Перформансот „Сексуално образование II: Борба“, копродукција на еден од најрелевантните европски театри „Slovensko mladinsko gledališče“, заедно со „MASKA“ и „Mesto žensk“ од Љубљана, Словенија, вечерва, 17 јуни, во 19:30 часот во Киното на Железничката зграда ќе биде претставен пред скопската публика за првпат како дел од изведувачката програма на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ (#ППЖ13). ...

Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година. Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. „Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку ...

На 15 јуни 2025 година започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм со работен наслов „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ, а во продукција на „Сектор Филм“. Сценаристи на филмот се Марко Ѓоковиќ и Симеон Венциславов, од Бугарија. Филмот ќе се снима на повеќе локации во Скопје во наредниот месец. „Потстанар“ е психолошка драма инспирирана од драмскиот текст „Владимир“ на словенечкиот автор Матјаж Жупанчиќ. Филмот ја раскажува ...

„Два дена, два стејџа, 35+ изведувачи, кампинг, 30 часа забава со едукативни катчиња за најмладите, штандови за храна и пијалоци…“ Вака организаторите на „Пикник у Пелинце“ го најавуваат петотто издание на овој фестивал, кој годинава ќе се одвива на 21 и 22 јуни во Меморијалниот центар АСНОМ. „Без разлика дали сте со нас од првата година или ова ви е прв пат – дојдете и бидете дел од јубилејното издание. Да го направиме овој јубилеј ...

По едногодишна пауза, повторно се отвора повикот за препознавање на младинскиот ангажман кој прави вистински промени. Оваа година, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) повторно ја доделуваат наградата која го вреднува трудот, посветеноста и влијанието на младите во општеството. „Доколку си: млад/а лидер/ка (15–29 години), дел од неформална младинска група, младинска ...

За да се пријавите за упис во средно училиште, потребно е да одите на е-uslugi.mon.gov.mk, па со корисничко име и лозинка на schools.mk (кои ги има секој деветтоодделенец), да се логирате на вашиот профил. За да аплицирате, потребно е да внесете лични податоци, а потоа, секоја оценка по секој предмет, впишана во секое свидетелство од 6 до 9 одделение, рачно да ја внесете во апликацијата, пренесува новинската агенција Мета. Покрај рачното ...

Издавачката куќа „Илика“ следната недела ја започнува со два настани по повод гостувањето на холандскиот автор Арнон Грунберг во Скопје. Пред неколку месеци излезе неговиот роман „Тирза“ на македонски јазик во превод на Ацо Пероски. Во понеделник (23 јуни) ќе се одржи читачкиот кружок за романот, во „Јуроп хаус“ – Скопје, со почеток од 18 часот. Дискусијата ќе ја води Симона Трајчевска, дел од тимот на „Илика“. Следниот ден, вторник (24 ...

Изложбата на слики изработени во техниката пастел од академскиот сликар Илија Спасов – Чендо ќе се отвори на 19 јуни, летврток, со почеток во 13 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, во Продажниот ликовен салон. На изложбата, авторот ќе се претстави со 25 пастели изработени во последните две години. Илија Спасов – Чендо е роден во Неготино. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) во Скопје. Член е на Друштвото на ...

Министерството за образование и наука (МОН) за следната учебна година 2025/2026 ќе додели 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, а над 550 компании директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците. „Воедно, ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, ...

Во кафе-книжарницата „Буква“ на 17 јуни (вторник), од 20 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“ од Милена Сиљаноска. Промотор ќе биде познавачот на поетиката на младата генерација поети и мислители, Андреј Медиќ Лазаревски. „По година и пол од промовирањето на првиот роман ‘Ронлива’ од авторката, повторно ќе седнат еден спроти друг за да навлезат во стиховите и значењата. Ако обележје на ‘Ронлива’ беше ...

Заштитата на новинарите од т.н. SLAPP тужби (стратегиски тужби против учество на јавноста) претставува еден од клучните приоритети за зајакнување на медиумските слободи и демократските процеси во Европа и Македонија, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Во таа насока, ЗНМ ја истакнува важноста од следење на насоките на Советот на Европа и примената на добрите практики од земјите-членки на Европската Унија, со цел ...

