Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Поранешен лекар на норвешката репрезентација откри дека капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, може да биде надвор од терените неколку недели. Минатата седмица, играчот за врска влезе во историјата на Премиер лигата како првиот фудбалер кој бил заменет во првото полувреме на три последовни натпревари како стартер, поради повреда на коленото. Од Арсенал сè уште не откриваат колку долго ќе трае неговото отсуство, но Одегард беше ослободен од ...
Јувентус го има голманот на Милан, Мајк Мењан, за своја главна трансферна цел следното лето. Тогаш францускиот репрезентативец може да стане слободен агент, пишува „Газета дело Спорт“. „Старата дама“ ќе се обиде да ги искористи тешките преговори меѓу Мењан и Милан, кои досега не доведоа до продолжување на договорот. Челси ја следеше ситуацијата со него ова лето, но голманот реши да остане во Милан под водство на новиот тренер Масимилијано ...
Валентин Вашеро, 211-от тенисер во светот кој игра под знамето на Монако, се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. Иако целосен аутсајдер, Вашеро го победи Холгер Руне во три сета, со 2:6, 7:6, 6:4. Мечот беше решен откако поради грчевите Данецот не можеше да стои, а во последните поени беше целосно беспомошен. Вашеро го искористи тоа и стигна до најголемиот успех во својата кариера, но секако мора да му се оддаде признание за она ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, е избран за најдобар играч на Премиер лигата за септември, откако во три натпревари постигна пет гола и една асистенција. Ова е негово четврто признание за најдобар играч на месецот во англиското првенство. „Граѓаните“ во овие три средби забележаа победи над Манчестер јунајтед и Барнли, а ремизираа со Арсенал. Манчестер сити моментно се наоѓа на петтото место на табелата со 13 освоени бодови. Во ...
Србија и Албанија вечерва во Лесковац ќе го одиграат можеби клучниот натпревар за второто место во групата и пласман кон Светското првенство. Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, уверува дека тимот е подготвен и дека противникот е добро анализиран. „Не можат да нѐ изненадат, знаеме кои промени ќе ги направат. Можеби ќе ротираат поради повреди, но системот останува ист. Ќе играат со четворица во одбраната. Ова е важен натпревар и ...
Селекторот на Белгија, Руди Гарсија, беше видливо разочаран по ремито без голови (0:0) против Македонија во Гент, но остана спокоен и верува дека неговиот тим сè уште има добра позиција во квалификациите за Светското првенство 2026. Иако Белгија влезе како голем фаворит, македонската одбрана беше перфектна и ја запре селекцијата на Гарсија. „Фудбалерите се бореа до крај и немам што да им замерам. Имавме многу шанси, но Димитриевски бранеше ...
Турнирот од Летната лига на НБА во Лас Вегас традиционално собира голем број млади кошаркари кои се борат за место во најсилната лига во светот. Меѓу оние кои би се обиделе да се пробијат во Америка, се очекуваше Србинот Урош Трифуновиќ, но… Урош Трифуновиќ, српски репрезентативец и член на турскиот Тофаш, не дебитираше во дресот на Хјустон, а причината за ова изненади многумина. Трифуновиќ беше најавен како член на составот на Рокетс за ...
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари. Избраниците на Благоја Милевски ...
Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот на групата пред последните два квалификациски меча за Светското првенство 2026. Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од резултатот, особено од играта во одбрана, но предупреди дека има простор за подобрување во организацијата на играта во средниот ред. „Мораме да бидеме реални – ...
Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година. Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90). „Слоновите“ ...
Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година. Попладнево во Скопjе, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков. Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан. ...
Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. Словенецот најде време да гостува во емисијата “First we feast”, каде што јадеше пикантни крилца. Словенечкиот кошаркар добро се сеќава на атмосферата од Евролигата, играше во многу сали, но една му остави посебен впечаток. Дончиќ сè уште се сеќава на лудилото што го создадоа навивачите на Панатинаикос кога го носеше дресот на Реал. „Србија, Грција и Турција имаат најдобра ...
Заедно со Винисиус и Џуд Белингам, Килијан Мбапе е меѓу најважните запчаници во машинеријата на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач беше тој што зборуваше за односот што го има со бразилскиот крилен напаѓач. Мбапе и Винисиус делуваат како хармоничен тандем на теренот, а тоа го потврди и најдобриот стрелец на Реал: „Имам многу добар однос со Винисиус, многу подобар од минатата сезона бидејќи се познаваме подобро. Тој е одличен фудбалер и одлична ...
Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул. Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции. Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77). Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат ...
Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити. Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната. Силва не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и јасно ...
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, кој сè уште не учествувал на тренингот на тимот, ќе отсуствува дополнителни три до четири недели поради ишијас на десната страна од телото, објави тимот во четврток. 40-годишниот Џејмс ги пропушти првите два натпревари на Лејкерс пред сезоната и сè уште не одработил ниту еден тренинг со соиграчите. Доколку Џејмс отсуствува три до четири недели, тој ќе го пропушти отворањето на сезоната против ...
Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави. Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес. Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра сега ...
Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза го победи Сандерленд и на тој начин Рубен Аморим си купи време на клупата на англискиот гигант. Недолго по победата, ко-сопственикот на клубот, сер Џим ретклиф рече дека Португалецот е сигурен на клупата и дека нема да добие отказ. Сепак, многумина на кои Јунајтед им „чежи на срцето“ со задоволство би му го виделе виделе грбот на Аморим. Еден од нив е и легендарниот капитен Рој Кин. Тој тврди ...
Искусниот француски кошаркар Томас Ертел покренал судска постапка против Барселона. Кошаркарот бара отштета од 1.600.000 евра на име на трансферот што пропадна во последен момент, дознава „Мундо Депортиво“. Сè се случи во првите денови од тековната календарска година, кога Ертел практично се договорил за сите услови со Барселона, но веднаш по слетувањето во Каталонија, го пречекале непријатни вести бидејќи клубот го прекршил својот збор. За ...
Јанис Адетокумбо, кошаркарот на Милвоки Бакс, реши да се огласи по повод шпекулациите дека во блиска иднина би можел да ја напушти франшизата од Висконсин. Јанис Антетокумпо е жива легенда на Милвоки Бакс и, заедно со Карим Абдул-Џабар (Лу Алсиндор), оставија најдлабок белег во историјата на овој клуб. Токму двајцата ги донесоа единствените две шампионски титули. Јанис беше МВп на финалната серија против Феникс во 2021 година. Со денови се ...
Шпанскиот фудбалски клуб Еспањол од Барселона има нови сопственици. Од четврток, каталонскиот клуб официјално е во рацете на американската компанија „Velocity Sports Partners (VSP)“, која пак е дел од поголемата група „ALK Capital“, во сопственост на Американецот Алан Пејс. VSP го купи поголемиот дел од пакетот акции (99,66%) по цена од 130 милиони евра, според шпанските медиуми. Претходниот сопственик на клубот, кинеската компанија „RASTAR“, ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим ќе биде аутсајдер на Светското првенство следното лето и дека нема шанси за успех ако тимот не се обедини. Репрезентацијата на Англија играше во две последователни финалиња на Европските првенства, но не стигнаа до финалето на светските првенства од 1966 година, кога ја освоија својата единствена голема титула во историјата. Англија ќе се квалификува за ...
Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Гент (20.45 часот) ќе и се спротивстави на Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Македонија во Белгија дојде како првопласирана селекција во групата, на што селекторот Благоја Милевски е посебно горд. Тој верува дека неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе. „Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не ...
Низ целиот свет, во тек се квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. За потсетување, тоа ќе биде првото Светско првенство на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од сите првенства од 1998 година до денес. Кога станува збор за распределбата на местата на Светското првенство по континенти, ситуацијата е таква што Европа ќе има 16 ...
Самуел Асамоа, 31-годишен играч од средниот ред на Того, е во критична состојба и се соочува со „висок ризик од параплегија“ по сериозен судир со билборд за време на натпревар од втората кинеска лига. Асамоа играше за Гуангси Пинггуо против Чонгкинг Тонглијанглонг, а по дуелот со противничкиот играч, со главата удрил во билборд до теренот и паднал на тревата. Лекарите реагирале брзо, а клубот објави дека Асамоа претрпел повеќекратни фрактури ...
Аматерските тенисери ќе имаат можност да освојат награда од еден милион австралиски долари (околу 565.000 евра) на натпреварот „Million Dollar One Point Slam“ пред јануарското Отворено првенство на Австралија. На овој уникатен турнир во Мелбурн Парк, 10 аматери ќе се соочат со 22 професионалци во нокаут систем, вклучувајќи го и светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз. Натпреварите ќе се играат по принципот на еден поен – играчите ќе одлучат ...
Белгиецот Себастијан Поконоли (38) сигурно ќе биде новиот тренер на Монако. Француските и белгиските медиуми пишуваат дека Монако веќе презел конкретни чекори за да ја започне сезоната со ново име на клупата по репрезентативната пауза. Сегашниот тренер Ади Хитер сè уште го води тимот, но, како што се наведува, само прашање на време е кога ќе добие отказ. Во клубот од Монте Карло не се најзадоволни од начинот на кој оди сезоната, иако ...
Фаиза Ламари, мајката на Килијан Мбапе, откри детали од приватниот живот на својот син, еден од најдобрите играчи на денешницата. Во вторникот, во Париз се одржа настанот „Demain le Sport“, каде што таа зборуваше за тоа колку е тежок животот на ѕвездата на Реал Мадрид. „Разговарав со него минатата година, кога работите не одеа добро. Го прашав дали сака да има девојка, а тој одговори: „Дали во овој хаос има место за некоја жена?““, рече Фаиза ...
Вељко Пауновиќ повеќе не е тренер на Реал Овиедо, објави шпанскиот клуб. Српскиот стручњак со тоа стана првиот заменет тренер во сезоната во шпанската Ла Лига. Иако го продолжи договорот до јуни 2026 година пред само три месеци, Пауновиќ ја загуби работата по серијата лоши резултати, две победи и шест порази во првенството досега. Клубот се реши за „шок терапија“ во обид да излезе од кризата. Со заминувањето на Пауновиќ, членовите на неговиот ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше големи физички и задравствени проблеми во осминафиналниот натпревар во Шангај против Хауме Мунар. Листот на левата нога го мачеше Ѓоковиќ во текот на целиот меч, а дополнителен проблем му правеше високата влажност во воздухот. Новак повраќаше неколку пати и во претходниот дуел, а го стори тоа и во дуелот со Мунар. За ова му се извини на својот ривал. „Извини што чекаше, морав да ја исчистам повраќаницата“, ...