Што бидна со најавената резолуција од страна на СДСМ околу црвените линии на Македонија за евроинтеграции? Лично нивниот лидер Венко Филипче пред две недело најави дека најкасно за неколку дена ќе ја достават во Собрание и до јавноста. Со нетрпение чека и ВМРО-ДПМНЕ. Синоќа, премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш потенцираше дека со нетрпение чека да ја види резолуцијата. „Доколку тоа не се случи, тогаш претпоставувам дека СДСМ во отсуство на ...

Добро е што се направи усилба млади да може да дојдат до свој стан. Придобивките се мали и треба да се надополнат со други мерки. Ова се дел од реакции на граѓаните на социјалните мрежи, синоќа по објавувањето на одлуката на Народна банка на Македонија од 1 декември, учеството за станбен кредит за граѓаните кои за првпат купуваат стан ќе биде 10 проценти, а за сите останати се зголемува од постојните 15 на 25 проценти. Инаку, вчера, гувернерот ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против весникот „Њујорк тајмс“. Трамп ова го објави на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social), обвинувајќи го весникот за како што наведе, децениските лаги против него, неговото семејство и бизнис, движењето „Америка на прво место“, МАГА и американската нација како целина, пренесе „Гардијан“. „Денес имам голема чест ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (64 36 64). Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути. Во првиот сет македонската ...

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска потпиша декрет со кој се дозволува присуство на странски воени лица во земјата во рамки на операцијата за заштита на воздушниот простор на НАТО на источното крило на Алијансата. – Претседателот на Република Полска, Карол Навроцки, потпиша резолуција со која дава согласност за присуството на странски трупи од земјите членки на НАТО на територијата на Република Полска како засилување за Полска во рамки ...

Фудбалската репрезентативна пауза е веќе зад нас, па клубовите може да се насочат кон домашните обврски. Од петок до недела во првата лига ќе се играат натпреварите од петтото коло. Два натпревари, во Скопје и9 Битола ќе се играат под рефлектори во вечерен термин од 19 часот. Останатите ќе започнат во попладневниот термин од 15.30 часот. ПМФЛ 5 КОЛО Петок ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 15:30 часот ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 19:00 Сабота СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ ...

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер со победа ја стартуваа новата сезона во Лигата на шампионите откако на домашен терен го совладаа Загреб со 25:23 (13:12). Битолчани одиграа одлично прво полувреме со комплетна контрола над играта и резултатот, кој само еднаш беше нерешен 1:1. На почетокот на вториот дел гостите подобро го почнаа полувремето и направија серија од 4-0 за водство од 16:14. Сепак „пелистерци“ го вратија водството ...

Дмитриј Медведев, поранешен претседател и премиер на Русија, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност, се огласи по повод убиството на познатиот десничарски активист Чарли Кирк. „Политички убиства и атентати во последно време ги извршува разнородна левичарско-либерална багра која стои на страна на про-бандеровски Киев. Фицо, Кирк… Кој е следен? Можеби е време тимот на MAGA да сфати дека со поддршката на Украина, всушност поддржуваат ...

-Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов. Никој не го разбираше или немаше срцето на младите во Соединетите Американски Држави подобро од Чарли. Тој беше сакан и почитуван од сите, особено од мене, а сега, тој повеќе не е со нас. Меланија и моите сочувства се упатуваат до неговата прекрасна сопруга Ерика и семејството. Чарли, те сакаме! – напипа Трамп на социјалната мрежа Truth social. „Во чест на Чарли Кирк, вистински голем ...

Полска употреби оружје за да собори дронови над својата територија, откако тие повеќепати навлегле во нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина, соопшти рано во средата Оперативната команда на полските вооружени сили на платформата X. „За време на денешниот напад на Руската Федерација, насочен кон цели во Украина, со повеќекратни упади на дронови беше повреден нашиот воздушен простор“, се наведува во изјавата. „На барање ...

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат на денешната прес-конференција што ја најави Службата за општи и заеднички работи на Владата. Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-претседателот на Владата ...

Според првичните податоци на Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот се наоѓа 4 километри северозападно од Неа Стира, а хипоцентарот бил на длабочина од 2,3 километри. Професорот по геологија и претседател на Организацијата за антисеизмичка заштита на Грција (ОASP), Ефтимиос Лекас, за ЕRTnews изјави дека регионот каде што се случил земјотресот важи за „асеизмичко подрачје“ и дека станува збор за област кој не произведува големи ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат дела – заедно со општина Битола успеавме да го изградиме стадионот во вистинска гордост на градот и дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес,“ напиша ...

Парламентот на Франција ѝ изгласа недоверба на Владата на Франсоа Бајру, и со тоа земјата ќе го добие петтиот премиер за нешто помалку од две години. Националното Собрание гласаше со 364 за и 194 против смената на Бајру. Овој пад беше најавуван откако пратениците и од десницата и од левицата најавија поддршка за пад на владата. Претседателот Макрон го назначи Бајру за премиер во декември, на местото на Мишел Барние кој остана само три месеци на ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим пред клучните октомвриски дуели со Белгија во Брисел и со Казахстан во Скопје. Првиот гол го постигна Елиф Елмас во 15. минута, со спектакуларен соло продор во кој издрибла четворица противници пред да го матира ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите селекции се радост и надеж за иднината на нашиот фудбал. Сепак, пред нас е уште многу работа, а овие резултати се поттик да продолжиме уште посилно“, порача Омерагиќ. Тој истакна дека македонската фудбалска јавност има причина да ...

