
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Би сакале да слушнеме искуства од разведени/разделени родители во Албанија, Србија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска на кои им била одобрена алиментација за нивните деца. Скролувајте надолу за повеќе информации за тоа како да учествувате. Клучните работи што сакаме да ги дознаеме: Ние нема да објавуваме никакви документи или имиња без претходна согласност и не планираме да користиме конкретни примери, туку да ...
Кога Илон Маск го претставуваше новиот модел на електричниот автомобил „тесла“ во 2016, во Калифорнија, на сцената во заднина свиреше музиката на еден Хрват, за кој малкумина чуле, тоа е 40-годишниот Кристијан Фунариќ од Осиек. Приказната за тоа како композицијата на локален учител од Хрватска стана дел од настан на еден од најбогатите луѓе во светот, кој ја искористил музиката за да претстави производ што го промени начинот на кој ги гледаме ...
Одлепени парчиња фасада и стиропор, поткршени плочки, небезбедни премини, влага и мувла… Околу старо-новиот МНТ и по некоја вреќа со песок која служи како насип од дождовите. Внатрешната „рана“ со години не е зацелена. Објектите од десната страна на кејот на Вардар кои се дел од проектот „Скопје 2014“, како зградата на Археолошкиот музеј, Уставниот суд и Државниот архив, зградата на Агенцијата за електронски комуникации, сѐ повеќе ги фаќа ...
Две седници на собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, редица драматични изјави на политичари, една владина седница, на која се одзема државјанство и многу неодговорени прашања. Ова е билансот за случајот државјанство за контроверзниот руско-украински бизнисмен Олександр Онишченко, два месеца по откритието на БИРН. Навидум загрижените изјави на политичарите што најавуваа ...
Сара Мардини, чие бегство од сириската војна со нејзината сестра Јусра стана мотив за филмот „Пливачите“ на Нетфликс од 2022 година, во вторникот беше на судење на еден од грчките острови, под обвиненија што произлегуваат од нејзината вмешаност во операциите за спасување мигранти во Егејско Море. Мардини и нејзините 23 сообвинети се соочуваат со можност да бидат осудени на по осум години затвор доколку судот на островот Лезбос ги прогласи за ...
До пролетта 2018 година, членовите на историската комисија со Бугарија, како што вообичаено се нарекува во медиумите, или, пак, Мултидисциплинарната комисија за историски и образовни прашања, како што и е официјалното административно и долго име, не беа многу познати во пошироката македонска јавност. Беа, можеби, познати во академската сфера и во областите на нивно истражување. Но, откако се формираше комисијата, а особено откако дојде и до ...
„Филмот е експлозија на мојата љубов кон реалноста“. Овој цитат од култниот италијански режисер од 20 век, Пјер Паоло Пазолини, е своевидна рефлексија на животниот избор на еден од малкутемина македонски филмски критичари и хроничари на филмската уметност, Влатко Галевски. Неговиот живот е филмот. Со песоклив глас и со исклучителна филмска меморија, во која има напластено илјадници филмски ликови, приказни и цитати, Галевски за БИРН сподели ...
Најважната информација во врска со урбанистичкото планирање и развој на Скопје во 2022 година не дојде од местата од каде што сме навикнале да доаѓаат таквите содржини – од општините, градската управа, општинските совети, планерските куќи, градежните компании итн. Дојде од Државниот завод за статистика, како податок дека 42.679 станови во Скопје зјаат празни. Тоа е резултатот од речиси дведецениското интензивно градење со максимално ...
Во годината обележана со крвавата војна во Украина, социјални и економски маки и долготрајна неправда, некои луѓе се вложија и ги зголемија своите напори да им помогнат на оние на кои им треба помош, да донесат промени и да ги отфрлат длабоко вкоренетите предрасуди. Како и претходните години, овие обични луѓе не штедеа напори, работеа неуморно за да инспирираат хуманост во сите нас и во нашите општества и направија промени. Романија: Спасувачите ...
Во овие студени денови, ретко кој ги памети високите јулски температури и улиците полни со луѓе што протестираа, додека внатре во климатизираното Собрание, опозициските пратеници, со продорниот звук на вувузелите, спречуваа да се чуе сѐ што се обидуваа да кажат владините претставници и пратениците од владејачкото мнозинство. А тоа е сликата за јули 2022, месецот во кој се усвојуваше таканаречениот француски предлог, со кој условно се деблокираа ...
