Андреас Маул, германски државјанин роден во Казахстан и советник во градскиот совет на германскиот град Селм од редовите на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), стои зад белградска компанија, која САД ја санкционираа поради помагање на рускиот технолошки субјект, „Аеза Груп“ открива БИРН. Маул (38) ја отворил компанијата „Смарт Диџитал Ајдиас“ во октомври 2022 година, во запуштен трговски центар од 1990-тите, во белградската ...

Сè поголема е загриженоста за уредувачката независност на преостанатите медиуми во Србија што им даваат простор на гласови што не се согласуваат со претседателот Александар Вучиќ, по промената на сопствеништвото кај нив, непосредно пред изборите. Бранислав Шовљански, од телевизијата Н1, вели дека сè уште не добил повик од новите сопственици на неговиот информативен канал со барање да не се објави некоја приказна, да се поканат или да не се ...

Крајбрежното туристичко гратче Монтањита, на полуостровот Санта Елена во Еквадор, привлекува љубители на сурфањето од целиот свет. Во 2018 година, Моника Силва-Кониушек се преселила во оваа мирна оаза, популарна дестинација за туристи кои патуваат со ранец. Таму отворила хостел и брзо се вклучила во животот на гратчето. „Нѐ инспирираше и ѝ се восхитувавме“, се сеќава еден сосед. „Всушност, таа беше единствената личност што имаше храброст да ...

Ненадејното преместување на затворениот градоначалник на Тирана, Ерион Велиај, во затворот во Фиер минатата недела го извади на површина конфликтот меѓу него и премиерот Еди Рама, кој го надминува прашањето за тоа што ќе се случува со Општина Тирана. Преку својот адвокат Пларент Ндреца, како и преку писма испратени од затворот, Велиај тврди дека Рама лично организирал тој да биде казнет, наредувајќи негово преместување во затворот во Фиер, а ...

Понеделник, 7 септември, е 100-тиот последователен ден во кој албанските граѓани излегуваат на улиците пред владината зграда во Тирана. Таканаречената „Фламинго револуција“ името го доби по ретките птици за кои демонстрантите сметаат дека се загрозени од планираната изградба на туристички комплекс во заштитено подрачје – проект поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Токму ова прашање првично ги поттикна демонстрациите, кои во ...

Момчило Марјановиќ цела деценија се грижел за „безбедноста“ на владејачката Српска напредна партија (СНС). Воглавно , тој бил невидлив за јавноста, а бил плаќан во кеш или преку фиктивно вработување во јавно претпријатие во градот каде што живее, Нови Сад. Работата му била динамична, исполнета со адреналин, а во двете години откако избувнаа студентските протести против владата предводена од СНС, станувала сè понасилна. „Мојата улога беше да ...

На 23 мај годинава, додека српските студенти одржуваа масовен антивладин протест во Белград, 400 километри појужно, во Куманово, се одржуваше поскромен собир. Додека студентите во Белград го изразуваа своето незадоволство од 14-годишното владеење на Српската напредна партија (СНС) и нејзиниот основач, српскиот претседател Александар Вучиќ, неколку стотици етнички Срби се собраа во Куманово, носејќи маици со слоганот на СНС „Србија победува.“ ...

Вработените во катастарската служба во една мала општина во внатрешноста на Србија останале затечени откако минатиот месец од нив било побарано да ги запишат своите имиња на список со кој се обврзуваат дека ќе гласаат за владејачката Српска напредна партија (СНС). „Ова никогаш претходно не се случило; сите се во неверување, дури и постарите колеги кои работат тука уште од времето на [Слободан] Милошевиќ“, изјави за БИРН еден вработен, под ...

Ноќта меѓу петокот и саботата, околу два и пол часот по полноќ, Народната банка на Србија (НБС) на својот профил на „Икс“ соопшти дека на АЛТА банка, во сопственост на Давор Мацура, ѝ е одземена дозволата за работа. По решението од 31 октомври, со кое на банката ѝ се одзема дозволата, Трговскиот суд во Белград, на 3 ноември, ја назначува Агенцијата за осигурување на депозити за стечаен управник на банката. Давор Мацура беше приведен во ...

Патинираниот глас на познатиот природонаучник Дејвид Атенборо нè воведува во драматична сцена што го отвора документарецот „Слатки води“ на Нетфликс. Во неа, птица со петрол-сини крилја и жар-портокалово меше во стилот на олимписки нуркач ја пресекува водата и веднаш се катапултира назад во воздухот, приклештувајќи беспомошно рипче во иглестиот клун. „Ваква секвенца, со птицава со впечатливи бои може да се посведочи и во Скопје.“ „Повеќепати ...

