Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Екипата на Наполи одигра нерешено 0:0 вечерва со Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен во натпревар од 4.коло од Лигата на шампионите. Домашниот тренер Антонио Конте во стартниот состав го имаше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој беше од најдобрите играчи во својот тим, но играчите на Наполи немаа среќа да ја затресат мрежата на гостинскиот голман. На вториот дуел одигран во Прага, Арсенал со 3:0 го совлада домаќинот Славија. Головите ...
Фудбалерите на Ливерпул го победија Реал Мадрид со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. „Црвените“ aпсолутно ја заслужија победата, создадоа поголем број шанси, но поголемиот дел од натпреварот немаа решение за Тибо Куртоа, кој беше неверојатен меѓу стативите. Во првото полувреме, тој со одлични одбрани во два наврати ги запре обидите на Собослај и спречи водство на Ливерпул. Домашниот тим бараше пенал кога топката го погоди Чуамени ...
Баерн Минхен продолжува да ја демонстрира својата доминација во европскиот фудбал. Германскиот шампион го совлада Пари Сен Жермен со 2:1 на гостински терен, запишувајќи ја 16. победа во низа од почетокот на сезоната. Баварците влегоа силно во мечот и поведоа уште во 4. минута преку Луис Дијас, кој го искористи лошото поставување на одбраната на ПСЖ. Истиот фудбалер во 32. минута ја удвои предноста на гостите по нова грешка на Маркињос, со што ...
Јувентус продолжува со разочарувачките настапи во Лигата на шампиони и по четири одиграни кола сè уште нема победа. Италијанскиот гигант одигра само 1:1 против Спортинг Лисабон во Торино, и покрај тоа што имаше повеќе од играта и шанси за победа. Јувентус губеше против Спортинг во Торино, Душан Влаховиќ израмни во 34-тата минута, но Старата Дама немаше сила за целосен пресврт. Со овој резултат, Јуве останува закован на дното од групата, со ...
Американката Аманда Анисимова ја постигна првата победа на завршниот турнир кај тенисерките што се игра во Ријад. Таа ја совлада сонародничката Мидлтон Кејс со 2:1 во сетови (4:6; 6:3 и 6:2). Така двата денешни меча од второто коло од групата Б завршија со пресврт откако Елена Рибакина ја совлада Ига Швјонтек со 2:1 во сетови (3:6; 6:1 и 6:0). По ваквиот денешен епилог мечот од 3.то коло меѓу Анисимова и Швјонтек ќе решава за полуфиналето, ...
Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција. Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор. Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на ...
Екипата ТФТ попладнево го игра дуелот од 3.коло од АБА 2 лигата, а во Скопје гостува словенечката екипа Хелиос. По стартните две победи за екипата на ТФТ предизвик е да се продолжи со максималниот учинок. Сепак ритамот на натпревари предизвикува мали проблеми во тимот. – Дуелот со Хелиос ќе ни биде четврти во десет дена. Ова темпо на натпревари и заморот кај играчите наметнува пред се да останеме здрави и да избегнеме евентуални повреди. ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска ја совлада Грција со 29-25. Избраниците на селекторот ...
Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид би можел да го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок, откако изразил незадоволство од својата улога во тимот. Според италијанските медиуми, 25-годишниот напаѓач не е задоволен од минутажата и позицијата што ја има во составот на „старата дама“. Дејвид пристигна летово од Лил како слободен играч и потпиша договор на пет години, но засега не успеа да се наметне како прв избор во нападот. Во досегашниот дел ...
Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне, објави дека е опериран. – Здраво на сите, како што сите знаете, ќе правам пауза некое време. Добрата вест е дека операцијата помина совршено. Веќе сум повторно во акција! Ви благодарам за сите пораки! – напиша 34-годишниот Белгиец на социјалните мрежи. Играчот ја заработи повредата во 8. коло од италијанското првенство против Интер (3:1). Во 33-тата минута, Де Брујне реализираше пенал и веднаш се зграпчи ...
Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, реши да започне наплата за автограми, со што предизвика поделени реакции кај фановите. Јамал потпиша договор со специјализирана платформа за спортски сувенири, преку која неговите потписи ќе се продаваат по одредена цена. Со тоа, тој се приклучува на малата група европски фудбалери што комерцијално го ограничуваат својот потпис. Од клубот нема официјален став, но одлуката на ...
Двата денешни натпревара од Првата фудбалска лига завршија со победи на гостинските екипи. Во дербито во Ѓорче Петров, Струга ја совлада домашната екипа на Македонија ЃП со 2:0. Головите за победникот ги постигнаа Флориан Рочи во 32.минута и Басиру Компаоре во 62.минута од пенал. На вториот дуел во Скопје гостите од Кавадарци Тиквеш славеа победа со идентични 2:0 и по три натпревари без победа стигнаа до третиот триумф во шампионатот. На ...
Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, не е загрижен за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по неговата лута реакција на заменувањето во поразот од Барселона со 2:1 во шпанското првенство. Дваесет и петгодишниот фудбалер доби повик во репрезентацијата за пријателските натпревари против Сенегал (15 ноември) и Тунис (18 ноември). -Имам добар однос со Винисиус, како и со другите играчи. Разговарав со него, му кажав сè ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги отфрли критиките упатени кон неговиот тим за променливите изданија во тековната сезона. -Со победа вечер против Ајнтрахт можеме да се вратиме на вистинскиот пат во Лигата на шампионите. Знаеме дека се соочуваме со силен противник, но сите противници се силни на ова ниво. Имаме амбиции да се натпреваруваме на европската сцена. Слушаме многу критики од почетокот на сезоната, но штом сме лидери во Серија А, ...
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите. – Кога зборуваме за ПСЖ, важно е да се разбере дека не можете да се фокусирате само на еден играч. Тимската работа на ПСЖ е она што ги прави толку силни во секоја фаза од играта. Треба да веруваме во себе и да играме најдобро што можеме. Се соочуваме со бранителот на трофејот во Лигата на шампионите и еден од ...
Јанис Адетокумбо и Јусуф Нуркиќ со звукот на сирената им донесоа победи на своите екипи, Милвоки Бакс, односно Јута Џез, во НБА лигата. Јанис погоди за победа во Индијанаполис, а Нуркиќ во Бостон. Милвоки Бакс славеа на теренот на еден од најголемите ривали во лигата, Индијана Пејсерс. Адетокумбо е омразен лик во Индијанаполис од декемви 2023 година, кога постигна рекордни во кариерата 64 поени, а потоа ги обвини домашните кошаркари дека му ...
Барселона е заинтересирана следното лето да го потпише фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Според „Ел Национал“, каталонскиот клуб има намера да му го понуди на премиерлигашот играчот од средниот ред Дани Олмо, како и парична отштета за 25-годишниот напаѓач. Олмо долго време е интересен за менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. Халанд има 13 настапи оваа сезона, постигнато 17 гола и една асистенција. Тековниот договор на Халанд со ...
Арсенал подготви рекорден договор за својата најголема ѕвезда Букаја Сака, кого „топџиите“ сакаат да го задржат во клубот до летото 2030 година. Дваесет и четиригодишниот Сака има договор со Арсенал до летото 2027 година, а „топџиите“ сакаат да го продолжат неговиот договор за уште три сезони. Според англиските медиуми, претставници на Арсенал и Сака се сретнале неколку пати во последните недели, а раководството на клубот јасно стави до ...
Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А. Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата. Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба. Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денешната нова ВТА листа бележи мал пад од четири позиции и сега се наоѓа на 205.то место. Таа има освоено 358 поени. Ѓорческа за следната недела е пријавена да настапи на турнир во Португалија. Магдалена Стоилковска има пад за 19 места и се наоѓа на 1.464 место со 3 поени. На врвот на ВТА листата се наоѓаат осумте најдобри тенисерки кои настапуваат на завршниот турнир во Ријад: Арина Сабаленка, Ига ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, во уперлативи зборуваше за својот поранешен играч, Флоријан Вирц, кој сè уште не не може да се снајде во Ливерпул, откако две сезони блескаше во Баер Леверкузен. Баер во сезоната 2023/24 ја освои двојната круна под водство на Алонсо, со напомена дека стигна до титулата во Бундеслигата без пораз. Вирц постигна 18 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања таа сезона и беше прогласен за најдобар играч во ...
