Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Еден од најдобрите играчи на Бостон Џејлен Браун е казнет со 35.000 долари поради критики упатени кон судиите на саботниот натпревар со Сан Антонио. – Уморен сум од се и ја прифаќам казната. Доста ми е од се особено кога играме против некоја добра одбранбена екипа. Судиите не судат лични грешки во наша корист, а на спротивната страна го судат секој контакт, како ние да играме прецврсто. Тоа навистина фрустрира. Се надевам дека некој ќе ...
Јувентус бара засилувања на бековските позиции и одлучи да се насочи кон фудбалер кој може да игра подеднакво добро како лев и десен бек. „Газета дело Спорт“ пишува дека главна цел на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25) од Манчестер Јунајтед. Станува збор за играч кој се пресели од Баерн во Јунајтед во 2024 година за 15.000.000 евра, а во Италија веќе го привлече вниманието благодарение на својата техника и способност значително да придонесе ...
Антоан Гризман (34) постигна речиси 350 гола во својата имресивна кариера, но оној што го постигна во осминафиналето на Купот на Кралот зазема посебно место. Атлетико Мадрид победи кај Депортиво Коруња со 1:0, а голот што го постигна Гризман во 61-та минута беше прекрасен. Гризман изведе слободен удар од околу 20 метри од голот, малку дијагонално од десната страна, така што со левата го префрли живиот ѕид и погоди кадеш што се спојуваат ...
Ајакс го објави потпишувањето на фудбалерот од средниот ред на Милан, Максимилијан Ибрахимовиќ. Фудбалерот се приклучи на холандскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Договорот вклучува опција за откуп. Деветнаесетгодишниот Максимилијан е син на поранешниот напаѓач на Милан и Шведска, Златан Ибрахимовиќ, кој моментално работи како советник на раководството на италијанскиот клуб. Оваа сезона, Ибрахимовиќ помладиот одигра 17 ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (среда) во утринските часови по македонско време ја очекува нов меч од квалификациите за Австралија опен. Во втората рунда македонската тенисерка за ривалка ја има Словенката Тамара Зиданшек. Противничката која има 28 години се наоѓа на 151. место на ВТА ранг-листата. Мечот е предвиден да се игра на теренот број 11 и како четврти по распоред. Како и на мечот од првото коло се очекува ...
Навивачи на Хаити, Иран, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал може ги пропуштат натпреварите на Светското првенство во 2026 година поради забраната за влез во САД за граѓаните на овие земји, објави „Фокс њуз“. Исклучоци се дозволени само за играчи, тренери и членови на официјални делегации. Натпреварите за сите горенаведени репрезентации ќе се играат во градови низ САД. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од ...
До почетокот на Европското првенство остануваат уште два дена, а веќе се одредени судиите за дуелите од првото коло. Македонските судии со знакот на ЕХФ од Битола Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ги судат дуелите во групната фаза во Малме. Тие во првата рунда ќе го судат дербито меѓу ко-домаќинот Шведска и Холандија што се игра на 17.јануари во 20:30 часот во Малме. Во оваа група настапуваат уште репрезентациите на светскиот ...
Возачот на Кадилак, Серхио Перез го критикуваше пристапот на Ред Бул кон своите возачи. Тој го сподели своето искуство додека беше дел од Ред Бул и клупски колега на Макс Верстапен. – Кристијан Хорнер, поранешниот извршен директор на тимот на Ред Бул беше брутално искрен со мене за време на нашиот прв разговор. Тој рече: „Имаме два автомобила затоа што тоа е она што мора да го направиме. Но, овој проект е создаден за Макс – тој е нашиот ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција. „Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“. „Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што ...
Милан се соочи со голем проблем откако новиот напаѓач, Никлас Фулкруг (32), кој пристигна во клубот во катуелниот преоден рок, како позајмен од Вест Хем, се повреди. Германскиот напаѓач го скрши прстот на ногата на натпреварот против Фиорентина, што е значаен удар за тимот. Според првите проценки, Фулкруг ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Повредата се случи во неговиот трет натпревар за Росонерите. Тренерот Масимилијано Алегри ...
