Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Камерите од системот „Безбеден град“ веќе се ставени во функција на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа во Општина Дебрца, додека уредите поставени на сообраќајниците во Охрид и околината се во последната фаза на техничко тестирање. Министерството за внатрешни работи најави дека системот наскоро ќе почне да работи и во охридскиот регион, но не објави прецизен датум или час за неговото активирање. Тоа значи дека ...
Високите температури создаваат поволни услови за брзо размножување микроорганизми во храната, поради што Агенцијата за храна и ветеринарство ги повика граѓаните внимателно да избираат каде купуваат, како ги пренесуваат производите и на која температура ги чуваат. Ризикот е особено голем кај месото, млекото, јајцата, кремовите, готовите јадења и другите лесно расипливи производи. Предупредувањето доаѓа во услови на нов топлотен бран и ...
Камерите од системот „Безбеден град“ веќе се ставени во функција на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа во Општина Дебрца, додека уредите поставени на сообраќајниците во Охрид и околината се во последната фаза на техничко тестирање. Министерството за внатрешни работи најави дека системот наскоро ќе почне да работи и во охридскиот регион, но не објави прецизен датум или час за неговото активирање. Тоа значи дека ...
Хемикалија што се користи во производството на детергенти неофицијално е причината за белата пена што на 24 јули се појави во Лепенец, а потоа преку неговото влевање се прошири и во Вардар. Лабораторискиот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ е завршен и доставен до Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина, но институциите сè уште немаат објавено официјален наод за точниот состав на материјата. Една ...
Хамас прифати повеќефазен план што предвидува предавање и деактивирање на оружјето во Појасот Газа, но спроведувањето го условува со постепено повлекување на израелската армија и со пренесување на власта врз палестинска технократска администрација. Израел сè уште нема објавено формален став на владата, но израелски претставник веќе порача дека предложената рамка не ги исполнува барањата за целосно разоружување на Хамас и целосна ...
Македонија влегува во најжешкиот период од ова лето, а температурите постепено ќе растат и во средината на следната седмица на повеќе места ќе надминат 40 Целзиусови степени. Управата за хидрометеоролошки работи најавува продолжено сончево, стабилно и многу топло време, без позначително разладување до крајот на следната седмица. Денеска, 31 јули, времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец. ...
Државата не е градинка во која министерот може да ги прекрсти рацете, да каже „не сакам“ и да очекува воспитувачката од Брисел да му донесе нова играчка. Надворешната политика не е демонстрација на инает, туку способност да се стигне до националната цел во услови што ретко се идеални. Кога министерот за надворешни работи признава дека државата нема план Б, тоа не е доказ за цврстина. Тоа е признание дека државата нема резервна тактика доколку ...
Фискална сметка од угостителски објект во Охрид, на која порција пастрмка од 600 грама е наплатена 3.720 денари, предизвика реакции на социјалните мрежи и повторно ги стави летните угостителски цени во градот во центарот на вниманието. Сметката ја објави Ѓорѓи Галетановски, кој иронично порача дека по ваквите цени наредното лето во Охрид ќе останат само повозрасни странски туристи, додека младите и домашните гости ќе бараат други места за ...
Кулекс-комарецот, еден од најраспространетите видови во Македонија, може да го пренесе вирусот на западно-нилската треска. Здравствените власти досега регистрираа 11 случаи во земјава, додека за уште тројца пациенти со симптоми на воспаление на мозокот и мозочните обвивки се чекаат резултати од лабораториските испитувања. Епидемиологот Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно ...
Големите нафтени компании остваруваат или очекуваат повеќекратно зголемени профити поради високите цени на суровата нафта, недостигот од горива и рекордните маржи во рафинериите, додека потрошувачите низ светот плаќаат поскап бензин, дизел и авионски билети. Војната меѓу САД и Иран и нарушувањето на транспортот низ Ормутскиот Теснец создадоа пазар во кој компаниите со сопствено производство, рафинерии и трговски операции можат да заработуваат ...
Замор, главоболка, температура, стомачни тегоби или осип често се припишуваат на горештините. Но македонските лекари предупредуваат дека токму во лените месеци ваквите симптоми не треба да се потценуваат. „Ќе помине само од себе.“ Ова е една од најчестите реченици што лекарите ја слушаат во амбулантите секое лето, кога пациенти по неколку дена доаѓаат со симптоми што првично ги игнорирале мислејќи дека се последица на високите температури. ...
