Македонските власти да ги зајакнат мерките за борба против перењето пари и финансирање тероризам, особено во областа на истрагата и обвинителството, повикува Манивол, експертско тело на Советот на Европа. Во извештајот објавен денеска, тие заклучуваат дека, иако земјава сега има подобра правна рамка од последната евалуација во 2014 година, треба да го подобри спроведувањето на мерките во повеќе области. Извештајот препорачува властите да го ...

Како феникс од пепелта на СЈО, точно три години по погребот на некогашното обвинителство под барокната ротонда на Јавното обвинителство, се отвори истрага за „Скопје 2014“, проект што го измени ликот на главниот град. Пред петнаесетина камери, некогашниот специјален обвинител Љубомир Лапе ја најави истрагата со кодно име „Феникс“ за 11 споменици од проектот „Скопје 2014“. Осомничени се 15 луѓе, од кои еден странски државјанин и 7 фирми, меѓу кои ...

Текстот во онлајн-изданието на „Слободен печат“ дека владата „полутајно“ дозволила спојување концесии за рудник во Струмичко – стана целосна тајна. Редакцијата го повлекла, па иако линкови сѐ уште може да се најдат на пребарувачите и на социјалните мрежи, зад нив стои само пораката „оваа страница не постои“. „Дадов моментален отказ“, рече, за БИРН, новинарот што го објави текстот, Жарко Настоски, кој речиси две години беше дел од таа редакција. ...

Фото: Pexels, Густаво Фринг Почитувани читатели, Би сакале да слушнеме искуства од луѓето што ги користеле услугите на агенциите за посредување при наоѓање работа во странство и на други посредници. Во време кога во Европа има голем недостиг од работници во многу сфери, од производствени до услужни, и кога западноевропските, но и некои соседни земји нудат плати што се многу поконкурентни од локалниот пазар на трудот, разбирливо е дека има нов ...

Само еден отсто од граѓаните имаат целосна доверба во судскиот систем и во обвинителството, покажува најновата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена во мај годинава на 1.204 испитаници. Јавната перцепција за судството беше хит пред половина година, кога беа објавени резултатите од октомвриската анкета на ИРИ, каде што довербата беше падната на 4 отсто. Во меѓувреме, овој пад продолжил, па луѓето што целосно им веруваат ...

Немањето решенија, пред сѐ за градскиот превоз, доведе до тоа помалку од 1 процент од скопјани да бидат задоволни од работата на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Една и пол година откако дојде на оваа функција, над 70 проценти од скопјани се незадоволни од сработеното. Ова го покажа последната анкета на Интернационалниот републикански институт – ИРИ спроведена во април годинава. Според неа, 18 проценти од скопјани се делумно задоволни ...

Зградата што треба да ја прави градежниот инвеститор Ванчо Чифлиганец, меѓу кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и трговскиот центар Ист гејт, ќе биде на три дела, од кои најнискиот ќе има осум, а највисокиот 19 нивоа или 60 метри. За 30 метри пониско од соседната зграда на МРТВ. Тоа се предвидува со новиот детален урбанистички план за Крњево 2, кој вчера го усвои Советот на Општина Центар. Станува збор за зграда што со старото ...

Гласни пред странките, но молчаливи кога се обесправени. Самоуверени зад судиското столче, но речиси невидливи кога нивниот напредок не зависи од заслугите, туку од партискиот пазар. Со децении, наместо според резултатите, професионалноста и интегритетот, во повисоки судови се напредува преку заднински влијанија. За тоа да се надмине не помогна ниту новата методологија за оценка на работата на судиите, која „на сите ѕвона“ беше објавена во 2020 ...

Одбрана на децата од неприфатливи и нагрдувачки идеологии, нивна сексуализација со реформи и учебници од туѓи држави и центри, осквернување на мајчинството и повредување на жената под плаштот на нејзина заштита. Црквата се замолчува и се воведува тоталитаризам што човештвото не го видело до сега. Ова се пораките од вчерашниот говор на поглаварот на Македонската православна Црква (МПЦ), господин господин Стефан, кој им се обрати на неколкуте ...

Последниот јунски понеделник за годинава се ближеше кон крајот. Сонцето беше далеку од зајдено околу 18 часот, кога се запалија светлата во малото студио на телевизијата Алфа и водителот со добредојдовте ја отвори емисијата на тема „Сенароден собир на МПЦ -ОА против новите закони за родова еднаквост и за матична евиденција“. Седнати на високи столчиња, од левата страна на екранот е презвитер Ивица Тодоров од МПЦ-ОА и од десната Томче Ширков, ...

