
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Танасис Кукакис е сигурен во едно: „Кога имате систем како Предатор, не го користите само за двајца луѓе“. Истражувачкиот новинар Кукакис е во центарот на скандалот со недозволено следење во Грција, откако во март откри дека неговиот телефон бил заразен со Предатор, специјалниот шпионски софтвер. Неговиот случај ќе беше заборавен и ставен под тепих, смета тој, ако четири месеци подоцна, во јули, не се откриеше дека и опозицискиот политичар Никос ...
Кочо Стојчески исплива од анонимноста пред седум години, кога во својство на градежен инспектор сакаше да го урне нелегалниот балкон над влезот во Белата палата. „ВМРО-ДПМНЕ има рок од 30 дена да ја урне дивоизградената тераса на партиското седиште“, се закануваше тој во 2015 година. Некаде во тоа време ја проверуваше легалноста и на кафулето „Дистрикт“, дел од хотелот „Мериот“ во сопственост на тогаш влијателниот шеф на тајната полиција Сашо ...
За да најдат рис, истражувачите на оваа голема балканска мачка мора да одат во најдлабоките шуми на највисоките планини во западните делови на Македонија. Последното нешто што би очекувале да видат таму е напуштено домашно куче. Сепак, податоците на Македонското еколошко друштво, кое веќе две децении го истражува балканскиот рис, покажуваат дека во местата што досега се сметале за недопрена природна средина, сѐ почесто може да се видат кучиња. ...
Во Македонија има 185 луѓе што живеат со некоја ретка болест и што добиваат терапија преку посебна програма на државата, според последните податоци на Министерството за здравство. Ако се појави 186-ти случај, најдобро е дијагнозата да ја добие во ноември или во декември. Во спротивно, таа личност и нејзиното семејство би имале два избора: или самите да набават лекови, кои во одредени случаи чинат десетици, дури и стотици илјади евра, или да ...
Двапати, не на четврти мај, на денот на неговото загинување, туку на 2 Август на Илинден, македонскиот и бугарскиот премиер се поклонија заедно на гробот на револуционерот Гоце Делчев во скопската црква „Свети Спас“. Церемониите во 2017 и во 2019 година, во кои учествуваа поранешните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов за двете општества тогаш изгледаа малку исилено зашто дојдоа речиси одненадеж, кога општествата беа закоравени во своите ...
Вжештените преписки меѓу обвинителката Вилма Русковска и директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, не личат на ништо, но откриваат дека во приказната со работен наслов „Претрес во УФП“ на некој од нив „треба да му се скрои капата“, обвинителската или директорската. Инаку, зошто граѓаните секој ден би требало да читаат текстови за тоа што напишал директорот, а што му одговорила обвинителката? Тема е претресот во Финансиската полиција, ...
Постои опасност, во следните четири до пет години да станат неупотребливи голем дел од видеолентите што се чуваат во архивата на Македонската телевизија (МТВ) и треба што побргу да се дигитализираат. Ова за БИРН го тврди, како што го нарекуваат документаторот во националната телевизија, Кирил Панчевски, човекот што веќе четириесет години се грижи за архивата на јавниот сервис. Панчевски вели дека 15.000 часа материјал од архивата веќе се ...
Не смее да се повтори враќањето на државните пари во приватните медиуми, бидејќи е докажано дека оваа практика катастрофално ќе се одрази, како врз новинарството, така и врз медиумскиот пазар. Ова е денешната реакција на новинарските и медиумските здруженија на информацијата што вчера ја објави БИРН дека се подготвуваат измени на медиумскиот закон, со кој, не само што целосно се укинува забраната за државно финансирање на приватните радија и ...
Џабир Дерала | Фотографијата е преземена од фан-страницата на медиумот „Фронтлајн“ Една година откако бизнисменот Владимир Стајиќ, газдата на „Супертрејд“ го купи порталот „Нова“, сајтот од него го купи главниот и одговорен уредник на „Цивил медиа“ и на Фронтлајн“, Џабир Дерала. Тој ја потврди информацијата за БИРН. „Јас сум новиот сопственик на Нова ТВ и со посебна чест го преземам тој предизвик“, ни рече Дерала и посочи дека порталот го купил ...
