Уште пред да почне судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу Јавното обвинителство и дел од адвокатите што ги бранат обвинетите се отвори жесток јавен судир. Адвокатите го оценија обвинението како паушално и нејасно и со предвидување дека предметот ќе се суди маратонски. Обвинителството испрати писмо до Адвокатската комора, барајќи одбраната да се воздржи од јавни настапи додека не почне судењето. Оттаму, пак, возвратија дека барањето е ...

На предната страна, на еден од мостовите во центарот на Кочани, распространо е бело платно, на кое со црвени букви пишува: „Години на молк секогаш водат до минута молк“, потсетник на трагедијата што го срози градот пред осум месеци. Веднаш над него се издига билборд со еден од кандидатите за градоначалник и изборната парола „За живот во Кочани.“ Двете пораки рефлектираат поинакви реалности што се разминуваат во малиот град – една за животот со ...

Помина половина од кампањата за локалните избори. Додека кандидатите за градоначалници и за советници се смешкаат на билбордите, се појавуваат по секоја трета објава на социјалните мрежи и се туткаат за да ги собере во телевизиските студија, на вечерните митинзи, сликата е малку поинаква. Традиционално, таму тие се „предгрупа“ пред главниот настап на партиските лидери. Барем кај двете партии што сите години досега редовно си ги менуваа улогите ...

Од пишување текстови и објави на социјалните мрежи до генерирање видеа и до софистицирани употреби во медицината, технологиите што користат вештачка интелигенција (ВИ) сè почесто стануваат секојдневие. Во последниве години, брзиот развој на ВИ отвори прашања за најдобрите практични и етички употреби на оваа технологија, но и на опасностите што може да ги донесе, особено околу елиминирањето на одредени работни места и економските последици од ...

На прв поглед, компанијата „Oлимпус прајм“ повеќе наликува на перспективен технолошки стартап отколку на еден од многуте безлични кол-центри што се појавуваат во главниот град на Србија. Сместен во зграда со модернистички дизајн, во новиот бизнис-кварт во Белград, компанијата изгледа како дел од престижно опкружување – се наоѓа веднаш до кинескиот културен центар и до луксузен хотел. Но, кога српската полиција, едно врнежливо јануарско утро во ...

Топка одамна не се протнала низ мрежата од кошот на игралиштето што деновиве го посетивме во населбата Серава, во скопски Чаир. Теренот е затскриен меѓу тесни улички и новоизградените куќи и згради и, наместо за кошарка, служи како паркинг. Веднаш до него се распаѓа напуштена куќа. И на тоа место, како што ни рече локалниот жител Џемаил, некој сакал да подигне зграда. „Ама изгледа не им успеа“, рече пензионерот што живее во близина на ...

Во повеќе од 30 години како новинар поминав речиси низ сè што оваа професија може да понуди – од известување од војни и покривање на политичките случувања, до водење на централниот дневник на јавниот сервис. Имало успеси и признанија, но и цензура, притисоци, откази и напади. Крилата повеќапати ми биле потскратувани, но никогаш не сум зажалила што го избрав овој пат. За мене, новинарството секогаш било повеќе од работа; тоа е начин на живот, ...

Речиси половина од времето поминато на минатонеделниот брифинг со новинарите, премиерот Христијан Мицкоски го потроши говорејќи за шесте реформски закони од правосудството, кои требаше да бидат усвоени до јуни, за земјава да ги добие ветените пари од Брисел. Крајот на годинава е новиот рок за нивно усвојување. Мицкоски рече дека во тие закони нема измена што е „страшно реформска.“ „Со други зборови, бараат пари од Европската Унија, односно да ...

„Транспарентноста не е наш трик, таа е темел на нашето одговорно владеење“, вака владината портпаролка Марија Митева, со фејсбук-статус го дочека најновото рангирање за активна транспарентност, на кое Илинденска бр. 2 имаше скок од седум места во однос на лани. Рангирањето мери колку самите институции објавуваат информации, без да им се побараат. Меѓутоа, впечатокот на новинарите, засилен со официјални податоци, покажува дека државата сè почесто ...

Ќе наврши речиси месец откако во јавноста повторно се појави темата за наводно незаконско следење јавни личности, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски како опозиционер, преку службите на Агенцијата за национална безбедност. Сѐ тргна од брифинг во АНБ, на кој, директорот Бојан Христовски, на повиканите новинари им соопштил дека противправно биле користени ресурсите за следење на Агенцијата од 2019 до 2024 година. Оттаму испратиле известувања ...

