Англискиот селектор Томас Тухел го објави денеска списокот фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026. Во англиската репрезентација се враќа фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Фил Фоден од Манчестер Сити, додека играчот од средниот ред на Борнмут, Алекс Скот, доби дебитантски повика, објави попладнево Фудбалската асоцијација (ФА). Белингем нема настап за Англија од јуни оваа година, додека Фоден ...

Центарот на Јута џез, Вокер Кеслер, ќе го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 поради повреда на левото рамо за која ќе биде потребна операција, објави тимот од Солт Лејк Сити. Кеслер ќе биде подложен на операција во Лос Анџелес. Во текот на сезоната 2025/26, 24-годишниот кошаркар имаше просек од 14,4 поени по натпревар, 10,8 скока, 1,4 асистенции и 1,8 блокади. Во сезоната 2024/25, на 58 натпревари, Кеслер имаше просек од 11,1 поени, 12,2 ...

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги дознае ривалите во баражот за пласман на Светското првенство 2026 на 20 ноември, два дена по завршниот натпревар од мундијалските квалификации против Велс во Кардиф. Жрепката за европските плеј-оф натпревари ќе се одржи во седиштето на ФИФА во Цирих, со почеток во 13 часот. Македонските фудбалери сè уште имаат шанса за освојување на второто место во квалификациската група Ј, а има опција да биде дел ...

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Торино, Паоло Ваноли (52), пристигна во Фиренца за да ја преземе функцијата тренер на Фиорентина, која е на дното на табелата во Серија А, јавија денеска италијанските медиуми. Ден претходно, Ваноли спогодбено го раскина договорот со Торино, кој важеше до јуни 2026 година. Ваноли во Фиорентина доаѓа на местото на Стефано Пиоли, кој беше отпуштен во вторникот поради катастрофален почеток на сезоната. ...

Американскиот фудбалски МЛС лигаш Атланта повторно го ангажираше Херардо „Тата“ Мартино како тренер, потпишувајќи договор со аргентинскиот стратег до 2027 година. Мартино се враќа во клубот што го водеше до шампионската титула во МЛС лигата во 2018 година, кога беше прогласен за тренер на годината. „Овој момент не е враќање во минатото, туку можност да поставиме нов темел и да продолжиме да еволуираме во согласност со барањата кои ги носи ...

Две нови имиња се најдоа на списокот повикани фудбалери што селекторот на македонската репрезентација до 21 година Горан Станиќ го објави денеска за ноемвриските натпревари против Шведска и Полска во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. „Повик добија двајца нови фудбалери кои со своите игри во клубовите го заслужија повикот, Матео Софијаноски од Македонија Ѓ.П. и Реџеп Мурати од Башкими. Добро е што сите останати ...

Откако минатата недела беше објавено дека голем број турски фудбалски судии се вмешани во обложување на фудбалски натпревари, Обвинителството во Истанбул побара притвор за 21 лице, вклучувајќи 17 судии, како и за претседател на прволигашки клуб, чиј идентитет, засега, не е познат. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул соопшти дека 17 судии се осомничени за манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон зборуваше за неговите проекти кои не се поврзани со трките. – Секој може да биде расеан на еден или друг начин. Прашање е како ја користиш својата енергија и ја балансираш. Мора да одржуваш рамнотежа, бидејќи не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен. Како да го пронајдеш она што те инспирира и ти помага да продолжиш напред? Мислам дека еден начин е да ја истражиш сопствената ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата „The Best“ за 2025 година. Гласањето ќе трае до 28 ноември. Во потесниот список се наоѓаат Усман Дембеле, Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња (сите ПСЖ), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Кол Палмер (Челзи), Педри, Рафиња, Ламине Јамал (сите Барселона), Мохамед Салах (Ливерпул) и Хари Кејн (Баерн Минхен). Актуелен добитник на наградата е напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус ...

Актуелниот македонскиот фудбалски шампион Шкендија вечерва одигра нерешено 1:1 со Јагелонија во 3. коло од Конференциската лига. Шкендија поведе во 49. минута со голот на Лиридон Латифи. Гостите од Полска се спасија аод пораз во последните секунди. Се играше 90+10. минута кога Лозано ги постави конечните 1:1. Јагелонија последните четири минути играше со фудбалер помалку, но и тоа не беше доволно македонскиот тим да го сочува водството. По ...