Неверојатното зајдисонце го покрива морскиот пејзаж кај Улцињ, а Станко Стојановиќ на својата тераса се подготвува за ноќната смена. Речиси две децении, 58-годишникот се грижи за светилникот Мендра, последниот светилник што како персонал има вистинска личност. „Пред да почнам да работам, имаше двајца чувари што менуваа смени. Но, од 1985 година, кога се доведе струја во објектот, има само еден чувар“, изјави Стојановиќ за БИРН. „Во последните 19 ...
Одлуката на регионалниот суд во Бугарија да ѝ го испорача на Москва рускиот дисидент што живее во егзил во црноморскиот град Варна е скандалозна. Случајот ја демонстрира опасноста со која се соочуваат Русите што ѝ се спротивставуваат на војната во Украина, дури и кога живеат во држава на Европската Унија. Одлуката за екстрадиција е во спротивност со обврските на Бугарија, кои произлегуваат од договорите на ЕУ и ја истакнува тешката состојба на ...
Учениците кои за две години ќе бидат шесто одделение во Македонија и петто во Бугарија би требало да учат според препораките што досега ги договори заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Тоа се учебните години, во кои во двете држави почнува изучувањето на посебен предмет историја. Учебниците почнуваат со содржини за запознавање со предметот и продолжуваат со теми поврзани со старите цивилизации и антиката. ...
Државниот обвинител Љубомир Јовески ја суспендира шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, а за двете колешки Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева поведе дисциплинска постапка. Како причина за суспендирањето се наведува „тешка дисциплинска повреда“, а поводот е претресот во Финансиската полиција. Русковска ја потврди информацијата за БИРН. „Го добив решението, но засега нема да коментирам“, ...
„Пази се од денес. Ќе видиш ти што ќе ти се случи ако дојдеш пак во Маврово“. Оваа директна закана ја добила новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска, од раководителот за урбанизам во Општината Маврово-Ростуше, кој одбил да се сретне со тимот истражувачи што го истражуваат урбанистичкото дивеење во Маврово. На ова му претходел молк од Општината по прашањата што им ги испратиле новинарите, но не добиле одговор. „Со месеци чекаме одговори на прашања од ...
Државата им исплатила пет милиони и 140 илјади евра на медиумите за објавувањето партиски реклами за локалните избори во 2021 година, покажуваат документите од Државната изборна комисија добиени преку барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Притоа, радиодифузерите наплатиле 4,2 милиони евра од овие пари, а преостанатите околу 900 илјади евра ги поделиле интернет-порталите и печатените медиуми. Тоа значи дека ланските избори ...
Денеска е осми август. Еден месец и една недела пред да наполни 57 години, поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, требаше да почне да се јавува во струшкиот затвор за случајот „Империја“, но тоа нема се случи. На негово барање судот му го одложи издржувањето на затворската казна за две недели. Виновен е зашто додека бил директор на УБК, со години перел пари и не го пријавил стекнатиот имот. На неговата фан-страница на Фејсбук не е ...
Откако беше избран по четврти пат со двотретинско мнозинство на парламентарните избори во април, Виктор Орбан го почна својот петти мандат како премиер во понеделникот, откако помина гласањето на неговата влада во парламентот, предупредувајќи дека Унгарија и Европа се соочуваат со децениска опасност од војна, раст на цените и сериозна енергетска криза. Новиот состав на унгарската влада е одраз на овој став. Најмалку петмина министри од вкупно 14 ...
Весниците бараат, а владата е подготвена да ги поддржи и да предложи закон, со кој ќе се гарантираат државните субвенции за печатените медиуми. Субвенции за весниците има веќе четири години, меѓутоа тие до сега се реализираа врз основа на арбитрарна одлука на владата. Новинарските здруженија, кои пред четири години ги поддржаа субвенциите, сега се воздржани и бараат бенефициите на весниците да бидат условени со подобрување на социо-економската ...
Freepick На Тик ток се зголеми бројот на анонимни профили што рекламираат пренесување луѓе од Албанија до Обединетото Кралство преку рутата наречена Ла Манш, која, според извештаите на медиумите, ја користат шверцерите. По прегледувањето на десетици профили на Тик ток, БИРН забележа два вида реклами: една за луѓе што сакаат да одат во Обединетото Кралство од Франција со чамци и другата за луѓе што преминуваат во Обединетото Кралство од Белгија ...