Бугарија применува модел со кој истовремено се решаваат два проблеми – недостигот од достапна грижа за малите деца и невработеноста. Преку проектот „Родители во вработување“, државата им обезбедува бесплатен негувател на родителите што сакаат да се вратат на работа, а за негуватели ангажира лица што претходно биле евидентирани како невработени. Програмата е насочена особено кон родители на мали деца кои немаат место во јасли или градинка, ...
Месечината на 12 август ќе го покрие Сонцето и ќе создаде тесен појас на целосна темнина што ќе помине низ Арктикот, Гренланд, Исланд и Пиринејскиот Полуостров. Затемнувањето ќе биде целосно само за набљудувачите во точно определената траса, додека во поголемиот дел од Европа, вклучително и во Македонија, ќе се гледа само како делумно. Станува збор за првото целосно затемнување на Сонцето што ќе ја зафати континентална Европа по 1999 година. ...
Европскиот фудбал се закани со целосен бојкот на светските првенства и сите други натпреварувања организирани од ФИФА, отворајќи ја најголемата институционална криза во светскиот фудбал во последните години. УЕФА и нејзините 55 национални федерации едногласно решија дека нивните репрезентации нема да учествуваат на турнирите на ФИФА сè додека не биде целосно повлечен планот дел од комерцијалните права врз Светското првенство да им се отстапат ...
Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри голема површина на Марс прекриена со необични геометриски структури слични на саќе. Полигоналните пукнатини не се непознати за научниците, но досега не биле забележани во толку голем број и на толку широко подрачје на Црвената Планета. Новите снимки се направени додека роверот се искачувал низ марсовската долина наречена „Вале Гранде“, во подножјето на планината Шарп. По површината се протегаат илјадници ...
Делегации од Бугарија и Северна Македонија вчера го одржаа првиот состанок на Заедничкиот комитет за Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел во Софија. Проектот е клучен елемент на Коридорот 8, кој ги поврзува Црното и Јадранското Море и претставува природно продолжение на глобалните транспортни коридори меѓу Европа и Азија. Коридорот е исто така дел од Стратегијата за воена мобилност на НАТО. Состанокот ...
Европската економија во вториот квартал од 2026 година порасна побрзо од очекувањата, отворајќи простор за нови нарачки и поголем извоз од Македонија. Но, растот од 0,4 проценти во еврозоната не значи дека македонските фабрики автоматски ќе ги наполнат производствените линии. Ефектот ќе зависи од тоа кои европски сектори закрепнуваат, колку ќе нарачуваат германските компании и дали домашните производители ќе останат конкурентни во услови на ...
Иако официјалната статистика покажува дека растот на цените се смирува, многу граѓани имаат чувство дека секое одење во маркет остава сè поголема дупка во домашниот буџет. Каде е разликата меѓу статистиката и реалноста? „Инфлацијата опаѓа“ е една од најчесто повторуваните економски пораки во последните месеци. Според Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесувала 3,4 проценти, што е значително помалку од двоцифрените ...
Поранешниот вицепремиер, Арбен Фетаи, кој ја напушти Владата поради долгото отсуство од работа, доби нова дипломатска функција токму во момент кога земјата повторно очекува клучни сигнали од Европската Унија. Прашањето повеќе не е само кадровско, туку институционално – кој ја претставува Македонија пред Брисел и каква порака испраќа државата? Македонија повторно се најде пред уште еден европски тест. Не затоа што Европската комисија објави ...
Тројца грчки пожарникари загинаа борејќи се со пожари во силни ветрови на островот Крит и континентална Грција, додека шумските пожари се ширеа низ Европа во среда, по деновите на катастрофални пожари во Шпанија и Франција. На Крит, силните ветрови ги разгореа пламените јазици, принудувајќи евакуација на неколку села. Двајца пожарникари загинаа откако останаа заробени во близина на селото Крија Вриси додека се движеа помеѓу пожарните фронтови ...
