За кризата во Друштвото на писателите, за романот со готска приказна за камената куќа околу мочуриште крај Вардар на крајот од 19 век и за македонскиот јазик од тој формативен период за нашата нација, за јазикот денес, за расказите што може да послужат како алтернативен патоводител низ скриените егзотични катчиња на инаку извиканиот Париз, и како секогаш, неизбежно за Скопје, за градот што пред земјотресот можел да го излаже туристот дека шета ...

Сашо Мијалков од судење | Фото: БИРН Од денеска никој не е виновен за масовното прислушување. По пет години и девет месеци правосудно натегање, од кои 9 месеци чување на предметот во фиока во скопска Апелација, последните клинци за запечатување на предметот „Таргет-Тврдина“ дојдоа директно од политиката. Немаше ниту еден месец откако парламентот експресно ги усвои измените на Кривичниот законик, стана јасно дека деновите на овој случај се ...

Дубровник има 41.000 жители и 48.000 легла за изнајмување | Фото: Flikr-Tambako The Jaguar Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, во вторникот објави дека властите го запираат ширењето на туристичките капацитети во крајбрежниот хрватски град. „Со последните измени на Генералниот урбанистички план го решивме прашањето со изградбата на туристичките апартмани. За нив нема да се издаваат градежни дозволи“, рече Франковиќ. Тој, на ...

Пред три години, на 10 октомври, на сегашната „упокоена“ веб-страница на СЈО осамна информација дека отвориле шест нови истраги, во кои се осомничени десетици функционери, директори и бизнисмени. За некои од шесте истраги, како на пример „Дизајн“, за набавка на кинеските автобуси, веќе има обвинение, па четворица обвинети се очекува да седнат на обвинителна клупа. Други, пак, како „Пациент“, за некои осомничени, како министерот Бујар Османи, се ...

Ќе дојдат нови луѓе и ќе градат куќи, а ќе треба да поминуваат меѓу нашите домови, по уличка што има одвај три метри. Таа ќе биде влез за една цела нова мини-населба. Ова ни го раскажа жител на населбата Пинтија, кој нѐ покани во неговото маало за да ни покаже како тоа се развива на штета на постојните жители. Патот кон неговиот дом води низ мрежа од тесни и слепи улички што почнува од главната улица. Тие улички поврзуваат педесетина куќи. ...

Мицкоски се откажа од Груевски во весник. Тој во разговор за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го обвини својот претходник дека тајно комуницира со владата за да се подели ВМРО-ДПМНЕ со цел да се смени Уставот. Подолго се шпекулираше за овој раскол, oдредени придвижувања на политичката сцена, какво што е прегрупирањето на луѓе блиски на Груевски околу Данела Арсовска, даваа дополнителни аргументи дека постојат разидувања. Ако меѓу ...

Поранешниот градоначалник на скопски Центар, Владимир Тодоровиќ е првиот што ги почувствува поволностите што ги донесоа новите промени на Кривичниот законик. Тој, во јуни беше осомничен во истрагата „Феникс“ дека како функционер ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“. Оттогаш до минатиот петок беше во куќен притвор. По предлог на обвинителот, судот му го укина ова ограничување на слободата. Причината за тоа е ...

Април, 2022 година. Рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин е поканет во Министерството за надворешни работи. Врачена му е дипломатска нота со која шест дипломати се прогласени за непожелни. Македонското министерство никогаш не ги соопшти нивните имиња. Но, домашниот огранок на рускиот моторџиски клуб „Ноќни волци“, чии членови ги испратија протераните дипломати до граница, ги откри нивните ликови. Меѓу нив беше и Илија Серов, аташе за ...

Законски измени наменети за ослободување на конкретни луѓе. Вака ги коментира судија за БИРН предложените законски измени во Кривичниот законик, кои, како што вели, како да се насочени директно кон обвинети што треба да бидат ослободени од одговорност преку побрзо застарување на делата. А речиси и да нема обвинение од поголемите случаи на поранешното специјално јавно обвинителство што не би било погодено од овие итни законски измени. Од ...

Повикот да стане дел од тимот што ќе ги исцрта новите контури на основното образование го прифатил со многу надеж и со уште поголема одговорност. Силно верувал дека е шанса што ретко се пружа – да може однатре да го менува системот, за македонското образование да излезе од дупката во која пропаѓа 30-тина години, ни вели во интервјуто, професорот Кирил Барбареев. Но, две и пол години подоцна, тој не крие дека е разочаран од тоа што го гледа. ...

