Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, потпиша денеска нов, повеќегодишен, договор со лондонскиот клуб, со кој минатата сезона ја освои титулата во Лига Европа. Во претходните месеци, англиските медиуми пишуваа за евентуален трансфер на Ромеро во Атлетико Мадрид, но на крајот, 27-годишниот дефанзивен играч одлучи да остане во Тотенхем, продолжувајќи го договорот до 2029 година. Според медиумите, аргентинскиот репрезентативец е задоволен од ...

Белгискиот репрезентативец во редовите на Наполи, Ромелу Лукаку, ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Серија А, откако го повреди бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос, објави денеска актуелниот шампион на Италија. „По повредата за време на натпреварот со Олимпијакос (2:1), Ромелу Лукаку беше подложен на прегледи кои покажаа дека станува збор за сериозна повреда на левиот бутен мускул“, се вели во соопштението на ...

Екипата на Охрид за првпат во својата клупска историја го освои традиционалниот струшки турнир, откако во битката за трофејот беше поуспешна од македонскиот ривал Бутел Скопје, победувајќи го со 30-24 (14-11). На тој начин новиот тренер на охриѓани, Борис Ројевиќ со трофеј ја започна својата мисија покрај езерото, која продолжува со турнирот на домашен терен за неколку дена. Дарко Ѓукиќ со девет гола беше најдобар стрелец во победничкиот тим, а ...

Калчолигашот Интер одби да го продаде дефанзивецот Алесандро Бастони на лондонски Челзи, објави денеска весникот „Ла Газета дело Спорт“. Според истиот извор, премиерлигашот понудил 50 милиони евра за услугите на 26-годишниот италијански репрезентативец, но Интер ја одбил понудата. Бастони минатата сезона одигра 57 натпревари, постигнувајќи два гола, а и имаше шест асистенции. Италијанскиот репрезентативец се поврзуваше и со трансфер во ...

Претседателот на Премиер лигата, Ричард Мастерс, категорично ја отфрли можноста англиските фудбалски клубови да играат некои од своите натпревари од Премиер лигата во странство, јавија денеска британските медиуми. „За ова прашање се дискутираше пред десет години. Во тоа време се сметаше дека ова може да ја зголеми популарноста на Премиер лигата на меѓународниот пазар. Сепак, денес повеќе нема потреба од тоа, бидејќи Премиер лигата е веројатно ...

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, оцени денеска дека двата одделни расистички инциденти на натпреварите од Купот на Германија се „неприфатливи“. Неговата реакција дојде ден откако фудбалерот на Шалке 04, Кристофер Антви-Адјеј, објави дека бил цел на расистички навреди за време на натпреварот против Локомотив Лајпциг. Откако ги информираше судиите, фудбалерот на Шалке беше исвиркуван од навивачите во ...

Поранешниот француски репрезентативец Ласана Дијара ја продолжи судската постапка барајќи 65 милиони евра отштета од ФИФА и Белгиската фудбалска асоцијација, откако Судот на правдата на Европската унија во октомври пресуди дека некои од правилата на Светската фудбалска организација ги кршат законите на ЕУ. Дијара, кој меѓудругите клубови настапуваше за Челзи, Арсенал и Реал Мадрид, води децениска правна битка со ФИФА откако го раскина договорот ...

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ги искажа впечатоците за вчерашниот натпревар со Арсенал. Манчестер загуби на свој терен со 1:0 во натпревар со многу тактичко надмудрување и малку шанси. – Заслуживме повеќе и бевме подобар тим, тоа е очигледно, но на крајот загубивме. Треба да работиме на она што треба да се подобри. Треба подобро да се браниме во прекините. Многу работи направивме како што треба. Има многу работи на кои треба да ...

Фудбалерите на Атлетико (М) синоќа во првиот меч од новата сезона во Ла Лига беа поразени на гостувањето кај Еспањол со 2:1. Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне по поразот изјави дека ова е едно големо искуство, пред се за него. Атлетико водеше со 1:0, но со пресврт домашните дојдоа до голем триумф. – Мислам дека ова беше поучно искуство за мене. Нема да кажам сè, но она што го видов на теренот ќе биде лекција за мене. А она што го видовме ...

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Австрија. Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година иа Големата награда на Индија, а пол-позицијата ја освои со најбрзиот круг 1:28.060. Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по малку повеќе од година и пол. Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја трето. Меѓу првите 10 беа и Марк Маркез, ...

