Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“. Поводот е одбележувањето 20 години од „Спортско радио 90,3 ФМ“. На едно место ќе бидат најголемите македонски ракометни имиња како: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, ...
Ракометарите на Барселона успеаја да го победат Веспрем со 31:30 (21:21, 13:12) по продолженија, ја освоија титулата клупски светски шампион, од тронот го симнаа токму тимот на Веспрем. Финалниот турнир беше организиран во Египет. Во текот на првото полувреме се водеше сосема рамноправна борба, се играше по принципот гол за гол, а Барса отиде на полувреме со предност од еден гол – 13:12. Иан Баруфет постигна пет гола, Блаж Јанц три, Дика Мем ...
Денвер Нагетс се сериозни во врска со трошењето огромни суми пари за обнова на шампионскиот тим околу Никола Јокиќ. Српскиот ас веројатно ќе потпише максимален договор следната сезона, а челниците на тимот од Колорадо сакаат да го осигурат останувањето на играчи кои ќе му помогнат да и донесе на франшизата уште една титула. Во оваа група е и Кристијан Браун, кој ја одигра најдобрата кошарка во својот живот во сезоната 2024/25. Одличниот бек ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ е именуван од УЕФА за член на HatTrick комисијата на Европската фудбалска Асоцијација. Првиот човек на македонскиот фудбал е вклучен во работата на една од најбитните комисии на УЕФА која вклучува развој на инфраструктурни проекти во рамки на фудбалските асоцијации членки на УЕФА и едукативни програми за фудбалски администратори. Во важен период за македонскиот фудбал, ...
Селекторот на белгиската репрезентација, Руди Гарсија, го објави списокот од 26 фудбалери на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство, вклучително и за дуелот против Македонија на 10 октомври во Гент. Како што се очекуваше, на списокот се наоѓаат најголемите ѕвезди на белгискиот фудбал, што е најава за вистински спектакл и огромен предизвик за нашите репрезентативци. На списокот на Гарсија се наоѓаат имиња ...
Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против акруелниот шампион со 31:28 (16:14). Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место. ...
Официјачна промоција имаше топката што ќе се користи на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Топката создадена од Адидас го симболизира единството на трите нации – САД, Канада и Мексико, домаќините на првенството, но исто така носи и важен технолошки исчекор. Нејзиниот напреден сензор работи на фреквенција од 500 херци во секунда и ги евидентира сите детали од движењето во реално време. Информациите се испраќаат до ВАР ...
Ангелос Постекоглу беше во својот 24-ти ден како менаџер на Нотингем Форест кога Митјиланд дојде на „Градскиот стадион“, во четврток вечерта. Речиси три децении, точно 29 години, навивачите чекаа европски натпревар на нивниот стадион. Натпреварот заврши со скандирањето „утре ќе добиеш отказ“. За само 24 дена и шeст натпревари, Постекоглу успеа да стане најлошиот менаџер во историјата на Нотингем Форест. Тој е првиот менаџер по сто години кој ...
Трофејниот италијански тренер Лучано Спалети беше главен кандидат да го преземе тимот на шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Итихад, откако ја одби понудата, клубот од Џеда, реши да го ангажира. Спалети ја напушти функцијата селектор на Италија ова лето и со месеци има понуди каде што би можел да ја продолжи тренерската кариера, но очигледно не брза бидејќи смета дека првенството на Саудиска Арабија не е доволно привлечно. Затоа, клубот се ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Пекинг. Во финалето го победи Американецот Лернер Тиен во два сета со 6:2, 6:2. Кога не игра финале против Карлос Алкараз, за Јаник Синер нема проблем. За само 74 минути, Италијанецот ја освои својата трета титула оваа година, вкупно 21-ва неговата кариера. Италијанецот покажа дека сака да игра во Пекинг. Тој стигна до финалето трета година по ред и ја ...
Екипата на Глазгов Ренџерс доживеа пораз и во второто коло од Лигата на Европа. По Генк и Штурм беше подобар од тимот од „Ајброкс“, но она што дополнително ги повреди сите во клубот е фактот дека оваа генерација изедначи рекорд стар 128 години. Кога во седмата минута Хорват му донесе водство на Штурм, тој веќе го означи израмнувањето на негативниот рекорд на клубот. Ова беше 22-ри натпревар по ред во кој Ренџерс не успеа да го одбранат својот ...
