Иран ги прекина своите воени операции откако Соединетите Американски Држави ги запреле нападите во текот на изминатите две ноќи, изјави портпаролот на иранската војска, Мохамед Акраминија. Според него, одлуката е донесена затоа што иранската воена стратегија се заснова на принципот на реципрочен одговор. „Американците ги прекинаа своите напади во текот на изминатите две ноќи. Бидејќи нашата стратегија во суштина се темели на взаемен одговор, ...

Максим Димитриевски од Струмица порача дека на Македонија ѝ се потребни политики засновани на одговорност, резултати и работа во интерес на граѓаните. Во своето обраќање, Димитриевски истакна дека граѓаните очекуваат поинаков пристап во политиката и нагласи дека јавната функција треба да биде во служба на народот, а не средство за лични привилегии. „Додека граѓаните се борат за подобар живот, некои политичари се натпреваруваат кој ќе покаже ...

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата нема кредибилитет кога најавува дека Гостивар утре ќе добие технички исправна вода, оценувајќи дека по признанието за задоцнета реакција во справувањето со состојбата, граѓаните имаат право да се сомневаат во институциите. Од партијата посочуваат дека, според нив, вчера министерот за здравство Сашо Клековски признал дека институциите задоцниле со реакцијата, додека денес, како што велат, одговорноста ...

Жителите на Гостивар се очекува уште утре да добијат технички исправна вода за користење, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, оценувајќи дека состојбата се санира во рекорден рок од една недела. Тој посочи дека, иако водоводната мрежа е во надлежност на локалната самоуправа, Владата веднаш се вклучила во справувањето со кризата преку обезбедување донации со флаширана вода и ангажирање стручни екипи од ЈП ...

Пожар избувнал во семејна куќа на булеварот „Словенија“ во Скопје, при што била зафатена кровната конструкција, информира Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен на 25 јули во 14:17 часот. Опожарена била куќа во сопственост на Б.М. (84) од Скопје. — реклама — — реклама — На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот. — реклама — Во ...

Изградбата на клучката кај Момин Поток е реализирана околу 75 проценти и се очекува целиот проект да биде завршен до Нова година, со што значително ќе се подобри сообраќајната поврзаност и ќе се намали метежот во овој дел од Скопје, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при увидот на градежните активности, заедно со премиерот Христијан Мицкоски. Според Ѓорѓиевски, кога ја презел функцијата, проектот бил речиси целосно блокиран, а ...

Пожарот што избувна во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. — реклама — — реклама — Од ЦУК посочуваат дека директорот лично бил на местото на настанот, каде ја следел состојбата и ја координирал работата на ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека Владата ќе продолжи со поддршка на развојните проекти во Скопје, најавувајќи дека до крајот на годината главниот град ќе добие нова комунална опрема и електрични автобуси. Тој го пофали градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оценувајќи дека за неколку месеци се постигнати значајни резултати во реализацијата на проекти кои претходно биле во застој. „За овие неколку месеци откако ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили во текот на изминатата недела лансирале 95 ракети, од кои повеќе од половината биле балистички, како и речиси 1.700 беспилотни летала насочени кон цели во Украина. Според Зеленски, во истиот период биле фрлени и повеќе од 1.630 наведувани авионски бомби. — реклама — Тој наведе дека само во текот на изминатата ноќ Русија истрелала осум ракети и 136 дронови од различни типови. ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм за денеска, предупредувајќи на можност за засилен ветер во делови од Македонија. Според прогнозата на УХМР, локално се очекуваат налети на ветер со брзина поголема од 60 километри на час, поради што се препорачува граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено. — реклама — — реклама — Од УХМР советуваат да се избегнува престој под стари и нестабилни дрвја, рекламни паноа и ...

Два силни земјотреси со јачина од 5,8 и 5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погодија Алјаска, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Посилниот земјотрес, со јачина од 5,8 степени, бил регистриран на околу 99 километри југоисточно од градот Атка, на длабочина од 10 километри. — реклама — — реклама — Претходно, истиот регион бил погоден од уште еден земјотрес со јачина од 5 степени, чиј епицентар се наоѓал на околу 103 ...

Автобус што бил прикачен на шлеп-служба утринава околу 7:30 часот се откачил и удрил во трамвај, јавуваат српските медиуми. Според информациите, автобусот на приватен превозник се откачил од шлеп-камионот, тргнал наназад и удрил во трамвај кој во тој момент се наоѓал на станица. — реклама — Набргу по несреќата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала дека нема повредени лица. — реклама — Поради инцидентот, ...

Иранските вооружени сили тврдат дека во моментов користат нови беспилотни системи кои се понапредни од моделот „Араш-2“ и располагаат со поголема разорна моќ, прецизност и дострел. Ова го изјави бригадниот генерал Мохамад Акраминија, кој истакна дека иранските сили нанеле сериозна штета врз американските воени бази на Блискиот Исток и дека голем број од нив биле привремено онеспособени. За овие тврдења засега нема независна потврда. — реклама ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ја обвини СДС дека се обидува да добие политички поени преку актуелната состојба во Гостивар, наместо, како што велат, да побара одговорност од локалната власт, предводена од нивните коалициски партнери. Петрушевски изјави дека СДС шири невистини и потсети на, како што рече, нивните тврдења дека водата во Валандово не била безбедна за пиење иако, според него, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека се финализира изградбата на галериите, кои, како што посочи, претставуваат најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид. Според него, две од трите галерии веќе се целосно завршени, додека на третата интензивно се работи. — реклама — „Ги финализираме галериите, најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид. Две галерии се целосно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ наредил на американската војска да се воздржи од нови напади врз Иран, со цел да им се даде простор на дипломатските напори за решавање на кризата, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Според информациите, во изминатите 13 дена Трамп секојдневно ги одобрувал плановите за напади предложени од Пентагон. Меѓутоа, во петокот, откако добил нов предлог за воена операција, решил ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските разузнавачки служби располагаат со информации за нова руска помош за Иран, вклучително и наводно споделување сателитски снимки од земјите од Персискиот Залив и американски воени бази во регионот. Тој најави дека ќе им наложи на украинските разузнавачки служби овие информации да им ги достават на сојузниците на Украина. „Од почетокот на јули бележиме интензивно сателитско ...

