Еден од најдобрите фудбалери на англискиот шампион Ливерпул во досегашниот дел од сезоната Доминик Собослај го привлече интересот на Баерн Минхен. Но, менаџерот на „црвените“ Арне Слот категорично изјави дека играчот не е на продажба. Вестите стигнуваат од експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо. Унгарскиот репрезентативец во Ливерпул стигна во 2023 година летото за 70 милиони евра и оваа сезона се изгради како најсигурен во тимот на ...

Светскиот тенисер број 5, Новак Ѓоковиќ, вечерва го победи Португалецот Нуно Борхес во четвртфиналето на турнирот во Атина со 7:6 (7:1) и 6:4. Мечот траеше 1 час и 45 минути. Ѓоковиќ сервираше девет аса, направи една двојна грешка и реализираше една од пет брејк топки. Борхес сервираше седум аса, направи една двојна грешка и не реализираше ниту една од две брејк топки. Триесет и осумгодишниот Србин ќе се соочи со Германецот Јаник Ханфман во ...

Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид ќе ја регистрира својата најголема финансиска загуба во историјата, проценета на 38 милиони евра за сезоната 2025/2026, објави денеска „2PlayBook“. Според истиот извор, се очекува само платите на кошаркарите да достигнат 49 милиони евра, што е зголемување од 26 отсто во споредба со минатата година. И покрај загубите, сепак, Реал Мадрид очекува и вкупните приходи да пораснат за 5,4% и да достигнат 1,5 ...

Ландо Норис ќе ја започне спринт трката за Големата награда на Бразил од првата позиција, откако беше најбрз во денешните квалификации на патеката „Интерлагос“. Возачот на Мекларен покажа одлична форма и со сигурност влезе како главен фаворит за победа во кратката трка. На второто место ќе стартува младиот Кими Антонели, кој повторно го воодушеви светот со својата брзина, додека третата позиција му припадна на неговиот тимски колега Оскар ...

Нов проблем за тренерот на Барселона Ханси Флик, откако уште еден играч се најде на листата на повредени пред утрешниот дуел од Ла Лига со Селта. На денешниот претпладневен тренинг Флик доживеа ново изненадување. Иако го почна тренингот по само неколку минути мораше да го напушти францускиот репрезентативец Жул Кунде. Францускиот репрезентативец се повреди во средата на дуелот од Лигата на шампионите, но прогнозите беа дека ќе биде „фит“ за ...

Првиот натпревар од 11.коло од Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед заврши 2:2 со два гола во судиското надополнување на вториот дел. Нерешениот резултат е најреалниот исход на дуелот во Лондон. Гостите од Манчестер поведоа во 32.минута со голот на Камерунецот Брајан Мбеумо. Домашниот тим успеа да изедначи во финишот на дуелот во 84.минута преку Матијас Тел, а водство за Тотенхем донесе Ричарлисон во 90+2.минута. Конечните 2:2 во ...

Хрватскиот тренер Игор Тудор е на прагот да направи нов професионален предизвик, откако доби официјална понуда од клуб од Англија. Според информациите, клубот го следи неговиот напредок во последните сезони и е заинтересиран за неговиот стил на игра и менаџерски пристап. Тудор, кој претходно работеше во Италија и Хрватска, е познат по дисциплинираниот и агресивен начин на игра што го применува со своите тимови. Англискиот клуб се надева дека ...

Фудбалерот на Престон Норт Енд, Милутин Осмајиќ, е суспендиран на девет натпревари поради расистички навреди кон противнички играч за време на натпревар од Чемпионшип лигата. Дисциплинската комисија на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) потврди дека Осмајиќ го навредил фудбалерот Ханибал Мејбри на расна основа за време на мечот против Барнли. Покрај суспензијата, тој ќе мора да плати и казна од 21.000 фунти. Казната ќе трае до крајот на ...

Мартин Томовски блеска во редовите на Битигхајм во Втората Бундеслига. Македонскиот голман брани во врвна форма од почетокот на сезоната, а моментално тој е најдобар голман во лигата. На социјалните мрежи 2. Бундеслига објави информации за голманите, па таму на врвот котира Томовски. Македонецот има најмногу одбрани во тековната сезона, дури 102 во првите девет кола на шампионатот. Моментално тој има четири интервенции повеќе од ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се подготвува за својот 1.000-ти натпревар, а судбината сакаше тоа да биде против Ливерпул. Дуелите на Манчестер Сити и Ливерпул имаа посебна привлечност, поради важноста, ривалството последните сезони, но и ривалитетот меѓу двајцата менаџери Манчестер Сити (Гвардиола) и Ливерпул (Јирген Клоп). Натпреварите против Ливерпул и Клоп, Гвардиола ги рангира на врвот од својата кариера Кога би можел да ...

