Се врати Лео Меси во тимот, Интер Мајами им се врати на победите. Најдобриот на сите времиња се врати на терен после повредата и веднаш постигна гол и помогна неговиот тим да победи. Тимот на Интер Мајами успеа со 3:1 да слави против ЛА Галакси. Првиот гол беше дело на Алба. Лео мечот го почна од клупата, за да ори резултат 1:1 во 84.минута за да Суарез пет минути подоцна стави точка на победата на Интер Мајами од 3:1. Ова беше 875 гол на Меси ...

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити. Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката. Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него. Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна ...

Фудбалерите на Барселона триумфираа на Мајорка (3:0), во натпревар за кој ќе се зборува поради судиските одлуки на Хозе Луис Мунуера. Домашниот тим играше со двајца играчи помалку од 39-та минута. Ведат Муриќ доби директен црвен картон, само шест минути по вториот жолт картон што го заработи Ману Морланес. Во ситуација „11 на 11“, Барселона покажа класа, постигнувајќи два гола за околу дваесет минути. Прво, Рафиња го совлада Лео Роман во седмата ...

Тимот на ГРК Охрид е првиот финалист на Меѓународниот 53. ракометен турнир кој се игра во Струга откако забележа втора победа во вториот настап. Тимот на Ројевиќ во мечот кој требаше да биде дуел на денот, а не беше воопшто близок, славеше над турскиот ривал Бурса (38-28) и обезбеди место во дуелот за трофеј. Најефикасен играч на мечот беше Билим од Бурса со десет постигнати гола, додека кај охриѓани, Ојлески даде шест гола, пет имаше Лиапис, ...

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса, беше опериран во Минхен поради повреда на абдоминалниот ѕид, и неизвесно е дали ќе биде подготвен за Европското првенство, кое започнува за 12 дена. ПР тимот на новиот кошаркар од Дубаи објави дека Муса имал проблеми со повреда, поради што пропуштил бројни тренинзи, и многу е можно да не биде дел од националниот тим на Евробаскет. Босна и Херцеговина е во групата Ц со домаќините Кипар, ...

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (4:0), на почетокот од сезоната во Премиер лигата. Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки. Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут. Премиер лига, 1. коло: Сабота Брајтон – Фулам 1:1 (0:0) (О’Рајли 55п – Мунис 90+7) Сандерленд – ...

Легендарниот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, Пет Рајли, ќе добие статуа пред „Крипто Ком Арена“, поранешниот „Стејплс Центар“, од 22 февруари. Лејкерс ќе му оддадат почит на Рајли во натпреварот против најголемиот ривал Бостон. Статуата на Рајли ќе стои до статуите на големите легенди на франшизата Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон и Коби Брајант. Тој ги тренираше Лејкерс од 1981 до 1990 година, период наречен „шоутајм“ и освои четири титули. ...

Џовани Леони официјално е ново дефанзивно засилување за Ливерпул. „Црвените“ потпишаа со 18-годишниот дефанзивец на Парма за 35 милиони евра, со договор кој ќе биде со важност до 2031 година. Леони ќе го носи дресот со број 15 во новата сезона на „црвените“. Минатата сезона, Леони одигра 17 натпревари во Серија А за Парма и постигна еден гол. По потпишувањето на договорот, Леони откри дека негов идол е сега новиот соиграч во Ливерпул, Ван Дајк. ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти јавноста дека натпреварот од 2. коло на 1.МФЛ помеѓу екипите на Шкупи и Силекс, закажан за 17 август во 17:00 часот, нема да се игра. -Причината за неодигрување на натпреварот е необезбедување соодветен домашен терен од страна на клубот, домаќин, соопшти ФФМ. Проблемот е во тоа што стадионот „Чаир“ не ги исполнува условите за примена на ВАР технологијата, нешто што клубот требаше да го среди во ...

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот. Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем. Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе. Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен ...

Поранешниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, е нов играч на Ал Наср, објави клубот од Саудиска Арабија. Коман (29) потпиша тригодишен договор со Ал Наср, а клубот не ја наведе вредноста на трансферот. Францускиот крилен напаѓач пристигна во Баерн во август 2015 година, а оттогаш одигра вкупно 339 натпревари и постигна 72 гола за германскиот клуб. Тој освои вкупно 20 трофеи со Баерн, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите, а претходно во ...