Ако еден музичар „позајми“ мелодија од неколку секунди од песна на друг изведувач, дали тоа претставува кражба? Ако еден потрошувач купи филм на дивиди, дали е легално тој да го продаде дивидито откако ќе го изгледа филмот? Ако ентузијаст отвори продавница за стари книги, дали тој ги прекршува авторските права на писателите што ги напишале? Иако може да изгледаат наивно, ваквите прашања отвориле многу дилеми во светот на авторските права за ...

Реткост е активен судија да говори јавно. Но, кога довербата во судството е еден процент, тогаш гласот на судиите за состојбите станува повеќе од потребен. А токму таа недоверба, му е најголемиот товар во вршењето на професијата на судијата Ненад Савески, кој суди предмети за организиран криминал и корупција во специјализираниот оддел во Кривичниот суд во Скопје. Во розовите папки со предмети што тековно ги суди има предмет за предизвикување ...

За безбедноста на државните сајтови и податоците што ги содржат се говори само кога тие се хакирани. А тоа во последно време и не е толку ретко. Хакирани или надвор од употреба беа Фондот за здравство, Државната изборна комисија, Е-дневникот, Бирото за јавни набавки, министерствата за земјоделство, за образование и последно за животна средина. Списокот е долг. Голем дел од веб-сајтовите на државните и јавни институции го немаат ниту основниот ...

„Јас во медиумската сфера сум лошата фоторепортерка затоа што јас реагирам за секоја украдена фотографија“, вели младата фоторепортерка Арбнора Мемети. Таа веќе седум години е во медиумите и е многу гласна кога се работи за почитување на авторските права. Објаснува дека преземањето фотографии без нејзина дозвола најчесто се случува од колегите новинари, од други редакции. За нејзината заложба за почитување на авторските права таа говори во ...

„Можеше кој било друг да стават на негово место.“ Вака старите познаници на Исмаил Јахоски илустрираат како случајно тој станал градоначалник на малата Пласница во 1990-тите. Денес е еден од оние политичари што може да се пофалат дека има песна за нив. „Пласница, Преглово и Лисичани имаат градоначалник за сите пофалби“, е стих од фолк-нумерата компонирана за кампања во 2017. А, на почетокот со ништо не се истакнувал над другите во селото. Немал ...

Надлежното тело на американското министерство за финансии за следење на странски пари денеска соопшти дека го санкционира македонскиот бизнисмен Јордан Орце Камчев. Камчев ја „злоупотребил својата позиција и бил ангажиран во коруптивни активности„ рече Брајан Нелсон, потсекретарот на одделот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии. Тој додаде дека Камчев тоа го сторил преку „спроведување себична агенда на сметка на ...

„По улицата ‘Ленински комсомол’ трчаше вџашено десетгодишно девојче. Ги прескокнуваше урнатините и викаше: – Другари, војници, тука има затрупано семејство! Помагајте.“ Ова е дел од вест објавена во „Нова Македонија“. Целиот весник ден по земјотресот е посветен на информациите за катастрофата што го снајде Скопје пред 60 години кога илјадници ги изгубија своите домови, а над 1 000 и своите животи. Оваа вест не само што се наоѓа на насловните ...

Утрово во 9.30 во парламентот заклетва пред собранискиот спикер, Талат Џафери, требаше да дадат новоизбраните членови на Судскиот совет, судиите Антоанета Димовска и Наќе Георгиев. Седницата беше најавена на собраниската веб-страница. Нивниот избор се случи пред нецели две недели. Тогаш нивните колеги ги избраа за членови на Судскиот совет, откако претходно двајца судии поднесоа оставки. Арно ама најавената заклетва не се случи. Од собраниските ...

Градилиште од кое се наѕираат високите контури на зградите во градба. До градилиштето веќе изграден деловен центар со маркет на приземјето, а по него следува повторно градилиште со реклама дека на тоа место наскоро ќе никне нов голем трговски центар. И тука некаде има мала постара зграда. Ако не ја знаете ќе ја одминете како неважен објект поклопен од новите облакодери и места за шопинг. Таа зграда, изгубена меѓу големиот градежен потфат на ...

Во последната недела пред 60-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, додека низ разни локални и државни иституции се вршеа последните подготовки за манифестациите во сеќавање на оваа трагедија, во советот на Општина Центар се усвои детален урбанистички план во кој се заобиколи обврската за заштита од катастрофи. За да биде иронијата уште поголема, овој ДУП се однесуваше на просторот кај Старата железничка станица (денешен Музеј на Град ...

