Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, која ќе стапи во сила од 00:01 часот на 5 август. Според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91 денар за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 93 денари за литар, што претставува намалување од 2 денари кај двата вида бензин. Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 1 денар и од полноќ ќе се продава по 99,50 денари за литар. Цената ...
Институтот за јавно здравје апелира родителите да бидат особено внимателни во деновите со екстремно високи температури, бидејќи доенчињата и малите деца се меѓу најранливите категории кога станува збор за топлотните бранови. Според препораките, бебињата не треба да се изложуваат на директно сонце, особено во периодот од 11 до 17 часот. Се советува носење лесна и светла облека од природни материјали, како и задолжителна заштита на главата со ...
Со децении важат за две од најголемите музички имиња на Балканот, распродаваат арени и заработуваат огромни хонорари, но кога станува збор за проценетото богатство, предноста, според достапните медиумски проценки, е на страната на Дино Мерлин. Според проценките што ги пренесуваат повеќе медиуми, богатството на Един Дервишалидовиќ – Дино Мерлин се проценува на околу 100 милиони долари, додека богатството на Здравко Чолиќ е значително пониско. ...
Русија најави развој на три нови вакцини наменети за третман на одредени видови рак, како дел од пошироките истражувања во областа на онкологијата. Информацијата ја соопшти Александар Гинзбург, академик на Руската академија на науките и научен директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, во изјава за „Спутник“. Според него, во наредниот период се планира производство на вакцини за третман на рак ...
По повеќе од еден месец неизвесност, италијанските спасувачки служби го пронајдоа телото на Луиџи Кавалари (84), сопруг на министерката за семејство Еуџенија Рочела. Тој исчезна на 27 јуни додека се капел во езерото Вико во покраината Витербо. Телото било откриено од полициски нуркачи по долготрајна и сложена потрага, во која учествувале специјализирани тимови од различни делови на Италија. Поради слабата видливост, калливото дно и густите ...
Тежок случај на семејно насилство ја вознемири Струмица, откако 37-годишен маж е осомничен дека со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга во угостителски објект и ѝ нанел тешки телесни повреди. Против него е поднесена кривична пријава за обид за убиство во врска со семејно насилство. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 31 јули 2026 година околу 12:40 часот во угостителски објект во ...
Украинската национална полиција објави вознемирувачка видеоснимка за која тврди дека прикажува руски дрон како следи и напаѓа цивил на пазар во Херсон. Според украинските власти, станува збор за 52-годишен продавач на зеленчук, кој во моментот на нападот немал никаква воена улога. Според полицискиот извештај, повредениот е жител на Миколаивската област. Тој го преживеал нападот, но се здобил со рани од шрапнели, повреди од експлозијата и ...
Поп-ѕвездата Аријана Гранде одлучи да се повлече од јавноста по завршувањето на својата светска турнеја „Eternal Sunshine“, ставајќи пауза на јавните настапи и дел од професионалните ангажмани. Одлуката, според нејзиниот тим, доаѓа по долг период исполнет со медиумски притисок и постојани коментари за нејзиниот физички изглед и телесна тежина. Новиот видеоспот за песната „Petal“, водечкиот сингл од нејзиниот осми студиски албум, предизвика ...
Хрватските власти започнаа засилени инспекциски контроли откако беше откриено дека група странски работници била сместена во крајно несоодветни услови. Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ порача дека ваквиот начин на сместување е целосно неприфатлив. При заедничка контрола што ја спровеле полицијата и Државниот инспекторат во компанија од Чазма, биле проверени 62 работници од Индија ...
Екстремните летни температури во Јапонија оставија тешки последици и врз животните. Три лава од зоолошката градина Тама во Токио починале, а неколку други се на лекување поради сомневање дека претрпеле топлотен удар. Од зоолошката градина информираат дека од средината на јули кај голем број лавови биле забележани сериозни промени – намален апетит и значително намалена активност. Од вкупно 16 лавови, кај 10 биле забележани симптоми, а три ...