Македонските граѓани ниту се задоволни од тоа како живеат, ниту очекуваат дека тоа ќе се смени на подобро. Напротив, поголемиот дел сметаат дека работите само ќе се влошуваат. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Интернационалниот републикански институт – ИРИ во октомври годинава, врз репрезентативен примерок од 1.207 испитаници. Трендовите на намалени очекувања и на црни прогнози може да се видат, не само од последната ...
Нејасно во оваа фаза е како ќе се расчисти случајот со македонското државјанство на контроверзниот руско-украински бизнисмен Олександр Онишченко, ниту, пак, каква ќе биде дипломатската иднина на досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски. Откако минатиот месец, собраниската надзорна комисија на која Димовски требаше да објаснува како разузнавачите не ја забележале спорната биографија на Онишченко беше прекината ...
Поминаа точно три години од помпезната најава дека ќе се отстрани скапата потреба приватници да копаат јаглен за ЕСМ и денес, не само што сме далеку од целта, туку компанијата сè повеќе и повеќе троши на надворешна механизација, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Државната компанија за струја, само во минативе две години потпишала договори вредни 107 милиони евра со приватници. Оваа сума е дури половина од она што ЕСМ го потрошила ...
Канцеларијата на најновиот член на Владата, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, е на само петнаесетина минути пешачење од редакцијата на БИРН, па блокираниот главен град поради протестот на приватните автобуски превозници не беше никаква пречка да стигнеме навреме на договорениот состанок, на вториот кат во поранешната зграда на Нова Македонија што сега ја делат повеќе државни институции. Овој протест и блокада што го испразни ...
Без многу детали врз која законска основа, владата соопшти дека на денешната седница донела одлука да му го поништат државјанството на руско-украинскиот државјанин Олександр Онишченко, кое самата му го даде на 31 мај оваа година. Одлуката е, велат, донесена откако го разгледале известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое „се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство“. МВР сега е задолжено да постапи веднаш за ...
Ноќни клубови, барови, туристички атракции, напуштени простори: скривниците за нуклеарни бомби во Централна Европа изградени за време на комунизмот најдоа различни алтернативни намени во двете децении мир што следуваа по демократските револуции. Но, војната во Украина и имплицитните закани на Русија за употреба на нуклеарно оружје ги принудуваат централните власти и локалните самоуправи од целиот регион да подготват нови планови за цивилна ...
Од тројцата кандидати кои сакаа да седнат на шефовското столче во Скопското вишо јавно обвинителство остана само еден – постојниот вршител на должност, Мустафа Хајрулахи. Откако пред десетина дена се откажа обвинителката Фатиме Фетаи, барање за повлекување од изборот поднел вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми, потврди за БИРН претседателот на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски. И Рустеми за БИРН кратко одговори дека ја повлекол ...
Владата, согласно членот 14 од Законот за државјанство, побара да се почнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Олександр Онишченко. Ова е краткото соопштение од денешната затворена владина седница, на која директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на министрите им објаснуваше како украинско-рускиот државјанин Онишченко годинава добил македонско државјанство, и ...
Вилма Русковска од вчера е скопски јавен обвинител, а новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал, Ислам Абази, почна да работи со полна пареа. Прес-службата на Обвинителството, вчера веќе објави фотографии од Абази, од првата негова средба. Гостн му беше албанскиот амбасадор во земјава. На сликите може да се види дека во неговата канцеларија ги нема ѕидните фотографии и сертификатите на Русковска. На тоа место сега стои ...
Звукот на циркуларната пила продира низ тесниот простор. Набргу ѝ се придружува чеканот, па хилтата, па мешалката за бетон, а багерот непрекинато се слуша како заднински звук. За минувачите, непријатниот концерт трае неколку минути. Но, за жителите на населбата Капиштец, на улицата Козара и на околните помали улички, овој недиригиран оркестар свири секој ден, по цел ден, веќе осум години. А сѐ почна откако стапи во сила деталниот урбанистички ...
Основниот суд во Пеќ привремено конфискуваше 75 вили во планинското одморалиште Брезовица, меѓу кои и имот на високи политичари, судии и роднини на важни политички личности во земјата. Одлуката за привремена конфискација е донесена поради сомнение дека тие се изградени незаконски. „Тие се под надзор и контрола на државниот обвинител“, се вели во судската одлука. Со одлуката се одобрува барањето на Основното обвинителство во Феризај/ Урошевац ...