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го нарече домашниот стадион на клубот во Неапол „депонија“, наведувајќи дека на актуелниот италијански шампиони му е потребен модерен стадион за да ги зголеми приходите и да го подобри искуството на навивачите. Наполи ги игра своите домашни натпревари на стадионот „Диего Армандо Марадона“, именуван по легендарниот аргентински фудбалер кој ги предводеше до две титули во Серија А во 1987 и 1990 ...

Со одигрувањето на денешните два дуела стартуваат натпреварите од 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. Прволигашки фудбал ќе се игра во Куманово и во Струга. Во Куманово Башкими го пречекува Работнички, додека во Струга истоимената екипа е домаќин на Арсими. Почетокот на двата натпревара е во 13 часот. Утре (недела) во истиот термин ќе играат: Вардар – Тиквеш и Пелистер – Брера, додека за понеделник се закажани дуелите: Силекс -Шкупи ...

Кошаркарите на Мајами поставија нов рекорд во НБА лигата откако ноќеска во првата четвртина од дуелот со Шарлот постигнаа 53 поени. Шутерското шоу во првите 12 минути беше „зачинето“ со 10 тројки. Но, до победата Мајами стигна благодарение на последната четвртина бидејќи гостите од Шарлот во третиот период во два наврати го изедначија резултатот. Најефикасни кај победникот беа Норман Пауел со 25 поени и Ендрју Вигинс со 22, додека кај Шарлот ...

УЕФА планира промени во квалификацискиот систем за Светското првенство и Европското првенство, а новиот формат треба да биде претставен во следните шест месеци, објави претседателот на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин. Сепак, на Фудбалскиот бизнис форум во Милано, Чеферин категорично ја отфрли можноста за примена на сличен систем како во Лигата на шампионите за репрезентативни квалификации. „Не“, рече отсечно Чеферин. На ...

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, изјави дека за да ја освои петтата последователна титула „веројатно ќе му треба малку среќа“. Возачот на Ред Бул заостанува 36 бодови зад водечкиот Ландо Норис од Мекларен на четири трки до крајот на сезоната во Формула 1. -Имавме неколку добри викенди и успеавме да ја намалиме разликата, но со четири трки до крајот, разликата е сè уште доста голема, рече Верстапен на ...

Фудбалерите на Пиза конечно се израдуваа на триумф во новата сезона на Серија А. До првата победа им беше потребно да одиграат 11 натпревари.Тие синоќа на домашен терен го совладаа Кремонезе со 1:0 со голот на Идриса Туре во 75.минута. Покрај тоа што ја постигнаа првата победа сезонава, ова за нив беше и прв гол на домашен терен. Со првите три бода Пиза, која има шест нерешени резултати и со 9 бодови е на 15.место на табелата. Без победа во ...

НБА конечно ги откри првите детали за долгоочекуваниот проект „НБА Европа“, кој треба да стартува во следните две години. Новата лига ќе вклучува меѓу 12 и 16 клубови од најголемите европски градови, а целта е проширување на брендот на НБА и зајакнување на врските со европската публика. Според информациите, меѓу градовите кои ќе имаат свои претставници се Лондон, Париз, Мадрид, Барселона, Милано, Берлин, Атина и Истанбул. Секоја од овие екипи ...

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, е избран за „менаџер на месецот“ во Премиер лигата за октомври. Португалецот го доби признанието по одличниот серијал на резултати што го вратија Јунајтед меѓу водечките екипи во лигата. Под водство на Аморим, „црвените ѓаволи“ остварија три последователни победи — против Сандерленд, Ливерпул и Брајтон, притоа покажувајќи офанзивен и дисциплиниран фудбал кој му донесе голема поддршка од ...

Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид ќе ја регистрира својата најголема финансиска загуба во историјата, проценета на 38 милиони евра за сезоната 2025/2026, објави денеска „2PlayBook“. Според истиот извор, се очекува само платите на кошаркарите да достигнат 49 милиони евра, што е зголемување од 26 отсто во споредба со минатата година. И покрај загубите, сепак, Реал Мадрид очекува и вкупните приходи да пораснат за 5,4% и да достигнат 1,5 ...

Извршниот директор и косопственик на Мерцедес, Тото Волф верува дека Кими Антонели има потенцијал да ја освои титулата во Формула 1. Мерцедес неодамна му го продолжи договорот на Антонели. – Кими има долгорочна иднина. Мислам дека е многу тешко да се дебитира во Ф1 со сегашната генерација автомобили ако немате искуство во нивното возење, а потоа да се натпреварувате со оние кои веќе се запознаени со автомобили што ги користат ефектите на ...

