ одделение, кое одлучуваше кој ќе напредува во кариерата. А таму една година се одвива вербален маратон на македонски начин, кој од седница во седница е сѐ порепетитивен и поздодевен, како да е изморен ...
Кога престанува борбата против бетонизацијата на една локација во Скопје? Најчесто, кога ќе заврши и самата бетонизација што е предмет на таа борба, односно ќе се изгради, ќе се всели и ќе почне да функционира објектот против кој се реагира. Со други зборови – кога ќе се признае поразот. Зачудувачки е што речиси нема населба во главниот град каде што не се одржал барем еден протест против изградба на зграда организиран од локални жители или од ...
„Логично е следните избори да дојдат неколку месеци по локалните избори“, изјави неодамна Христо Иванов, копретседател на либералната коалиција Демократска Бугарија, за интернет-страницата Dnevnik.bg, што би значело дека тие би се одржале во ноември 2023 година. Неколку минути подоцна, тој додаде дека изборите може да се одржат дури и напролет. Должност на политичарот е да гледа чекор напред. Иванов, сепак, гледаше два чекора напред, бидејќи го ...
„Како лице со документ за трајна неспособност поседува безбедносен сертификат?“ Неколку дена по ред, од партиската говорница во ВМРО-ДПМНЕ ова го прашува пратеникот Драган Ковачки. Тој алудира на документот што го објави, а со кој тврди дека премиерот Димитар Ковачевски, пред 22 години во воената евиденција е заведен како трајно неспособен за служење војска. Во жестината на обвинувањата, премиерот Ковачевски му одговори на Ковачки, исто така, ...
Четвртите парламентарни избори во Бугарија одржани во последнава година и пол го пресликаа истото расположение на бугарските граѓани, како и во претходните три циклуси – крајно поделено меѓу сосема спротивставените политички опции, проевропски и проруски, концентрирани околу Бојко Борисов и собрани против него. Ваквата постизборна слика ја намалува можноста за формирање стабилна влада, нешто што се случуваше и по претходните избори. Апатијата на ...
Синиша Мали е српски министер за финансии, еден од најблиските соработници на српскиот претседател Александар Вучиќ. Во регионот, меѓу другото, го знаат и по скандалот со неговиот докторат. Во декември лани, Сенатот на Универзитетот во Белград, по втор пат му ja поништи докторската дисертација од 2013 година, со образложение дека е плагијат. Академската заедница во Србија по оваа одлука коментираше дека покажале оти се доследни на принципите на ...
Со наводен проект за изградба на комплекс за возрасни, Бојан Јовановски измамил двајца бизнисмени, а со парите што нивните фирми ги уплатиле, ги финансирал телевизијата „1ТВ“ и невладината Меѓународен сојуз и купувал лични предмети. Ова накратко е епилогот на вториот предмет за шоуменот Боки 13, по пресудата која попладнево од Кривичниот суд ја изрече судијката Софче Гаврилова-Ефремова. Со неа, тој е осуден на казна затвор од девет години, ...
Националниот електропроизводител Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со години го носи епитетот златна кокошка во македонската економија, особено во оној дел што е под државна капа. Спроведувајќи годишни планови за јавни набавки вредни од 200 до 300 милиони евра (според извештаите објавени од компанијата до 2020 година), таа врти суми што ретко која институција, јавно претпријатие или државна компанија може да ги замисли. Освен што има толку ...
Средното богословско училиште и средното исламско училиште да бидат дел од државниот систем, да бидат финансирани од буџетот, а нивната наставна програма да биде под контрола на институциите, се предвидува во предлог-закон, кој минатата недела беше ставен на седница на собраниската комисија за образование. Седницата не се одржа, па поради тоа и предлогот поднесен од пратеничката група на ДУИ не стигна на дневен ред, но останува за следната ...
Европската комисија, во петокот го усвои европскиот акт за слобода на медиумите, чија цел е да го заштити медиумскиот плурализам и уредувачката независност во медиумите, во земјите-членки на Европската унија. Мерката е дел од ветувањата на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, кои ги даде во нејзиниот говор минатата година. Едно од тие ветувања беше да се запре постојаното влошување на медиумскиот плурализам во Европа, порастот на ...