Шест години по отворањето на својот синџир за вегански бургери, Луис Хамилтон, Леонардо Дикаприо и Тибо Куртоа мораа да ги затворат вратите. „Neat Burger“, ресторан во кој возачот на Формула 1 беше најголем инвеститор и беше придружуван од познат актер и од голман, имаше големи загуби. Според документите поднесени до британската Агенција за регистрација на компании, доброволно било одлучено да биде затворен ресторанот на 22 јули. Хамилтон го ...

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил. Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите. Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот ...

Тимот на Бутел од Скопје победи во директната пресметка со ГРК Тиквеш со 31-30 и така обезбеди пласман во 53. издание на Струшкиот ракометен турнир. Во мечот за трофеј ќе играат против ГРК Охрид. Најдобар стрелец кај победникот беше Филип Николов со девет гола, пред Бојан Спасовски со седум, додека кај ГРК Тиквеш, прво име беше Димитар Коцев со 11 гола, од кои осум беа во првото, а Мохамед даде шест. На струшкиот турнир, Струга и Раднички ...

Манчестер јунајтед го отпиша Расмус Хојлунд (22), данскиот напаѓач кого го донесе од Аталанта пред две години за речиси 80 милиони евра. Данецот не беше во составот за вчерашниот натпревар против Арсенал во Премиер лигата. На овој начин менаџерот Рубен Аморим и клубот му испратија јасна порака дека за него нема место на „Олд Трафорд“. Јунајтед е отворен и за перманентен трансфер и за позајмица, а Хојлунд ќе ги разгледа достапните опции, ...

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Себастијан Але, ја напушти Борусија Дортмунд и денес потпиша договор со холандскиот клуб Утрехт. Кратко по пристигнувањето во Борусија во 2022 година, за време на тренинг му беше дијагностициран тумор на тестисите, што бараше две операции и хемотерапија. Тој се врати на теренот по само шест месеци. Во сезоната 2022/23, Але постигна девет гола во Бундеслигата. Минатата сезона беше позајмен во ...

Синоќа, Сантос претрпе тежок пораз од Васко де Гама со 0:6 на домашен терен, 20-то коло од елитниот ранг на бразилското првенство. Резултатот влезе во историјата како највисока победа на Васко над Сантос и најголема гол-разлика во речиси сто години од натпреварите на овие клубови. Гостите од Рио де Жанеиро поведоа во 18-та минута со голот на Лукас Питон. Домашната одбрана потоа се распадна: Давид постигна гол во 52-та, Филипе Кутињо во 54-та и ...

Атлетик Билбао, во возбудлив натпревар, ја победи Севилја со 3:2. На отворањето на сезоната во Ла Лига, блескаше Нико Вилијамс со гол и две асистенции. Севилја се врати во мечот по водствто на Атлетик од 2:0, но не издржа. Дебитантот во дресот на баскискиот тим, Наваро погоди за победа. Нико Вилијамс, кој во последен момент реши да остане во Билбао, кога ја одби понудата од Барселона, во 36.минута избори пенал и го претвори во гол. Овој играч, ...

24-годишниот Џејкоб Ремзи, е нов член на Њукасл јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор, објави англиската Премиер лига во неделата. Клубот не ги објави финансиските детали за овој трансфер, но англиските медиуми објавија дека е договорена компензација од 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра). „Ова е голем потег за мене, но штом дознав дека тренерот е заинтересиран и дека навистина му се допаѓам, не ми требаше долго време да донесам ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија е во Скопје и сега со мислите кон завршницата од претквалификацискиот циклус за СП. Избраниците на Марјан Илиевски останаа без шанси за пласман понатаму, ама со сигурност ќе сакаат достојно да го завршат августовскиот циклус. Средбата ќе се одигра во СРЦ „Кале“ в среда од 19:00 часот. До таа средба репрезентативците ќе тренираат по двапати в недела, понеделник и вторник, како и еденнутрински пред ...

Словенечката кошаркарска репрезентација загуби од Латвија со 100:88 во подготвителен натпревар пред Евробаскетот. Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период. За разлика од натпреварот против Литванија, овој пат Словенците играа со Лука Дончиќ, кој веќе во првото полувреме покажа каква движечка сила е за тимот на Александар Секулиќ. Во првото полувреме, кошаркарот на Лос Анџелес ...