Вкупниот буџет за медиумската кампања што ја спроведе ВМРО-ДПМНЕ по повод една година откако дојде на власт изнесувал околу 33.000 евра (2.019.075,19 денари). Оваа информација партијата ја даде за БИРН, неколку часа по објавувањето на текстот „ВМРО-ДПМНЕ ги крие трошоците на кампањата за една година власт“, каде што детално објаснивме колку тешко партиите даваат информации за трошењето партиски пари, иако имаат законска обврска тоа да го ...

Со собир пред Владата и под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“, премиерот Христијан Мицкоски, во јуни ја одбележа првата година од мандатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во отчетот пред јавноста не изостанаа фалбите изразени низ бројки – за изградени километри патишта, за покачени плати и пензии, за издвоени средства за бизнисите, општините, животната средина… Но, кампањата што потоа под истиот ...

На првиот ден од учебната година, во Дебар Маало беше откриен шарен мурал и беше организиран настан по повод 40-годишнината од забавната и едукативна емисија за деца „Бушава азбука.“ Додека децата преку игра и креативни активности ги учеа буквите, нивните родители носталгично се присеќаваа на спомените од своето детство поврзани со култната серија со која тие се запознавале со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, анимации и ...

Цените на становите во најатрактивните општини вртоглаво растат, а речиси половина од купопродажбите се во готовина, откри неодамна гувернерот Трајко Славески – што отвори сомнежи дека недвижностите сè почесто се купуваат како инвестиција, а не за домување, што ја крева цената. Во исто време, Агенцијата за катастар, со години, не го објавува регистарот на цени за купување и наем, иако тоа е законска обврска. Тој треба да биде алатка со која ќе ...

Училишната година за основците во Бутел почна со правење списоци за набавка на училишни униформи. Но, за разлика од лани, кога сетот од трите парчиња, две маици и блуза, го набави општината, годинава ќе треба да гo платат родителите. Голем дел од ланските парчиња се износени или надраснати, а носењето на униформите со логото на општината е задолжително за време на наставата. На овој начин, проектот што требаше да ја намали „класната разлика што ...

Денешниот први септември е втор за Весна Јаневска како министерка за образование. Минатата година, кога за првпат го дочекa првиот училиштен ден како министерка, имаше изговор за хаосот со кој се соочува македонското образование. Беше само три месеци на функцијата, па за недостигот од учебници, вината можеше да ја префрли кај претходната влада. Сега, со повеќе од една година помината на министерската позиција, вели дека „проблемите не се ...

Италијанскиот инфлуенсер со сенегалско потекло, Kаби Ламе, од годинава е лицето со најмногу следбеници на Тик-ток. Откако во 2020 година, за време на пандемијата, ја изгубил работата, почнал да објавува видеа со смешна содржина. Ламе сега има над 160 милиони следбеници и веќе глумел во неколку филмови. Една од причините зошто Тик-ток стана омилено место на младите е неговиот алгоритам, кој за миг може обично видео да го направи вирален хит и да ...

Ако некој Холанѓанец се сомнева дека во сообраќај е пуштено небезбедно возило, доволно е на интернет само да ја впише неговата регистрaција и ќе види дали е регистрирано, кога поминало на технички преглед, но и какви проблеми имало претходно. Ова е пракса во повеќе европски држави. Некаде, податоците се бесплатни и отворени и за странци, во други достапни се за локалните жители, а може и да се наплаќаат. Кај нас, пак, вакви информации немаат ни ...

Партиското рекламирање со државни пари останува најголемата аномалија на изборните процеси, вели во разговор за БИРН, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски. Тој смета дека моделот гради клиентелистички односи меѓу партиите и медиумите. Анализите на АВМУ откриле и дека новоотворени портали, меѓу кои и од странство, зеле буџетски пари за избори, користејќи го моментот дека нема контрола и ...

Движејќи се низ улиците на македонските градови, ретко може да се најдат рампи за пристапност. И тие што ги има, не се секогаш соодветни – стрмни се и одвај би можеле да ги користат родители со бебиња во колички. А, за луѓето со физичка попреченост, ваквите рампи се практично бескорисни. Освен што државава континуирано не успева да им помогне на луѓето со попреченост во физичкиот свет, таа доцни и со процесите за дигитална пристапност. Ваквите ...

Рид покриен со она што наликува на слој од снег се појавува на видикот по петминутното возење по прашлив пат во Општина Градско. Во непосредната околина нема куќи или други објекти, иако остатоците од измет од домашни животни и расфрлениот отпад помеѓу плански засадените зимзелени дрвја се доказ дека луѓето некогаш го посетувале ова место – но не повеќе. Мајското сонце што се разгорува над пејзажот ја подига температурата на над 30 Целзиусови ...