Две новоформирани микрокомпании од Скопје, веќе трет месец учествуваат во спасувањето на Македонија од последиците на светската енергетска криза преку милионски договори склучени со државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за увоз ен јаглен за РЕК Битола. Тие се вклучени во планот на државата да го зголеми домашното производство на струја за 20 отсто. Кога станува збор за набавките на јаглен и на други енергенси, претставници на ...
Градот Скопје, три години по ред, и во времето на Петре Шилегов и сега во мандатот на Данела Арсовска, одвојувал и ќе одвои илјадници евра за кампањи, чија цел е да ги запознаат граѓаните со активностите на локалната власт и за зголемување на свеста за теми од јавен интерес. Шилегов како градоначалник ги спровел информативните кампањи во втората половина од мандатот, за првата кампања платил околу 40.000 евра, а за втората, која одела во изборна ...
„Пријателските натпревари не се дел од натпреварувањата на УЕФА и како такви не се дел од надлежноста и одговорноста на УЕФА“, изјавија за БИРН од официјалната асоцијација на европскиот фудбал. Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, во петокот го прифати пријателскиот натпревар со селекцијата на Русија, закажан за 19 ноември, кој предизвика поделени реакции во Босна. „Предложениот пријателски натпревар не е во спротивност со одлуката на ...
Откога Македонија стана независна, пред триесет и една година, политичарите од сите поголеми партии кажуваат иста реченица – стратегискиот интерес на државата е да бидеме членка на Европската Унија и на НАТО. Тоа го повторуваа и единаесетте премиери што ги водеа владите во самостојната држава. Денес Македонија е на нешто повеќе од половина пат во исполнувањето на евроатлантските заложби. Земјава е членка на НАТО и одржа прва меѓувладина ...
Како млад обвинител со шестгодишен обвинителски стаж, Гаврил Бубевски во 2015 година беше изборот на Катица Јанева во специјалното јавно обвинителство. Таму дојде од Скопското обвинителство, каде што гонел измами, даночни затајувања, убиства, разбојништва… Во СЈО, четири години гонеше криминал што произлегува од „бомбите“. Работеше на неколку предмети: „Трансмет“, „Шамарите во Центар“, „Титаник 2“, „Моќник“, истрагите за „Актор“ и „Подарок“. ...
Според политичкиот систем на Бугарија, која е парламентарна република, претседателите ретко оставаат значајна трага бидејќи најголемото внимание е резервирано за премиерите. Oва се смени со претседателот Румен Радев, кој има зголемено влијание врз националната политика и потенцијално врз геополитичкото позиционирање на Бугарија во однос на оската Запад-Исток. Се чини дека контрадикторноста и подготвеноста да се напушти еден политички партнер за ...
Додека во киносалата на Музејот на современа уметност во Скопје се презентираше новиот Детален урбанистички план, според кој, целиот простор околу тврдината Кале и музејската зграда ќе биде зеленило, а куќи и други објекти нема да има, на уличката подолу, багер копаше темели за нов објект на државно, неизградено и зелено земјиште. Така, во еден круг од педесетина метри беше пресликана вечната разлика меѓу хартијата и реалноста, што стана ...
До август 1992 година, Градското собрание служеше како национална библиотека, каде што беа сместени повеќе од два милиони книги, списанија и ракописи со неизмерна културна и историска вредност. „Сараево беше изложено на силно гранатирање на 25 август 1992 година и „половина од градот гореше“, изјави за БИРН, Омер Шетиќ, еден од првите пожарникари што пристигнале до пожарот. Набргу по пристигнувањето на пожарникарите, Шетиќ и неговиот тим сфатиле ...
Во 1990-тите го нарекуваа „бугараш“, а тој противниците „србомани“. Триесет години подоцна е во коалиција со наследниците на некогашниот Сојуз на комунистите, а, според новите критериуми на неговите некогашни сопартијци, би влегол во категоријата „предавник“, иако, за волја на вистината, голем дел од нив немаат храброст тоа гласно да го изговорат. „Кога ќе се потсетам на раните 90-ти години, таквите етикетирања беа со висока фреквенција. Сега ...