Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Мароканскиот фудбалски репрезентативец Амин Адли (25) го напушти Баер Леверкузен и потпиша петгодишен договор со Борнмут, објави клубот од Премиер лигата. Адли, роден во Безје и израснат во Тулуз, игра како крилен напаѓач. Во Бундеслигата играше од 2021 година, а претходно беше дел од Тулуз во Лига 1 и Лига 2. Во текот на три години во Баер, тој одигра 143 натпревари со 23 гола и 25 асистенции, и беше дел од тимот на тренерот Чаби Алонсо кој ја ...
Поранешниот светски рекет број 2 Каспер Руд оцени дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња, додавајќи оти српскиот тенисер би ги надминал легендата на НФЛ лигата Том Брејди и НБА кошаркарот Леброн Џејмс во повеќето физички тестови. Ѓоковиќ е апсолутен рекордер со освоени 24 грен слем титули, а, исто така, помина рекордни 428 недели на првото место на АТП ранг-листата. „Новак е најголемиот спортист во сите спортови во историјата, ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Според шепкулациите најголем интерес за Елмас покажува неговиот поранешен клуб Наполи. Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата. Наполи отвори преговори со Лајпциг, но не за перманентен трансфер туку за позајмица, со право на откуп ...
На средбата со новинарите освен селекторот Илиевски се обрати и кошаркарот Виктор Ташовски. „Конечно стигнавме до првата победа, иако можеби требаше тоа да се случи порано. Сепак, од некаде мора да се почне, а тоа е денешната средба. Ова можеиб резултатски не значеше за табелата, но нам како подмладена репрезентација значи многу. Време беше за да се промени репрезентацијата да се подмлади, а дај Боже да стигнеме до пласман на едно големо ...
Асоцијација на италијанските фудбалски тренери (AИIAЦ) повика на суспензија на Израел од сите меѓународни фудбалски натпреварувања поради војната во Газа. AИAЦ испрати писмо до Италијанската фудбалска федерација барајќи апелот го да проследат до ФИФА и УЕФА. Ова не е само симболична акција, туку неопходен избор, одговор на морален императив што го дели целиот раководен тим на AИАЦ, се вели во неа. „Вредностите на човештвото, кои се основа на ...
Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата. Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа јужноафриканска ...
Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот. На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми. Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига 2. ...
По натпреварот на прес-конференцијата се обрати селекторот Марјан Илиевски. Тој ги пофали своите млади кошаркари и ги издвои позитивните страни на овој резултат. – Сакам да им честитам на моите играчи бидејќи постојано разговаравме на темата дека имаме карактер и потенцијал, а недостига искуство. Покажавме дека по еден месец заедно може да се одигра натпревар на кој ќе се види тимскиот дух, квалитетот на соиграчите и сè ќе функционира на ...
Италијанскиот гигант Милан до крајот на преодниот рок ќе донесе уште еден напаѓач, бидејќи во овој момент во тимот има само една класична „деветка“, Сантијаго Хименез. Изминатите недели со Милан се поврзиваа Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус. Но како што сега стојат работите, ниту еден од нив нема да пристигне на „Сан Сиро“. Италијанските медиуми вечерва објавија дека Милан испратиле официјална понуда до Баер ...
Италијанскиот фудбалски гигант Интер ќе се обиде да донесе две засилувања во одбраната до крајот на летниот преоден рок, јавија денеска италијанските медиуми. Според истите извори, станува збор за двајца француски дефанзивци, Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севиља. Италијанските медиуми проценуваат дека Интер за нивно ангажирање ќе потроши близу 45 милиони евра. Паралелно со ова, Интер до крајот на преодниот рок треба да го ...
Најдобриот француски тенисер Артур Филс објави денеска дека нема да настапи на Отвореното првенство на САД, кое почнува в недела, наведувајќи оти сè уште не е целосно закрепнат од тешката повреда на грбот. „По повредата што ме држеше надвор од теренот, чувството на будност по враќањето на тенисот, најпрво во Торонто, а потоа и во Синсинати, ме наведе да донесам тешка, но разумна одлука да се повлечам од Отвореното првенство на САД“, истакна Филс ...
Арсенал влегува во завршна офанзива за трансфер на Еберечи Езе, а самиот играч му соопштил на Кристал Палас дека сака да ја продолжи кариерата на Емирати. Во изминатите денови, претседателот на Палас, Стив Париш, разговарал со првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, околу можен договор. “Спарси” дури постигнале начелна согласност и со клубот и со играчот, но интересот на Арсенал се засили по повредата на Каи Хаверц, што ги менува сите планови. ...