Седница на Судскиот совет | Фото: БИРН Ниедна невладина организација досега не се јави на повикот на Судскиот совет за да номинира претставници во комисијата што треба да ги спроведе изборите за нови членови на Судскиот совет. Повикот на веб-страницата на Советот беше објавен на 13 јуни, а рокот за пријавување е 10 дена од денот кога повикот е објавен во Службен весник, а тоа е 26 јуни. Портпаролката на Советот, Гордана Дувњак, за БИРН потврди ...

Бегајќи од насилството во сопствениот дом, тогаш кога сите други врати им се затвориле, Розалија и Маријан, прибежиште нашле во Сигурната куќа за ЛГБТ лица. Розалија е гласна транс-жена, во своите 20-ти години, која израснала без мајка и со татко што се откажал од неа. Маријан, пак, е кревок геј-маж во 40-тите, кој поради семејното насилство бил принуден да замине од малиот град каде што пораснал и да се пресели во Скопје. Нивните приказни, и ...

На една година пред редовниот термин за парламентарните избори во 2024, стигнаа наодите на ревизорите за изборните кампањи на партиите од 2021 година. Нивните заклучоци за финансиските извештаи на политичките партии генерално се позитивни. Партиите вистинито и објективно ги прикажале податоците. Но, ревизорите бараат промена и доуредување на Изборниот законик. Причините се неколку, а добар дел од нив се за платеното политичко рекламирање на ...

Полнолетството во политичката кариера, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го дочека на црната листа на Соединетите Американски Држави. На неа се најде и неговото потесно семејство поради значајна корупција. Според соопштението на Стејт департментот, како градоначалник на Струга, Мерко „присвои средства и се мешаше во судските и во другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на ...

Во 2021 година, скопскиот кривичен суд го осудил Судахан Сулејман на четири и пол години затвор за шверцување мигранти. Апелацискиот суд ја потврдил пресудата и тој сега ја отслужува казната во Идризово. Сулејман е лице без лични документи, матичен број и идентитет, едно од околу 700 во земјава. Во правниот поредок на државата, тој не постои. „Кого осудил судот? Како знаел кое лице го суди, кога тоа нема документи“, прашува пратеничката од ...

Шестгодишно дете е меѓу поситните во класот. Тукушто почнало во прво одделение. По неколку недели на училиште, еден покрупен соученик го фаќа за врат во аголот на ходникот. Го дави. За среќа, ништо животозагрозувачко не се случува, но детето има траума. Родителот го адресира проблемот прво кај одделенската наставничка. Одговорот од неа е – тоа е животот, мора да се навикне, малку отпорен да биде… Многу е нежен, мора малку погруб да стане. Второ, ...

„Живеам во рурална средина и до пред неколку години во локалната продавница кога некој ќе купеше влошки ги замотуваа во весник, бидејќи било срамота да се во проѕирна најлонска кеса.“ Вака гласи едно од сведоштвата, во студија од 2021 година, со фокус на менструалната правда направена од граѓанското здружение за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“, во партнерство со истражувачката организација „Реактор“. Потпирајќи се на одговорите на ...

Оставките на Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефков го фрлија во сенка вчерашниот брифинг на претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, кој пред петнаесетина новинари, еден час говореше дека изборот на судии е блокиран поради неможноста кандидатите што сакаат да бидат избрани во повисок суд да полагаат психолошки тестови. Законот пропишува обврска тестирањето да го прави целосно акредитирана институција, но во Македонија таква фирма ...

Без оглед на информациите што економскиот новинар Танасис Кукакис ги споделуваше со своите читатели, тоа не беше сосема доволно. Некој сакаше повеќе. Двапати во период од две години биле пресретнати неговите телефонски повици. Кукакис дознал за првото пресретнување во јули 2020 година, кога му биле врачени неколку транскрипти од неговите повици. Во еден од нив била документирана разговор со тогашниот дописник на весникот „Фајненшл тајмс“, кој ...

Четириесетина радиодифузери, главно регионални и локални телевизиски и радиостаници, може да останат без лиценца по одлуката на Уставниот суд со која хонорарно ангажираните лица не може да се пресметуваат во вкупниот број вработени. Одлуката, која беше донесена во вторникот на 6 јуни, ги остава овие медиуми надвор од минималните кадровски услови што им се потребни за да добијат дозвола и да емитуваат програма. Судот соопшти дека укинал дел од ...

Градот Белград, без јасна правна основа, озаконил илјадници квадрати што нелегално ги изградила фирмата, во која косопственик е Дејан Станковиќ, познат поранешен фудбалер и српски репрезентативец, објави денеска БИРН-Србија. Во периодот од 2019 до 2020 година, фирмата „Стефиал“ на Станковиќ подигнала две идентични згради во белградската населба Врачар, меѓутоа овие две згради заедно имале 3.500 квадрати повеќе од дозволеното. Објектите биле ...