На медиумите им требаа часови по пребарувачите за да ископаат фотографија од новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Иако станува збор за професија што е јавна, ликот на новоизбраниот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со денови беше прикажуван со црна силуета на медиумските дебати. Ваквата непостоечка јавна кампања, сепак, се покажа како добитна за гостиварскиот виш јавен ...
Сопственикот на фирмата „Беса-транс“, во чиј автобус во Бугарија лани во ноември загинаа 45 патници, ќе одговара за фалсификување исправа откако Скопското обвинителство ја заврши истрагата и поднесе обвинение до судот. Информацијата ја потврди шефот на Скопското обвинителство, Гаврил Бубевски. Гаврил Бубевски | Фото: Р. Атанасовски „Одговорното лице во овој случај преку возачите на автобусите употребувал фалсификувана јавна исправа, извод од ...
Јордан Камчев од шести ноември е на слобода. Информацијата за БИРН ја потврди директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура, каде што бизнисменот ја издржуваше затворската казна. „Кај нас е се` завршено“, рече Ќура во телефонскиот разговор за БИРН. Тој објасни дека Камчев побарал и добил и кратко отсуство. „Лично му дадов месец дена“, ни кажа директорот на затворот. Како што веќе објавивме, до ова доаѓа откако Камчев побара, а судот му дозвoли да ...
Судот му ги спои на бизнисменот двете затворски казни во единствена казна | Фото: Р. Атанасовски Бизнисменот Јордан Камчев побара, а судот му одобри спојување на двете затворски казни за предметите на обвинителката Лиле Стефанова, „Империја“ и „Плацови на Водно“. Информацијата за БИРН ја потврди портпаролот на Кривичниот суд во Скопје, Дејан Ристовски. „Решението е донесено пред помалку од еден месец“. Камчев призна вина дека ја злоупотребил ...
Го сретнала на Баду, популарна апликација за запознавање. Но, наместо момче, добила демнач, кој речиси еден месец постојано ѝ се јавувал, ѝ праќал пораки и физички ја вознемирувал. „Ме чекаше во ходникот на зградата каде што живеам“, напиша жената во одговор на прашалникот на БИРН за искуствата на жените со онлајн-состаноците. „По само четири дена рече дека ме сака, ме фати за вратот кога реков дека не сакам да имам ништо со него“. Искуството на ...
Или Ндроќи во својата канцеларија во Тирана | Фото: принтскрин, Ора Њуз Албански суд нареди конфискација и префрлување во државна сопственост на Ора њуз, телевизиски канал со седиште во Тирана, кој, во изминативе неколку години, бил критички настроен кон владата, откако обвинители излегоа со тврдење дека неговиот сопственик Или Ндроќи, не може да го објасни легитимното потекло на најголемиот дел од неговото богатство вредно повеќе милиони евра. ...
Ако некој го пропуштил вечерното гостување на некој министер на телевизиско интервју или дебата, неговите искажани ставови ќе може да ги види од серијата соопштенија што по тој повод ќе ги направи службата за односи со јавност на неговото министерство. Следењето телевизиски дебати и пренесувањето поенти од нив е работа што ја прават и новинарите, особено оние ангажирани во дневно-информативните портали, кои се обидуваат да уловат дали ...
За време на пандемијата на ковид 19, која почна во јануари 2020 година, балканските земји беа, или критикувани, или пофалени, во зависност од тоа колку бргу дојдоа до значајни количества вакцини и почнаа со вакцинација. Парите беа помал проблем од достапноста, повторуваа тогаш владите, бидејќи се обидуваа да добијат доволно вакцини, што на крајот, во втората половина од 2020 година, и се случи. Сега работите се сменија. Откако го достигна врвот ...
„Добијте го животот од вашите сништа“, „месечни заработки од 1.000 до 6.000 евра“, „нема да можете да заспиете поради возбуда од вашиот нов живот“. Овие и многу други силни ветувања за целосна промена и за „враќање на животот во своја сопственост“, може да се најдат на еден веб-сајт, покрај фотографии од човек како стои на јахта во розова кошула или како шета низ модерен деловен центар во костум и зборува на телефон. Човекот на овие и на другите ...