Беше тежок натпревар бидејќи немаше многу чисти шанси. Неколку дојдоа кон крајот на играта, вклучувајќи и опасен шут од противничкиот напаѓач кој морав да го одбранам. Кога голманот нема многу работа, мора да бидете уште пофокусирани, бидејќи еден момент може да го одлучи исходот, изјави голманот на полска Јагеилонија, Милош Пиекутовски, по синоќешниот натпреварот против Шкендија (1-1) во Скопје во рамки на третото коло од Конференциската ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги објави номинираните за наградата за најдобар голман на годината. Во потесниот список се Алисон Бекер (Ливерпул), Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Џанлуиџи Донарума (Манчестер сити), Емилијано Мартинез (Астон вила), Мануел Нојер (Баерн Минхен), Давид Раја (Арсенал), Јан Сомер (Интер) и Војчех Шчесни (Барселона). Гласањето ќе продолжи до 28 ноември. Актуелен добитник на наградата е Емилијано Мартинез. Фото: ...

Првиот светски рекет Арина Сабаленка, ги сподели своите очекувања за „Битката на половите“ со Ник Кирјос. – Само сакам да го играм мојот најдобар тенис и да го ставам во многу незгодна позиција, бидејќи тој секогаш ќе биде во губитничка ситуација. Ако тој победи девојка, сите ќе речат: Да, честитки, одлично. Ако изгуби, сите ќе бидат изненадени: О, Ник! И ќе имам корист од тоа во секој случај. Ако можам да победам, тогаш ќе има за што да се ...

Фудбалскиот клуб Ајакс од Амстердам и официјално остана без тренер, откако клубот денес ја потврди разделбата со стратегот Френк де Бур. Одлуката доаѓа по серијата слаби резултати во домашното првенство и разочарувачките настапи во европските натпреварувања. -Раководството на клубот и тренерот постигнаа заемна согласност за прекин на соработката. Му благодариме за неговиот ангажман и посветеност во изминатиот период, стои во соопштението на ...

Тренерот на Борусија, Нико Ковач, го коментираше поразот од 4:1 од Манчестер сити синоќа во четвртото коло од Лигата на шампионите. – Не можете да правите грешки против толку квалитетен ривал. Мора да се подобриме, но овој пораз ќе биде вредно искуство за нас. Знаевме дека Манчестер сити е врвен тим, многу е тешко да им дадете гол. Кога ви се пружаат шанси, мора да бидете многу ефикасни. Така се создава разликата. Домаќините си ги искористија ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер открива дека едно име постојано му е во главата – неговиот ривал Карлос Алкарас. Според изјавите на Синер и анализа на тениските експерти, фокусот на Синер кон Алкарас го мотивира да се подобрува и да ги надмине границите на својата игра. „Се будам и размислувам како да го победам Алкарас“, изјави Синер по последниот дуел со Шпанецот. Според неговите зборови, Алкарас е „најсевкупен играч“ и секогаш бара ...

Жозе Мурињо останува оптимист и покрај катастрофалниот старт на Бенфика во Лигата на шампионите. По поразот од Баер Леверкузен со 1:0 во четвртото коло, португалскиот тим остана без ниту еден освоен бод и со гол-разлика 2:8, но „Специјалниот“ не ја губи верата во пласман понатаму. – Јас сум многу поголем оптимист од тоа. Никој нема да ме убеди дека сме елиминирани. Математиката е јасна – има уште 12 бода во игра, а нам ни требаат околу девет. ...

Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, смета дека неговиот тим е блиску до освојување на едно од првите осум места во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ синоќа ја совладаа Борусиај Дортмунд со 4:1 во четвртото коло од елитното фудбалско натпреварување. – Голема почит кон моите играчи. Во добра позиција сме пред нашиот следен натпревар против Баер. Ако можеме да постигнеме уште една или две победи, Сити ќе биде многу блиску до завршување ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика. Прилепчани ќе треба да платат и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на ...

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, му подари на напаѓачот на Интер, Лионел Меси, симболичен клуч од градот. – Сакав да ви го дадам овој клуч за сè што направивте за нашиот град, нашата земја и светот на фудбалот. Ви благодарам, рече Суарез за време на церемонијата. Триесет и осумгодишниот Аргентинец игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во 2025 година, тој го продолжи договорот до крајот на сезоната 2028. – Ова е голема чест за ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Летонија и со Велс. – Ни претстојат контролен меч со Летонија и последниот квалификациски натпревар против Велс, добра можност за мини подготовки пред важниот предизвик. Немав забелешки по дуелот со Казахстан, сите одиграа на високо ниво. Промените во текот на мечот беа тактички, во функција на тимот. Мечот со Летонија ...