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс. Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи. Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) и ФА на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска не ја поддржуваат идејата за промена на правилото за офсајд, објавува „The Times“. Претходно беше објавено дека Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) има намера да разгледа промена на правилата за офсајд на состанокот во Лондон на 20 јануари. Иницијативата ја иницираше поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е раководител на ФИФА за ...
Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги искажа впечатоците за победата од 2:0 над Њукасл синоќа во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот на Англија. – Сè е во ред. Тоа беше првиот чекор кон финалето. Настапот на Семењо? Знаеме дека Борнмут заврши неверојатна работа со него и секој пат кога топката ќе стигне до него, таа секогаш завршува на вистинското место. Вториот поништен гол поништен? Четири судии и ВАР не можеа да ...
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше поразот од Торино во осминафиналето на Купот на Италија. – Видов многу добри работи. Двапати се вративме. Крајот беше разочарувачки, бидејќи мислевме дека ќе се оди на пенали. Не сум разочаран, многу сум задоволен од натпреварот. Единственото разочарување беше голот што го примивме во 90. минута. Но, задоволен сум од духот што го покажаа момците. Беше добар натпревар. Ако целта е да ...
Торино ја победи Рома со 3:2 во осминафиналето на Купот на Италија. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Олимпико“ во Рим. Че Адамс постигна два гола за Торино, а во двата наврати асистираше Никола Влашиќ. Емирхан Илхан исто така постигна гол за гостите. Марио Ермосо и Антонио Арена беа стрелци за домашната екипаисто така постигнаа голови за тимот од Рим. Рома е елиминирана од турнирот, а Торино ќе се соочи со Интер во четвртфиналето, ...
Македонската ракометна репрезентација ги стартуваше првите активности на Европското првенство и дел од ракометарите и стручниот штаб ги минаа првите активности поврзани со новинарите известувачи. Секако во центарот на вниманието беше селекторот на македонскиот национален тим Кирил Лазаров. – Го играме првиот натпревар против најдобриот тим на светот во последните десет години – Данска. Тие се домаќини и ќе биде тешко против нив, но ние немаме ...
Капитенот на премиерлигашот Кристал Палас Марк Геи е еден од најбараните играчи од одбраната во овој преоден рок. Последните информации од германските медиуми се дека првакот на Бундес лигата Баерн е во постојан контакт за негов потенцијален премин. Геи во јуни е слободен играч што му дава шанса за преговори. Во трка за потпис се наоѓаат и премиерлигашите Ливерпул и Манчестер Сити. Доколку трансферот се случи зимава неговиот клуб ќе може да ...
Поранешниот светски рекет број 4, Кеи Нишикори, се откажа од квалификациите за Австралија Опен. Јапонскиот тенисер денес требаше да го игра својот прв натпревар против Кимер Копејанс. Тој беше заменет од домашниот играч Омар Јасика кој загуби со 6:7 и 0:6. Минатата недела, Нишикори се откажа од натпреварот во првото коло на Челинџерот во Канбера поради проблеми со грбот. Грен слемот во Мелбурн ќе се игра до 1 февруари. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Легендата на НБА лигата Леброн Џејмс ќе носи специјализиран беџ на својот дрес почнувајќи од дуелот со Сакраменто Кингс. Беџот ќе ја одбележува неговата 23. сезона во НБА лигата, на која ќе се наоѓа и неговата силуета, како и бои на дресовите за екипите за кои настапувал. Посебна симболика има и во тоа што Леброн Џејмс својот прв натпревар го одигра токму во Сакраменто во 2003 година. Во 41. година од својот живот односно сезонава Леброн има ...