Под слоганот „(Неа) не ја уби брод, туку државата“, илјадници Албанци во четвртокот побараа оставка од шефот на полицијата, министерот за туризам, министерот за внатрешни работи и премиерот – и побараа поголема заштита на плажите. На протестот беа присутни и опозициски политичари. Седумгодишното дете загина во вторникот откако било удрено од глисер управуван од полицаец што во моментот не бил на должност. Смртта ја шокираше земјата во која ...
Жени и мажи нудат сексуални услуги на улица, на интернет, во студија и во апартмани. Сексуалната работа често се нарекува „најстарата професија во светот“. Некои ја избрале бидејќи им се допаѓа, други бидејќи биле присилени да ја работат. На Балканот, законската рамка за сексуалната работа се разликува од земја во земја. Сепак, во сите нив, законот е на страната на клиентите наместо на работниците. Во Турција и во Грција, сексуалната работа е ...
Македонската влада ќе спреми нов закон, со кој ќе се овозможи отворање на сите досиеја од 1945 до 1991 година досега, со што тие ќе бидат јавни и достапни за сите, дознава БИРН. Станува збор за решение со кое ќе се испочитува обврската од протоколот што го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска. Во него се прецизира дека „сеопфaтната правна рамка за целосно отворање на архивите на ...
Ставката „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“ во месечните сметки за месец јуни-јули го отвори прашањето дали е воведена нова давачка што досега не била најавена. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, за БИРН, тврди дека не се работи за нова давачка. Претходно, во крајната цена што ја плаќаа граѓаните влегуваа и овие ставки, односно, како што вели, трошоците за дистрибуција, за набавка и ...
Полската компанија за трговија со оружје „Металекспорт-С“ стои зад пратката од 11,5 тони муниција што беше пренесувана од Србија до Бангладеш, со транспортен авион „Антонов Ан-12“, кој се урна месецов во близина на грчкиот град Кавала, открива БИРН Србија. Посредник во оваа зделка, во која краен корисник на оружјето е Министерството за одбрана на Бангладеш, била босанската компанија БА-МЕТАЛЕКСПОРТ од Сараево, сопственост на полската компанија ...
Освен приватни куќи, на местото е изграден и луксузен угостителски објект | Фото: БИРН Општината Центар за првпат изработува детален урбанистички план (ДУП) за тврдината Кале и за околниот простор, што го опфаќа и Музејот на современа уметност, се до француските воени гробишта. Во овој плански документ, кој што е ставен на јавна презентација, нема решение за објектите околу овие значајни културно-историски знаменитости, кои беа дивоизградени, но ...
Кабинетот на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вторникот побара внатрешна истрага со која би се утврдило како Стефан Чернетиќ, кој лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија, присуствувал на прославата на Денот на државноста која се одржа во Цетиње. На 13 јули Чернетиќ на својата Фејсбук страница објави фотографии од прославата на Денот на државноста, организирана од Ѓукановиќ. „Чернетиќ не беше на списокот на гости што ...
Одржување на првата политичка меѓувладина конференција во Брисел како прв чин од процесот за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ тешко дека ќе го намали јазот во јавното мислење создаден во последниве неполни два месеци. Целиот процес на прифаќањето на францускиот предлог, од неговото официјално одбивање до неговото повторно промовирање како изменет, па протестите на кои се донесе и гилотина, се до ...
Иако летните горештини веќе пристигнаа и тревата пожолте, малку балкански држави со сигурност можат да кажат дека се подготвени да се соочат со една од најголемите закани во летниот период – шумските пожари. Во планинските и ридестите терени на Балканот, како и на тешко достапните острови, употребата на воздухоплови за гаснење пожар се покажала како клучна. Но, се чини дека само Грција ја пречекува оваа летна сезона со сериозен пристап, кога ...
Сè почна со несреќната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека одбивањето на францускиот предлог ќе предизвика меѓуетнички тензии. Она што Османи го кажа како предупредување за процесите што може да се развиваат во иднина, многумина, меѓу кои и медиумите со јасна уредувачка политика против францускиот предлог, го прочитаа како директна закана за конфликт доколку етничките Македонци не го прифатат контроверзниот предлог за ...
Први август 2017 година беше ден за прослава и ветувања. Тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов го славеа потпишувањето на Договорот за пријателство со ветувачки пораки. Одлучивме да гледаме на чашата како полуполна, а не како полупразна, рече Заев, а Борисов направи и проекција за иднината – по 10 години, резултатите ќе бидат видни за двете држави. На половина од рокот што го кажа бугарскиот политичар, пет години по потпишувањето на ...