Интересно беше на прес – конференцијата на стратегот на Барселона, Ханси Флик во пресрет на финалето во Супер – Купот против Реал, кој се игра во недела во Џеда. Германскиот тренер изрази оптимизам и нагласи дека неговиот тим е исклучително фокусиран на освојување на трофејот. -Мислам дека сите ја ценат можноста да играат во финалето против Реал Мадрид. Можеме да ја освоиме титулата и за да го направиме тоа мора да играме како тим – тоа е она ...

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, му се обрати на своето момче, грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис, по победата во финалето на турнирот во Бризбејн, Австралија. -Благодарам на моето момче. Се надевам дека наскоро ќе можам да те викам некако поинаку, нели? Само додавам дополнителен притисок, рече Сабаленка на церемонијата на доделување награди. Франгулис се насмевна на зборовите на Сабаленка. Во натпреварот за трофејот, ...

Одредени се двата полуфинални пара за Африканскиот куп на нации. Египет е последниот полуфиналист, откако синоќа во четвртфиналето, тие го победија Брегот на Слоновата Коска (3:2) и сега ќе играат против Сенегал за место во финалето. Другиот пар ќе ги сочинуваат Нигерија и Мароко. И двата натпревари ќе се играат на 14 јануари. Африканскиот куп на нации се игра од 21 декември 2025 година до 18 јануари 2026 година во Мароко. Последен освојувач ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (понеделник) ја очекува настап во квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда од квалификациите ќе игра против четвртата носителка 23-годишната тенисерка од Австрија Сиња Краус, која се наоѓа на 108. место на ВТА листата. Мечот е планиран да се игра како последен на теренот број 12 што значи во попладневните часови во Мелбурн, а утрински по македонско време. Ѓорческа неколку дена е ...

Напаѓачот на Реал, Килијан Мбапе, денес тренираше со остатокот од тимот, објави веб-страницата на мадридскиот клуб. Утре Реал Мадрид ќе игра против Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „Крал Абдула Спортс Сити“ во Саудиска Арабија. Мбапе ги пропушти последните два натпревари на Реал Мадрид против Бетис (5:1) во Ла Лига и Атлетико Мадрид (2:1) во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп поради повреда. ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Чехињата Каролина Мучова во полуфиналето во Бризбејн со 6:3 и 6:4. Меќот се одигра ноќеска и траеше 1 час и 30 минути. Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше две од осум брејк топки. Нејзината противничка сервираше шест аса, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од четири шанси за топки. Во мечот за трофејот Сабаленка ќе ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка утрово ја победи Украинката Марта Костјук во финалето на турнирот ВТА 500 во Бризбејн. Мечот траеше 1 час и 19 минути и заврши со 6:4 и 6:3. Првиот светски рекет сервираше еден ас и реализираше три од своите осум брејк топки. Костјук која е 26. на ВТА ранг-листата постигна три асови, три двојни грешки и реализираше една од своите три брејк топки. Ова беше петти меѓусебен натпревар и петта победа за ...

Нигерија го победи Алжир со 2:0 вечерва во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, го отвори резултатот во 47. минута. Фудбалерот на Севилја, Акор Адамс, го постави конечниот резултат во 57. минута. Нигерија се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп на нации, каде што ќе се соочи со Мароко. Вечерва играат Египет и Брегот на Слоновата Коска во последниот четвртфинален дуел на турнирот. ...

Во пресрет на првиот Грен слем турнир Австралија Опен најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го привлече вниманието. Таа изјави дека во плановите за оваа сезона и е настап на помалку турнири, како би го одморила своето тело. Сезоната е дефинитивно луда. Тенисерките се повредуваат, а на некои турнири настапував и болна и бев навистина исцрпена, истакна Сабаленка која настапува на турнирот во Бризбејн. Според правилата на ВТА најдобрите ...

Автобусот со кој членовите на машката ракометната репрезентација на Кипар се пренесувале од Талин во Пилва во Естонија, во пресрет на утрешниот натпревар, веројатно поради снегот, се превртел од патот, без посериозно повредени лица, единствено двајца членови на делегацијата потребно било да се пренесат во болница, јави дописничката на МИА од Атина. Од Кипарската ракометна федерација соопштија дека несреќата се случила во раните утрински ...