Капитенот на Панатинаикос, Костас Слукас, отворено го критикуваше својот тим по убедливиот пораз од Црвена Звезда со 86:68 во Белград. „Бевме лоши. Навистина се срамам како одигравме“, изјави Слукас, истакнувајќи дека особено третата четвртина била катастрофална за неговиот тим. Тој додаде дека проблемите со високи играчи се очигледни: „Не е лесно во модерната кошарка да се игра без висок играч против вакви противници.“ Иако Слукас беше ...

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер повторно јасно го изрази своето мислење во вечното прашање кој е најголемиот тенисер на сите времиња (GOAT). Според него, одговорот е повеќе од очигледен — Новак Ѓоковиќ. – Очигледно е кој е најдобриот во историјата. Новак Ѓоковиќ е GOAT, без никакво сомневање. Тој ги има сите рекорди, ја има конзистентноста и посветеноста што никој друг ја нема. Заслужува целосна почит, изјави Бекер. Германецот, кој ...

Во возбудлива НБА ноќ, Лос Анџелес Лејкерс и Портланд Трејлблејзерс забележаа драматични победи кои донесоа нова возбуда во Западната конференција. Лејкерси во луд меч славеа над Сан Антонио Спарс со 118:116, и тоа без своите ѕвезди Леброн Џејмс и Остин Ривс. Тимот на Дарвин Хем губеше со 106:97 седум минути пред крајот, но со серија од 21:10 направи неверојатен пресврт и стигна до петтата последователна победа. Најефикасен кај Лејкерси беше ...

Македонската фудбалска репрезентацијата овој месец ќе одигра два натпревари, контролен со Летонија и последниот од квалификациите за Светското првенство 2026 против Велс. Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот со повикани фудбалери за двете средби. На списокот на Милевски се наоѓаат: голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски ...

Фудбалерите на Аталанта славеа со 1:0 на гостински терен против Марсеј во 4. коло од Лигата на шампионите. Голот за победа го постигна Лазар Самарџиќ во 90. минута од натпреварот, само пет минути откако Иван Јуриќ го крена од клупата и го испрати на теренот. Покрај моментот во 90.минута, дуелот го обележа и вербалниот судир меѓу тренерот Јуриќ и Адемола Лукман во 75.минута. Камерите го снимија моментот кога Лукман го напушти теренот. Во ...

Луис Суарез нема да игра во клучниот натпревар од плејофот за Интер Мајами поради суспензија од еден натпревар, објави МЛС. Суспензијата следува по инцидентот во 71. минута од натпреварот против Нешвил, кој заврши со пораз за Мајами (2:1). Во еден момент, Суарез удри со нога кон противнички играч кој не беше во акција со топката. Судиијата на теренот не досуди директна казна, но дисциплинскиот одбор на МЛС ја оцени постапката како „насилно ...

Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер коментираше за пропуштањето на завршницата на Дејвис купот. – Кога сезоната завршува, ви треба време да закрепнете од целиот потиснат притисок, искусните емоции и физичките и менталните ефекти од натпреварувањето. Дополнителна недела подготовка ви дава нова мотивација и енергија. Играм тенис речиси секој ден, а има моменти кога не сакам да го правам тоа. Не се сомневам дека донесов ...

Реал Мадрид наводно постигнал договор со францускиот дефанзивец Дејот Упамекано од Баерн Минхен, објавуваат повеќе извори блиски до клубот. „Кралевите“ веќе подолго време бараат засилување во одбраната по честите повреди на Алаба и Милитао, а изборот паднал на Упамекано, кој е еден од најконзистентните стопери во Европа во последните години. Според информациите, Реал веќе има постигнат личен договор со играчот, а останува уште да се ...

Каталонскиот фудбалски гигант Барселона синоќа одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Бриж. Тренерот Ханси Флик недоволниот интензитет со кои настапија неговите избраници го посочи како причина за загубените два бода. – Беше тежок натпревар. Барселона создаде шанси, но нашиот ривал се бранеше добро и беше агресивен. Ние не притискавме доволно добро и загубивме многу дуели, особено на средината на теренот. Тешко е за дефанзивците да си ја ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
5.14
72%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.14
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.45
90%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1001
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
92%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
63%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.33

Калај

48.47

Паладиум

53434.54

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Злато

157055.75

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28