На „Инфлужн“ (Infusion) – фестивалот на инклузија, денеска (сабота, 14 август) ќе има целодневна програма со забава, гејминг, танци и вечерни журки. Се’ ќе се случува во Парк „Македонија“ во Кисела Вода. Програмата почна утрово од 10 часот со едночасовни утрински вибрации – латино танци за будење. Воедно во сенките од 10 до 16 часот има пиење кафе, слушање музика и читање книги, но и „Инфјужн базар“ – активизам и култура. Потоа отвора ...

Единствениот македонски метал фестивал „Metal Discharge“ годинава ја распосла програмата низ три вечери, а денеска (сабота, 14 јуни) музика ќе има од 17:30 часот, па се’ до пред полноќ. Локацијата е легендарното ракоментно игралиште, или како што го нарекуваат организаторите од Битола – „бетонскиот олтар“, каде вратите за посетителите ќе бидат отворени од 17 часот. Програмата е следна: „Karma Scale“ 17:30 – 18:00 „Triggered“ 18:15 – 18:50 ...

Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во средните училишта во учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во ...

Во склоп на иницијативата Млади за Скопје, составот „Корка“ утре (сабота, 14 јуни) од 22 часот ќе има концертна промоција на нивниот деби истоимен албум во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија. „’Корка’ е нојз рок бенд од Кочани кој во својот звук комбинира суровост, енергија и тематска апатија што ја отсликува реалноста на младите денес. Со изразена DIY естетика, мрачна атмосфера и текстови што се движат од апсурд до социјален коментар, ...

На 15 јуни, недела, од 12 до 18 часот, во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе се одржи ново издание на „Artisan Sunday“, во организација на „Re:store“ маркет. „’Artisan Sunday’ е уникатно искуство за креативци и љубителите на одржливата мода со тоа што го комбинира духот на бувјак со современи базари и цели кон создавање на инклузивна, креативна и инспирирана заедница. Ќе може да се најдат уникатни користени модни парчиња од ...

„Поминаа речиси три месеци од трагедијата во Кочани, каде 62 млади животи згаснаа во дискотека без лиценца и без почитување на основни безбедносни протоколи. Наместо вистинска поддршка и правда, семејствата на загинатите се соочуваат со молк, игнорирање, а сега и со обвинувања“. Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ реагира за изјавата на премиерот, во која родителите се обвинети дека „ја напаѓаат власта“ од политички побуди, истакнувајќи ...

Кој ќе одговара за уништените дрвја во зелениот појас на „Партизанска“ (пред Рузвелтова)? Помина доволно време да се види резултатот од минатогодишното т.н. „кастрење“ со кое е уништен целиот дрворед од јапонски цреши, со преубави цветни крошни на пролет, реагираат од еко-организацијата „О2 Иницијатива“. Од таму посочуваат дека ЈП „Паркови и зеленило“ е одговорно за одржување на ова зеленило. „Бараме од директорот Сефи Шабани да утврди кој е ...

Со концерт на македонската музичката група „Леб и сол“, на 26 јуни во античкиот локалитет „Хераклеја“ ќе започне седумнаесетото издание на Битолското културно лето – „Бит фест“. Годинешната богата програма ќе трае се’ до 31 август, а дел од неа е и xоландскиот транс продуцент и диџеј Армин ван Бурен. „Леб и сол“ најавија дека од Битола го започнуваат одбележувањето на големиот јубилеј – 50 годишнина од постоење и активно работење на групата. ...

По објавувањето на ланското дебитантско EP „Isla“, „Стотројка“ го претставува и првото долгосвиречко издание на ΚΑΛБΥΛΑ, насловено „Моин“. Промоцијата е закажана за денес (четврток, 12 јуни) во 21 часот, во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија. Вечерта ќе ја заокружи електронскиот артист ΜΕΔΑΡСКИ со танцова електроника во живо. „’Моин’ на ΚΑΛБΥΛΑ нурнува во племенски, ритуалистички и психоделични звучни пејзажи, нудејќи перспектива на ...

