Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Здружението на професионални фудбалери (PFA) денеска го објави „Тимот на сезоната“ во Премиер лигата, врз основа на перформансите на играчите во сезоната 2024/25. Во најдобрите 11 за минатата сезона во англиската елита се најдоа: Голман: Матс Селс (Нотингем Форест); Дефанзивци: Вирџил ван Дијк (Ливерпул), Милош Керкез (Борнмут, Ливерпул од летото 2025), Вилијам Салиба (Арсенал), Габриел (Арсенал); Играчи од средниот ред: Деклан Рајс (Арсенал), ...
Американскиот плејмејкер Џон Вол реши да стави крај на кариерата.Пензионирањето го објави на социјалните мрежи. По 11 сезони во НБА, 34-годишниот плејмејкер рече: „Пензиониран, но не сум готов“. Вол беше прв пик на драфтот во 2010 година, кога по една сезона во Кентаки под водство на Џон Калипари, заедно со Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон, пристигна во најсилната лига во светот. Тој играше за Вашингтон Визардс од 2010 до 2020 ...
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ нема да биде во составот за средбата со Унгарија Искусниот кошаркар се обиде, да се врати назад во некој нормален тренажен процес. Но работите не одеа според неговите очекувања. -Проблемите кои почнаа уште при она гостување во Романија, се посилни од мојата желба за играње. Лекарскиот тим констатираше дека станува збор за истегнување на лигамент на десното колено, и нивните препораки се дека ...
Реал Мадрид и Осасуна го комплетираа првото коло во Примера. „Кралскиот клуб“ забележа минимална победа, Реал ја победи Осасуна со 1:0 пред своите навивачи, благодарение на Килијан Мбапе. Французинот изнуди пенал на почетокот на второто полувреме, а потоа постигна гол од пенал за триумф на Реал Мадрид. Тоа беше неговиот осми гол од пенал во дресот на Реал. Реал е клубот со најмногу досудени пенали во Ла Лига во последните девет сезони, во ...
Клуб Бриж направи џиновски чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите. Белгискиот тим славеше синоќа со 3:1 на гостувањето кај Глазгов Ренџерс, во првиот плејоф натпревар. Стрелци за гостите беа Ромео Вермант во 3-та, Јорне Шпилеерс во 7-та и Брендон Мехеле во 20-та минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Данило во 50-та минута. Првиот гол на Бриж беше постигнат по неверојатната грешка на Насер Џига. Дефанзивецот на ...
Барселона се соочува со проблеми поврзани со финансискиот фер-плеј (FFP) и ова лето, поради што сè уште е веројатно дека еден играч од првиот тим ќе го напушти клубот. Нема повеќе простор за регистрација на нови играчи, па затоа е јасно дека би требало да се направи барем еден трансфер, за да може во клубот да пристигне нов играч. Еден од кандидатите за продажба е играчот од средниот ред Марк Касадо (21). За него постои интерес од бројни клубови ...
Вечерва, Александер Исак беше вклучен во најдобриот тим од минатата сезона на Премиер лигата, во изборот на фудбалерите. Шведскиот напаѓач во последните денови е во центарот на трансфер сагата, во која се обидува да го напушти Њукасл и да се пресели во Ливерпул. Исак долго време молчеше и избегнуваше медиумски настапи, но вечерва објави „стори“ на Инстаграм во која истакна дека Њукасл не ги исполнил ветувањата и дека би било во најдобар интерес ...
Украинската атлетичарка Марина Бех-Романчук, вицешампионка на светот во трискок и скок во далечина, е суспендирана на четири години поради допинг, објави Одделот за интегритет на атлетските спортови (АИУ). „АИУ ја суспендира Марина Бех-Романчук (Украина) за период од четири години, почнувајќи од 13 мај 2025 година, поради присуство/употреба на забранета супстанца (тестостерон)“, се вели во соопштението објавено на мрежата „X“. 29-годишната ...
Репрезентативецот на Франција, Адриен Рабио е ставен на трансфер листата. Клубот се реши на ваков потег поради поради скандалозното однесување по поразот од Рен (0:1) во петокот, објави клубот. Покрај Рабио на трансфер листата е ставен и младиот англиски напаѓач Џонатан Роу. Олимпик Марсеј во петокот загуби во Рен, со гол во последните минути и покрај тоа што речиси еден час играше со фудбалер повече. Рабио и Роу, според француските медиуми се ...
Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе го одигра својот последен меч од претквалификациите за СП 2027. Во Скопје доаѓа Унгарија. Нашата федерација упати апел до навивачите во што поголем број да го проследат натпреварот и да дадат поддршка до репрезентативците кои го даваат максимумот. Во продолжение во целост го пренесуваме повикот: „До сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на ...
Полската тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на турнирот од серијата ВТА 1000 во Синсинати. Во финалето, тенисерката од Полска ја победи Италијанката Јасмин Паолини по два сета со 7:5, 6:4. Ова е нејзина прва титула на овој турнир, и ја врати на второто место на ВТА листата и на второто место за носител на претстојниот Ју-ес опен кој започнува во недела. Со победата над Паолини, Швионтек продолжи со неверојатната серија. Имено, Ига никогаш ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го поддржа ставот на клубот за одржување на натпреварот од 17. коло од сезоната 2025/26 во Ла Лига меѓу Виљареал и Барселона во САД. – Се согласувам целосно со изјавата на клубот. Доколку се променат правилата, тоа мора да се направи едногласно од сите учесници. Сега тоа не е случај, изјави Алонсо за „Диарио АС“. Претходно, Реал Мадрид се изјасни против одржувањето на натпревар од шпанското првенство во САД. ...
Францускиот фудбалер Едуардо Камавинга би можел да го смени клубот и да се пресели од Реал Мадрид во Манчестер јунајтед. Тренерот на тимот од „Олд Трафорд“ Рубен Аморим сака засилувања во средниот ред, првата идеја беше да се доведе Карлос Балеба од Брајтон, но Јунајтед нема намера да плати 120 милиони евра. Како што објави „Фихајес“, Јунајтед се насочи кон Едуардо Камавинга и се очекува дека Реал би можел да го пушти за 80 милиони евра. Според ...
Талентираниот Аргентинец, стрелец на еден гол за Манчестер сити на клупскиот Мундијал, ќе го напушти клубот. Поради силната конкуренција, Ечевери сезоната 2025/2026 ќе ја мине на позајмица. Баер Леверкузен ќе биде новиот дом на 19-годишниот напаѓач Клаудио Ечевери. Флоријан Плетенберг пишува дека Леверкузен го во последен момент им го „украл“ Аргентинецот на ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд. Ечевери пристигна во Сити минатата година ...
Италијанецот Јаник Синер се откажа од натпреварот против Шпанецот Карлос Алкараз синоќа во финалето на турнирот АТП 1000 во Синсинати. Светскиот рекет број еден губеше во првиот сет со резултат 0:5. За време на паузата помеѓу гемовите, Синер го повика физиотерапевтот. Тој им кажа на лекарите дека не може да го продолжи мечот бидејќи не можел добро да го види топчето. Алкараз за прв пат стана победник на Мастерсот во Синсинати. Шпанецот ја освои ...
Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25. По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година. Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја укина котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига. – За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на ...
Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година. Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика. „ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан ...
Екипата на Денвер има нов тренер во Денвер бидејќи Мајк Мозер се приклучи на тренерскиот штаб на Дејвид Аделман. Според Мајкл Ското, Денвер го додал Мозер, неодамнешен помошник-тренер на Хјустон Рокетс, во својот тренерски штаб, каде ќе работи со Никола Јокиќ. Мозер со тоа го напушта Удока, со кого работеше во Хјустон, а претходно и во Бостон Селтикс. За време на својата кариера, тој беше помошник тренер на тимовите на НЦАА тимовите Орегон и ...
Поранешниот играч на Верона, Џексон Чачуа, е нов играч на Вулверхемптон Вондерерс, објави денес англискиот клуб. Чачуа (23) потпиша петгодишен договор со Вулверхемптон, со можност за продолжување за уште една година, а англискиот клуб не ја прецизираше вредноста на трансферот. Сепак, добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека станува збор за сума од 12,5 милиони евра. Камерунскиот десен бек пристигна во Верона во август 2023 година од ...