Сред пелагониската рамнина, меѓу ниви и бали, се простира Врбјанска Чука. Овој археолошки локалитет припаѓа на неолитот, историски период во кој се случиле некои од позначајните трансформации во човештвото. Развојот на оваа населба почнува 6.000 години п.н.е, што претставува точка во историјата кога почнале да се градат трајни живеалишта, се појавиле првите земјоделци и лебот влегол во исхраната. На еден од најжешките денови во август нѐ ...

Празен, но редовен – градскиот воз е единствениот на кој може да се потпрете ако сакате без поголем проблем да стигнете од едно до друго место со македонската железница. Ова е впечатокот на екипата на БИРН по половина ден минат на пероните на скопската Железничка станица и по две тури возење со градскиот воз, кој во моментов оди на само една линија – од Скопје до Зелениково и назад, со пет станици помеѓу. Селото Зелениково е попатна станица и ...

Четврток е пазарен ден во Тетово. Уште рано наутро, пазарот е преполн со муштерии. Меѓу разнобојните тезги, распослани внатре и надвор од објектот, наредени се гајби со сезонски зеленчуци: домати, пиперки за ајвар, тикви, па дури и кафези со кокошки и пилиња. Речиси на секој ќош има картонче на кое е испишано „тетовски“ или „тазе“ грав. Цените за гравот варираат од 150 до 500 денари за килограм. Земјоделци со кои разговараше БИРН велат дека ...

Изјавата на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, дека ќе ја повлече програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО), изборен предмет во средните училишта низ земјава, предизвика низа реакции во јавноста. Јаневска најави дека ќе се прави ревизија на програмата на барање на јавноста. Не прецизираше за кого станува збор, но овој потег го отвори прашањето што ќе значи ваквата одлука за можноста младите да добијат сексуално ...

Стрмниот, пошумен дел на планината Водно, веднаш над полицијата наречен „Барутана“, каде што почнуваат планинарските патеки, наскоро може да добие хациенди. За да се случи тоа, треба да биде усвоен деталниот урбанистички план. На ова му претходеше одлука на Советот на Општина Центар, кога во јули годинава, 13 општински советници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа „за“ нацрт-планот. Тоа ги вознемири жителите што живеат на ова подрачје. На одлуката се ...

По врнежливата пролет, Македонија се соочи со долго и сушно лето, додека низ Европа, високите температури уриваа рекорди, а недостигот од вода доведе до сериозно намалување на водостоите на големите реки, како Дунав. Состојбата беше толку сериозна, што привремено беше запрена пловидбата, а се исклучуваа и нуклеарни реактори бидејќи снема вода за нивно ладење. Во меѓувреме, научниците алармираа дека до крајот на годинава се очекува природниот ...

Гостивар го преживеа едно од најтешките лета, кога цел месец градот беше без водоснабдување, со загадена вода во цевките и со полни болници со пациенти со стомачни и други заболувања, како последица од загадувањeто. Од средината на јули, до втората половина на август, водата од градскиот водовод, која ја користат шеесетина илјади жители, беше забранета за пиење откако во неа беа пронајдени фекални и колиформни бактерии. Ова беше една од ...

„Тогаш бев разочаран. Кога завршив на трето место во Сиднеј, во главата ми беше само тоа дека сакав да бидам прв. Знаев дека можам. Но, како што минуваат децениите, денес на тој успех гледам и си велам, фала му на Бога за овој медал, оти сфатив дека во борењето, секој олимписки медал е планина, која малкумина ја искачуваат.“ Ова, додека се движи низ салата на боречкиот клуб „Бучим“ во Радовиш, ни го раскажува Могамед Ибрагимов, борачот, кој ...

Кога на шести ноември лани првпат стапна во градоначалничката канцеларија, Орце Ѓорѓиевски, мандатот го почна со најава за исполнување на едно од неговите главни предизборни ветувања – за 72 часа Скопје да блесне. Тоа и не беше неочекувано. Ситуацијата беше вонредна оти главниот град беше затрупан во ѓубре. Кризата беше резултат на долгогодишните проблеми во јавното комунално претпријатие, кои дополнително ескалираа пред изборите со ...

Името на Дарко Рундек кај различни генерации буди различни музички асоцијации. За едни тоа е „Мојата прва љубов “ или „Eна“, култните песни од времето на „Хаустор“, за други „Апокалипсо “, еден од најголемите хитови од неговата подоцнежна соло-кариера. Загрепскиот бенд „Хаустор“, еден од најзначајните претставници на југословенскиот нов бран, во текот на своето десетгодишно постоење објави четири албуми, оставајќи длабока трага на музичката ...