Ракометниот клуб Алкалоид полека, но сигурно се насочува кон плеј-оф двомечот против екипата на Хановер за пласман во Европската лига на ЕХФ. Скопскиот тим прво ќе гостува во Германија на 31 август овој месец, а Европската ракометна федерација веќе ги одбра официјалните лица. Правдата на овој натпревар ќе ја делат португалските судии Рубен Маиа и Андре Нунеш. Делегат на натпреварот во Хановер ќе биде Пер Олесен од Данска. Средбата меѓу Хановер и ...
Според неколку уверливи извори како во Италија, така и во Германија, тимот на Милан тргнува да го доведе напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифаце. Октако не успеа мисијата да биде доведе Влаховиќ од Јувентус, а ниту пак Расмус Хојлунд од Јунајтед, сега „Росонерите“ се вртат кон играчот кој што одбележа голем дел од сезоната во Бундес лигата. Според последните информации преговорите се во напредна фаза, а Милан нуди опција за позајмица со ...
Ракометарите на Веспрем го освоија меѓународниот турнир во Добој, откако во финалето славеа против Гумерсбах со 27-25 (13-12). Унгарскиот гигант беше подобар од Германците и заслужено го крена пехарот на традиционалниот турнир во овој босански град. Избраниците на Чави Пасквал на стартот бркаа негатива, ама во продолжението од првиот дел се консолидираа и на пауза заминаа со минимални 13-12. Во второто полувреме се играше егал, а Веспрем и ...
Македонската кошаркарска репрезентација со победа го заврши настапот во претквалификациите за пласман на Светското првенство, откако вечерва во Скопје ја совлада Унгарија со 82:75 во завршното коло во групата Б. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски заслужено дојдоа до премиерниот триумф и го контролираа резултатот во најголем дел од натпреварот во кој на полувреме заминаа со предност од 45-32, а во 35 минута имаа и највисоки 17 поени ...
Македонската кошаркарска репрезентација вечер ја пречекува Унгарија во последниот свој настап од претквалификациите за Светското првенство 2025. Селекторот Марјан Илиевски им дава поддршка на своите избраници и покрај трите порази во исто толку натпревари досега во овој циклус. – Мечот кој ни е последен со Унгарија не ни значи резултатски ниту на нас, ниту на нив, но ние од самиот почеток кажавме дека секој дуел кој ќе го имаме, па дури и оној ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер коментираше за својата состојба откако се повлече во финалето на турнирот во Синсинати. – Имам неколку работи што треба да ги подобрам ако сакам да стигнам далеку на Отвореното првенство на САД. Оваа недела беше добар тест за да разберам каде е моето ниво сега. Од тениска гледна точка, сум на добро ниво, но во други аспекти сè уште има простор за подобрување. Отвореното првенство на САД ќе биде тежок турнир, но ...
Кога селекторот Адис Беќирагиќ го објави проширениот список на репрезентацијата на Босна и Херцеговина за претстојното Европско првенство, на него беа двајца странци, Хавиер Кастанеда и Лука Гарза. Босанците се надеваа дека Гарза, играч на Минесота, ќе добие дозвола за настап, но ФИБА уште еднаш потврди дека само еден странски играч може да игра за репрезентацијата. ФИБА не дозволи Босна и Херцеговина да го регистрира Лука Гарза како домашен ...
Италијанското здружение на фудбалски тренери (AIAC) побара денеска Израел да биде суспендиран од меѓународните фудбалски натпреварувања поради војната во Газа. Пред двата квалификациски натпревари за Светското првенство меѓу Италија и Израел, закажани за септември и октомври, Асоцијацијата испрати писмо до Италијанската фудбалска федерација со барање нивниот апел да биде проследи до УЕФА и ФИФА. „Израел мора да престане. Фудбалот, исто така, ...
Репрезентативецот на Јамајка, Лион Бејли ќе ја помине следната сезона во Рома како позајмен играч од Астон Вила. Клубот од Рим соопшти дека има право да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната. Бејли играше за Генк и Баер Леверкузен пред да и се приклучи на Астон Вила во 2021 година. Минатата сезона, 28-годишникот одигра 38 натпревари и постигна два гола за Вила. Бејли, кој одигра 39 натпревари за јамајканската репрезентација и ...