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва на гала свеченост во Скопје ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона, доделувајќи ги признанијата за најдобра ракометарка на Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров и за најдобар ракометар на Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер. Во гласањето на навивачите на официјалната Фејсбук страница на РФМ, признанијата во двете категории ги понесоа Теодора Гулицоска и Никола ...
Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик (19), е пред привремено заминување од клубот откако не успеа да го импресионира тренерот Чаби Алонсо. Иако беше поврзуван со позајмица во Премиер лигата, каде што интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Астон Вила, 19-годишникот најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Лион, Франција, пишува специјализираниот фудбалски поратал „Goal.com“. Ендрик се врати на теренот минатиот викенд по петмесечна пауза ...
Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, призна дека имаше проблеми со ефикасноста на средбата со Мајами хит. -Мислам дека добро ја движевме топката. Очигледно, можевме да постигнеме и 150 поени, доколку јас и Остин Ривс, погодевме неколку шутеви. Сепак, мислам дека почнавме да играме добра одбрана. Само треба да ја подобриме ефикасноста. Имав проблеми со шутот, но ние извојувавме победа (130:120) и тоа е најважно. Против Мајами, ...
Вечерва се играат девет натпревари од Лигата на шампионите на УЕФА, кои носат неколку многу интересни дуели каде што секој бод ќе биде исклучително важен за пласман во нокаут фазата. Посебен акцент треба да се стави на средбата помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, како и на пресметката помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен. Ливерпул го пречекува Реал Мадрид на „Енфилд“, а судија е романецот Иштван Ковач. Домашниот тим го предводи Арне Слот, додека ...
Лионел Меси планираше да ја искористи претстојната четиримесечна пауза од МЛС за да остане во форма пред Светското првенство во 2026 година, но неговиот план не наиде на разбирање во Саудиска Арабија. Како што објави „RMC Sport“, аргентинскиот фудбалер сакал да потпише краткорочен договор со еден од клубовите на Саудиската професионална лига во текот на зимскиот период, со цел да остане во натпреварувачкиот ритам. Сепак, локалните власти и ...
Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, за шпански „АС“, ги избра петте најдобри фудбалери во историјата. Модриќ (40), играч од средниот ред на Милан, беше замолен да издвои пет играчи од која било ера. „Марадона, Франческо Тоти, Бразилецот Роналдо, Звонимир Бобан, кој е мој идол, и Зизу (Зинедин Зидан)“, рече Модриќ. Модриќ е најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, кој замина ова лето по 13 сезони во клубот. Со ...
Оклахома Сити Тандер е единствениот тим кој сè уште нема пораз во новата сезона на НБА-лигата. Тимот на Марк Дејно посегна по седмата последователна победа, совладувајќи ги Њу Орлеанс Пеликанс со убедливи 137:106. Најзаслужен за новиот триумф беше Шеј Гилџиус-Александер, кој повторно блескаше со 30 поени, а добар настап имаа и Џејлен Вилијамс со 22 и Чет Холмгрен со 18 поени и 10 скокови. Тандер уште еднаш ја демонстрираа својата офанзивна ...
На тренерот на Раднички од Крагуевац, Младен Жижовиќ, му се слоши во текот на натпреварот против Младост во Лучани, а малку подоцна беше објавено дека починал во болница. Жижовиќ се струполи крај теренот, додека го водеше својот тим, во средишницата на првото полувреме. Судијата веднаш го прекина натпреварот, играчите во паника повикаа помош, лекарите реагираа, беше ставен на носилка и однесен во болница, додека гледачите аплаудираа во знак ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, ќе биде надвор од терените на неопределено време поради повреда на препоните или спортска хернија, пишуваат шпанските медиуми. Според овие извори, 18-годишниот Мастантуно не тренирал заедно со тимот на Реал во понеделникот. „На нашиот играч Мастантуоно му е дијагностицирана пубалгија по медицинските тестови. Неговото закрепнување ќе биде внимателно следено“, објави клубот. Во соопштението не се ...