Во локален супермаркет, во скопски Аеродром, повозрасен купувач ја крева гајбата со домати во обид да ја најде декларацијата, загрижен за нивното потекло. Ова не е вообичаена пракса во маркетот, а започна откако на социјалните мрежи како пожар се рашири приказната дека во земјава имало увоз на домати од Албанија, полни со пестициди и тешки метали. Додека многумина испаничија, други им поверуваа на надлежните од Агенцијата за храна и ...

Судски совет | Фото: БИРН Додека претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, и уште двајца членови, попладнево пред полната сала со новинари говореа за два проблема со кои се соочува Советот, во архивата на ова тело стигнаа две оставки. Едната од апелацискиот судија Зоран Герасимовски и другата од врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова. Портпаролката на Советот, Гордана Дувњак потврди дека оставките се поднесени денеска. Герасимовски, ...

Секој ден има околу 15 нови објави во една фејсбук-група со над 50 илјади членови за споделување искуства од онлајн-купување. Од нив, според она што може да се забележи, барем две-три се пријави за измами. Другите објави главно се сведуваат на прашања за искуството со една или со друга онлајн-продавница, на кои барем некој ќе одговори дека, или не го добил тоа што го барал, или тоа што го добил набргу се расипало. Поголемиот број продавници за ...

Дојдоа од 12 различни градови во земјата. Ги облекоа обвинителските тоги, ги прочитаа свечените изјави, па разговараа со членовите на Советот на јавните обвинители. Од први јуни ќе гонат криминал во локалните обвинителства. Во првите три години, полесни дела за кои е предвидена казна затвор до пет години. Осумнаесет јавни обвинители денеска свечено се заколнаа на одговорност во работата. Пред камерите и фотоапаратите оставија впечаток дека, ...

„Ова мене никогаш не би можело да ми се случи“, многумина помислуваат кога слушаат како нивни сограѓани, познати, роднини биле измамени од луѓе кои ја искористиле нивната наивност и во нивно име зеле таканаречени брзи кредити. Ги „уловиле“ во моменти кога биле најранливи. Меѓу нив се родители што собирале донации за лекување на своето болното дете, родилка која верувала во хуманоста на странците, самец што мислел дека во ликот зад профилот на ...

По викенд консултациите со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии на Уставниот суд и со советниците во неговиот кабинет претседателот Стево Пендаровски одлучи да ги потпише измените на петте закони кои се поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Тој, на денешната прес конференција, даде образложение за неговиот потпис само за измените на Законот за работни односи со кои се овозможува прекувремена работа подолго од осум ...

Ист текст, од првата до последната буква, објавен на два различни портали. Ист е и насловот, а употребена е и истата фотографија за илустрирање. Кој од кого украл? Чии авторски права се прекршени? Ниту некој неовластено презел содржини, ниту повредил некакви права. Едноставно – порталите се во сопственост на истата фирма, ги уредуваат истите луѓе, па содржините што ќе се подготват се објавуваат на две или на повеќе места. Групирањето портали под ...

Почитувани читатели, Би сакале да слушнеме искуства на корисниците на услугите на мобилните оператори што добиле повисоки месечни сметки, иако не го надградиле пакетот на услуги и свесно не побарале дополнителни услуги. Корисници на мобилните оператори се жалат дека добиле повисока сметка и потоа, откако се пожалиле кај операторот им било кажано дека се претплатиле на посебен сервис што им праќал СМС-пораки што се наплаќаат, а тие не биле ...

Шести јануари годинава почна како и повеќето други петоци во Косово. Но, додека етничките Срби се подготвуваа да го прослават православниот Божиќ, мирот го нарушија пукотниците во близина на градот Штерпце, каде што живее мнозинско српско население. Двајца млади Срби, кои беа дел од групата што носеше новогодишни елки, беа ранети, кога припадник на Косовските безбедносни сили, КБС, почнале да пукаат. Косовскиот премиер Албин Курти, на Фејсбук го ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
68%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 16ᴼ
2.06
62%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.09
70%
1023
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
84%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
60%
1023
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
56%
1019
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1020
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
57%
1024
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
4.63
58%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
55%
1025
Currency

61.535

Currency

54.11

Currency

71.8573

Currency

34.5674

Currency

39.0046

Currency

66.3816

Currency

7.40061

Currency

0.65884

Currency

0.38035

Currency

0.52572

Currency

1.42748

Currency

0.63439

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15162.50

Рутениум

20190.67

Калај

31.42

Сребро

1039.39

Злато

103753.26

Бакар

9.31

Паладиум

30832.57

Платина

30670.88

Родиум

175221.57

Цинк

2.65