Фенербахче го победи Галатасарај со 2:0 вечерва во турскиот Суперкуп. Матео Гендузи го отвори резултатот во 28. минута. Тој се приклучи на турскиот клуб од Лацио на 8 јануари. Џејден Остерволде го дуплираше водството во 48. минута. Фенербахче го освои својот прв трофеј под водство на тренерот Доменико Тедеско. Тимот се изедначи со Бешикташ и Трабзонспор за најмногу победи во Суперкупот, со по 10 победи. Галатасарај останува рекордер на ...

Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски нема судии натпревари на претстојното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Објаснувањето од Европската ракометна федерација е дека македонските судии се отстранети од списокот поради манипулација. – Пред ЕП 2026 судиите требаше да поминат тест за нивната физичката подготвеност. Овој процес вклучува и видеоснимки од „Тест за фитнес во повеќе фази“. По доставувањето ...

Кристал Палас попладнево загуби со 2:1 од Маклсфилд во 1/32 финалето на ФА Купот. Фудбалерот од средниот ред на домашниот тим, Пол Досон, го отвори резултатот во 43. минута. Исак Бакли-Рикетс го удвои водството на Маклсфилд во 60. минута. Јереми Пино го постигна единствениот гол за лондонци кон крајот на натпреварот. Маклсфилд игра во Северната националната лига – шестата најсилна дивизија во Англија. На други два денешни натпревари од истиот ...

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е прогласен за норвешки фудбалер на годината за 2025 година, објави прес-службата на Норвешката фудбалска асоцијација. Дваесет и петгодишниот напаѓач ја освои наградата шести пат по ред. Во сезоната 2024/25, Халанд одигра 48 натпревари за Манчестер сити, постигнувајќи 34 гола и пет асистенции. За норвешката репрезентација во 2025 година, напаѓачот постигна 17 гола и имаше две асистенции во девет ...

Францускиот фудбалер Темоје Бакајоко би можел да ја продолжи кариерата во Мец. Според „Л’Екип“, 31-годишниот Французин, кој стана слободен агент откако го напушти ПАОК минатото лето, е во преговори со клубот за враќање во Лига 1. Одбранбениот играч претходно во кариерата има настапувано за Милан, Челзи, Лориен, Рен, Наполи и Монако. Бакајоко одигра 341 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и девет асистенции. Фото: ЕПА ...

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за играч на месецот во Ла Лига за декември, објави прес-службата на шпанското првенство. Осумнаесетгодишниот крилен напаѓач ја освои наградата втор пат по ред. Претходно беше прогласен за најдобар во ноември. Во декември, Јамал одигра пет натпревари во Ла Лига и постигна два гола. Тој постигна девет гола и 11 асистенции во 22 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Фото: ...

Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во Швајцарија, откако вечерва триумфираше над Украина со 31-26 (13-17). Избраниците на селекторот Кирил Лазаров до триумфот дојдоа со одлична игра во второто полувреме, откако одиграа потпросечно прво полувреме, во кое нападот и одбраната не функционира и Украина замина на пауза со предност од 17-13. Почетокот на второто полувреме донесе поинаква ...

Ракометната селекција на Хрватска загуби со 29-32 од Германија во пријателски натпревар одигран во Загреб Избраниците на Дагур Сигурдсон беа во игра до крајот на натпреварот, кој Германците го решија со серија од 5-1 помеѓу 51. и 57. минута. Германија до победата ја предводеше голманот Давид Спат со 13 одбрани, додека Јоханес Гола, Реинарс Ушчинс и Јури Кнор постигнаа по пет гола. За Хрватска, Иван Мартиновиќ и Марио Шоштариќ постигнаа по ...

Каков спектакл на отворањето на пролетниот дел од сезоната во Бундеслигата. Голеада во Франкфурт, во меч кој на крајот заврши без победник со тие 3:3. Супер интересен меч, се она што е најдобро од Бундеслигата го видовме вечерва. Веќе во 10.минута гостите со голот на Беиер поведоа со 0:1. Сепак во 22.минута со голот на Узун од пенал домашните дојдоа до израмнува. Овие 1:1 важеа се до 68.минута кога Нмеча одново носи водство за гостите, но ...

Убави вести за Едоардо Бове, некогашниот фудбалер на Фиорентина. Тој наскоро му се враќа на фудбалот. Фабрицио Романо тврди дека е блиску до приклучување кон Вотфорд од Чемпионшип тимот, 13 месеци откако се онесвести на теренот поради срцев удар додека играше за Фиорентина. За потсетување, во декември 2024 година, за време на натпревар од Серија А помеѓу Фиорентина и Интер, Бове колабираше, се онесвести на теренот и веднаш беше однесен во ...