Центарот на Црвена звезда, Хасиел Риверо, ќе биде надвор од терените околу три месеци, неофицијално дознава српскиот „Спорт Клуб“. Во средината на втората четвртина од натпреварот со Армани Милано, на отворањето на сезоната во Евролигата, Риверо доживеа сериозна повреда на стапалото, што е нов голем удар за црвено-белите. Прегледите што биле извршени покажаа дека кубанскиот кошаркар ја скршил метатарзалната коска и, во најдобар случај, ќе ...
Српскиот кошаркар и крилен центар на Мајами Хит, Никола Јовиќ, се согласи да ја продолжи соработката со франшизата за уште четири години. Потпишувањето вреди дури 62,4 милиони долари, изјавија за ESPN неговите менаџери Џеф Шварц, Шон Кенеди и Џаред Муча од агенцијата „Excel Sports Management“. Јовиќ минатата сезона постигнуваше просек од 10,7 поени по натпревар – што е неговиот најдобар настап во неговата НБА кариера досега. Со потписот на ...
Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски денес го објави поширокиот список на ракометарки повикани за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Германија и на Словенија. 1. АНДРЕА ИЛИЌ ЖРК ВАРДАР 2. МАТЕА ЧУРЛИНОВСКА ЖРК АТЛЕТИК 4. СОФИ ГОШЕВСКА ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 5. САРА РИСТОВСКА HC RAPID BUCUREST 6. АНАСТАСИЈА ТРПЕСКА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК СКОПЈЕ 7. СТЕФАНИ ...
Јувентус ќе биде најмалку две недели без колумбискиот дефанзивец Хуан Кабал, кој се повреди на дуелот во средата против Виљареал во Лигата на шампиони, објави денеска италијанскиот клуб. -Прегледите спроведени во четврток наутро утврдија дека играчот има умерена повреда на бицепсот на феморисот. Понатамошни тестови ќе бидат извршени за две недели за да се утврди точното времетраење на неговото закрепнување, соопшти Јувентус. Според „Газета ...
Македонскиот шампион Шкендија со пораз стартуваше во главната фаза во Конференциската лига. Вечерва во Мадрид, Рајо Ваљекано ја порази Шкендија со 2:0. На „Ваљекас“, Рајо мечот го реши во првите половина час, во интервалот од 28-та до 32-та минута. Унаи Лопез го постигна првиот, а Фран Перез вториот гол. ⚽️ Fran Pérez 31' UEFA Conference League | 🇪🇺 Rayo Vallecano 2-0 Shkëndijapic.twitter.com/BfW10IP8vb — Goals Xtra (@GoalsXtra) October 2, ...
Ерик Тен Хаг наскоро би можел повторно да седне на клупата на клубот каде што бележеше најдобри резултати. Во последно време, јавноста многу зборува за ненадејниот пад на кариерата на Тен Хаг откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед и Баер Леверкузен. Според последните информации што доаѓаат од Холандија, Тен Хаг би можел да се врати во Ајакс, со кого постигна фантастични резултати пред пет години. Великанот од Амстердам игра лошо од ...
Фудбалерите на Ливерпул, влегуваат во серијата тешки натпревари, без голманот Алисон Бекер. Бразилскиот голман се повреди во средата, во поразот од Галатасарај (1:0), во Лигата на шампионите. Алисон се пожали на повреда на „задната ложа“. Според првичните информации тој ќе отсуствува до крајот на ноември. Голманот ќе пропушти неколку важни натпревари во овој период, како што се дуелите со Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, како и Реал ...
Дури и 25 години по трансферот, навивачите на Барселона не му простија на Луис Фиго што се пресели во Реал Мадрид. Португалецот го почувствува тоа на своја кожа кога се појави меѓу навивачите на каталонскиот клуб, вчера на „Монжуик“. Фиго го гледаше поразот на Барселона од ПСЖ во Лигата на шампионите во живо од ВИП ложата. Парижаните покажаа зошто се шампиони на Европа, бидејќи направија пресврт и ја победија Барса и покрај фактот дека играа ...
Најпопуларните шпански медиуми го критикуваат Ламин Јамал по поразот на Барселона од Пари Сен Жермен (1:2) во второто коло од Лигата на шампионите. Иако има само 18 години тоје е еден од најдобрите играчи на Барселона. Медиумите во овој случај немаа милост кон неговата младост, во коментарите беа исклучително остри. Радио „Марка“ оцени дека Јамал „сè уште не треба да се смета себеси за ѕвезда“. „АС“, вели дека „младата ѕвезда“ сè уште „има ...
Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври не очекуваат два клучни натпревари, најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје, во пресрет на ноемвриската завршница на циклусот за пласман на Мундијалот. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Од ...
Кевин Де Брујне е најголемото засилување што пристигна во Наполи ова лето. Поранешниот капитен на Манчестер Сити блескаше на натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг. Наполитанците победија со 2:1, а Белгиецот му асистираше на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд за двата гола. „Тимски одигравме одличен натпревар. Спортинг е сериозен тим. Не беше лесно кога израмнија, но успеавме да го постигнеме вториот гол и да ...
Милорад Мажиќ, раководител на одделот за судење и инспекција на Руската фудбалска федерација, откри кого го смета за најдобар судија во историјата на фудбалот. Србинот е вработен во најголемата земја во светот од 2023 година, а во интервју за Спорт-експрес, го издвои судијата број 1. „Без сомнение, Пјерлуиџи Колина е најдобар. Поади него јавноста и навивачите го сменија мислењето за судиите, системот, воведе конзистентност. Работел во многу ...
Кариерата на Томас Милер во Ванкувер Вајткепс доби нова димензија во ноќта помеѓу среда и четврток, а Милер го освои 35-от трофеј во својата кариера. Ванкувер Вајткепс го победија својот градски ривал Ванкувер со 4:2 и го освоија Купот на Канада четврти пат по ред. За да биде сè уште поинтересно, двата тима од Ванкувер го одиграа својот прв дуел, со оглед на тоа што не се натпреваруваат во исти лиги. Вајткепс играат во МЛС, додека Ванкувер се ...
Македонскиот првак Шкендија, вечерва го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на Конференциската лига. Шкендија во Мадрид му гостува на Рајо Ваљекано. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири зборуваше пред дуелот на „Ваљехас“ стадионот. „Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат“, рече Беќири ...
Десниот бек на Њукасл и Англија, Тино Ливраменто, ќе отсуствува од терените помеѓу шест и осум недели поради повреда на коленото. Ливраменто се повреди на натпреварот од Премиер лигата со Арсенал, кој неговиот тим го загуби со 2:1. Најголемиот квалитет на Ливременто е неговата способност да игра подеднакво успешно на левата и десната бековска позиција, дури и во средниот ред. Ова го прави еден од најперспективните англиски фудбалери во ...
Раководството на Милан прави список на желби на фудбалери што ќе се обидат да ги доведат веќе во јануарскиот или евентуално летниот преоден рок, на врвот на листат е името на Роберт Левандовски. Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, веќе го контактирал менаџерот на Левандовски, Пини Захави, и започнал преговори. Фактот дека договорот на искусниот напаѓач со Барселона истекува на крајот од сезоната, значи дека тој во јануари може да ...
Стеф и Сет станаа соиграчи во Голден Стејт, откако франшизата од Сан Франциско одлучи да го ангажира „помалку популарниот“ Кари пред почетокот на сезоната, кој на тој начин доби можност да игра со својот брат. Сет кој во текот на кариерата бележи респектабилни 43,3 проценти во шутот за три поени, ќе го потпише таканаречениот договор „ Exhibit 9 “ што му овозможува да го помине тренинг кампот со Голден Стејт, а потоа ќе биде отпуштен и ...
Манчестер сити не ја започна сезоната онака како што посакуваа во клубот. Доживеаја два порази во Премиер лигата и на табелата имаат пет поени помалку од лидерот Ливерпл. Она што може да го радува Пеп Гвардиола се офанзивните перформанси на неговиот тим. По шест кола се најдобри во англиското првенство, но ако целосно се погледне статистиката забележлива е една бизарност. Имено, втор најдобар стрелец на „Граѓаните“ е стоперот на Барнли. ...
Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Барселона со 2:1 (1:1) во дербито на втората рунда во Лигата на шампионите. ПСЖ победи и покрај тоа што против Барселона Луис Енрике играше без петмина од првиот тим. На стадионот „Монжуик“ видовме „само“ три гола, иако двата тима имаа неколку изгледни шанси, да постигнат уште некој гол. Натпреварот отвори Ламин Јамал кога со убав потег се ослободи од двајца играчи, подготви шанса за Феран Торес во ...