Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ е нов тренер на македонскиот суперлигаш МРК Куманово. Договорот меѓу двете страни, како што е објавено вечерва, е со важност од две години. Радосављевиќ зад себе има богато ракометно искуство, а последниот негов ангажман беше на клупата на РК Леотар. Искусниот српски ракометен стратег во минатото беше и селектор на женската јуниорска репрезентација на поранешна Србија и Црна Гора, машката ...
Хрватската ракометна репрезентација на претстојниот Европско првенство ќе настапи без првата опција на позицијата пикер. Селекторот на Хрватска Дагур Сигурдсон нема да може да смета на Марин Шипиќ, кој има повреда на коленото. Проблемот е голем особено што Шипиќ е првата опција за играта во напад, а другите играчи кои се на неговата позиција се пред сè дефанзивци. Тоа се: Јосип Шимиќ, Верон Начиновиќ, Леон Шушњара и Златко Раужан. Шушњара во ...
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изјави денеска дека поради силни болки во грбот размислувал минатата година да стави крај на професионалната кариера. „Најголемата грижа ми беше дали воопшто ќе можам да го завршам натпреварот. Се прашував: „Можам ли да одиграм уште еден натпревар без болка?“ Бев навистина исплашен по поразот на Ју Ес Опен (од Германецот Даниел Алтмаер). Не можев да одам два дена. Тогаш почнувате да се прашувате за иднината на ...
Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилскиот репрезентативец, Дани Алвеш, чија пресуда за силување беше поништена минатиот март, инвестираше во португалски клуб од третата лига. „Во момент што ќе остане врежан во историјата на клубот, официјално го објавуваме доаѓањето на Дани Алвеш како косопственик на Спортинг Клуб Сао Жоао де Вер“, се вели во соопштението на клубот, основан во 1929 година. Според локалните медиуми, 42-годишниот Бразилец ...
Централниот бек на белгискиот Клуб Бриж, Жоел Ордоњез (21), треба да потпише за Ливерпул во јануари, а трансферот се проценува на 50 милиони евра, јавија денеска британските медиуми. Челзи, исто така, беше заинтересиран за него, но лондонскиот клуб на крајот се откажа од трката за потписот на еквадорскиот репрезентативец. Ордоњез ја почна својата кариера во еквадорскиот тим Индепендиенте, а во 2022 година се пресели во Клуб Бриж, во вредност ...
НБА ги регистрираше своите највисоки бројки на гледаност за Божик во последните 15 години, со повеќе од 47 милиони гледачи, објави лигата. Повеќе од 47 милиони луѓе во САД гледале барем дел од празничната божикна програма емитувана на Еј-Би-Си и ЕСПН, што е зголемување од 45 отсто во однос на претходната година. Лигата соопшти дека станува збор за најгледаниот „Божиќ во НБА“ во последните 15 години. Просечната гледаност по натпревар ...
Натпреварот меѓу Барселона и Макаби од страна на локалните власти и полицијата има карактер на натпревар од висок ризик. Ова е дуел од 20.коло од Евролигата. Натпреварот нема да се игра пред целиот капацитет на салата, а Барселона најави дека на сопствениците на сезонски билети ќе им ги надополни трошоците. Натпреварот ќе биде бојкотиран и од страна на навивачките групи бидејќи се почести се барањата натпреварите од Евролигата каде ...
Досегашниот фудбалер на лондонски Тотенхем, Бренан Џонсон, потпиша денеска договор на четири и пол години со градскиот ривал Кристал Палас. Како што објавија британските медиуми, Кристал Палас го ангажираше Џонсон за клупски рекорден трансфер од 35 милиони фунти. „Навистина сум возбуден и среќен. Кристал Палас е толку голем клуб, клуб на кој му се восхитував. Одлично време е да се биде во клубот и да се биде дел од патувањето на кое се движи ...
Втората сезона на проектот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), наречен младинска Лига на шампиони, почнува оваа пролет. Младите ракометари на Еурофарм Пелистер повторно ќе ја претставуваат Македонија и ќе се натпреваруваат со своите врсници од Хрватска, Данска и Германија Битолчани се најдоа во втората група и на 30 и 31 март 2026 година ќе се натпреваруваат во хрватскиот град Пореч. Хрватскиот младински првак Загреб, дански Алборг и ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека е време да се прекине „црната“ статистика која покажува дека лондонскиот клуб никогаш не освоил премиерлигашка титула доколку Новата година ја дочека на врвот на табелата. „Не знаев за тој податок … време е да се стави крај“, рече Артета на денешната прес – конференција, одговарајќи на новинарско прашање, дали му е познато дека Арсенал пет пати ја испуштил шансата да стане шампион кога во новата ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс беа единствените кои како домаќини се радуваа на победа на петте ноќешни дуели во НБА лигата. Предводник до триумфот беше Каваи Ленард, кој дуелот го заврши со 45 поени и ја продолжи низата откако претходно постигна 41 против Хјустон, 28 против Портланд, 55 против Детроит и 33 против Сакраменто. Одлична помош имаше и во соиграчите Џејмс Харден 20 поени и Николас батум 14, па така екипата на ЛА Клиперс ја ...
