Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста. „Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите ...

Фудбалската репрезентација на Албанија изненади на гостувањето кај Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Голот за гостите го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под очекувањата. Сега на Србија сериозно и е загрозен пласманот на Светското првенство во 2026 година. Кристијано Роналдо промаши пенал за Португалија, но тоа не ја загрози победата на неговиот тим, кој со голот ...

Репрезентацијата на Норвешка продолжува со совршените квалификации и веќе обезбеди место на Светското првенство! „Викинзите“ ја декласираа селекцијата на Израел со убедливи 5-0 (3-0) и ја запишаа шестата победа во исто толку натпревари. Норвежаните тргнаа жестоко и уште во шестата минута имаа пенал, но Ерлинг Халанд не успеа да реализира. Сепак, ѕвездата на Манчестер Сити брзо се поправи – во 27. минута го отвори резултатот, а во меѓувреме ...

Зимскиот преоден рок, кој започнува за помалку од три месеци, би можел да биде многу интересен бидејќи веќе се најавени неколку звучни трансфери. Според сè, Барселона повторно ќе се обиде да се ослободи од играчите од првиот тим на кои Ханси Флик не смета, а знаеме кој е прв на таа листа. Се очекува Барселона сепак да се врати на големата сцена кога станува збор за доведување звучни засилувања бидејќи Каталонците сè уште не го решиле ...

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш. Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата. „Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја ...

Македонската фудбалска репрезентација одигра херојски во Гент и ремизираше против Белгија (0-0), задржувајќи го првото место во квалификациската група Ј. „Црвено-жолтите“ одиграа организирано и борбено, посебно во одбраната, и го спречија фаворитот да постигне гол. По шест кола, Македонија има 12 бодови – еден повеќе од Белгија и два пред Велс, кои имаат натпревар помалку. Клучниот дуел за расплетот ќе биде меѓусебниот меч на Велс и Белгија. ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во уште едно полуфинале на Мастерс турнир, но овој турнир во Шангај ќе биде особено запаметен по екстремните услови на влажност со кои се соочуваат играчите. Ноле призна дека само „се обидувал да остане жив“ додека ги совладувал исцрпувачките услови за да стигне до полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај. Со победата од 6-3, 7-5 над Зизу Бергс, 38-годишниот Ѓоковиќ го сруши и сопствениот рекорд ...

Кошаркарскиот клуб Цибона донесе одлука да се откаже од настапот во регионалната АБА 2 лига. Како што објавува „Јутарњи“, по долги консултации, загрепскиот клуб донесе одлука да се повлече од лигата. Поради оваа одлука, Цибона нема да игра против ТФТ од Скопје. Натпреварот против ТФТ беше закажан за понеделник во 18:00 часот на „Драженов дом“. По осум години, Цибона се врати на европските натпреварувања со аплицирање за ФИБА Еврокупот, но ...

По ремито во Прага против Чешка (0:0), Хрватска е сè уште во одлична ситуација и се приближува до пласман на Светското првенство. На Хрватите им се потребни две победи во преостанатите три натпревари, а првиот треба да го добијат утре против слабиот Гибралтар. Секако, на овој дуел не се очекува ништо друго освен победа на Хрватска, а капитенот Лука Модриќ тоа на некој начин го најави. Фудбалерот од средниот ред на Милан верува дека тоа е ...

Кошаркарите на Црвена звезда на теренот на европскиот шампион Фенербахче ја забележаа првата победа во сезоната. Црвено-белите славеа во Истанбул со 86:81, во 3. коло од Евролигата. Звезда цело време го контролираше натпреварот, во ниту еден момент Фенербахче не поведе. На крајот имаше мала драма, но тимот од Белград успеа да ја одржи предноста во пенал завршницата. Победата на Црвена звезда добива на значај бидејќи тимот го предводеше ...

Дуелот меѓу Србија и Албанија во Лесковац е најважниот натпревар во Групата К за второто место во квалификациите за Светското првенство. Србија ќе се обиде да ја потврди доминацијата и да обезбеди директен пат во баражот, додека Албанија мора да триумфира за да остане во игра. Натпреварот е прогласен за со висок безбедносен ризик, а билетите не се во продажба. Албанските навивачи нема да можат да присуствуваат, а Србија веќе има намален ...