Арсенал го одбил предлогот на Реал за размена на фудбалери. Предлогот од Мадрид упатен до колегите во северен лондон бил Бразилскиот напаѓач Родриго (24) да се пресели во Арсенал, а во спротивна насока би заминал дефанзивецот Вилијам Салиба (24). Според информациите од шпанските медиуми, Арсенал ја отфрлил идејата на „кралскиот клуб“. Да ве потсетиме дека Реал веќе подолго време се обидува да го доведе Салиба, додека во исто време бара 100 ...
Прашање на денот е кога најдобриот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се пресели во Тотенхем. Клубот од северен Лондон бара замена за Џејмс Медисон, кој ги повреди лигаментите пред две недели и според прогнозите веројатно нема да игра оваа сезона. Според медиумите на островот, англискиот репрезентативец постигнал договор со Тотенхем, сега чека истото да го направат клубовите. Работата е во завршна фаза, а вредноста на трансферот ќе биде ...
Франческо Бањаја е двократен светски шампион во Мото ГП и прв возач по Кејси Стонер кој му го донесе шампионскиот трофеј на „црвениот“ италијански тим. Оваа сезона, Пеко вози многу послабо отколку во претходните години, додека неговиот тимски колега, Марк Маркес назапирливо ита кон шампионската титула во Мото ГП. Бањаја стартуваше од третата позиција во Австрија и заврши на скромната осма позиција, додека Маркес стартуваше од четвртото место и ...
Карло Анчелоти, селекторот на Бразил, одлучи да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери за септемврискиот циклус квалификации за пласман на СП. Винисиус Жуниор нема да биде во составот за натпреварите против Чиле и Боливија како дел од квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во 2026 година. Еден од најдобрите фудбалери на Бразил е суспендиран за натпреварот против Чиле, но ...
Арно Калимуендо, до неодамна играч на Рен, потпиша договор со Нотингем Форест. Францускиот клуб доби 30.000.000 евра обештетување, а двократниот европски шампион со овој трансфер најави големи амбиции во новата сезона, во која ќе се натпреварува и во Лига Европа. Калимуендо ја започна својата кариера во Пари Сен Жермен, но таму играше многу малку. Пред три години се пресели во Рен, каде што одигра одлични натпревари. Постигна 40 гола и имаше 14 ...
Светската куќа на фудбалот сериозно ја разгледува можноста Светското клупско првенство да се одржува на секои две години, почнувајќи од 2029 година. Оваа идеја, која би го претворила турнирот во директен ривал на Лигата на шампионите, доаѓа под силен притисок од најголемите европски клубови и се заканува да предизвика нова војна со УЕФА и националните лиги. Наводно, “кралскиот клуб” го покренал ова прашање за време на разговорите со ФИФА, а ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите. Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата. Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите. Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, ...
Македонската кошаркарска репрезентација ги загуби сите шанси за пласман на Светското првенство во Катар 2027 година, откако во претквалификациите загуби од Романија (два пати) и од Унгарија. На натпреварот, кој ќе се одигра во среда, во СРЦ „Кале“ во Скопје, селекторот Марјан Илиевски нема да може да смета ниту на Марко Миловановиќ, кој се пожалил на здравствени проблеми. Поради тоа, Илиевски ќе повика еден од тројцата играчи кои беа надвор од ...
Италијанскиот тенисер Матео Беретини нема да настапи годинашниов турнир УС Опен. Тој се реши да се повлече од турнирот поради повреда. Последниот настап Беретини го имаше на Вимблдон, кога во првото коло беше елиминиран од Камил Мајхшак. Италијанецот подлог период има проблеми со повредите и нема континуитет на настапи на турнирите. Беретини најдобрите резултати ги имаше во периодот од 2021 и 2022 година кога играше и во финалето на Вимблдон, а ...
Словенечката кошаркарска репрезентација го претрпе четвртиот пораз во исто толку прелиминарни натпревари пред Евробаскетот. По два порази од Германија и еден од Литванија, загубија и од Латвија со 100:88. Поголем проблем од самиот пораз е повредата на нивниот најдобар кошаркар Лука Дончиќ. Дончиќ одлично играше во првото полувреме и имаше 26 поени, пет асистенции и четири скока, а Словенците имаа предност од 52:50 на паузата. Сепак, неговиот ...