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Кевин Дурант, се искачи на седмото место по број на поени во најсилната лига на светот – НБА. Рано утрово на гостувањето кај Портланд во поразот од 105:111, Дурант постигна 30 поени. Вкупниот број на поени во кариерата на Дурант сега изнесува 31.420 со што го надмина легендарниот центар Вилт Чемберлен кој застана на 31.419. Пред Дурант се: Дирк Новицки (31.560), Мајкл Џордан (32.392), Коби Брајант (33.643), Карл ...

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, денес ќе разговара за враќање во клубот, објави „Sky Sports“. Солскјер би можел да го води клубот до крајот на сезоната 2025/26. Според британските медиуми, Мајкл Карик, кој е исто така кандидат за функцијата, веќе се сретнал со раководството на клубот. Солскјер го водеше Манчестер Јунајтед од 2018 до 2021 година, првично како привремен главен тренер, пред да ја преземе функцијата ...

Мароко го победи Камерун со 2:0 синоќа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, го отвори резултатот во 26. минута. Играчот од средниот ред на ПСВ, Исмаел Саибари, во 74. минута ја потврди победата на домаќините. Мароко се пласираше во полуфиналето на Африканскиот куп, каде што ќе се соочи со победникот од натпреварот Алжир-Нигерија. Бранител на трофејот од минатото издание на ...

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми. ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на ...

Калчолигашот Интер е заинтересиран за услугите на 18-годишниот крилен напаѓач на Сантос, Робињо Жуниор, кој е син на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо, јавија денеска италијанските медиуми. Иако Интер досега не испрати официјална понуда до Сантос, медиумите наведуваат дека италијанскиот гигант е подготвен да плати 22 милиони евра за потписот на Робињо Жуниор, кој беше во Италија за време на божиќните празници и го посети тренинг ...

Јапонскиот фудбалски великан Казујоши Миура (58) изјави денеска дека речиси се откажал од враќањето во Џеј-лигата пред да потпише за Фукушима Јунајтед, изразувајќи надеж дека ќе придонесе со голови и асистенции во најновото поглавје од неговата кариера која им пркоси на годините. Миура, познат како „Кралот Казу“, минатиот месец потпиша договор со јапонскиот третолигаш, обезбедувајќи ја својата 41. сезона како професионален фудбалер. Овој ...

Грчките медиуми во последните денови повторно пишуваат за можноста легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ да се врати во редовите на кошаркарскиот клуб Панатинаикос. Панатинаикос моментално се наоѓа во резултатска криза во Евролигата, а некои грчки портали тврдат дека раководството размислува да го донесе Обрадовиќ, кој би можел да им донесе нов импулс и искуство на клупата. Обрадовиќ, кој важи за еден од најуспешните европски тренери со пет ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос го откажа настапот во сингл конкуренција на претстојниот Австралија Опен, а негово место со „специјална покана“ го доби Стан Вавринка (рангиран е како 156-ти тенисер) и на тој начин ќе ги прескокне квалификациите. – Не сум доволно подготвен за настап во Мелбурн и ќе се појавам само во конкуренција на машки двојки, каде ќе настапам со Танасис Кокинакис и ќе се обидеме како пред четири години да стигнеме до ...

Тренерот на Индијана Рик Карлајл стигна до 1.000-та победа во кариерата. Синоќа Индијана го совлада Шарлот со 114:112. Карлајл е 11.тиот тренер во НБА лигата што успеал да стигне до 1.000 победи. На таа листа се наоѓаат: Грег Попович, Дон Нелсон, Лени Вилкинс, Џери Слоун, Пет Рајли, Џорџ Карл, Фил Џексон, Лери Браун, Рик Аделман и Док Риверс. Карлајл во својата кариера бил тренер на НБА екипите: Детроит, Индијана, Далас и повторно Индијана. ...

Арсенал е апсолутен фаворит за титулата во Премиер лигата и има речиси 87 проценти шанса да стане нов англиски шампион, покажува најновата симулација на статистичката компанија Опта. Арсенал ремизираше 0-0 во четвртокот вечер во дербито со Ливерпул, но е лидер на табелата по 21 коло со шест бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити. Според Опта, Арсенал има 86,8 проценти шанса за освојување на титулата, додека Сити има 8,9%. Астон ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
87%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1017
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
84%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.17
93%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
59%
1016
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1015
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
89%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
90%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
77%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0037

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Злато

152465.86

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Родиум

319899.93

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89