Август не носи само годишни одмори. За граѓаните и компаниите започнуваат нови административни рокови, продолжуваат реформите во платниот систем и се очекуваат нови одлуки што можат да влијаат врз секојдневниот живот. Еве што треба да проверите уште од утре. Првиот ден од август традиционално се поврзува со летните одмори, но годинава носи и неколку важни административни и институционални активности што вреди да ги следат граѓаните и ...
Евростат објави поразителни бројки, го потврди дебаклот на Мицкоски: Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа, се истакнува во соопштението до медиумите на СДСМ. “Евростат ја покажа суровата реалност за економската мизерија во која живеат македонските граѓани после две години Влада на Мицкоски и ВМРО. Зад Македонија нема друга земја, пред нас се Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Србија…“, посочуваат од ...
По неколкудневното благо освежување, прогнозите најавуваат повторен пораст на температурите во првите денови од август. Лекарите предупредуваат дека најголемиот ризик не е само дневната жештина, туку и топлите ноќи, високото УВ-зрачење и зголемената опасност од пожари. Првите денови од август повторно ќе донесат високи температури низ поголем дел од Македонија. Прогнозите на синоптичарите укажуваат дека времето ќе биде претежно сончево и ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е постигната „петкратно зголемена ефикасност“ во постапувањето по семејно насилство. Бројките, сепак, покажуваат дека тврдењето се однесува на еден конкретен сегмент од работата на СВР Скопје – случаите процесуирани по брза постапка и изречените мерки на претпазливост, а не на вкупниот број пријави, кривични постапки или заштитени жртви. Во 2022 година по брза постапка биле процесуирани десет ...
Зошто токму Марија Митева, ако се знае дека УЖ на ВМРО ДПМНЕ никогаш немала ваква „современа” лидерка и ваков стил на активности ослободени од традиционалната иконографија и навидум повеќе граѓански, каков што таа промовира деновиве со нејзината кампања низ општинските комитети. Зоран БОЈАРОВСКИ Кога премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лично соопшти дека Марија Митева ќе ја предводи Унијата на жени на партијата, тоа ...
Додека температурите во Македонија локално надминуваат 40 степени, а многу топлото време се очекува да продолжи до 2 август, дел од клима-уредите работат без прекин, но тешко ја намалуваат температурата во домот. Тоа не мора веднаш да значи дефект, но млак воздух, вода од внатрешната единица или често исклучување на осигурувачот се знаци што не треба да се игнорираат. Работниот опсег наведен од производителот не значи дека уредот гарантира 22 ...
Црните дупки со децении се прикажуваат како космички бездни во чиј центар се наоѓа бескрајно густа точка. Нов теоретски труд, сепак, тврди дека оваа позната слика е погрешна: сингуларноста можеби не е точка, туку тридимензионална просторна површина. Истражувањето го потпишуваат теоретските физичари Ендру Хамилтон од Универзитетот во Колорадо Болдер и Тајлер Мекмејкен од Универзитетот „Мери“. Трудот е прифатен во научното списание „Physical ...
Google AI пребарувањето забрзано го заменува класичниот модел со листа од линкови. Наместо да го испрати корисникот до веб-страница, Google сè почесто директно составува одговор од содржините што ги пронаоѓа на интернет. AI Overviews во мај 2026 година се појавувале во повеќе од 43 проценти од пребарувањата во САД, наспроти околу 15 проценти една година претходно, покажуваат податоците на Similarweb. Посетите на разговорниот AI Mode пораснале ...
Кокаинската мрежа чии членови беа осудени во Белгија инвестирала дел од парите во Албанија, каде што имотите биле запишувани на роднини и блиски лица. Специјалниот суд во Тирана донесе одлука за конфискација на 21 имотна единица поврзана со групата и нивно префрлање во сопственост на државата. Меѓу конфискуваниот имот има станови, деловни простории, куќи со земјиште во Тирана и Валона, автомобили, приколка и банкарски сметки. Судот прифатил ...
Во јавен простор преполн со реклами за џекпоти, големи добивки и „среќни“ играчи, ретко се слуша најважната вистина за игрите на среќа: казиното не е место за заработка, инвестиција или решавање финансиски проблеми. Тоа е платена забава со реален ризик од загуба. Токму затоа внимание заслужува кампањата на LeGrand Casino, која наместо уште едно ветување за добивка испраќа поинаква порака: играј паметно, контролирај ја играта и направи пауза ...