На вториот ден од новата година, тимот на Милан официјално се пофали со своето прво засилување зинава во името на Никлас Фулкруг. Германецот, кој е под договор со Вест Хем доаѓа како зимско засилување за тимот од Милано, во насока на што посилен ростер за напролет. Напаѓачот е искусен, има 32. години и досега беше дел од екипите на Вердер, Хановер, Дортмунд. За Германија има вкупно 24 настапи. https://www.facebook.com/share/17tFrK7wMK/ ...
Трагедијата која што се случи во ноќниот клуб „Ле Констелашн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што избувна пожар и каде што загинаа десетици туристи повреди и еден фудбалер. Во прашање е Тахирис Дос Сантос, 19. годишниот играч на тимот на француски Мец. Во катастрофата засега загинаа најмалку 47 лица, а најмалку 115 се повредени. Младиот и талентиран фудбалер е дел од оние кои за жал не успеале на време да се спасат од ...
Владата на Габон објави распуштање на националниот фудбалски тим, отпуштање на селекторот и отстранувањето на ѕвездата Пјер-Емерик Обамејанг од тимот по трите порази на Африканскиот куп на нации. Министерот за спорт во телевизиско обраќање во четвртокот ја објави суспензијата на националниот тим откако Габон заврши последен во својата група. „Со оглед на срамниот настап на нашите „Пантери“ на Африканскиот куп на нации, Владата одлучи да го ...
Легендарниот бразилски голман Фабио го продолжи договорот со Флуминенсе до крајот на 2027 година. Тоа значи дека рекордерот по бројот на одиграни натпревари дополнително ќе ја помести границата на одиграни натпревари. Ова значи дека со продолжување на договорот тој ќе може да брани до својата 47.година од животот. Фабио претходното лето го надмина легендарниот англиски голман Питер Шилтон и официјално стана играчот со најголем број одиграни ...
Манчестер Сити во следните неколку денови ќе добие големо засилување, играч кој е мета и на други клубови (Ливерпул и Манчестер Јунајтед). Станува збор за играчот на Борнмут Антоан Семењо. Се очекува договорот за трансфер да биде реализиран во првите денови од преодниот рок. Трансферот треба да чини 72 милиони евра. Семењо на 18-те натпревари досега има постигнато девет голови и четири асистенции и во моментов е трет стрелец во Премиер ...
Македонската ракометна репрезентација денеска ги продолжува подготовките за претстојното Европско првенство. Националниот тим во првата фаза тренираше во Скопје и Пореч, каде одигра и еден контролен дуел со Хрватска. Во оваа фаза селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите повикани играчи, а тоа значи дека и голманот Мартин Томовски, кој брани во Бундес лигата треба да биде на подготовките, откако го прескокна првиот дел поради клупски ...
Шампионот на Премиер лигата Ливерпул, првиот натпревар од новата година го заврши со разочарувачко реми 0:0 на Енфилд со Лидс. Менаџерот на Ливерпул Арне Слот по дуелот истакна: – Сакавме годината да ја почнеме со победа, но беше тешко. Не успеавме да играме против нивниот низок блок. Имавме ситуации за постигнување гол, но не успеавме, а немавме ниту среќа. На крајот како многу пати сезонава помислив дека ќе примиме гол и така ќе заврши. Гол ...
Новак Ѓоковиќ сподели како пензионирањата на Роџер Федерер и Рафаел Надал влијаеле врз него. – Животот е прекрасно патување и мислам дека секој од нас треба да ја раскаже својата единствена приказна и да не копира никого друг. Го велам ова затоа што се обидував да бидам некој поинаков кога се обидував да успеам. Се обидував да бидам некој што луѓето ќе го сакаат. Се обидував да бидам некој поинаков, некој позабавен. Секогаш сум го правел тоа. ...
Кошаркарите на Оклахома ја завршија 2025 година со триумф од 124-95 над Портланд и со тоа ја забележаа својата 29 победа во сезоната во НБА лигата. Шеј Гилџес-Александeр, минатогодишниот МВП, постигна 30 поени за само 28 минути, додавајќи шест асистенции и четири украдени топки. Орландо извојува победа над Индијана со 112-110 благодарение на кошот на Паоло Банчеро седум секунди пред крајот. Банчеро го заврши натпреварот со 29 поени и 10 ...
