Селекторот Марјан Илиевски не го криеше разочарувањето по поразот на Македонија синоќа од Романија со 80:72. Премиерниот меч на македонските кошаркари во претквалификациите за Светскиот Куп 2027 одигран синоќа беше решен во самиот финиш. – Искрено жалам за поразот бидејќи во две минути се реши овој меч. Постојано беше егал, потоа за краток период, со една две загубени топки и промашени отворени шутеви, мечот се сврте во полза на гостите. Можеби ...

Лука Јовиќ (27) го напушти Милан откако му истече договорот и по долго размислување реши каде ќе ја продолжи кариерата. Србинот водеше интензивни разговори со актуелниот шампион на Северна Америка, мексиканскиот Круз Азул. Откако ги одби мексиканците, доби повик од својот поранешен тренер Вељко Пауновиќ да му се приклучи во Овиедо. И кога се чинеше дека Јовиќ ќе го предводи нападот на повратникот во Примера, се случи пресврт. Ја прифати понудата ...

Барселона мора да продава за да може да регистрира повеќе играчи во првиот тим, вклучувајќи ги Џоан Гарсија, Војчех Шчесни и Маркус Рашфорд. Марк-Андре тер Штеген и Андреас Кристенсен се сметаат за главни кандидати за заминување, но засега ништо не се случува во таа насока. Двајцата гласно и јасно кажаа дека нема намера да го напуштата клубот. Наместо тоа, меѓу потенцијалните заминувања се појавија нови имиња, а еден од нив е Марк Касадо. ...

Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди опстанок во А-дивизија на Европското првенство. Попладнево во Белград, во мечот за 13. место, Македонија загуби од Бугарија со 90:87 и на следното Европско првенство за кошаркари до 18 години ќе игра во Б-дивизијата. Пресудни за поразот од Бугарите беа лошите неколку минути на почетокот на последната четвртина во која противникот направи двоцифрена недостижна предност. ...

Александар Митровиќ би можел да се врати во Њукасл, тимот каде што ја започна својата кариера во Премиер лигата, пишуваат британските медиуми. Тренерот на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, повеќе не смета на српскиот напаѓач, а сè повеќе знаци укажуваат дека најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација ќе заврши на Островот. И додека во претходните недели се пишуваше дека Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за Србинот, најновите ...

Чичкото на Рафаел Надал, Тони Надал, нема да биде новиот тренер на германскиот тенисер Александар Зверев, објави во четврток „Спорт Билд“. Надал постариот, според весникот, ја одбил понудата, наведувајќи дека нема време. Имено, тој ја води тениската академија на Рафа во Мајорка, е директор на турнирот на тој остров и држи предавања, па затоа не може редовно да го следи Зверев на турнири. Третопласираниот играч на АТП листата неодамна беше ...

Сагата околу Адемола Лукман (27) и неговото заминување од Аталанта доби нов заплет. Нигерискиот напаѓач ги потврди медиумските извештаи и објави дека поднел официјално барање за трансфер, обвинувајќи го клубот дека го блокирал неговиот трансфер во Интер и покрај, како што тврди, задоволителната понуда од 45 милиони евра. Тој ја сподели својата верзија на приказната во објава на Инстаграм. -Во текот на изминатите три години во Аталанта, дадов ...

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Куманово загуби од Романија со 80:72 во премиерниот меч од претквалификациите за Светското првенство 2027. Во натпревар исполнет со многу резултатски промени, на крајот пресуди последната четвртина во која Романците одиграа подобро, и направија „брејк“ на почетокот од натпреварите во групата „Е“. Вајли со 28 поени беше прв стрелец во составот на Македонија, двоцифрени беа и Митревски и Мекиќ со ...

Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Расмус Хојлунд доколку добие понуда од 30 милиони фунти за Данецот, според Би-Би-Си. Тоа е помалку од половина од она што „црвените ѓаволи“ го потрошија за него пред две години. Тогаш, Јунајтед плати 64 милиони фунти на Аталанта, плус уште 8 милиони фунти во бонуси. Јунајтед веќе потроши 130 милиони фунти за Матеус Куња и Брајан Мбемо, а „црвените ѓаволи“ исто така бараат да потпишат нов централен ...

Шарл Леклер ги шокира возачите на Мкларен во квалфикациите за трката на Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари ја освои 27. пол позиција во кариерата, до неа дојде со резултат 1:15.327 минути. Мекларен, најдоминантниот тим сезонава во првенството на Формула 1, доминираше на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, но двајцата возачи разочараа во последното излегување на патеката. Постигнаа времиња далеку под она што можат со ...