Канадскиот тенисер Милош Раониќ (35) одлучи да ја заврши кариерата. Раониќ, освои осум титули од турнири од пониски категории. Играше во финалето на Вимблдон во 2016 година, а се бореше за титулите на Мастерс турнирите во Синсинати, Индијан Велс, Париз и Торонто. „Дојде моментот… Се повлекувам од тенисот. Ова е моментот за кој знаете дека еден ден ќе дојде, но некако никогаш не се чувствувате целосно подготвени за него. Тенисот ми беше љубов ...
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз се согласија за сите услови во врска со продолжувањето на соработката. Новинарот Матео Морето, денес потврди дека сè е подготвено Фабијан Руиз да потпише до летото 2029 година. Репрезентативецот на Шпанија беше поврзан со бројни клубови, го канеа во Турција, дури и Реал Мадрид беше споменат претходно, но впечатокот е дека на Руиз му е најдобро во Париз. Тој пристигна во ПСЖ, во летото 2022 ...
Македонската ракометна репрезентација во првото коло на Европското првенство во петок игра против ко-домаќинот Данска. Европската ракометна федерација веќе ги делегираше и судиите за првата рунда. Дуелот меѓу Данска и Македонија на 16.јануари (петок) од 20:30 часот во Хернинг ќе го судат браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија. Фото: РФМ МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Македонската ракометна репрезентација во првото ...
Ракометната репрезентација на Словенија има сериозни проблеми пред почетокот на Европското првенство, а словенечките медиуми ситуацијата ја карактеризираат како „катастрофална“. Селекторот Урош Зорман се соочува со големи број на повредени играчи. На Европското првенство нема да играат: Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек. Дополнително на листата на повредени е и голманот ...
Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. – Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, ...
Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер. Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на ...
Мадрид денеска и официјално го претстави новиот привремен тренер Алваро Арбелоа, откако вчера ја прекина соработката со Чаби Алонсо. Според најавите од „кралскиот клуб“ поранешниот дефанзивец на клубот ќе остане на клупата до крајот на сезоната. – Ова е посебен ден, како и сите денови што сум дел од Реал Мадрид. Денеска ја знам одговорноста и задачата која е пред мене и ја прифатив со голема ентузијазам.Вчера бев информиран дека го преземам ...
Алонсо ја даде првата изјава откако поднесе оставка од тренерската позиција на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ вчеравечер соопшти за разделбата со шпанскиот фудбалски стручњак. -Оваа професионална фаза заврши, а работите не одеа како што сакавме. Работата како тренер на Реал Мадрид беше чест и голема одговорност. Им се заблагодарувам на клубот, на играчите и пред сè на навивачите за нивната доверба и поддршка. Заминувам со почит, благодарност и ...
Ракометарите на Вардар ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната во која ги очекуваат настапите во домашните натпреварувања, но и во главната фаза од Лига Европа. „Црвено-црните“ се лидери на табелата во првенството и мотивирани влегуваат во зимските подготовки. – Сите знаеме дека првиот дел беше добар. Но, сега ни следат многу големи натпревари, борба за титула, а игра во Европа и Купот. Многу работа е пред нас. Имаме некои кои се ...
Центарот на Минесота тимбервулвс, Руди Гобер, на вчерашниот натпревар направи флагрантен прекршок врз центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама. За ова, Гобер доби неспортски прекршок од прв степен и го заработи својот шести поен за неспортски прекршок, што значи автоматска суспензија од еден натпревар. Според американските медиуми, овој пропуштен натпревар ќе го чини Гобер 201.149 долари од платата. Оваа сезона, центарот на Волците има ...
И на третата етапа на релито Дакар победи Американец, бидејќи најбрз овојпат беше Мич Гатри со својот Форд Раптор. Американскиот возач имаше повеќе среќа од останатите и го победи Мартин Прокоп, кој го води второпласираниот тим во поредокот. На последната етапа Гатри имаше предност од две ипол минути, а на третото место се пласира Гај Ботерил со својата Тојота. Во топ пет се пласира и Кристина Гутиерез од Дачиа. Во вкупниот поредок Гатри и ...