Премиерлигашот Астон Вила реализираше трансфер за кој што смета дека во години кои што претстојат ќе има сериозно позитивен ефект во игрите, резултатите, а можеби и финансиите на клубот. Денеска во Бирмингем за новитет е промовиран досегашниот играч на бразилски Гремио, 19 годишниот Алисон, кој што важи за еден од најквалитетните играчи во Бразил во моментов и кој што е изразит напаѓач. „Астон Вила со задоволство го објавува потпишувањето на ...
Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со египетскиот ракометар Мохамед Калид Валид. „Двете страни беа согласни за промена и затоа оваа операција брзо е завршена“, соопшти попладнево битолскиот клуб. Валид во дресот на Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија, а имаше и забележителни настапи во Лигата на шампиони. Дваесетишестгодишниот кружен напаѓач на египетската репрезентација дојде во ...
Директорот на програмата Мерцедес-АМГ Рејсинг, Стефан Вендл, го поздрави партнерството со тимот на Макс Верстапен и ги истакна целите на проектот. -Многу сме задоволни што одлучи Верстапен рејсинг да се натпреварува со Мерцедес-АМГ ГТ3 во „ГT Ворлд челинџ Јуроп“. Затоа сме исклучително задоволни од овој многу амбициозен и ветувачки проект, како и од уште едно врвно учество во програмите „Спринт“ и „Endurance“ на „ГT Ворлд челенџ Јуроп“ – ...
Хамза Абделкарим, големиот 18. годишен талент на тимот на Ал Ахли, дефинитивно ќе се пресели во Барселона. Каталонскиот клуб, се договори со раководството на Ал Ахли офанзивецот да замине во Барселона на позајмица со право на откуп. Договорот вклучува опција за откуп за 1,5 милиони евра плус бонуси, како и 15% од секоја идна продажба на играчот. Играчот треба да се појави во новиот клуб, некаде на крајот на овој месец. Самиот Хамза Абделкарим ...
Детроит ги победи Лејкерси на гостински терен во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата со 128:106. Најдобар стрелец на натпреварот кошаркарот на домашниот тим Лука Дончиќ, кој имаше дабл-дабл со 30 поени, 5 скока и 11 асистенции. За гостите, бекот Кејд Канингем имаше дабл-дабл со 27 поени, 5 скока и 11 асистенции. Детроит е лидер на табелата во Источната конференција со 25 победи во 33 натпревари, додека тимот од Лос Анџелес е на петтото ...
Фудбалските кругови на островот шират вести кои, доколку се остварат, би можеле да одекнат како бомба. Жозе Мурињо наводно е отворен за враќање на клупата на Челзи. Откако Енцо Мареска беше отпуштен поради низа лоши резултати, лондонскиот клуб бара ново решение, а името „Специјалниот“ повторно е во игра. Иако неговото име моментално не се споменува меѓу официјалните кандидати на Стемфорд Бриџ, извештаите сугерираат дека Мурињо е подготвен да ...
На четирите последни натпревари од 19.коло од Премиер лигата одиграни синоќа беа постигнати само два. Три дуели завршија без голови, што значи дека шест екипи не постигнаа гол. Единствено голови имаше во дуелот на лондонските екипи Кристал Палас – Фулам, а дуелот заврши 1:1. Без голови 0:0 завршија натпреварите Ливерпул – Лидс, Сандерленд – Манчестер Сити и Брентфорд – Тотенхем. Со освоениот бод против Сандерленд „граѓаните“ го губат чекорот ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не е премногу разочаран од вчерашниот пораз на првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство 2026. Македонските ракометари загубија во Пореч од Хрватска со 23:26. – Промашивме пет пенали, три на почетокот, а така не може ништо да се направи. Имаме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се ...
Турскиот шампион Галатасарај сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок со фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мануел Угарте (24), јавија денеска британските медиуми. Намерата на Галатасарај е да го донесе Угарте на шестмесечна позајмица со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната, за сума од 20 милиони евра. Уругвајскиот интернационалец оваа сезона одигра 12 натпревари за Манчестер Јунајтед, но само три пати беше во ...
Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, е разрешен од должноста, соопшти попладнево лондонскиот премиерлигаш. „Фудбалскиот клуб Челзи и главниот тренер Енцо Мареска се разделија. За време на неговиот престој во клубот, Енцо го водеше тимот до титулите во Конференциската лига и Светското клупско првенство. Овие достигнувања ќе останат важен дел од поновата историја на клубот и му благодариме за неговиот придонес во клубот“, се вели во клупското ...