Мохамед Салах не можеше да ги скрие своите емоции по победата на Ливерпул над Борнмут (4:2) во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига. Mohamed Salah was the last player to leave the pitch, joining in with a tearful rendition of Diogo Jota's chant in front of the Kop ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C — Premier League (@premierleague) August 15, 2025 Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут беше полн со емоции од првата до последната ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Нејзината ривалка Дарја Астахова го предаде мечот во вториот сет при водство на Ѓорческа од 1:0 во сетови и 2:0 во гемови во вториот сет. Голема борба имаше во завршницата на првиот сет, кога Ѓорческа испушти предност од 5:2 во гемови, но сепак успеа да го добие тај брејкот со 8:6 на поени. По водството од 2:0 во гемови во вториот сет ...

Оскар Пјастри, возачот на Мекларен во Формула 1 и лидер во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ги откри најголемите разлики во автомобилот во последните 12 месеци. Во текот на првите две години во Мекларен, Оскар Пјастри постојано губеше од Ландо Норис, кој имаше неколку години искуство повеќе, но со текот на времето разликата се намалуваше. По 14 рунди од сезоната во 2025 година, резултатот меѓу Пјастри и Норис кога станува збор за ...

Галатасарај оствари уште една победа оваа сезона, но она што најмногу ги израдува навивачите беше враќањето на теренот на Мауро Икарди. Aргентинскиot напаѓач не играше од 7 ноември минатата година поради повреда на лигаментите. Конечно ги доби своите пет минути, но буквално. Тој влезе во игра во 81-та минута и постигна гол по само шест минути. Со тој гол, Галатасарај победи против Карагумрук со 3:0. Икарди го постигна првиот гол од 23 октомври и ...

Новата сезона во Премиер лигата започна со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. По голема борба, „црвените“ победија на „Енфилд“ со резултат од 4:2. Првото полувреме беше резервирано за Уго Екитике, Французин чии способности беа доведени во прашање поради парите што беа издвоени за него. Напаѓачот на домашниот тим беше сеприсутен. Веќе по 10 минути од играта, тој беше во крупен план откако Сенеси играше со рака и со тоа го спречи ...

По повод почетокот на новата сезона, англиските медиуми објавија листа на Топ 10 најплатени фудбалери во Премиер лигата. Ерлинг Халанд од Манчестер сити има највисока плата во Премиер лигата. Норвежанецот добива 525.000 фунти (610.000 евра) на својата сметка секоја недела. На месечно ниво, тоа е околу 2,44 милиони евра! На второто и третото место најплатени е тандемот на Ливерпул, најдобриот стрелец на тимот Мо Салах и капитенот Вирџил ван Дајк. ...

Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде го продолжи договорот со шпанскиот клуб до 2030 година. „Французинот стана заштитен знак на позицијата десен бек и е исклучително важен за Ханси Флик со својата неограничена енергија и пенетрација по десното крило. Солиден во одбраната и добар во напаѓачките комбинации, Кунде беше херој на победата во Купот на Кралот против Реал Мадрид минатата сезона“, се вели во соопштението на Барселона. Кунде (26) пристигна ...

Френклин Тебо Учена е новото засилување на Црвена звезда, објави спрскиот шампион на социјалните мрежи. Тебо, кој игра на позицијата стопер, потпиша тригодишен договор со црвено-белите, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Финансиските детали не се откриени, медиумите шпекулираат дека црвено-белите платиле 2.700.000 евра. Тебо на грбот ќе го носи бројот 30. Роден е на 15 јануари 2000 година во Абуџа, Нигерија. Во Европа ...

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити. Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике. Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од ...

Рајо Ваљекано со победа во Џирона ја отвори 95. сезона во шпанската Ла Лига. „Пчелките“ славеа убедлива победа со 3:1. Иако можеби не беше очекувано, првиот меч во сезоната донсе голем број голови, а победникот беше познат по првите 45.минути. Рајо Ваљекано постигнаа два гола во рок од три минути. Прво, во 18-та минута, Хорхе Де Фрутос постигна гол, а во 21-та минута, му асистираше на Алваро Гарсија за 2:0. Во 43-та минута, домашниот голман ...