Интер Мајами, клубот од американската фудбалска лига во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да биде во центарот на најзначајниот трансфер настан во годината. Според информациите објавени од „Мејл Спорт“, американскиот клуб ја истражува можноста за повторно обединување на едно од најпознатите напаѓачки трио во историјата на фудбалот – Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез. Триото, познато под кратенката „MSN“, остави неизбришлив белег за ...

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денес е објавено ново партнерство – со компанијата Нестле. Официјално, @maggi.macedonia е нов спонзор на македонската ракометна репрезентација. Договорот за соработка е со важност две години. – Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со ...

Наполи е во преговори со Манчестер Јунајтед за доведување на двајца играчи. И двајцата се загрижени поради недостатокот на минутажа и бараат решение пред почетокот на зимскиот преоден рок. Коби Маину, 20-годишниот англиски играч од средниот ред, сè уште не започнал ниту еден натпревар во Премиер лигата оваа сезона. Неговото барање за позајмица минатото лето беше одбиено, но сега тој разгледува опции да замине во јануари за да обезбеди редовно ...

Жозе Мурињо е тренер кој го сакаат десетици играчи кои имале можност да работат со него. Сепак, Португалецот е толку единствена фигура што не сите се сеќаваат на него со задоволство. Хенрих Мхитарјан е еден од нив. Ерменецот призна во својата неодамна објавена автобиографија дека „Специјалниот“ се однесувал ужасно кон него. Жозе Мурињо беше способен да го навлече гневот на медиумите и навивачите во секој клуб што го вработуваше. Можеби ...

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. На задоволство на кинеската публика, Ѓоковиќ во четвртфиналето, за еден час и 50 минути, го победи Белгиецот Зизу Бергс со 6:3, 7:5. Ѓоковиќ го подобри рекордот поставен во вторникот, стана највозрасниот полуфиналист во историјата на тутнирите од Мастерс серијата. Десетти пат во кариерата ќе игра полуфинале во Шангај, вкупно на турнирите од Мастерс серијата во сабота 80-ти ...

Косопствениците на Манчестер јунајтед, Абрахам и Џоел Глејзер, се подготвени да го продадат целиот свој удел во клубот. Според новинарката на „Тајмс“, Шарлот Данкер, американските бизнисмени би биле заинтересирани за продажба по разумна цена. Семејството Глејзер е сопственик на Манчестер јунајтед од 2005 година. Џон Ратклиф стана косопственик на клубот во февруари 2024 година. По седум натпревари сезонава, Манчестер јунатед е на десеттото ...

Техничкиот директор на Галатасарај, Дурсун Озбек, потврди дека овој клуб добил покана да игра во НБА Европа. „Добивме покана за НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана на ФИБА“, рече Озбек, објави „Јурохупс“. „Тие сакаат Галатасарај да биде дел од оваа лига. Сè уште не е завршено, но добивме покана од организаторите. Ќе ја информираме јавноста за секој понатамошен чекор“, објасни Озбек. У ште еден состанок меѓу ФИБА, Евролигата и ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одолеа против Белгија (0-0) и ја продолжи импресивната низа на официјалните натпревари, на кои нашиот национален тим долго време е без пораз. По мечот, честитки пристигнаа од сите страни, а се огласи и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ.„Браво, браво, момци. Со цело срце, за вас“, напиша првиот човек на македонскиот фудбал и сподели фотографија од конечниот ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Албанија, Силвињо, истакна дека претстојниот квалификациски натпревар против Србија има посебна тежина и значење за неговиот тим, опишувајќи го како „различен од сите останати“. „Секој натпревар е важен, но овој е посебен. Пред еден месец игравме против Летонија, и ако тогаш не победевме, овој натпревар немаше да има вакво значење. Не можам да кажам дали ова е најважниот натпревар, но дефинитивно е ...

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер им се врати на победите. Во дербито од 6.коло на Супер лигата, пелистерци славеа против Охрид 33-27. Освен почетните 0-1 за охриѓани, се останато мина во знакот на Еурофарм Пелистер. Зелено-белите одржуваа предност два до три гола, на полувремето го завршија со +4 (18-14). Во вториот дел, пелистерци ја зацврстија играта во одбраната, заиграа побрзо во нападот и постепено ја зголемуваа разликата. Веќе во ...