Со години, Мaкедонската православна црква – Охридска архиепископија е дел од тивки правни битки за oна за што ретко кога и каде се говори, нејзиниот имот. Формално се одвоени, но односите меѓу Црквата и државата често се „вкрстуваат“ во правниот систем, па се „пеглаат“ низ судовите. Над 600 пресуди има во судската база, во кои се наоѓа најголемата верска заедница кај нас. Некаде Црквата тужи за заштита и поврат на имотот, некаде е тужена, а во ...

По одлуката на владата да ја поништи листата на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), двајца од тројца на листата, обвинителката Ленче Ристоска и судијката Габриела Гајдова побараа, но не добија образложение зошто се неподобни да бидат кандидати за оваа престижна функција. Остро реагираа шест граѓански организации од Блупринт групата, кои владината одлука и ја нарекоа правно спорна и нетранспарентна бидејќи ...

На 6 јуни, српскиот претседател Александар Вучиќ, во интервју за израелскиот весник на англиски јазик, „Ерусалим пост“, изненадувачки се пофали дека Србија е единствената европска земја што ѝ продава муниција на Израел. Меѓутоа, само две недели подоцна, утрото на 23 јуни, одговарајќи на новинарско прашање дали Србија со извозот зазела страна во конфликтот меѓу Израел и Иран, Вучиќ изјави дека државата го запрела извозот на оружје и муниција. ...

Пожарот што неодамна го зафати паркот на природата Езерани во Преспа остави зад себе 500 уништени хектари и сериозно го загрози животинскиот свет. Познат како засолниште на повеќе од 200 видови птици, меѓу кои и загрозените чапји и пеликани, мочуриштата во Езерани не се само живеалишта, туку и „биолошки филтри“ што ја прочистуваат водата, ја регулираат микроклимата и ја поддржуваат рибната популација на езерото. Во овој контекст, пожарот беше ...

Од хаосот во државната пошта не излегуваат сите како губитници. Скопјанецот Игор Димовски може да се пофали дека лани од Германија нарачал две плочи од хеви-метал групата „Металика“, а преку Пошта му стигнале двојно повеќе, четири. До душа, добил по две копии од двата албума и затоа ги почестил роднините со дупликатите. Но, искуството на Димовски е далеку од позитивно. Ги изначекал плочите заглавени во депоата на поштата, а двојната добивка се ...

Ајмане Бајрами имала 15 години кога кликнала на порака на Фејсбук од непознат човек и на екранот пред неа и нејзиниот тогаш 21-годишен брат се појавила фотографија од машки полов орган. Бајрами, која потекнува од градот Феризај (Урошевац) во јужно Косово, се сеќава дека почувствувала длабок срам. „Како земјата да ме проголта, иако ништо не сум направила“, изјави таа за БИРН. Тринаесет години подоцна, Бајрами сè уште прима несакана експлицитна ...

„Зарем не сакаш да одиш? Да научиш да се браниш?“ Ова прашање го довело 41-годишниот Максим Роска од Молдавија на Балканот, каде што руски инструктори го обучувале во паравоени кампови скриени во шумите на Србија и Босна и Херцеговина. Роска бил уапсен во октомври 2024 година, заедно со група лица за кои молдавското обвинителство тврди дека се подготвувале за предизвикување масовни немири пред, за време и по претседателските избори во оваа ...

Повеќе од една година независните граѓански иницијативи, од кои, некои веќе имаат советници во општините, водат правна и политичка битка во обидот да издејствуваат понизок праг за кандидирање на изборите. За нив нелогично беше што по измените на Изборниот законик, во март 2024 година, за да се кандидираат непартиски иницијативи, на пример за Град Скопје, потребни беа над 4.500 потписи, а за формирање партија, која може да се бори за гласови во ...

Додека медитеранската климатска зона продолжува да се менува, а топлотните бранови се засилуваат, балканските држави со различен степен на подготвеност се соочуваат со сезоната на пожари. Некои, како Грција, демонстрираат силна тактичка подготвеност, но не успеваат да ги адресираат стратешките слабости. Други, како Србија и Северна Македонија, прикриваат недостатоци со политички спин или со креативна импровизација. Во Турција, нерешените ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1008
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
91%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Паладиум

45879.12

Платина

53106.37

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Цинк

3.24

Злато

135322.28

Сребро

1837.41

Калај

40.11

Рутениум

29192.88

Кобалт

55.67

Алуминиум

2.89

Никел

471972.96