Голманот на Флуминензе, Фабио, го сруши рекордот на Англичанецот Питер Шилтон според бројот на одиграни натпревари во професионалниот фудбал. Фабио (44), синоќа го одигра 1.391 натпревар во кариерата. Тој бранеше за Флуминензе против колумбискиот клуб Америка де Кали (2:0) во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана. Бразилскиот голман го сруши рекордот на Шилтон, кој, според Гинисовата книга на рекорди, бранел во 1.390 натпревари. ...
Луис Хамилтон се пресели од Мерцедес во Ферари со големи амбиции, но првиот дел од сезоната за седумкратниот првак е вистински кошмар. Исклучок е спринт трката за Големата награда на Кина, каде победи Британецот. Особено разочарувачки беше неговиот настап во Унгарија, не успеа да влезе во последната квалификациска сесија, стартуваше 12-ти и на таа позиција ја заврши трката. Хамилтон е свесен дека има лоша сезона, дури во Унгарија изјави дека е ...
Големата НБА-ѕвезда, Јанис Адетокунбо доби дозвола да тренира со репрезентацијата. Грчкиот репрезентативец вчера се приклучи на тренинзите на националниот тим. Како што изјави селекторот Василис Спанулис, Адетокунбо почна да тренира со останатите свои соиграчи и сега се подготвува за своето деби со репрезентацијата ова лето. Претходно, на Антетокумпо не му беше дозволено да тренира со тимот поради доцнење во добивањето писмена дозвола од ...
Галатасарај сериозно работи во преодниот рок. Откако клубот успеа да го откупи договорт на Виктор Осимен, се насочи кон зајкнување на останатите линии. Турскиот првак им „фрли око“ на двајца играчи на Манчестер сити. Галатасарај до крајот на преодниот рок сака да ги ангажира голманот Едерсон и дефанзивецот Мануел Аканџи. Голманот Едерсон постигнал договор со Галтасарај, чека клубовите да се договорат околу обесштетувањето за да може да го ...
Аталанта, влегува во нова ера со хрватскиот тренер Иван Јуриќ, кој го наследи на клупата Џанпјеро Гасперини. Искусниот тренер по 10 години замина од Бергамо, се пресели во Рома. Аталанта во досегашниот тек од преодниот рок приходуваше 104 милиони евра од продажба на играчи. Клубот може да си дозволи нови играчи, го потпиша напаѓачот на лече, Никола Крстовиќ за 25 милиони евра, а по Црногорецот во клубот пристигна полскиот играч од средниот ред ...
Фудбалерот од Мали, Доргелеш Нене, премина од Салцбург во Фенербахче, објави денес турскиот клуб. Офанзивниот играч од средниот ред Нене (22) ја започна својата професионална кариера во Салцбург во 2021 година, но играше како позајмен играч во Лиферинг, Рид и Вестерло. Во сите натпреварувања, тој постигна 22 гола во 87 натпревари за Салцбург. „Добредојде во нашето семејство, Нене. Нашиот клуб постигна договор со австрискиот клуб Салцбург за ...
Најголемото засилување на Парма во актуелниот преоден рок, Матија Фриган доживеа тешка повреда поради што ќе отсуствува помеѓу четири и шест месеци. Хрватот, Матија Фриган (22) пред четири дена о официјализира трансферот во Парма од Вестерло вреден 10 милиони евра. Фриган заработи повреда на коленото за време на тренингот, а прегледите го потврдија најлошото можно сценарио. Ги скинал лигаментите на левото колено, што значи дека ќе паузира околу ...
Сагата околу трансферот на црногорскиот репрезентативец, Никола Крстовиќ, заврши, а епилогот е неочекуван врз основа на сè што се случуваше во текот на летото. Имено, Крстовиќ го парафираше договорот со Аталанта. Договорот беше потпишан до 2030 година. Крстовиќ ќе добива 1,7 милиони евра по сезона, а Лече ќе инкасира 25 милиони, плус дополнителни бонуси. За потсетување, Крстовиќ, кој во текот на својата кариера ги бранеше боите на Зета, Звезда, ...
Англискиот прволигаш Манчестер Сити го позајми Клаудио Ечевери на Баер Леверкузен, јавија денеска германските медиуми. Договорот на Аргентинецот е за една сезона и не вклучува откупна клаузула. Деветнаесетгодишниот играч од средниот ред до крајот на оваа недела треба да ги мине задолжителните медицински прегледи пред да му се приклучи на бундеслигашот. Ечевери дојде во Манчестер Сити од редовите на Ривер Плата во февруари оваа година. Оваа ...