Синоќа, по 2:30 часот наутро, полицијата почна да ги пушта студентите и граѓаните во групи од зградата на Ректоратот во Нови Сад. Приведени се неколку студенти, кои со марици се однесени во полициската станица „Стари град“, а уапсен е и еден лекар кој бил дел од медицинскиот тим на студентите. Норберт Шинковиќ, професор на Филозофскиот факултет, за „Н1“ изјавил дека студентите и граѓаните се засолниле во Ректоратот откако полицијата ...

Денес во 14:43 часот, силен земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер ја погоди областа на планината Голија, на половина пат меѓу Рашка и Сјеница. Епицентарот е лоциран во поширокиот појас околу селото Црчево, во местото Дуга, а потресот бил плиток, на околу три километри длабочина. Тресењето беше широко почувствувано: граѓани од Нови Пазар, Трстеник, Чачак, Краљево, Ужице, Крагуевац, Љиг, Јагодина, Алексинац, Аранѓеловац, Ниш и Панчево ...

Битола по цели 31 година повторно ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар. На 9 септември, на стадионот „Петар Милошевски“, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра квалификацискиот дуел против Италија. Продажбата на влезниците започнува, а цената изнесува 200 денари. Билетите може да се набават онлајн преку eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола. Ова ќе биде историско враќање на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираа вчера од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, ...

Меѓународната групна изложба „ДЕВЕТ ГЛЕДНИ ТОЧКИ | Централна точка – Хенри Мур”, ќе биде отворена вечерва во галеријата ОСТЕН. Преку слики, цртежи и графики ќе се претстават делата на реномираниот британски уметник Хенри Мур и на девет современи автори од различни делови на светот. Изложбата претставува визуелен дијалог инспириран од уметничкото наследство на Мур – неговите полуапстрактни бронзени скулптури и експресивни цртежи што ја ...

СУДЕЊАТА НА МЕККОЛ Кејт Меккол е адвокатка која никогаш не изгубила случај, но има и проблем – таа е алкохоличар на рехабилитација. Презема да води голем случај за да биде вратена во судница. Тоа треба да и помогне за да си го врати старателството над нејзината ќерка. Копајќи по предметот открива тајни што и го доведуваат животот во опасност. Не пропуштајте го интересниот и динамичен трилер „Судењата на Меккол“ на Прва Скопска ТВ во сабота во ...

Регионален спортски саем, во организација на Министерството за спорт, ќе се одржи на 10 септември во хотелот „Хилтон” во Скопје. Преку девет панел-дискусии, работилници и сесии за вмрежување ќе се дискутира за развојот на спортот, инфраструктурата, спортската дипломатија, медицината и промоцијата на здравиот живот. Настанот ќе заврши со претставување на Националната стратегија за развој на спортот 2025-2028, која ќе ја дефинира идната насока на ...

Екипата на Еурофарм Пелистер со трофеј ја стартува новата сезона 2025/2026 на домашната ракометна сцена. Тие вечерва во Кавадарци го добија дуелот за Супер куп трофејот против лутиот ривал Варрдар со 28-27. Дуелот започна со два гола на Пелистер, кој таа предност ја одржуваше со 4-2, по што Вардар израмни на 4-4. Гол за гол се играше до 6-6, па следуваше серија на црвено-црните од четири погодоци, за предност од четири гола 6-10. Шампионот ...

Најмалку 15 лица загинаа, а 20 се повредени во главниот град на Португалија, Лисабон откако трамвај излета од шини. Несреќата се случи на линијата „Глорија“, отворена во 1885 година и го поврзува плоштадот „Ресторадориш“ во центарот на Лисабон со квартот Барио Алто, познат по ноќениот живот. Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, изрази сочувство до роднините на жртвите. Во Лисабон е прогласена тридневна жалост за да се оддаде ...

Националниот фудбалски тим ги одработува подготовките за натпреварите кои ги очекуваат во следните денови. Прво е пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија, кој може да биде и „загревање“ за домашниот натпревар со Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026. Победа на тој натпревар и трите бода ќе бидат од голема важност пред гостинските натпревари со Белгија во октомври и со Велс во ноември. Играчот од одбраната, Никола Серафимов, кој од оваа ...

Во објава на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека дејствуваат заедно против Вашингтон, напиша АФП. Трамп започна со гест на почит кон Си, повикувајќи го кинескиот лидер да им оддаде почит на Американците кои загинаа помагајќи ѝ на Кина против „ многу непријателски странски окупатор“ и повикувајќи тие да ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го назначи поранешниот репрезентативец Николче Новески за раководител на скаутинг службата. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека назначувањето на Новески е голем придонес за федерацијата. „Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе ...

Алкалоид со негатива од 10 гола се враќа од првиот квалификациски дуел против фаворитот Хановер за пласман во групната фаза во Европската лига, откако на гостински терен беше совладан со 37-27. Реваншот е закажан за 6. септември во салата во Автокомнда, актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп со поддршка од домашната публика ќе има шанса да се покаже во подобро издание и секако да ја поправи реализацијата. На оваа средба, Алкалоид ...

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
73%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
8.27
83%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
93%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1004
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
83%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1012
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Алуминиум

2.89

Паладиум

45879.12

Сребро

1837.41

Калај

40.11

Платина

53106.37

Цинк

3.24

Иридиум

145787.60

Бакар

10.76

Злато

135322.28

Рутениум

29192.88

Кобалт

55.67

Никел

471972.96