Луис Хамилтон се огласи по борбата за пол-позицијата за Големата награда на Унгарија. Хамилтон го имаше 11-то најдобро време со 1:15.702 во квалификациите на Хунгароринг. Очекувано не беше задоволен од тоа настапот во квалификациите. „Јас сум бескорисен, апсолутно бескорисен. Тимот нема проблем, можете да го видите автомобилот на пол-позиција. Веројатно треба да го сменат возачот“, изјави Хамилтон за „Скај Спортс“. Неговиот колега Шарл Леклер го ...

Дефанзивецот Диого Далот зборуваше за промената на расположението во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ го победија Борнмут со 4-1 во пријателски натпревар на нивната турнеја во САД, а пред тоа го победија Вест Хем со 2-1. –Градиме тим каде што сите се борат еден за друг. Тоа е она што се обидуваме да го создадеме. Секако, сè уште има долг пат. Постојат знаци дека тимот се бори, дека има поголем интензитет. Тоа е она што се обидуваме да го ...

Саудискиот тим Ал-Наср е заинтересиран да го потпише играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Клубот од Ријад веќе стапил во контакт со португалскиот репрезентативец. Присуството на Хорхе Жесус и Кристијано Роналдо во Ал-Наср би можело да биде одлучувачки фактор за евентуалниот трансфер на Фернандеш во Саудиска Арабија. Бруно го имаше своето деби во Спортинг Лисабон под водство на Жесус. Покрај тоа, неговиот соиграч од ...

Реал Мадрид ќе се врати на тренинзите во клупскиот камп во понеделник, но темата за Винисиус Јуниор (25) сè уште не ги напушта насловите страници. Проблемот со Винисиус лежи во несовпаѓањето помеѓу неговите зборови и постапки, според шпанските медиуми специјализирани за настаните во Реал. Имено, додека за време на турнејата во Соединетите Американски Држави јавно ја изрази својата желба да остане во клубот долгорочно, неговото однесување ...

Нико Вилијамс беше блиску до договор со Барселона на почетокот на летото, но на крајот се предомисли и одлучи да остане во Билбао. За пропаднатиот трансфер зборуваше и Рафиња, кој немаше пофални зборови за постапката на Вилијамс. Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во два преодни рока ја извиси Барселона. Лани имаше преговори меѓу двете страни, но потоа Вилијамс одлучи да остане уште една сезона во Билбао. На шпочетокот на ова лето преговорите ...

Калум Вилсон ќе го носи дресот на Вест Хем следната сезона. Вилсон се согласи на едногодишен договор со „Чеканите“. Вислон е слободен агент од крајот на претходната сезона и завршувањето на неговата соработка со Њукасл. Вилсон одигра 130 натпревари за Њукасл и постигна 49 гола, но клубот и играчот не успеаја да се договорат за продолжување на соработката во сезоната 2024/25. Триесет и тригодишникот одигра само 25 натпревари, само на два беше ...

Веста дека најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе стане косопственик на францускиот второлигаш Ле Ман дојде како гром од ведро небо. Еден ден подоцна, со оваа тема се занимаваше и францускиот „Лекип“, кој откива каква би била улогата на познатиот тенисер во овој клуб со богата традиција. Ѓоковиќ се приклучи на бразилскиот фонд „Оутфилд“, кој е нов инвеститор во клубот од Ле Ман, треба да има улога на советник и амбасадор на ...

Дефинитивно пукна љубовта меѓу Џанлуиџи Донарума и Пари Сен Жермен. Еден од најзаслужните за освојувањето на титулата во Лигата на шампионите ќе го напушти „Паркот на принцовите“. Актуелниот европски шампион одлучи да го отстрани италијански голман од списокот на првиот тим, бидејќи не сака да го продолжи договорот. Донарума, кој дојде во Париз во 2021 година, побара поголема плата, но сопствениците на клубот не ги прифатија неговите услови. ...

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, се соочува со сериозни обвиненија за силување, што би можело да го доведе до огромна затворска казна, до 15 години. Имено, пристигна официјалното барање од канцеларијата на француското обвинителство да го суди пред кривичен суд, поради обвинувања за силување кои наводно датираат од 2023 година. Истрагата трае повеќе од две години, а конечната одлука за почеток на судскиот процес ќе ја донесе ...

Потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски потенцира дека ова е ново поглавје во македонската кошарка и присутните претставници на медиумите на прес-конференцијата во спорттската сала во Куманво, и јавноста во нашата држава, ги замоли за трпеливост: -Би сакал да истакнам дека ова е ново поглавје во македонската кошарка. Замолувам за трпеливост затоа што резултатите нема да изостанат во иднина. Ѓуроски кажа дека ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три сезони. Лејкерси чекаа до првиот ден кога можеа да му понудат договор (2 август) и го сторија тоа веднаш. Во 28 натпревари, за Лејкерси по шокантниот трејд од Далас, Дончиќ забележа 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки во просек за 35 минути на паркетот. Во поразот од пет натпревари во ...

Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра на стартот на претквалификацискиот циклус за Мундобаскетот со романија . На официјалната средба освен селекторот зборуваше и американскиот центар Џејкоб Вајли. -Чест е да бидам дел од националниот тим на Македонија, да играм и работам со луѓе како Адем и тренерот Илиевски, како и луѓето од федерацијата. Одушевен бев кога го добив повикот пак да заиграм за вашата земја. Имаем млад тим, малку сме ние ...

Прес-конференција на Македонската кошаркарска федерација на ден пред одигрувањето на првиот меч од втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар. Пред новинарите во прес-салата на спортската сала во Куманово, каде утре вечер од 20.часот, во распродадената сала, комплетно реновирана, Македонија ќе ја дочека репрезентацијата на Романија, говореа селекторот Марјан Илиевски, и најискусните играчи во нашата селекција, Адем ...

Французинот Фредерик Васер го продолжи договорот со Ферари и ќе остане директор на италијанскиот тим од Формула 1, објави денес Ферари. Васер, стана шеф на Ферари на почетокот на 2023 година. Италијанските медиуми шпекулираа дека неговата иднина е неизвесна, поради незадоволителната прва половина од сезоната, но него јавно го поддржаа возачите на тимот, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Извршниот директор на Ферари, Бенедето Виња, изјави дека ...

Оскар Пјастри од пол-позицијата ќе ја стартува спринт трката на патеката Спа Франкошамп во Белгија. Лидерот во генерланиот пласман со со брутален круг ја освој првата стартна позиција. Кругот со кој Пјастри ја освои пол-позицијата е со време 1.40.510 минути. Австралиецот за половина секунда зад себе го остави актуелниот шампион Макс Ферстапен, а за шест десетинки беше подобар од тимскиот колега Ландо Норис. Спринтот од вториот ред, веднаш до ...

Холандскиот фудбалер Чави Симонс (22) им даде јасни сигнали на челниците на својот клуб во кој правец сака да оди неговата кариера. Симонс е многу поблиску до трансфер во Челзи денес отколку што беше во изминатите неколку дена. Како што стојат работите, Челзи ја доби битката со конкуренцијата за потписот на суперталентираниот Холанѓанец. Дека мислите на Симонс се веќе во Лондон, сведочат неговите индивидуални потези во последните денови, како ...

Добри вести за фановите на Баерн Минхен. Џамал Мусиала би можел да се врати на теренот до крајот на 2025 година. Еден од најдобрите играчи на Баерн ја скрши ногата за време на Светското клупско првенство, кога се судри со голманот на ПСЖ, Донарума. Иако првичната прогноза беше ужасна, неговото закрепнување оди многу подобро од очекуваното. „Мусијала сè уште користи патерици, но процесот е многу позитивен“, рече шефот на Баерн Минхен, Макс Еберл. ...

Македонскиот прволигаш Шкупи повторно се најде во центарот на вниманието – не поради спортски успеси, туку поради сериозни сомнежи за местење натпревари и врски со нелегално обложување. Контролниот натпревар одигран вчера против турскиот прволигаш Анталијаспор, кој заврши со убедлив пораз од 6-1, ја разгори јавноста со нови прашања за кредибилитетот и интегритетот на клубот од Чаир. Резултатот сам по себе е алармантен, но сомнежите добија на ...

Американскиот кошаркар Девонте Греем е новиот играч на Црвена Ѕвезда од Белград, објави белградскиот клуб. Како што беше најавено, Греем (30) потпиша едногодишен договор со Црвена Ѕвезда. „КК Црвена Ѕвезда од Белград ја информира јавноста дека новиот играч на нашиот клуб е Девонте Греем. Американскиот комбиниран бек потпиша договор со нашиот клуб во петокот и ќе претставува огромен поттик за Црвена Ѕвезда од Белград во натпреварувачката сезона ...

Деле Али ќе го напушти Комо ова лето, а се повеќе се шпекулира дека би можел да се пензионира. Поранешниот англиски репрезентативец имаше големи проблеми во изминатите неколку години со повредите. Во минатото, кога со Тотенхем играше и финале во Лигата на шампионите, беше еден од најдобрите, а неговата вредност се проценуваше на 80 милиони евра. Минатата сезона беше во Комо, но не успеа да се докаже пред Сеск Фабрегас и ќе го заврши својот ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
5.66
74%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.88
93%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
0.45
88%
1008
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
90%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.89
91%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
6.69
94%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Паладиум

46361.38

Цинк

3.22

Бакар

10.96

Платина

52864.82

Иридиум

145787.60

Калај

40.49

Злато

134976.58

Родиум

255598.44

Никел

473258.99

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91