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на градот поради сомнение дека сторил кривично дело „Насилство“ според член 386 став 5 од Кривичниот законик. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 2 август 2026 година, за време на одбележувањето на државниот празник Илинден во струшкото село Ташмаруништа. Осомничениот С. Г. од Струга бил пријавен дека упатувал вербални навреди ...
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, заедно со сите расположни служби е на терен каде се вложуваат максимални напори за локализирање и ставање под контрола на големиот пожар што го зафати овој регион. Во опсежната акција за справување со огнената стихија е мобилизирана комплетна механизација и воздушна поддршка: Земјени сили: 4 пинцгауери, 2 возила Унимог, камион од Шумското стопанство и 2 теренски џипови. Воздушна поддршка: 2 ...
Жителите на Загреб беа вознемирени откако во реката Сава било пронајдено безживотно тело на маж. Случајот веднаш бил пријавен во полиција, по што надлежните служби излегле на местото на настанот и започнале истрага. Телото било забележано во близина на населбата Савски Гај, а по дојавата од граѓани полициски екипи пристигнале на терен и го извлекле од водата. Во моментов се врши увид под раководство на дежурен заменик на Жупаниското државно ...
Нов Зеланд се соочи со силен поларен бран кој донесе необична зимска слика во делови од земјата. Снег падна и во пониските предели, а екстремните временски услови предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот, образованието и поморскиот транспорт. Според новозеландските медиуми, студениот воздушен систем се движел низ земјата, покривајќи делови од Јужниот Остров со снежна покривка. Поради снегот и замрзнатите коловози, полицијата апелираше до ...
Истрагата против Радослав Драгиевиќ, таткото на Дејан Драгиевиќ кој е обвинет за убиството на двегодишната Данка Илиќ, е официјално прекината откако Апелациониот суд во Ниш ја потврди претходната одлука на Вишиот суд во Неготин. Со оваа одлука, судот оценил дека нема доволно основи за подигнување обвинение против Радослав Драгиевиќ за делото кое му се ставаше на товар – непријавување кривично дело и сторител по извршувањето на делото. Вишото ...
Италија подготвува нов предлог за Европската Унија со кој би се овозможило отворање центри за мигранти надвор од територијата на Унијата, а идејата веднаш го отвори прашањето дали земјите од Западен Балкан би можеле да бидат дел од овој модел. Според италијанскиот предлог, лицата кои немаат право да останат во Европската Унија би можеле да бидат префрлани во такви центри во држави кои не се членки на ЕУ. Таму би се чекало на организирање на ...
Родителите на идните првачиња во Општина Ресен ќе добијат финансиска поддршка пред почетокот на новата учебна година. Локалната самоуправа започна со реализација на мерка со која на секое семејство чие дете за првпат ќе седне во училишна клупа ќе му биде доделена еднократна парична помош. Од Општина Ресен информираат дека е објавен Јавен повик преку кој родителите или старателите можат да аплицираат за добивање на средствата. Поддршката ...
Необична интервенција на полицијата ги насмеа жителите на германскиот град Милхајм, откако алармот за кражба во еден супермаркет се активирал поради неочекуван „посетител“. Службениците пристигнале во продавницата во близина на Франкфурт очекувајќи да затекнат провалник, но наместо човек кој незаконски влегол во објектот, во влезниот дел ги пречекал мал еж. Германската полиција со доза на хумор го опишала случајот, наведувајќи дека станувало ...
По продолжениот викенд за празникот Илинден, кога неработниот ден поради тоа што 2 Август се падна во недела беше префрлен на понеделник, граѓаните веќе можат да го планираат следниот одмор. Во наредниот период следуваат уште неколку неработни денови, а дел од нив ќе овозможат нови продолжени викенди за граѓаните низ Македонија. Првиот следен неработен ден е 28 Август – Успение на Пресвета Богородица, познат како Голема Богородица, кој е ...
Поради најавените високи температури и топлотниот бран кој го зафати регионот, возачите се предупредуваат да бидат особено внимателни, не само во сообраќајот, туку и поради зголемената опасност од појава на пожари. Експертите апелираат во автомобилите да не се оставаат предмети кои под влијание на високите температури можат да предизвикаат опасност. Особено внимание се посветува на проѕирните шишиња, запалките, спрејовите и лименките, кои во ...
Масовниот прилив на мигранти кон шпанската ексклава Сеута предизвика голема политичка бура и отвори едно од најважните прашања – кој ја сноси одговорноста за настаните што го потресоа регионот? Мароканската влада долго време молчеше за случувањата, а дури потоа официјално се огласи портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Рашид Ел Калфи. Тој изјави дека причините за масовното движење биле поврзани со „злонамерна злоупотреба“ на ...
Грчките власти започнаа истрага по сериозни наводи дека работници ангажирани во Националниот парк Самарија на Крит незаконски убиле заштитено животно, а потоа го испекле и го консумирале во рамките на заштитеното подрачје. Случајот се најде под истрага откако до надлежните било поднесено пријава со тврдења дека инцидентот се случил додека приватна компанија изведувала работи за обновување и отстранување на штетите во познатиот кањон Самарија. ...
Белградската населба Карабурма е во шок по смртта на 73-годишниот Радивоје Гајичиќ, меѓу соседите познат како Раша, долгогодишен пекар и добро познат жител на населбата. Неговото безживотно тело било пронајдено во поткровјето на зградата во која живеел, а околностите под кои починал се предмет на интензивна полициска истрага. Според српските медиуми, местото на настанот веднаш било обезбедено од полицијата, а по налог на Вишото јавно ...
Судот ѝ одреди мерка притвор на 41-годишна жителка на Кратово, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, поради основано сомнение дека сторила кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „узурпација“. Според информациите од Обвинителството, жената подолг временски период без законски основ го узурпирала локалитетот „Куклица“, кој има статус на споменик на природата. Во тој период, како што ...
Македонија и денес ќе биде под влијание на стабилно, сончево и исклучително топло време. Во текот на денот ќе има мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 10 и 20 степени, додека дневните ќе бидат многу високи и ќе достигнат од 33 до 40 степени, што значи дека во повеќе делови од земјата ќе продолжат тропските горештини. Во главниот град Скопје времето исто така ќе ...
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, по координација со службата за Итна медицинска помош, донесе одлука во село Дреново да биде стационирано амбулантно возило со медицински тим, со цел навремена здравствена заштита на жителите додека трае справувањето со пожарот во атарот на село Раец. Мерката е преземена поради густиот чад и силниот мирис што се шират од пожарот, а медицинскиот тим ќе биде на располагање за сите граѓани кои ...
Многу кучиња чувствуваат страв или вознемиреност при возење со автомобил, но експертите велат дека со трпение и постепено привикнување, повеќето миленици можат успешно да го надминат овој проблем. Стравот најчесто е поврзан со непознатите звуци, движењето на возилото, претходни непријатни искуства или фактот што кучето го поврзува автомобилот исклучиво со посета на ветеринар. Првиот чекор е кучето да се запознае со автомобилот додека моторот ...
Шеесетгодишен маж од Велс е осуден на две години и четири месеци затвор, откако речиси три години го чувал телото на својата почината мајка во замрзнувач за да продолжи незаконски да ја прима нејзината пензија. Според британските медиуми, Кристофер Филипс го сокрил телото на својата 89-годишна мајка во замрзнувач во нивниот дом, додека во меѓувреме незаконски примил повеќе од 78.000 фунти преку пензија и други исплати. Случајот бил откриен ...
Полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на 73-годишна државјанка на Словенија, за која е пријавено дека исчезнала откако влегла во Македонија. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека К.К. (73) од Република Словенија на 1 август влегла во земјава преку граничниот премин Табановце. По влезот во Македонија, таа станала недостапна на телефонските повици, по што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри пораки кон Иран, велејќи дека Техеран има „последна шанса“ да постигне договор со Соединетите Американски Држави. Во изјава пред новинарите, Трамп рече дека се надева оти сè уште постои можност за договор, но предупреди дека времето истекува. „Мислам дека можеби ќе можеме да постигнеме нешто, но сакам да им дадам уште една последна шанса“, изјави Трамп, притоа повторувајќи ги своите ...