Поранешната НБА ѕвезда, Тони Паркер (43), е назначен денеска за селектор на француската кошаркарска репрезентација до 17 години. Француската кошаркарска федерација објави дека Паркер ќе ја предводи репрезентацијата до 17 години на Светското првенство, кое ќе се одржи во Турција од 27 јуни до 5 јули 2026 година. „За својата нова кариера разговарав со мојот татко и на обајцата ни се чинеше логично да се почне со репрезентацијата, односно со ...

Фудбалскиот свет беше потресен од трагичната смрт на португалскиот репрезентативец Диого Жота, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва. На погребот одржан во неговиот роден град Гондомар присуствуваа бројни соиграчи, пријатели и фанови, меѓу нив и многумина од неговата репрезентација — но не и легендарниот Кристијано Роналдо. Во интервју со Пирс Морган, Роналдо откри две главни причини зошто се одлучил ...

Фудбалерот на Тотенхем, Ив Бисума, станал жртва на голема финансиска измама, во која изгубил речиси еден милион евра. Според информациите од англиските медиуми, измамник успеал да префрли околу 950.000 евра од неговата банкарска сметка без негова согласност. Полицијата веќе уапсила осомничен, 31-годишниот Морис Гомес, кој е обвинет за две кривични дела поврзани со лажно претставување и финансиска измама. Доколку биде прогласен за виновен, му ...

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше лош почеток во новата клупска средина, тимот на Панатинаикос. Член на идеалната петорка на Евролигата од минатата сезона и најкорисен играч (МВП) на Еврокупот (2024) и Лигата на шампионите (2023), тој се приклучи на грчкиот клуб ова лето и има просек од само 6,1 поен и 2,7 асистенции за 14,7 минути по натпревар во Евролигата. Гласините сугерираат дека Црвена ѕвезда веќе покажа интерес за ...

Познати се полуфиналните парови за Завршниот турнир на ВТА. Натпреварувањето се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Во полуфиналето, Белорусинката Арина Сабаленка ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова, додека Казахстанката Елена Рибакина ќе се соочи со уште една Американка, Џесика Пегула. Полуфиналните натпревари ќе се одржат на 7 ноември. Финалето е закажано за 8 ноември. Минатогодишната шампионка, Коко Гоф, го заврши својот настап во ...

Прв пат по две години, фудбалерите на Барселона денеска симболично се вратија на стадионот „Камп Ноу“, кој е во фаза на реконструкција, одржувајќи тренинг што беше отворен за јавноста. Тренингот се одржа претпладнето пред 22.000 гледачи. Цената на влезниците изнесуваше пет и десет евра, а целиот приход ќе биде наменет за проектот „Пулсерас Блаугранас“, кој собира пари за менталното здравје на хоспитализирани деца и адолесценти. Стадионот ...

Италијанските акции на фудбалскиот гигант Јувентус не се на продажба, но отворени сме за соработка со други инвеститори, изјави денеска семејниот потомок Џон Елкан, откако крипто групацијата Тетер стекна значителен удел во клубот. Елкан е извршен директор на Ексор, холдинг компанија на семејството Ањели чии врски со најтрофејниот италијански клуб датираат од 1923 година, кога Едоардо Ањели стана претседател. Ексор е мнозински акционер на ...

Англискиот селектор Томас Тухел го објави денеска списокот фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026. Во англиската репрезентација се враќа фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Фил Фоден од Манчестер Сити, додека играчот од средниот ред на Борнмут, Алекс Скот, доби дебитантски повика, објави попладнево Фудбалската асоцијација (ФА). Белингем нема настап за Англија од јуни оваа година, додека Фоден ...

Центарот на Јута џез, Вокер Кеслер, ќе го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 поради повреда на левото рамо за која ќе биде потребна операција, објави тимот од Солт Лејк Сити. Кеслер ќе биде подложен на операција во Лос Анџелес. Во текот на сезоната 2025/26, 24-годишниот кошаркар имаше просек од 14,4 поени по натпревар, 10,8 скока, 1,4 асистенции и 1,8 блокади. Во сезоната 2024/25, на 58 натпревари, Кеслер имаше просек од 11,1 поени, 12,2 ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги дознае ривалите во баражот за пласман на Светското првенство 2026 на 20 ноември, два дена по завршниот натпревар од мундијалските квалификации против Велс во Кардиф. Жрепката за европските плеј-оф натпревари ќе се одржи во седиштето на ФИФА во Цирих, со почеток во 13 часот. Македонските фудбалери сè уште имаат шанса за освојување на второто место во квалификациската група Ј, а има опција да биде дел ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
999
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
78%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.68
88%
1000
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
91%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
89%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
61%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Бакар

11.66

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75