СДСМ преку соопштение обвини дека, додека ВМРО-ДПМНЕ тврди оти опозицијата шири дезинформации и паника околу состојбата со водата во Гостивар, бројот на заболени продолжува да расте. Од партијата велат дека во изминатите неколку дена се регистрирани речиси 4.000 пациенти, а болницата во Гостивар е преполна. — реклама — Според СДСМ, водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба, поради што прашуваат дали ваквата состојба може да се ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДС дека ја користи кризата во Гостивар за политички поени, наместо да побара одговорност од градоначалникот Валбон Лимани. Од партијата велат дека Лимани не чувствува одговорност за состојбата со водоснабдувањето и здравствената криза во градот, а според нив, СДС избегнува да го посочи како одговорен затоа што, како што тврдат, е кадар поддржан од ДУИ и Арбен Таравари. — реклама — „СДС е подготвен да ...

Големиот шумски пожар во францускиот регион Жиронд продолжува да се шири кон подрачјето на Бордо. Според најновата проценка на префектурата Жиронд, објавена во 4 часот наутро, огнената стихија досега зафатила околу 42.000 хектари. Во текот на ноќта биле евакуирани нови населени места јужно и источно од заливот Аркашон, како и во близина на Бордо. Меѓу нив се Маршприм, Ле Барп, Биганос, Миос и Сестас. — реклама — — реклама — Според најновите ...

Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на големиот шумски пожар кај Мадрид под контрола, соопштија шпанските власти. „Ќе вложиме максимални напори за да ги заштитиме објектите, домовите и населените места во ова подрачје. На терен работиме непрекинато сите овие часови“, изјави Франсиско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид. — реклама — — реклама — Говорејќи од командниот центар во Навалкарнеро, ...

Иранското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за напад врз ирански трговски брод во Каспиското Езеро, при што, според Техеран, загинал еден член на екипажот, а уште еден бил повреден. Иранските власти инцидентот го оценија како чин на агресија и порачаа дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за заштита на националните интереси и безбедноста на земјата. Државните медиуми во Иран објавија дека украински дипломат бил повикан на ...

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). — реклама — Најголема фреквенција на возила е забележана на граничниот премин Богородица, каде што за излез од државата се чека околу 30 минути. — реклама — — реклама — На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата. Интензитетот ...

Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува од југоисток. — реклама — Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 35 степени. — реклама — — реклама — Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до ...

До 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на ...

Безживотно тело на 44-годишен маж е пронајдено денеска попладне покрај реката Босут во хрватскиот град Винковци. Телото било пронајдено околу 15:35 часот од полициски службеници, по што на местото на настанот бил извршен увид по налог на надлежното државно обвинителство, со стручна помош од судски лекар. — реклама — — реклама — Според првичните наоди од увидот, не се утврдени елементи што упатуваат на сторено кривично дело. — реклама — Во ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази солидарност со Шпанија, Италија, Грција и другите европски земји кои се соочуваат со големи шумски пожари. Во објава на социјалната мрежа Икс, Макрон порача дека неговите мисли се со сите народи кои во моментов се борат со огнената стихија. — реклама — Осврнувајќи се на состојбата во Франција, тој истакна дека државата ќе продолжи да им помага на сите погодени подрачја и ќе биде присутна онолку ...

Иако многу парови веруваат дека со текот на времето целосно се запознале, голем број мажи не ги искажуваат секогаш отворено своите желби, стравови и потреби. Наместо тоа, очекуваат партнерката сама да ги препознае нивните чувства и да ги разбере без многу објаснувања, наведува порталот YourTango. Една од работите што ретко ја покажуваат е нивната емоционална ранливост. Иако често оставаат впечаток на самоуверени и цврсти личности, многумина ...

По 25-тата година кожата почнува постепено да се менува, па затоа е важно негата да се приспособи на новите потреби. Начинот на кој се грижите за лицето во овој период може значително да влијае врз неговиот изглед во следните години. Експертите советуваат да се воспостави рутина што вклучува темелно чистење, добра хидратација и заштита од надворешните влијанија, со цел да се забави појавата на првите знаци на стареење. Една од препораките е ...

Лубеницата и дињата се меѓу најомилените летни овошја, но многумина ги избегнуваат поради природните шеќери што ги содржат. Сепак, нутриционистите посочуваат дека и двете можат да бидат дел од здрава и урамнотежена исхрана, дури и кај луѓе кои внимаваат на нивото на шеќер во крвта. Иако на прв поглед изгледа дека лубеницата, поради повисокиот гликемиски индекс, повеќе го зголемува шеќерот во крвта, нејзиното гликемиско оптоварување е ниско ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
59%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
71%
1011
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.12
64%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.84
52%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.69
54%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
82%
1013
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
49%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
62%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.58
92%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.58
60%
1008
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
3.4
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Бакар

12.76

Калај

54.05

Алуминиум

3.17

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Злато

131467.62

Сребро

1904.32

Паладиум

40220.58

Платина

51987.76

Родиум

263636.12