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Амин Адли, ќе стане ново засилување на Борнмут. Адли има 25 години, игра како напаѓач и офанзивен играч од средниот ред. Тој е член на Баер Леверкузен од летото 2021 година, кога пристигна од родниот Тулуз. Мароканскиот репрезентативец беше стартер и одигра 45 минути во првиот натпревар од Купот на Германија против Гросбах. Адли му асистираше на Патрик Шик за првиот гол во победата од 4-0. По натпреварот, Адли со ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед со 1:0 во дербито од првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше нетипичен, „топџиите“ влегоа со епитетот големи фаворити, но тоа го оправдаа само со резултатот. Манчестер јунајтед доминираше, пропуштија играчите на Рубен Аморим неколку добри шанси, но не успеаја да го совладаат Раја. Решавачкиот момент се случи во 13.минута, кога погоди Рикардо ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Лајпциг. Елмас, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Торино. Лајпциг за неговите услуги бара околу 20 милиони евра. Најреално во овој момент е Елмас да се врати во Италија. Торино сака да го откупи од Лајпциг, но не и да плати 20 милиони. Проблем со финансиите нема поранешниот клуб на макеоднскиот репрезентативец, Наполи. Засега актуелниот италијански ...

Манчестер јунајтед се согласи да го продаде Џејдон Санчо во Рома за 23 милиони евра, но англискиот репрезентативец сè уште не ги договорил финансиските услови, ќе мора да прифати намалување на платата. Италијанските медиуми објавија дека клубовите постигнале договор за позајмица со обврска за откуп на договорот од 23 милиони евра. Јунајтед е заинтересиран да го продаде Санчо, чиј договор истекува следното лето, но големиот проблем е платата на ...

Челси, актуелниот светски клупски првак, не успеа да го победи Кристал Палас во првиот меч во новата сезона. За разлика од Челзи, Нотингем Форест запиша рутинска победа над Брентфорд (3:1). Кристал Палас, освојувачот на англискиот ФА куп и Суперкуп, на „Стенфорд Бриџ“ дојде да освои бод и нез многу мака успеа во намерата. Не делуваше добро Челзи на премиерата, се мачеа избраниците на Енцо Мареска особено во организацијата на играта, против ...

Голманот на Флуминензе, Фабио (44), го израмни рекордот на Англичанецот Питер Шилтон по број на официјални натпревари во машкиот фудбал. Во саботата, во победата на неговиот тим против Форталеза со резултат 2:1, тој го одигра 1.390 натпревар во кариерата. . Оваа бројка, објавена од Флуминензе, ја потврди и бразилскиот медиум „Глобо Еспорте“. „Бог ми го даде овој дар“, изјави Фабио за „Глобо“. „Морам да им се заблагодарам на сите што беа дел од ...

Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва го освоија својот 11-ти Суперкуп на Германија откако го победија Штутгарт со 2:1. Шампионот на Германија немаше премногу проблеми да слави практично на гостински терен против „швабите“, а натпреварот го одбележа и дебито на скапото засилување од Ливерпул, Луис Диаз. Хари Кејн со голот во 18-тата минута ги доведе баварците во водство од 1:0. Во второто полувреме видовме доминантна партија на шампионот, кој во ...

Нотингем Форест со два трансфери ќе го затвори преодниот рок. Сезоната „шумарите“ ќе се натпреваруваат во Лига Европа. Горест досега го напуштија Еланга, Данило, Соса; Тарнер и Омобамиделе, а во клубот пристигнаа Хачисон од Ипсвич, Ендоје од Болоња, Хесус и Куња од Ботафого и Ган од Норич. Клубот доцна синоќа го потврди трансферот на Џејмс МекАти. Англискиот играч за врска доаѓа од Манчестер сити во трансфер вреден 35,4 милиони евра. Сити вклучи ...

Се врати Лео Меси во тимот, Интер Мајами им се врати на победите. Најдобриот на сите времиња се врати на терен после повредата и веднаш постигна гол и помогна неговиот тим да победи. Тимот на Интер Мајами успеа со 3:1 да слави против ЛА Галакси. Првиот гол беше дело на Алба. Лео мечот го почна од клупата, за да ори резултат 1:1 во 84.минута за да Суарез пет минути подоцна стави точка на победата на Интер Мајами од 3:1. Ова беше 875 гол на Меси ...

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити. Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката. Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него. Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.26
91%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Никел

473339.37

Родиум

255598.44

Калај

40.48

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Злато

135056.24

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Цинк

3.23

Платина

52952.77