Стивен Џерард е на чекор да се врати на чело на Ренџерс веќе оваа недела, откако одржа позитивни разговори со раководството на клубот. Поранешниот капитен на Ливерпул и Англија е во Лондон за преговори околу сензационалното враќање на „Ајброкс“. Под негово водство тимот ја освои титулата во шкотската Премиер лига во 2021 година, која останува последна за клубот до моментот. Шкотскиот гигант е подготвен да го назначи Џерард по отпуштањето на ...

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра реми без голови (0-0) на гостувањето кај Белгија, го зачува голот на Столе Димитриевски и исполни клучна цел во квалификациите за Светското првенство. И понатаму е на првата позиција во групата. Дефанзивецот Ѓоко Зајков го истакна карактерот на тимот. „Игравме храбро и дисциплинирано. Против такви противници не е лесно да се надигруваме, но покажавме срце за Македонија и успеавме да извлечеме ...

Португалскиот национален тим со две победи во првите два натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026, ја пречекува Ирска на домашен терен. Бруно Фернандеш пред дуелот изјави дека фокусот е на победа и пласманот на Мундијалот. „Нашата цел е да ја победиме Ирска. Потоа и да се квалификуваме. Кога ќе стигнеме на Светското првенство, можеме да почнеме да мечтаеме за светската титула. Секој тим сака да победува, а во кратки турнири со ...

Кол Палмер, кој има повреда во препоните, може да ги пропушти натпреварите на Челси против Нотингам Форест, Ајакс, Сандерленд и Вулверхемптон во октомври, доколку неговата состојба не се подобри, објави „Би-Би-Си“. Англискиот репрезентативец се повреди за време на дуелот против Манчестер јунајтед кон крајот на септември и мораше да биде заменет. Менаџерот на лондонскиот клуб, Енцо Мареска, се надева дека Палмер ќе избегне операција. Напаѓачот ...

Поранешен лекар на норвешката репрезентација откри дека капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, може да биде надвор од терените неколку недели. Минатата седмица, играчот за врска влезе во историјата на Премиер лигата како првиот фудбалер кој бил заменет во првото полувреме на три последовни натпревари како стартер, поради повреда на коленото. Од Арсенал сè уште не откриваат колку долго ќе трае неговото отсуство, но Одегард беше ослободен од ...

Јувентус го има голманот на Милан, Мајк Мењан, за своја главна трансферна цел следното лето. Тогаш францускиот репрезентативец може да стане слободен агент, пишува „Газета дело Спорт“. „Старата дама“ ќе се обиде да ги искористи тешките преговори меѓу Мењан и Милан, кои досега не доведоа до продолжување на договорот. Челси ја следеше ситуацијата со него ова лето, но голманот реши да остане во Милан под водство на новиот тренер Масимилијано ...

Валентин Вашеро, 211-от тенисер во светот кој игра под знамето на Монако, се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. Иако целосен аутсајдер, Вашеро го победи Холгер Руне во три сета, со 2:6, 7:6, 6:4. Мечот беше решен откако поради грчевите Данецот не можеше да стои, а во последните поени беше целосно беспомошен. Вашеро го искористи тоа и стигна до најголемиот успех во својата кариера, но секако мора да му се оддаде признание за она ...

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е избран за најдобар играч на Премиер лигата за септември, откако во три натпревари постигна пет гола и една асистенција. Ова е негово четврто признание за најдобар играч на месецот во англиското првенство. „Граѓаните“ во овие три средби забележаа победи над Манчестер јунајтед и Барнли, а ремизираа со Арсенал. Манчестер сити моментно се наоѓа на петтото место на табелата со 13 освоени бодови. Во ...

Србија и Албанија вечерва во Лесковац ќе го одиграат можеби клучниот натпревар за второто место во групата и пласман кон Светското првенство. Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, уверува дека тимот е подготвен и дека противникот е добро анализиран. „Не можат да нѐ изненадат, знаеме кои промени ќе ги направат. Можеби ќе ротираат поради повреди, но системот останува ист. Ќе играат со четворица во одбраната. Ова е важен натпревар и ...

ЕДС инфо поинт

53 минути - А1он - +2
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
995
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
997
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.03
99%
999
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
995
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.02
69%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
90%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
72%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Злато

157055.75

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Родиум

336779.07

Паладиум

53434.54