Американскиот кошаркар Кеслер Едвардс го засили тимот на Денвер Нагетс. Минатата сезона Едвардс го носеше дресот на Далас и одигра 40 натпревари, со просек од 4,3 поени и 1,1 асистенција за петнаесетина минути на паркетот. Во моментов тој е во тренинг-кампот на Денвер и се очекува да остане во тимот кој повторно има големи амбиции за следната сезона и сака да ја нападне шампионската титула. Кеслер е одличен одбранбен играч и се очекува да биде ...

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, сака да доведе уште еден централен дефанзивец пред крајот на преодниот рок. Повредата на Ливај Колвил целосно ги наруши плановите на Мареска, бидејќи тој беше најстандарден стопер во тимот. Точно е дека Фофана се врати по долга пауза и уште една сериозна повреда, но прашањето е дали може да се натпреварува во овој момент. „Клубот знае што мислам. Логично е дека сакам уште еден стопер по повредата на Колвил. Ќе ...

а Џејдон Санчо нема место во Манчестер јунајтед. Крилниот напаѓач минатата сезона ја мина на позајмица во Челзи, ја освои Конференциската лига, но „сините“ решија да не го откупат неговиот договор. Бидејќи се откажаа му платија осум милиони евра на Манчестер јунајтед. До крајот на летото Санчо ќе има нов клуб, а според информациите најблиску е до преселба во Рома. Римјаните тргнаа во офанзива по потписот на Санчо, откако преговорите со Јувентус, ...

Родителите на фудбалерот на Црвена звезда, Тими Макс Елшник, на велосипеди тргнаа од Златоличје, село во регионот Подравина во близина на Марибор, кон Белград, главниот град на Србија. На дресовите што ги носат, на грбот им пишува „Маракана“, намерата им е да присуствуваат на првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите помеѓу Црвена звезда и Пафос. о целта ги дели 491,4 километри. Растојание кое, доколку се во форма и нема непредвидени ...

Додека трае сагата со Александер Исак, Њукасл работи на трансферот на Јоан Виса од Брентфорд. Александар Исак сака да си замине по секоја цена. Затоа не тренира со тимот и нема да биде во протоколот за натпреварот против Астон Вила на почетокот од Премиер лигата. Првиот стрелец на тимот е голема желба на Ливерпул, но клубовите се далеку од постигнување договор. Затоа Њукасл се сврте кон други решенија и се чини дека пронајдоа замена во ...

Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, би можел да ја продолжи кариерата во Англија, објавува Fichajes. Според изворот, Манчестер Јунајтед понудил 80 милиони евра за 22-годишниот Шпанец. Англискиот клуб бара замена за Касемиро во средниот ред. Лопез, производ на академијата на каталонскиот клуб, има договор со Барса до 2029 година. Во сезоната 2024/25, Лопез одигра 46 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 8 гола и 10 ...

Регионалните великани Партизан и Хајдук од Сплит не успеаја да ја минат третата рунда во квалификациите за пласман во главната фаза во Конференциската лига. Партизан испадна од Хибернијан, а Хајдук од Динамо Тирана. Двата тима испаднаа по продолженијата, откако во раната фаза на второто полувреме останаа со играч помалку. Во Единбург, Партизан во 90.минути победи со 3:1, го изедначи резултатот во вкупниот скор со голот на Костиќ во 95.минута. ...

Атлетико Мадрид не заврши со летниот трансфер период. Тимот на Чоло Симеоне сака да потпише со уште еден Аргентинец ова лето и започнаа преговори со Јувентус за потпишување на крилниот напаѓач Николас Гонзалез. Разговорите меѓу двата клуба се за договор во кој шпанскиот клуб целосно ќе ги стекне правата врз 27-годишниот крилен напаѓач. Договорот на Нико Гонзалез со Јувентус е за уште четири сезони. Тој им се приклучи на „бјанконерите“ минатото ...

Милвоки Бакс, НБА франшизата од Висконсин, му забрани на Јанис Антетокумбо да игра за Грција ова лето, објавија Арис Баркас и „Јурохупс“. Најдобриот грчки кошаркар работи индивидуално, не тренира со соиграчите од националниот тим и не играше против Србија на Кипар и Црна Гора во Солун. До јавноста веќе стигна информација дека Грците не го платиле осигурувањето и затоа Јанис го нема, но како што објави гореспоменатиот портал, Милвоки сè уште не ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
73%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.47
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.72
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
85%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1010
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
6.69
88%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
1016
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
88%
1008
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Калај

40.48

Платина

52952.77

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95