Со речиси 60 случаи што бараа болничко лекување, од кои дури осум починаа, распространетоста на западнонилската треска предизвика паника. Иако оваа тропска болест во Македонија за првпат била забележана во Драчево во 2011 година, обемот на случаи годинава ги фати институциите полуподготвени. Законот за заразни болести не ги обврзуваа инстуциите да водат задолжителна евиденција за западнонилската треска, се прска со застарени методи и ...

Неодговорните сопственици се главните виновници за зголемувањето на популацијата на улични кучиња, сложни се активистите и експертите. Кај властите, пак, и покрај изборните ветувања за решавање на проблемот, отсуствува решителност околу најсоодветните решенија – многу построги казни за напуштање миленик и едукација. Шест години се чека на усогласување на Закон за благосостојба на животните со оној за прекршоци, овозможувајќи многу повисоки ...

Љиљана Матиќ, 70-годишна скопјанка се изненадила кога на крајот на август добила даночно решение од Град Скопје за наследство на станот во кој живеела со децении со нејзиниот сега починат сопруг. Очекувала дека за префрлувањето на нејзино име нема да треба да плати ниту денар оти во станот живееле заедно од првиот ден кога го добиле како општествен, во далечната 1986 година. По осамостојувањето на Македонија, во 1995 година, нејзиниот сопруг ...

Кога во мај годинава, скопската адвокатка Павлина Зефиќ поднела тужба до Граѓанскиот суд во Скопје за надомест на штета oд над милион денари, најмалку што очекувала е дека наместо судска расправа, ќе добие решение дека судијата нема да постапува по неа. Причината не е поврзана со самата тужба, туку со начинот на кој била платена судската такса за неа. А како што вели Зефиќ, таксата била платена електронски, преку банкарски налог. Судијата ...

Неретко коњи се движат или се хранат по паркови, тротоари и на улици во урбани средини, каде што воопшто не им е местото. Иако речиси е нормализирано нивното присуство на јавните површини, сепак, необична случка за време на скопскиот маратон вознемири многумина. Вирална стана фотографијата од кобила што се породи сред улица во Карпош и oваа вест во фокус врати еден секојдневен и долгогодишен проблем – присуството на добиток во урбаните ...

На 25 октомври 2025 година, српските студенти и коалицијата што ја формираа, наречена „Студентска листа“, го шокираа светот со тоа што ја поразија владејачката Српска напредна партија со убедлива изборна победа. Со тоа заврши 14-годишното владеење на Српската напредна партија (СНС) и нејзиниот лидер Александар Вучиќ, период во кој СНС доминираше со јавните институции, медиумите и безбедносните служби на државата. По изборите, европската ...

Компанијата „Адора“ ја купува парцелата од околу 23 илјади квадратни метри во скопската населба Аеродром, веднаш до спортската сала „Јане Сандански“. На денешното јавното наддавање, таа понудила нешто над 66 милиони денари, или околу еден милион евра, потврди за БИРН Дејан Митевски, градоначалникот на Општина Аеродром, со што го победила својот конкурент, компанијата „Битем“, кој исто така учествувал во наддавањето за атрактивното земјиште на ...

Градежната компанија „Голден арт“ објави реклама за проект „Левел“, за изградба на две станбени десеткатници на аголот меѓу булеварите Србија и 12 Македонска бригада во скопската населба Лисиче. Ова е простор поставен дијагонално од 60-метарскиот крст во општината Аеродром, на неколку стотини метри од кулите „Џеваир.“ Станува збор за локација што пред три и пол години ги поттикна жителите на Лисиче на протести, откако дознаа дека во ...

Македонските општини во 2025 година потрошиле рекордни 356 милиони евра за јавни набавки, што е повеќе од претходните две години заедно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Станува збор за тендерите што ги распишале и за договорите што ги склучиле сите 80 општини и Град Скопје. ЦГК ги следи набавките во локалната самоуправа повеќе години наназад, и според нивните податоци од 2018 година досега, 2025 година, не само ...

Кога во март годинава, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Министерството за финансии одобрило средства за нови 200 вработувања за судовите низ земјава, тоа звучеше како прв чекор кон конечно надминување на алармантниот проблем со недостигот од судски кадар во земјава. „Нешто што претставува навистина голем потег“, говореше тогаш Мицкоски. Седум месеци подоцна, наспроти најавата на премиерот, нови вработувања нема. Oд март досега не е ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Цинк

3.76