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија вели дека долго време Министерството за здравство не е транспарентно во работата, а во меѓувреме ја намалува терапијата и не одговара на нивните барања. Токму затоа, оттаму јавно му се обраќаат на новиот министер Азир Алиу посакувајќи му добредојде на позицијата и поставувајќи му прашања на чиј одговор се надеваат веќе три месеци. Според сојузот, има нови 500 пациенти кои имаат потреба од ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информира дека студентскиот дом „Пелагонија“ ќе биде отворен за сите студенти на кои им е потребно сместување во текот на летото, почнувајќи од 1 јули 2025 година. Од УСС-УКИМ ги објавија и цените за сместување. „Доколку ви треба сместување за неколу вечери цената е 300 денари од вечер. Цената за еден месец е 4.000 денари. Цената за издавање на цела соба ...

Седмото издание на изложбата „Фемина 8“ насловен „Истокот и Западот“, во кој соработуваат жени уметнички од Германија и Македонија, ќе се отвори утре, 12 јуни, со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија. Кураторки на изложбата се Јана Манева-Чупоска и Ирена Паскали. „Главната работна тема е поврзувањето на културолошките тенденции на една жена во средината и општеството во кои таа живее и твори. Сите различни аспекти на егзистирање во ...

Иницијативата „Супорт Кочани“ (Support Kocani) ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека за потребите на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во износ од 923.458,00 денари – средства целосно обезбедени преку донации. Компресивната облека треба да пристигне во Кочани околу 16 јуни. „Обезбедени се и средства за втора тура компресивна облека, за која на 16ти и 17ти јуни ќе дојдат повторно експерти од Бугарија и ќе започне ...

Драгана Заревска алијас „Телемама“ го објави своето ново ЕП наречено „Прага“ (Praga), кое е правено со Бранко Аврамовски (музика, инструменти, аранжман). „Прага“ се состои од четири песни, а во втората учестуваат и Мехди Маснауи-Роти и Каи Гранаас. За миксот и мастерот беше задолжен Дени Крстев во студиото „1060“. Иницијалниот план на „Телемама“ беше да свири интимни акустични концерти за своите пријатели, но низ годините можевме да ја ...

Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството за образование и наука (МОН) и истите ќе бидат заменети со нови пред почетокот на новата учебна година. За оваа намена обезбедени се буџетски средства и нема потреба да ги разочаруваме ниту учениците, ниту нивните родители кои оправдано реагираат до министерството дека нивните деца добиваат учебници ...

Вчера, на петтиот фестивалски ден на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп беа одиграни „Парови“ на Драмски театар, „Бура“ на прилепскиот театар и монодрамата „Ла Макбет“ од актерот и режисер Хакан Даци. Тркалезната маса, пак, вчера беше одвоена за претставата „Ричард Трети“ од Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши од Албански театар. „Претставата беше долга, комплексна, всушност, како што е и текстот на Шекспир. Се разбира, не беше едноставно да ...

На меѓународниот хорски фестивал и натпревар „Црноморски звуци“ кој се одржа од 4 до 8 јуни во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната „Гран при“ награда. „Ова е уште еден во низата успеси на хорот и маестро Сашо Татарчевски“, истакнуваат од МКЦ. Фото: МКЦ Освен на натпреварот, хорот зеде учество и на концертите на фестивалот како и на мастер предавањата каде се изучуваа нови композиции ...

Скопската Општина Ѓорче Петров започнa со доделување на субвенции за купување на нови велосипеди. „Ги повикуваме сите жители кои имаат купено велосипед во 2025 година или планираат да купат до 30 јуни, да аплицираат и да добијат до 3.000 денари поврат на средства“, стои во вовикот. Од таму објаснуваат дека јавниот повик важи до 30 јуни 2025, или до исцрпување на буџетот. „Аплицирајте лично во архивата на Општината, секој работен ден од 08:30 ...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги информира средношколците кои исполнуваат услови дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобус за време на летниот распуст. „Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите нса Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година, која, меѓудругото, вели ‘со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
39%
1000
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1014
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.10

Платина

83354.78

Родиум

339190.38

Сребро

3663.67

Цинк

3.37

Кобалт

64.04

Калај

49.78

Злато

159322.70

Алуминиум

3.06

Иридиум

221848.72

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51