Среде лето и пеколни температури, уште пожешка дискусија во Клубот на пратеници. Таму министерот за информатичко општество, Азир Алиу, во улога на модератор, цели два часа, член по член на присутните им ги читаше предложените измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. А присутни беа директори на телевизиите, уредници, претставници на граѓанскиот сектор, експерти и новинари. На јавната расправа не беше присутен директорот на ...

Околу една минута е рекордната брзина со која избраните владините министри усвојуваат предлози, закони или прописи ставени на дневен ред на седниците, покажува анализата на записниците објавени на страната на Владата. Имено, од записниците од отворените седници, достапни на интернет можеби не може да се реконструира дијалогот на присутните, но темпото на нивната работа сепак може. Повеќето од нив покажуваат дека министрите најблаго кажано ...

За него малку или воопшто не се зборуваше, кога тема на муабет беше „Скопје 2014“. Сепак, новата истрага за спомениците фрли светло врз Владимир Здравев, прикажувајќи го како важна алка во контроверзниот проект. Овој 49-годишен скопјанец е во притвор од 30 јуни, во рамките на истрагата „Феникс“. Полицијата го приведе на границата кај Табановце. Обвинителството ја истражува неговата улога во спорните тендери за леење на Воинот на коњ и на уште 10 ...

Со цеде и документи, обвинителот Љубомир Лапе, утрово во Кривичниот суд на судот му предложи дополнување на доказите на судењето за предметот „Талир 2“, кое се однесува на противзаконската градба на Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинението за изградбата на скапото партиско седиште во центарот на Скопје е за начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ дошла до имот вреден 8,2 милиони евра, а е поднесено против Никола Груевски, како претседател, и Кирил Божиновски, ...

Имотен лист со број 9600. Катастарска парцела Радовиш. Улица Свети Спасо Радовишки, име исто како и градскиот плоштад. На ова место, во катастарскиот извод пишува – станбени куќи за семејно домување со вкупна површина од 175 квадрати. На истиот имотен лист има впишано уште 85 квадрати во категоријата „останати објекти“. Газда на овој имот е опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Дали ќе биде и натаму, зависи од апелациските судии, кои треба да одлучат за ...

Бугарско-македонските односи, кои веќе трета година се тргни-застани, со постојан капацитет за влошување, речиси секојдневно ги бранува по некоја изјава. Во пренатрупаностa од дневни ставови на македонските и бугарските политичари, кои многу често се и репетитивни, се заборава од кога е барањето Бугарите да влезат во македонскиот Устав. А не е од годинава, ниту од ланскиот таканаречен француски предлог. Официјално е од 2021 година, иако ...

Хартијата никогаш не црвенее. Оваа го напишал римскиот философ Марко Тулиус Кикерон, во eдна од збирките писма со јавни личности. Со неа, всушност, сакал да каже дека хартијата нема емоции и затоа им овозможува на оние што немаат храброст нешто да кажат лично, да се затскријат зад хартијата, која трпи сè. А кај нас тоа е традиција. Многу често законот знае да тресне на земја како лубеница фрлена од десеткатница. Oвој лош „фолклор“ продолжи пред ...

Македонските власти да ги зајакнат мерките за борба против перењето пари и финансирање тероризам, особено во областа на истрагата и обвинителството, повикува Манивол, експертско тело на Советот на Европа. Во извештајот објавен денеска, тие заклучуваат дека, иако земјава сега има подобра правна рамка од последната евалуација во 2014 година, треба да го подобри спроведувањето на мерките во повеќе области. Извештајот препорачува властите да го ...

Како феникс од пепелта на СЈО, точно три години по погребот на некогашното обвинителство под барокната ротонда на Јавното обвинителство, се отвори истрага за „Скопје 2014“, проект што го измени ликот на главниот град. Пред петнаесетина камери, некогашниот специјален обвинител Љубомир Лапе ја најави истрагата со кодно име „Феникс“ за 11 споменици од проектот „Скопје 2014“. Осомничени се 15 луѓе, од кои еден странски државјанин и 7 фирми, меѓу кои ...

Текстот во онлајн-изданието на „Слободен печат“ дека владата „полутајно“ дозволила спојување концесии за рудник во Струмичко – стана целосна тајна. Редакцијата го повлекла, па иако линкови сѐ уште може да се најдат на пребарувачите и на социјалните мрежи, зад нив стои само пораката „оваа страница не постои“. „Дадов моментален отказ“, рече, за БИРН, новинарот што го објави текстот, Жарко Настоски, кој речиси две години беше дел од таа редакција. ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/7ᴼ
4.12
77%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
2.06
94%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
54%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

13ᴼ/8ᴼ
2.57
62%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $