Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди јужниот филипински остров Минданао. Цивилната одбрана соопшти дека најмалку осум лица загинале, а зградите се оштетени во градот Генерал Сантос. Издадено е предупредување за цунами. Земјотресот предизвика предупредувања за цунами на Филипините, соседна Индонезија и американскиот систем за предупредување од цунами. На луѓето во крајбрежните области им беше советувано да бараат повисоки ...
Основното јавно обвинителство во Скопје покрена истрага против две лица, браќа на возраст од 43 и 44 години, поради сомневање дека заедно извршиле убиство во обид. Инцидентот се случил во близина на авто-плацот кај селото Шишево, каде осомничените пукаа кон едно лице и го погодиле во главата, создавајќи опасност и за уште две лица. Според информации од Обвинителството, причината за ваквиот инцидент бил претходен сообраќаен инцидент при кој ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски го повика Трудовиот инспекторат да го провери отсуството од работа на актуелниот градоначалник на Општината Сотир Луковски, на кого, како што тврди, боледувањето му завршило на 30 мај. Јакимовски посочува дека доколку вработен не се јави на работа три дена последнователно му следува отказен рок согласно Законот за работни односи. – Можно ли е 500 000 вработени во оваа држава ако три ...
Поранешниот американски претседател Џо Бајден има агресивна форма на рак на простата, која се проширила на коските, потврди неговата канцеларија. Дијагнозата била поставена во мај 2025 година, откако 82-годишниот Бајден имал уринарни симптоми, а лекарите откриле јазол на простатата. Според соопштението од неговиот тим, станува збор за карцином на простата со Gleason score 9, односно Grade Group 5, што укажува на високо агресивна форма на ...
Руските власти утрово ги предупредија жителите на Санкт Петербург да ги напуштат своите домови по наводниот напад од големи размери од страна на украински беспилотни летала. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, им советуваше на жителите да не излегуваат надвор и предупреди на можни прекини во мобилниот интернет. Регионалниот гувернер Александар Дрозденко рече дека 141 беспилотни летала се соборени над околниот регион Ленинград, ...
За речиси една недела стапуваат на сила измените во системот за електронска наплата на патарините што значи дека на лентите наменети за MTAG ќе може да се плаќа исклучиво со електронски тагови. Досега, на овие ленти можеше да се плаќа патарина и со MCard. Измените стапуваат на сила од 15 јуни. Електронските тагови отсега се достапни и преку мобилните оператори А1 и телеком и може да се купат за 49 денари месечно во период од 24 месеци. The ...
Германските производители на автомобили ја започнаа годината со значително полоши деловни резултати во споредба со меѓународната конкуренција, според анализата на ревизорската и консалтинг-компанијата EY, порано Ernst & Young, во која беа вклучени 19 од најголемите светски автомобилски концерни. Глобалниот пазар забележа мал раст, но вкупните приходи на Volkswagen, Mercedes-Benz и BMW се намалија за 4,3 проценти во првиот квартал од ...
Иранскиот пратеник Ебрахим Резаи најави „цврст и болен“ одговор по денешните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут. – Ќе одговориме цврсто и болно на агресијата на ционистичкиот режим кај Бејрут. Овие бесни кучиња мора да ги дисциплинираме и да ги ставиме на нивното место, објави Резаи на социјалните мрежи. Тој е портпарол на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент. Либанската новинска ...
Фирмата поради која се гони поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев и годинава добила тендери од кои највисокиот со Царинската управа е во вредност од 420 илјади евра, јавува Телма. Овој пат, наместо надворешно, фирмата добила тендер за внатрешно одржување на хигиена на деловните простории на Царинската управа, а договорот вреден околу 420 илјади евра го потпишал актуелниот директор на Царинската управа Ббобан Николовски. – ...
Најмалку 12 лица се ранети во ужасна пукотница што се случи во саботата навечер во близина на локален фестивал во градот Толедо, во американската држава Охајо. Според информациите потврдени од заменик-шефот на полицијата во Толедо, Џо Хефернан, двајцата ранети се во критична состојба. Полицијата наведува дека во престрелката учествувале најмалку две лица, кои, според досегашната истрага, веројатно пукале едни кон други. Полициската управа ...
Иран вечерва испали балистички ракети кон северен Израел, ...
Хрватскиот Златен Рат е прогласен за најдобра плажа во светот во новиот избор „100 најдобри плажи во светот“ за 2026 година. Покрај тоа, тоа е единствената хрватска плажа што беше вклучена во овогодинешното издание на глобалниот водич „Corona Beach 100“. Глобалниот водич објавен пред Светскиот ден на океаните на 8 јуни нуди пресек на најубавите плажи на планетата: од Сејшелите, Филипините и Бразил до Нов Зеланд. Света Ана во Грција, ...
Грчките власти уапсија 37-годишен маж на Крит под сомнение за активности поврзани со тероризам. Тој им рекол на истражителите дека е припадник на Хамас и дека е поврзан со двете лица уапсени неколку дена претходно во Кипар кои планирале напади на цели поврзани со Израел. Уапсениот потекнува од Газа и во Грција престојувал легално како сезонски работник во хотел. Во своето првично сведочење, тој рекол дека сè уште немал направено експлозивна ...
Властите во Хавана почнаа да делат оружје на цивилите по зголемените стравувања од можна американска воена интервенција во близина на островот, поради нејасни пораки од Вашингтон. Според венецуелскиот медиум „Versión Final“, кубанските власти почнале да дистрибуираат автоматски пушки на цивилното население, како дел од подготовките за одбрана од американска инвазија. Тензиите дополнително се зголемија по говорот на американскиот државен ...
Односите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се најдоа во центарот на вниманието на јавноста во последните денови по извештаите за жесток телефонски разговор меѓу двајцата лидери, во кој Трамп наводно го нарекол Нетанјаху „тотално луд“. Според американскиот портал „Аксиос“, за време на разговорот, Трамп остро реагирал на израелските закани за продолжување на воздушните напади врз јужните ...
Јуни е време за многумина да ги преиспитаат своите професионални цели, а според астролозите, некои хороскопски знаци ќе почувствуваат потреба за промена во кариерата. Додека некои ќе добијат примамливи понуди, други конечно ќе соберат храброст да ја напуштат околината која повеќе не ги исполнува. Ѕвездите сугерираат дека крајот на месецот би можел да биде време за донесување важни кариерни одлуки, нови почетоци и неочекувани можности. Еве ...
Иако политиката за државјанство е во надлежност на Србија, зголемениот број руски државјани кои, со стекнување на српско државјанство, добиваат можност за безвизен влез во Европската унија, претставува потенцијален безбедносен предизвик за Унијата, според Европската комисија, пишува РСЕ. Во најновиот документ на Европската комисија, објавува РСЕ, во кој се оценува напредокот на Србија во поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето ...
Претседателот на Демократската партија (ДС), Срѓан Миливојевиќ, денес повтори дека партијата е безусловно со студентите и бунтовните граѓани во Србија, нагласувајќи дека слободата не се добива со партиски пресметки, туку со собирање на сите што сакаат слободна држава. „Студентите победуваат во Србија! Србија е во полн ек! Вашата сестра ДС е безусловно со студентите и бунтовните граѓани. Храброто и чисто срце ќе победи во Србија, а тоа ќе ...
На повеќето луѓе им требаат помеѓу 10 и 20 минути за да заспијат, но некои „среќни“ луѓе заспиваат штом главата ќе им ја допре перницата. Иако може да изгледа како вештина, експертите предупредуваат дека моменталното заспивање всушност може да биде предупредувачки знак дека вашето тело е хронично лишено од сон. Таквата навика дури е наречена „злокобен знак“ на TikTok, пишува Metro. Зошто пребрзото заспивање е лош знак? Главниот фармацевт на ...
Кралицата на народната музика, Лепа Лукиќ, доживеала несреќа во саботата навечер кога паднала додека пазарувала во продавница. Екипата за итни случаи набрзо дошла на местото на настанот и ја пренела пејачката во свесна состојба во Ургентниот центар за детални прегледи. По детална медицинска дијагноза во Ургентниот центар, утврдено е дека пејачката ги повредила коленото и глуждот. За среќа, лекарите констатирале дека повредите не се од ...
Македонија започнува преговори со Европската Унија за приклучување кон режимот „роаминг како дома“, со што македонските граѓани во иднина би можеле да користат мобилни повици, СМС-пораки и интернет во земјите од ЕУ без дополнителни трошоци. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави дека на 12 јуни министрите од земјите од Западен Балкан ќе одржат состанок со претставници на Европската комисија, каде ќе се разговара ...
Постојат неколку различни совети за перење алишта што можат да се најдат на социјалните мрежи, но не сите од нив даваат исти резултати. Сепак, меѓу нив се издвојува еден едноставен трик што не бара дополнителен напор или повисоки трошоци, а може да ѝ помогне на облеката да го задржи својот оригинален изглед подолго време. Станува збор за користење на обична кујнска сол за време на перењето. Овој едноставен додаток може да помогне ткаенините ...
Во мај 2026 година, украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз околу 250 квадратни километри, додека руските сили зедоа приближно 130, оставајќи го остатокот од 120 квадратни километри во корист на Украина. Според украинскиот медиум „Милитарњи“, кој се повикува на свои извори во Одбранбените сили на Украина, руските трупи окупирале околу 130 квадратни километри територија во текот на мај. Еден месец претходно, таа површина била ...
Унгарската компанија MOL доби официјална лиценца од Канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД (OFAC) да ги продолжи преговорите за купување на рускиот мнозински удел во Нафтената индустрија на Србија а.д. (NIS) до 16 јуни, објави MOL на Будимпештанската берза. Како што наведува MOL, по продолжувањето на лиценцата одобрено на 22 мај, преговорите значително напреднаа, а сегашното дополнително ...
Овие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, објавува Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ во саботата, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа. Според истиот извештај, потегот има за цел спроведување на „поморската административна надлежност“ на Кина и ...
На 12 јуни државите од Западен Балкан ќе имаат состанок со Европската комисија за иницијативата „роаминг како дома“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека процесот го чекаме подготвени и дека е добро што секоја земја преговара за себе што значи дека побрзо ги исполниме условите, толку побрзо ќе ги користиме бенефитите. – По одлуката на Советот на ЕУ да го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен ...
Олексиј Гончаренко, пратеник во украинскиот парламент, денес изјави дека рускиот бизнисмен Роман Абрамович го посетил Киев кон крајот на мај, каде што се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во објава на својот Телеграм канал, Гончаренко рече дека Абрамович е рускиот бизнисмен за кого рускиот претседател Владимир Путин првпат рече дека го посетил Киев на Меѓународниот економски форум во Петроград , објави „Униан“. Рускиот ...
Продромалната фаза на мигрена, позната и како претчувствителна фаза, може да послужи како рано предупредување за претстојна главоболка. Во текот на оваа фаза, може да се појават различни физички, сензорни и бихејвиорални симптоми, вклучувајќи промени во расположението, болка во вратот и чувствителност на светлина, според Health.com. Знаци кои укажуваат на мигрена Продромалните симптоми обично се јавуваат 24 до 48 часа пред главоболката, а ...
Ким Јо-џонг, влијателна сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и висок функционер на владејачката партија, го нарече притисокот на САД за денуклеаризација на Северна Кореја „анахронистички сон“. Таа јасно стави до знаење дека Пјонгјанг ќе продолжи постепено да го проширувасвојот нуклеарен арсенал наспроти заканите предводени од Соединетите Американски Држави (САД). Острата изјава доаѓа само еден ден пред кинескиот претседател Си ...
На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“, постапувајќи по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа да почнат повторно да живеат заедно. Ј.С. е задржан во Полициската станица Тетово, ...